Хип хоп Archives - Република https://republika.mk/tema/hip-hop/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 11:59:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хип хоп Archives - Република https://republika.mk/tema/hip-hop/ 32 32 Скопје е домаќин на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс шоу https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/skopje-e-domakin-na-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-i-strit-dens-shou/ Thu, 26 Sep 2024 10:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=819783

Од 9 до 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Светско првенство во хип-хоп и стрит денс шоу. Скопје првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави од пет континенти.

Организатор е клубот „Брејк а Лег“, а натпреварите се во повеќе возрасни категории.

Покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.

Официјалното отворање на настанот е на 12 октомври.

Дадовме сѐ од себе за да се претставиме во едно поинакво светло, како пред Светската танцова организација, така и пред сите земји учеснички, кои ќе направат срцето на Скопје да чука во овој хип хоп ритам. Упатувам голема благодарност до сите оние, кои нѐ поддржуваат, сите наши соработници, сите луѓе вклучени во оваа огромна организација, како и до Министерството за Култура, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.

The post Скопје е домаќин на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс шоу appeared first on Република.

]]>

Од 9 до 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Светско првенство во хип-хоп и стрит денс шоу. Скопје првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави од пет континенти. Организатор е клубот „Брејк а Лег“, а натпреварите се во повеќе возрасни категории. Покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен. Официјалното отворање на настанот е на 12 октомври.
Дадовме сѐ од себе за да се претставиме во едно поинакво светло, како пред Светската танцова организација, така и пред сите земји учеснички, кои ќе направат срцето на Скопје да чука во овој хип хоп ритам. Упатувам голема благодарност до сите оние, кои нѐ поддржуваат, сите наши соработници, сите луѓе вклучени во оваа огромна организација, како и до Министерството за Култура, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.

The post Скопје е домаќин на Светското првенство во хип-хоп и стрит денс шоу appeared first on Република.

]]>
Мила Србиноска бронзена на Европското првенство во хип-хоп по Полска https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mila-srbinoska-bronzena-na-evropskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-po-polska/ Mon, 24 Jun 2024 16:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=790387

Вчера започна Европското првенство во хип-хоп во Жнин, Полска и ќе трае до четврток. На овој престижен танцов турнир учествуваат околу 2.000 танчери од целиот свет, а Македонија ја претставуваат наши две учеснички Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска, кои се дел од танцовото студио „Break A Leg“.

Мила Србиноска од „Break A Leg“ испиша голем успех, односно освои трето место во јуниорска категорија, во силна конкуренција од 48 натпреварувачки. Македонија доби бронзен медал благодарение на одличниот настап на Мила, која гордо го вее македонското знаме во Полска.

„Многу се радувам за освоеното трето место и за освоениот бронзен медал на Европското првенство во хип хоп танци 2024 година. Оваа победа ми значи многу, пред сѐ затоа што ова е еден од најпрестрижните натпревари во хип хоп, но и што ја оправдав довербата од целата екипа на Break a leg. Конкуренцијата беше многу силна и затоа овој успех ми значи уште повеќе. Се надевам дека до крајот на Европското првенство, заедно со Магдалена Ѓоргијовска ќе постигнеме уште поголеми успеси, со што ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло“, вели Мила Србиноска.

Нашите претставнички на Европското првенство ќе се натпреваруваат и во наредните денови во неколку различни категории. Магдалена Ѓоргијовска ќе се натпреварува во категориите хипхоп и поппинг соло, како и дуо со Мила Србиноска.

Помеѓу 2.000 танчери од различни краеви од светот, Мила Србиноска е одличен амбасадор на Македонија во светот на хип хоп танците, затоа што покажа талент, дисциплина, борбеност и желба за уште поголеми успеси. Македонија се гордее и ги бодри Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска во текот на Европското првенство во хип хоп во Жнин, Полска.

 

The post Мила Србиноска бронзена на Европското првенство во хип-хоп по Полска appeared first on Република.

