хиџаб Archives - Република https://republika.mk/tema/hidzab/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 15:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хиџаб Archives - Република https://republika.mk/tema/hidzab/ 32 32 Иранките им пркосат на властите и излегуваат без хиџаб https://republika.mk/vesti/svet/irankite-im-prkosat-na-vlastite-i-izleguvaat-bez-hidhab/ Sat, 14 Sep 2024 15:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=816371

Голем број Иранки излегуваат на улица без хиџаб во знак на пркос пред двегодишнината од смртта на Махсе Амини, која беше уапсена поради што и се гледаше косата под марамата.

Новиот реформистички ирански претседател Масуд Пезешкијан во предизборната кампања вети дека ќе ја спречи така наречената Иранска полиција за морал да ги вознемирува жените. Но, главен авторитет во Иран е врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој тврди дека „откривањето (на делови на женското тело) е забрането и верски и политички“.

Амини, Иранка со курдско потекло почина на 22 години во болница на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од припадници на полицијата за морал поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“ каде беше претепана. Таа беше приведена бидејќи неправилно го носела хиџабот односно и се гледала косата.

Нејзината смрт предизвика повеќемесечни протести, кои се претворија во повици за бунт против ајатолахот Хамнеи и теократската Влада. Протестите се одржуваа под мотото „Жена, живот, слобода“. Во задушувањето на протестите загинаа над 500 луѓе, а повеќе од 22.000 беа приведени.

Независна меѓународна мисија за проверка на факти на Обединетите нации за Иран на 18 март годинава објави дека смртта на Амини е незаконска и предизвикана од насилство.

The post Иранките им пркосат на властите и излегуваат без хиџаб appeared first on Република.

]]>

Голем број Иранки излегуваат на улица без хиџаб во знак на пркос пред двегодишнината од смртта на Махсе Амини, која беше уапсена поради што и се гледаше косата под марамата. Новиот реформистички ирански претседател Масуд Пезешкијан во предизборната кампања вети дека ќе ја спречи така наречената Иранска полиција за морал да ги вознемирува жените. Но, главен авторитет во Иран е врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој тврди дека „откривањето (на делови на женското тело) е забрането и верски и политички“. Амини, Иранка со курдско потекло почина на 22 години во болница на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од припадници на полицијата за морал поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“ каде беше претепана. Таа беше приведена бидејќи неправилно го носела хиџабот односно и се гледала косата. Нејзината смрт предизвика повеќемесечни протести, кои се претворија во повици за бунт против ајатолахот Хамнеи и теократската Влада. Протестите се одржуваа под мотото „Жена, живот, слобода“. Во задушувањето на протестите загинаа над 500 луѓе, а повеќе од 22.000 беа приведени. Независна меѓународна мисија за проверка на факти на Обединетите нации за Иран на 18 март годинава објави дека смртта на Амини е незаконска и предизвикана од насилство.

The post Иранките им пркосат на властите и излегуваат без хиџаб appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора отворена плажа само за муслиманки со хиџаб https://republika.mk/zivot/patuvanja/vo-tsrna-gora-otvorena-plazha-samo-za-muslimanki-so-hidhab/ Tue, 25 Jun 2024 13:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=790577

Во Улцињ, Црна Гора, се отвори првата плажа за жени од муслиманска вероисповед кои носат хиџаб.

Оваа плажа ќе биде од затоврен тип, оградена со сламена ограда налик трло, со околу 10-20 лежалки, а пристапот за сите останати туристи ќе биде забранет.

@pearl.beach.1.ulcWelcome to pearl beach 1! Tomorrow we open our section for women only. Enjoy 🙏🏼😍☀️

♬ Get Ready - SUPER-Hi & NEEKA

The post Во Црна Гора отворена плажа само за муслиманки со хиџаб appeared first on Република.

]]>

Во Улцињ, Црна Гора, се отвори првата плажа за жени од муслиманска вероисповед кои носат хиџаб. Оваа плажа ќе биде од затоврен тип, оградена со сламена ограда налик трло, со околу 10-20 лежалки, а пристапот за сите останати туристи ќе биде забранет.
@pearl.beach.1.ulcWelcome to pearl beach 1! Tomorrow we open our section for women only. Enjoy 🙏🏼😍☀️ ♬ Get Ready - SUPER-Hi & NEEKA

The post Во Црна Гора отворена плажа само за муслиманки со хиџаб appeared first on Република.

