хифа оил Archives - Република https://republika.mk/tema/hifa-oil/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Jul 2022 18:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хифа оил Archives - Република https://republika.mk/tema/hifa-oil/ 32 32 Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/tender-za-bitumen-tezok-9-milioni-evra-go-dobila-kompanijata-top-bild/ Wed, 20 Jul 2022 18:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=531562

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба со компанијата „Топ Билд“ за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Според информации на Фокус, веќе почнала да се исцрпува оваа спогодба, во чии рамки се склучиле одделни договори од околу 120 милиони денари.

Документацијата што ја обезбедивме открива дека интерес за оваа набавка пројавиле неколку компании, кои влијаеле да се измени тендерската документација и да се омекнат критериумите за учество. Но, тие потоа воопшто не доставиле понуди. Така, постапката се спровела без конкуренција, а спогодбата била склучена со единствениот понудувач.

Имено, спогодбата е склучена со градежната компанија „Топ Билд“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во 2009 година, додека моментално нејзин сопственик и воедно управител е Радоман Дамјановиќ. Притоа, треба да се истакне дека оваа компанија не настапила самостојно, туку тендерот го добила како носител на групација со босанската „Хифа Оил“.

Првично, тендерската документација била променета по иницијатива на самото јавно претпријатие, од каде информираат дека направената измена предвидувала условот за поседување на соодветен сертификат – стандард да остане, меѓутоа да се премести во друга група на услови. Оттука, се работи за техничка измена, додека суштинските измени се направени по иницијатива на заинтересирани компании.

Една од нив е компанијата „Транслеад“, која имала три барања до договорниот орган. Прво, компанијата побарала банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на работите од 5 отсто да се однесува на секој поединечен договор што би се склучувал во рамки на рамковната спогодба, а не на висината на спогодбата. Овој услов е прифатен.


Целиот текст ТУКА

The post Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба со компанијата „Топ Билд“ за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Според информации на Фокус, веќе почнала да се исцрпува оваа спогодба, во чии рамки се склучиле одделни договори од околу 120 милиони денари. Документацијата што ја обезбедивме открива дека интерес за оваа набавка пројавиле неколку компании, кои влијаеле да се измени тендерската документација и да се омекнат критериумите за учество. Но, тие потоа воопшто не доставиле понуди. Така, постапката се спровела без конкуренција, а спогодбата била склучена со единствениот понудувач. Имено, спогодбата е склучена со градежната компанија „Топ Билд“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во 2009 година, додека моментално нејзин сопственик и воедно управител е Радоман Дамјановиќ. Притоа, треба да се истакне дека оваа компанија не настапила самостојно, туку тендерот го добила како носител на групација со босанската „Хифа Оил“. Првично, тендерската документација била променета по иницијатива на самото јавно претпријатие, од каде информираат дека направената измена предвидувала условот за поседување на соодветен сертификат – стандард да остане, меѓутоа да се премести во друга група на услови. Оттука, се работи за техничка измена, додека суштинските измени се направени по иницијатива на заинтересирани компании. Една од нив е компанијата „Транслеад“, која имала три барања до договорниот орган. Прво, компанијата побарала банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на работите од 5 отсто да се однесува на секој поединечен договор што би се склучувал во рамки на рамковната спогодба, а не на висината на спогодбата. Овој услов е прифатен.
Целиот текст ТУКА

The post Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ appeared first on Република.

]]>