хируршки клиники Archives - Република https://republika.mk/tema/hirurshki-kliniki/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 16:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хируршки клиники Archives - Република https://republika.mk/tema/hirurshki-kliniki/ 32 32 Владата за хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-za-hirurshkite-kliniki-da-se-zameni-opremata-na-tsentralnata-kompresorska-stanitsa-so-nova/ Thu, 06 Jun 2024 16:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=785318

Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега преземените активности и мерки со цел надминување на истите.

На седницата, беа донесени следните заклучоци:

– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица;

– Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата на Република Македонија оперативен план за спроведување на активностите.

Пред три дена, во понеделникот заменик министерката д-р Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.

The post Владата за хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека на денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информација за состојбата во хируршките клиники при Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица, како и за досега преземените активности и мерки со цел надминување на истите. На седницата, беа донесени следните заклучоци: – Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица; – Се укажува, јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје во рок од една недела да достави до Владата на Република Македонија оперативен план за спроведување на активностите. Пред три дена, во понеделникот заменик министерката д-р Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.

The post Владата за хируршките клиники: Да се замени опремата на централната компресорска станица со нова appeared first on Република.

]]>
Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата https://republika.mk/zivot/zdravje/hirurshkite-sali-vo-klinichki-tsentar-ostanuvaat-zatvoreni-se-cheka-odgovor-od-germanska-laboratorija-od-kade-doaga-smrdeata/ Mon, 27 May 2024 14:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=782112

Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела.

Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици се во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата и дека за нив не е одговорна Клиниката.

Од директори на хирургија досега немам ниедна оставка која е доставена кај мене. Со разидувањето на Клинички центар 2006 година е настаната една збрка која може многу лесно да се изгуби одговорноста. Сопственост на компресорската станица не е на Универзитетски клиники за хирургија и КАРИЛ, туку е на Службата за општи и заеднички работи при Владата, која, за жал, не е јавна здравствена институција, туку е државна институција под ингеренции на Влада на Република Македонија, рече тој.

Поради овие збиднувања и немање на континуитет, како што дополни, побарани се алтернативни решенија и е спроведена поправка на станиците, а одговорноста за одржување ја лоцира кај менаџерите на државните институции.

Менаџерите на државни институции независно дали се медицински или не, тие носат секако и одговорност за одржување, сервисирање редовно и да има континуитет во здравствениот систем. Токму тоа што Македонија како највисока установа за секакви хируршки интервенции го има само во Клинички центар „Мајка Тереза“ затоа и бев принуден да го известам и Обвинителството и да се бара причината која е, оти малку е необјасниво од каде доаѓа мирисот кога квалитетот на воздухот, на кислородот и на компримираниот воздух не е компромитиран, само има лоша миризба, дополни тој.

Според него, тоа е огромна мрежа која што треба да се испита дел по дел и најави дека ќе ја информира Владата за да го разреши проблемот.

Претходно, на прес-конференцијата, министерот изјави дека хируршките сали кои не работат веќе девет дена се стари околу 30 години и нема да работат сѐ додека не стигнат испитувањата од Германија, дали компресорските станици можат да работат и покрај лошата миризба што се шири откако ја санирале хаваријата што настанала во системот.

Месец дена од денеска имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа три компресори. Клиниката почна да функционира со два компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции кои не се поврзани со клинички центар. На сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух ја прекративме од функција хипербаричната комора која е како дел на пластична хирургија, рече тој.

Дополни дека пред околу девет дена повторно се случил истиот проблем.

Без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба некоја во дистрибутивната мрежа на кислород и на компримиран воздух, поради што веднаш реагиравме. Повторно ги повикавме независните фирми, спроведуваа испитувања, по што во РСМ нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови. Побаравме странска компанија и денеска се испратени мостри во Република Германија, да се испитаат, рече Демири.

Министерот информираше дека од двете компании кои имаат независни лаборатории кои служат за нивни потреби, не е увиден никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага и препорачале во два наврати да се менуваат филтрите од компресорските станици.

- Има некоја одбојност, не знам како да го наречам. Ако немаме документ валиден на кој може да се засноваме за да ги користиме салите, тогаш се одлучивме за алтернативно решение. Сите селективни случаи кои се предвидени во клинички центар да се откажуваат и да се оперираат само итни случаи, а дистрибуцијата на пациенти за неврохируршки потреби да биде во Градската општа болница, додека, за другите интервенции во болницата „8-ми септември“.

Прашан Дали хирурзите од Клинички ќе одат да оперираат таму и колку чекаат сега за операција тој одговори потврдно.

Таму има инфраструктура, има и неврохируршки микроскоп оти Дамјановски до пред некоја година оперираше таму, има специјализант по неврохирургија кој исто служи во таа болница, а неврохирурзите и сите хирурзи лекари каде што ќе имаат потреба државните институции, таму ќе одат, рече тој.

