хирошима Archives - Република https://republika.mk/tema/hiroshima/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Aug 2023 08:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хирошима Archives - Република https://republika.mk/tema/hiroshima/ 32 32 Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима https://republika.mk/vesti/svet/japonija-odbelezhuva-78-godini-od-nuklearnoto-bombardirane-na-hiroshima/ Sun, 06 Aug 2023 08:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=669174

Јапонија денеска ја одбележува 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.

Во неделата ѕвоното на мирот заѕвони во 8 часот и 15 минути, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење.

„Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување“, рече градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи на церемонијата. Кишида, од друга страна, рече дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè поостри, делумно поради руските нуклеарни закани, но дека е уште поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на оваа цел.

The post Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима appeared first on Република.

]]>

Јапонија денеска ја одбележува 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“. Во неделата ѕвоното на мирот заѕвони во 8 часот и 15 минути, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење. „Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување“, рече градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи на церемонијата. Кишида, од друга страна, рече дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè поостри, делумно поради руските нуклеарни закани, но дека е уште поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на оваа цел.

The post Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима appeared first on Република.

]]>
Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите https://republika.mk/vesti/svet/putin-hiroshima-i-nagasaki-se-dokaz-deka-ne-treba-da-gi-napagjate-golemite-gradovi-za-da-pobedite/ Mon, 07 Nov 2022 09:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=570789

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“.

САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август.

Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.

Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.

Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори. Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“. САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август. Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.
Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.
Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.
Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>
Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба https://republika.mk/vesti/svet/hiroshima-odbelezuva-77-godini-od-frlenata-nuklearna-bomba/ Sat, 06 Aug 2022 08:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=537330

Во Хирошима денеска е одбележана 77-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз градот, а на церемонијата беа испратени предупредувачки пораки за повторното трупање нуклеарно оружје и изразен страв од уште еден таков напад во екот на војната во Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, учествуваше во молитвата во Паркот на мирот во Хирошима и оттаму кажа дека по три четвртини век мора да се запрашаме што сме научиле од денот кога нуклеарниот облак надвисна над овој град, во 1945 година.

Нуклеарното оружје е глупаво. Тоа не гарантира никаква безбедност, само смрт и уништување, рече Гутереш.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, уништувајќи го градот и убивајќи 140.000 луѓе.

Три дена подоцна, САД фрлија и втора бомба врз Нагасаки, убивајќи уште 70.000 лица.

The post Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>

Во Хирошима денеска е одбележана 77-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз градот, а на церемонијата беа испратени предупредувачки пораки за повторното трупање нуклеарно оружје и изразен страв од уште еден таков напад во екот на војната во Украина. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, учествуваше во молитвата во Паркот на мирот во Хирошима и оттаму кажа дека по три четвртини век мора да се запрашаме што сме научиле од денот кога нуклеарниот облак надвисна над овој град, во 1945 година.
Нуклеарното оружје е глупаво. Тоа не гарантира никаква безбедност, само смрт и уништување, рече Гутереш.
На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, уништувајќи го градот и убивајќи 140.000 луѓе. Три дена подоцна, САД фрлија и втора бомба врз Нагасаки, убивајќи уште 70.000 лица.

The post Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба appeared first on Република.

]]>