Хитлер Archives - Република https://republika.mk/tema/hitler/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Oct 2023 17:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хитлер Archives - Република https://republika.mk/tema/hitler/ 32 32 Универзитетот Мичиген „искрено жали“ поради снимката на Хитлер на екранот пред играта https://republika.mk/vesti/svet/univerzitetot-michigen-iskreno-zhali-poradi-snimkata-na-hitler-na-ekranot-pred-igrata/ Sun, 22 Oct 2023 17:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=693966

Универзитетот во Мичиген (MSU) објави дека „длобоко жалат“ поради реакциите на сликата на нацистичкиот водач Адолф Хитлер на видео-ѕидот за време на емитување занимливости пред натпреварот.

Фотографија од Хитлер се појави на големите екрани на стадионот „Спартан“ додека навивачите се собраа пред фудбалскиот натпревар меѓу Мичиген Стејт против Мичиген 2.

Сликата, која во саботата вечерта се појави по прашањето за тоа каде е роден Хитлер, беше дел од редовниот сегмент на тривијални информации пред натпреварот од ангажираната компанија.

„MSU е свесен дека несоодветната содржина објавена од трето лице била прикажана на видео-ѕидот пред почетокот на вечерашниот фудбалски натпревар. Длабоко жалиме за содржината што беше прикажана бидејќи не ги претставува нашите вредности“, рече помошникот спортски директор на MSU, Мет Ларсон во писмената изјава.

Ларсон вели дека универзитетот ќе ги прекине врските со неименуваната компанија и „ќе спроведе построга процедура за проверка и одобрување на содржината на видео ѕидот во иднина“.

Корисникот на платформата X, Александар Хаенке, го сликаше видео ѕидот и го сподели на платформата. „Не велам дека е крај на светот или нешто друго, но не можете да го имате Хитлер на видео ѕидот пред натпреварот“, напиша Хаенке.

Објавата на Хаенке беше прегледана повеќе од 672.000 пати пред полувремето и предизвика гневс.

„Здраво. Јас го посетував тој универзитет. Ова е одвратно“, напиша еден корисник. „Да немаме ситници за Хитлер ммкеј!“, објави друг.

The post Универзитетот Мичиген „искрено жали“ поради снимката на Хитлер на екранот пред играта appeared first on Република.

]]>

Универзитетот во Мичиген (MSU) објави дека „длобоко жалат“ поради реакциите на сликата на нацистичкиот водач Адолф Хитлер на видео-ѕидот за време на емитување занимливости пред натпреварот. Фотографија од Хитлер се појави на големите екрани на стадионот „Спартан“ додека навивачите се собраа пред фудбалскиот натпревар меѓу Мичиген Стејт против Мичиген 2. Сликата, која во саботата вечерта се појави по прашањето за тоа каде е роден Хитлер, беше дел од редовниот сегмент на тривијални информации пред натпреварот од ангажираната компанија.
„MSU е свесен дека несоодветната содржина објавена од трето лице била прикажана на видео-ѕидот пред почетокот на вечерашниот фудбалски натпревар. Длабоко жалиме за содржината што беше прикажана бидејќи не ги претставува нашите вредности“, рече помошникот спортски директор на MSU, Мет Ларсон во писмената изјава.
Ларсон вели дека универзитетот ќе ги прекине врските со неименуваната компанија и „ќе спроведе построга процедура за проверка и одобрување на содржината на видео ѕидот во иднина“.
Корисникот на платформата X, Александар Хаенке, го сликаше видео ѕидот и го сподели на платформата. „Не велам дека е крај на светот или нешто друго, но не можете да го имате Хитлер на видео ѕидот пред натпреварот“, напиша Хаенке.
Објавата на Хаенке беше прегледана повеќе од 672.000 пати пред полувремето и предизвика гневс.
„Здраво. Јас го посетував тој универзитет. Ова е одвратно“, напиша еден корисник. „Да немаме ситници за Хитлер ммкеј!“, објави друг.

The post Универзитетот Мичиген „искрено жали“ поради снимката на Хитлер на екранот пред играта appeared first on Република.

]]>
Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица https://republika.mk/vesti/svet/pochna-renoviraneto-na-rodnata-kuka-na-hitler-do-2026-ke-bide-politsiska-stanitsa/ Tue, 03 Oct 2023 08:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=687324

Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година.

Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен.

Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година.

На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.

The post Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица appeared first on Република.

]]>

Во Австрија вчера почна реновирањето на куќата во којашто во 1889 година е роден Адолф Хитлер. Одлуката за обнова и пренамена на зданието во Браунау ам Ин, град близу австриската граница со Германија, беше донесена во 2019 година. Од 1970-тите тој простор се користел за згрижување возрасни со попреченост, но во 2011 година е напуштен и останал празен. Куќата ќе биде претворена во полициска станица, со цел да биде непривлечна како место за собири за оние кои го величаат нацистичкиот диктатор. Градежните работници веќе поставија ограда и почнаа со мерења за градежни работи. Се очекува полицијата да се смести тука во 2026 година. На проектот за пренамена му претходеше повеќегодишен спор околу сопственоста на куќата. Тоа прашање беше решено во 2017 година кога највисокиот австриски Суд одлучи дека Владата има право да ја експроприра градбата откако сопственикот одбил да ја продаде. Предлогот за уривање на објектот, се наведува, е одбиен.

The post Почна реновирањето на родната куќа на Хитлер, до 2026. ќе биде полициска станица appeared first on Република.

]]>
Имињата Хитлер, Сталин и Луцифер недозволени во Шпанија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/iminata-hitler-stalin-i-lutsifer-nedozvoleni-vo-shpanija/ Tue, 08 Aug 2023 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=669826

Во Шпанија не е доволено на децата да им се даваат имиња што потсеќаат на негативни личности од историјата и религијата.

Имено, Законот од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за називи „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, се збунувачки при идентификацијата и коишто доведуваат до заблуда“. Тука денес спаѓаат имињата на Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер, коишто се изрично забранети во оваа земја.

Според Законот, името е забрането и „доколку е екстравагантно или, во комбинација со презимето, е во спротивност со пристојноста и достоинството на личноста“, пренесува „Еуровикли“

The post Имињата Хитлер, Сталин и Луцифер недозволени во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Во Шпанија не е доволено на децата да им се даваат имиња што потсеќаат на негативни личности од историјата и религијата. Имено, Законот од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за називи „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, се збунувачки при идентификацијата и коишто доведуваат до заблуда“. Тука денес спаѓаат имињата на Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер, коишто се изрично забранети во оваа земја. Според Законот, името е забрането и „доколку е екстравагантно или, во комбинација со презимето, е во спротивност со пристојноста и достоинството на личноста“, пренесува „Еуровикли“

The post Имињата Хитлер, Сталин и Луцифер недозволени во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-zelenski-bi-mozhel-da-zavrshi-kako-hitler/ Fri, 12 May 2023 13:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=640194

Украинскиот лидер Владимир Зеленски би можел да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев.

„Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Но, да не ги извалка тој рацете. Не знаеме како некој ќе умре, бидејќи Божјите патишта се непознати. Но, наркоманот од Киев има шанса да умре токму од својата рака. Би можел да умре, извршувајќи кукавичко самоубиство. Како и Хитлер, голтајќи отров“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел гризејќи ампула со цијанид во неговиот Фирербункер во Берлин на 30 април 1945 година, додека според друга верзија, тој се самоубил пукајќи во себе.

The post Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер appeared first on Република.

]]>

Украинскиот лидер Владимир Зеленски би можел да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев. „Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Но, да не ги извалка тој рацете. Не знаеме како некој ќе умре, бидејќи Божјите патишта се непознати. Но, наркоманот од Киев има шанса да умре токму од својата рака. Би можел да умре, извршувајќи кукавичко самоубиство. Како и Хитлер, голтајќи отров“, напиша тој на својот канал на Телеграм.
Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел гризејќи ампула со цијанид во неговиот Фирербункер во Берлин на 30 април 1945 година, додека според друга верзија, тој се самоубил пукајќи во себе.

The post Медведев: Зеленски би можел да заврши како Хитлер appeared first on Република.

]]>
Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivo-e-na-karnevalot-vo-strumitsa-da-ima-maska-so-likot-na-hitler-reagiraat-od-evrejskata-zaednitsa-vo-makedonija/ Mon, 06 Mar 2023 10:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=616391

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава.

Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.

Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит?

Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.

 

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава. Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.
Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит? Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.  

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>