Тој додаде дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер и да послужат за пациенти кои се на Универзитетскара Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде добиваат квалитетен воздух, зошто, како што рече, ако се приклучат во надворешни компресори, таа миризба не е присутна, ако се приклучат на централниот довод од кислород, миризбата постои и токму затоа, како што рече, го алармирал и Јавното обвинителство да го истражи случајот.

Од ОЈО Скопје претходно за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

The post Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела. Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици се во сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата и дека за нив не е одговорна Клиниката.
Од директори на хирургија досега немам ниедна оставка која е доставена кај мене. Со разидувањето на Клинички центар 2006 година е настаната една збрка која може многу лесно да се изгуби одговорноста. Сопственост на компресорската станица не е на Универзитетски клиники за хирургија и КАРИЛ, туку е на Службата за општи и заеднички работи при Владата, која, за жал, не е јавна здравствена институција, туку е државна институција под ингеренции на Влада на Република Македонија, рече тој.
Поради овие збиднувања и немање на континуитет, како што дополни, побарани се алтернативни решенија и е спроведена поправка на станиците, а одговорноста за одржување ја лоцира кај менаџерите на државните институции.
Менаџерите на државни институции независно дали се медицински или не, тие носат секако и одговорност за одржување, сервисирање редовно и да има континуитет во здравствениот систем. Токму тоа што Македонија како највисока установа за секакви хируршки интервенции го има само во Клинички центар „Мајка Тереза“ затоа и бев принуден да го известам и Обвинителството и да се бара причината која е, оти малку е необјасниво од каде доаѓа мирисот кога квалитетот на воздухот, на кислородот и на компримираниот воздух не е компромитиран, само има лоша миризба, дополни тој.
Според него, тоа е огромна мрежа која што треба да се испита дел по дел и најави дека ќе ја информира Владата за да го разреши проблемот. Претходно, на прес-конференцијата, министерот изјави дека хируршките сали кои не работат веќе девет дена се стари околу 30 години и нема да работат сѐ додека не стигнат испитувањата од Германија, дали компресорските станици можат да работат и покрај лошата миризба што се шири откако ја санирале хаваријата што настанала во системот.
Месец дена од денеска имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа три компресори. Клиниката почна да функционира со два компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции кои не се поврзани со клинички центар. На сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух ја прекративме од функција хипербаричната комора која е како дел на пластична хирургија, рече тој.
Дополни дека пред околу девет дена повторно се случил истиот проблем.
Без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба некоја во дистрибутивната мрежа на кислород и на компримиран воздух, поради што веднаш реагиравме. Повторно ги повикавме независните фирми, спроведуваа испитувања, по што во РСМ нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови. Побаравме странска компанија и денеска се испратени мостри во Република Германија, да се испитаат, рече Демири.
Министерот информираше дека од двете компании кои имаат независни лаборатории кои служат за нивни потреби, не е увиден никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага и препорачале во два наврати да се менуваат филтрите од компресорските станици.
- Има некоја одбојност, не знам како да го наречам. Ако немаме документ валиден на кој може да се засноваме за да ги користиме салите, тогаш се одлучивме за алтернативно решение. Сите селективни случаи кои се предвидени во клинички центар да се откажуваат и да се оперираат само итни случаи, а дистрибуцијата на пациенти за неврохируршки потреби да биде во Градската општа болница, додека, за другите интервенции во болницата „8-ми септември“.
Прашан Дали хирурзите од Клинички ќе одат да оперираат таму и колку чекаат сега за операција тој одговори потврдно.
Таму има инфраструктура, има и неврохируршки микроскоп оти Дамјановски до пред некоја година оперираше таму, има специјализант по неврохирургија кој исто служи во таа болница, а неврохирурзите и сите хирурзи лекари каде што ќе имаат потреба државните институции, таму ќе одат, рече тој.
Тој додаде дека се набавени шест компресори кои се надворешни и може да послужат за итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер и да послужат за пациенти кои се на Универзитетскара Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде добиваат квалитетен воздух, зошто, како што рече, ако се приклучат во надворешни компресори, таа миризба не е присутна, ако се приклучат на централниот довод од кислород, миризбата постои и токму затоа, како што рече, го алармирал и Јавното обвинителство да го истражи случајот. Од ОЈО Скопје претходно за МИА информираа дека Министерството за здравство пратило известување до Обвинителството за затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое е примено и распоредено кај јавен обвинител. Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело.

The post Хируршките сали вo Клинички центар остануваат затворени, се чека одговор од германска лабораторија од каде доаѓа смрдеата appeared first on Република.

]]>