]]>

Вчера започна Европското првенство во хип-хоп во Жнин, Полска и ќе трае до четврток. На овој престижен танцов турнир учествуваат околу 2.000 танчери од целиот свет, а Македонија ја претставуваат наши две учеснички Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска, кои се дел од танцовото студио „Break A Leg“. Мила Србиноска од „Break A Leg“ испиша голем успех, односно освои трето место во јуниорска категорија, во силна конкуренција од 48 натпреварувачки. Македонија доби бронзен медал благодарение на одличниот настап на Мила, која гордо го вее македонското знаме во Полска.
„Многу се радувам за освоеното трето место и за освоениот бронзен медал на Европското првенство во хип хоп танци 2024 година. Оваа победа ми значи многу, пред сѐ затоа што ова е еден од најпрестрижните натпревари во хип хоп, но и што ја оправдав довербата од целата екипа на Break a leg. Конкуренцијата беше многу силна и затоа овој успех ми значи уште повеќе. Се надевам дека до крајот на Европското првенство, заедно со Магдалена Ѓоргијовска ќе постигнеме уште поголеми успеси, со што ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло“, вели Мила Србиноска.
Нашите претставнички на Европското првенство ќе се натпреваруваат и во наредните денови во неколку различни категории. Магдалена Ѓоргијовска ќе се натпреварува во категориите хипхоп и поппинг соло, како и дуо со Мила Србиноска. Помеѓу 2.000 танчери од различни краеви од светот, Мила Србиноска е одличен амбасадор на Македонија во светот на хип хоп танците, затоа што покажа талент, дисциплина, борбеност и желба за уште поголеми успеси. Македонија се гордее и ги бодри Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска во текот на Европското првенство во хип хоп во Жнин, Полска.  

The post Мила Србиноска бронзена на Европското првенство во хип-хоп по Полска appeared first on Република.

]]>
Над илјада танчери ќе се натпреваруваат во хип-хоп, современ танц и брејкденс https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-iljada-tancheri-ke-se-natprevaruvaat-vo-hip-hop-sovremen-tants-i-brejkdens/ Fri, 19 May 2023 08:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=642545

На 20 мај, во трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје ќе се натпреваруваат над 1.000 танчери. Станува збор за настан како најава на Европското првенство во танци 2023. Со тоа што учесниците ги прикажуваат своите таленти во различни жанрови како што се хип-хоп, современи, брејкденс и многу повеќе, натпреварот гарантира возбудливо искуство за сите присутни.

Оваа танцова битка не само што ќе обезбеди платформа за талентираните танчери да ги покажат своите вештини, туку и ќе создаде енергична атмосфера што ја зближува заедницата, изјави Трајче Петковски од „Брејк А Лег“.

Настанот ќе се одржи во распространетиот централен атриум на Ист Гејт Мол, трансформиран во најсовремена танцова арена.

На настанот ќе има и судии од танцовата индустрија кои ќе ги оценуваат изведбите врз основа на креативноста, техниката и сценското присуство. Натпреварувачите ќе се борат во елиминациските рунди, што ќе доведе до возбудливото големо финале.

Настанот не се однесува само на танчерите, се работи за целата заедница да се собере за да ја поддржи и цени уметноста на танцот. Гледачите ќе имаат можност да бидат сведоци на извонредни изведби, да навиваат за своите омилени танчери и да се нурнат во заразната енергија на настанот.

 

The post Над илјада танчери ќе се натпреваруваат во хип-хоп, современ танц и брејкденс appeared first on Република.

]]>

На 20 мај, во трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје ќе се натпреваруваат над 1.000 танчери. Станува збор за настан како најава на Европското првенство во танци 2023. Со тоа што учесниците ги прикажуваат своите таленти во различни жанрови како што се хип-хоп, современи, брејкденс и многу повеќе, натпреварот гарантира возбудливо искуство за сите присутни.
Оваа танцова битка не само што ќе обезбеди платформа за талентираните танчери да ги покажат своите вештини, туку и ќе создаде енергична атмосфера што ја зближува заедницата, изјави Трајче Петковски од „Брејк А Лег“.
Настанот ќе се одржи во распространетиот централен атриум на Ист Гејт Мол, трансформиран во најсовремена танцова арена. На настанот ќе има и судии од танцовата индустрија кои ќе ги оценуваат изведбите врз основа на креативноста, техниката и сценското присуство. Натпреварувачите ќе се борат во елиминациските рунди, што ќе доведе до возбудливото големо финале. Настанот не се однесува само на танчерите, се работи за целата заедница да се собере за да ја поддржи и цени уметноста на танцот. Гледачите ќе имаат можност да бидат сведоци на извонредни изведби, да навиваат за своите омилени танчери и да се нурнат во заразната енергија на настанот.  

The post Над илјада танчери ќе се натпреваруваат во хип-хоп, современ танц и брејкденс appeared first on Република.

]]>
Викендов Хип Хоп фест во Гази Баба https://republika.mk/vesti/skopje/vikendov-hip-hop-fest-vo-gazi-baba/ Sat, 03 Sep 2022 06:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=546984

Во Домот на култура „Димитар Влахов“ и на плоштад Коцка во населбата Гази Баба денеска и утре ќе се одржи ГАЗИ БАБА ХИП ХОП ФЕСТ.

Организаторите информираат дека настанот ќе се реализира бидејќи на младите во Скопје, посебно во Гази Баба, им е потребно заживување на алтернативната културна сцена.Учесници на фестивалот се хип хоп активисти од Гази Баба и пошироко.

Сабота е ден наменет за тинејџерите кои можат да присуствуваат на танцов перформанс на колективот Еурека, а подоцна и на теориска и практична обука (цртање на графити на отворено) за графити уметноста со Vutar.95.

Во недела ќе се одржи интерактивна трибина на актуелна тема – хип хоп културата во општество на конзумеризам со Кацар и Сузи Тенева на која посетителите ќе можат да се вклучат со своето мислење, по што ќе следи рап концерт и неформална хип хоп дружба со Давид Блек, Пецо Исток, Алфа и Тони Зен.

За анимација на публиката во недела со почеток од 18 часот ќе биде задолжен DJ Drazi Drags.

Настанот е во организација на општина Гази Баба и Домот на култура „Димитар Влахов“ и е бесплатен за сите.

The post Викендов Хип Хоп фест во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура „Димитар Влахов“ и на плоштад Коцка во населбата Гази Баба денеска и утре ќе се одржи ГАЗИ БАБА ХИП ХОП ФЕСТ. Организаторите информираат дека настанот ќе се реализира бидејќи на младите во Скопје, посебно во Гази Баба, им е потребно заживување на алтернативната културна сцена.Учесници на фестивалот се хип хоп активисти од Гази Баба и пошироко. Сабота е ден наменет за тинејџерите кои можат да присуствуваат на танцов перформанс на колективот Еурека, а подоцна и на теориска и практична обука (цртање на графити на отворено) за графити уметноста со Vutar.95. Во недела ќе се одржи интерактивна трибина на актуелна тема – хип хоп културата во општество на конзумеризам со Кацар и Сузи Тенева на која посетителите ќе можат да се вклучат со своето мислење, по што ќе следи рап концерт и неформална хип хоп дружба со Давид Блек, Пецо Исток, Алфа и Тони Зен. За анимација на публиката во недела со почеток од 18 часот ќе биде задолжен DJ Drazi Drags. Настанот е во организација на општина Гази Баба и Домот на култура „Димитар Влахов“ и е бесплатен за сите.

The post Викендов Хип Хоп фест во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Словенец кој бил детски тренер во хип-хоп украл велосипед во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/slovenec-koj-bil-detski-trener-vo-hip-hop-ukral-velosiped-vo-skopje/ Wed, 06 Jul 2022 09:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=524671

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој би потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија.

Откако била пријавена кражбата, полициски службеници го легитимирале и го претресле осомничениот, а во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама наркотична дрога – марихуана.

Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оцени дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

 

The post Словенец кој бил детски тренер во хип-хоп украл велосипед во Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој би потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија. Откако била пријавена кражбата, полициски службеници го легитимирале и го претресле осомничениот, а во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама наркотична дрога – марихуана. Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оцени дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​  

The post Словенец кој бил детски тренер во хип-хоп украл велосипед во Скопје appeared first on Република.

]]>