]]>
До 15 години затвор за неносење на хиџаб со новиот предлог-закон во Иран https://republika.mk/vesti/svet/do-15-godini-zatvor-za-nenosene-na-hidhab-so-noviot-predlog-zakon-vo-iran/ Tue, 07 May 2024 19:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=772451

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција.

Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување.

Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка.

Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари.

Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.

The post До 15 години затвор за неносење на хиџаб со новиот предлог-закон во Иран appeared first on Република.

]]>

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција. Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување. Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка. Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари. Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.

The post До 15 години затвор за неносење на хиџаб со новиот предлог-закон во Иран appeared first on Република.

]]>
Иран подготвува строг нов закон за хиџаб https://republika.mk/vesti/svet/iran-podgotvuva-strog-nov-zakon-za-hidhab/ Mon, 29 Apr 2024 16:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=772303

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција.

Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување.

Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка.

Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари.

Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.

The post Иран подготвува строг нов закон за хиџаб appeared first on Република.

]]>

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција. Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување. Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка. Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари. Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.

The post Иран подготвува строг нов закон за хиџаб appeared first on Република.

]]>
Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб https://republika.mk/vesti/balkan/priveden-sopstvenikot-na-plazhata-vo-bar-koj-ne-pushti-zhena-so-hidhab/ Thu, 10 Aug 2023 12:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=670815

По инцидентот на плажата, кога сопственикот избрка муслиманско семејство поради хиџабот што го носеше нивната ќерка, се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој рече дека за немилиот настан е виновен Драган Ѓ.

Тој е донесен на изјава во просториите на Одделението за обезбедување на Бар. Аџиќ истакна дека реакцијата на полицијата била брза, додавајќи дека очекува соодветен одговор од обвинителството

Семејството дошло  на плажа да ужива во сончањето и морските радости. Но, ситуацијата се претворила во пекол, бидејќи сопственикот на плажата интервенирал и покажал нетрпеливост кон носењето хиџаб.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/sopstvenik-na-plazha-vo-tsrna-gora-izbrkal-zhena-zatoa-shto-nosela-hidhab/

- На базенот „Роки Бич“ на плажата Утјеха не е дозволено капење во облека, а тоа стои на таблата пред базенот. Можат да пливаат во бурка, хиџаб во море, исто како што пливаат, но не и во базен - изјави сопственикот на плажата, Драган Ѓ. за RTCG.

The post Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб appeared first on Република.

]]>

По инцидентот на плажата, кога сопственикот избрка муслиманско семејство поради хиџабот што го носеше нивната ќерка, се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој рече дека за немилиот настан е виновен Драган Ѓ. Тој е донесен на изјава во просториите на Одделението за обезбедување на Бар. Аџиќ истакна дека реакцијата на полицијата била брза, додавајќи дека очекува соодветен одговор од обвинителството Семејството дошло  на плажа да ужива во сончањето и морските радости. Но, ситуацијата се претворила во пекол, бидејќи сопственикот на плажата интервенирал и покажал нетрпеливост кон носењето хиџаб. https://republika.mk/zivot/patuvanja/sopstvenik-na-plazha-vo-tsrna-gora-izbrkal-zhena-zatoa-shto-nosela-hidhab/
- На базенот „Роки Бич“ на плажата Утјеха не е дозволено капење во облека, а тоа стои на таблата пред базенот. Можат да пливаат во бурка, хиџаб во море, исто како што пливаат, но не и во базен - изјави сопственикот на плажата, Драган Ѓ. за RTCG.

The post Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб appeared first on Република.

]]>
Сопственик на плажа во Црна Гора избркал жена затоа што носела хиџаб https://republika.mk/zivot/patuvanja/sopstvenik-na-plazha-vo-tsrna-gora-izbrkal-zhena-zatoa-shto-nosela-hidhab/ Tue, 08 Aug 2023 12:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=670011

Видео од плажа во близина на Утјеха во Црна Гора денеска ги зовре социјалните мрежи На  видеото се гледа како маж,  сопственик на плажа како се расправа со жена.

Во видеото се наведува дека тепачката дошло поради тоа што жената се капела во хиџаб и дека поради тоа била исфрлена од плажата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Против тоа протестираат триста гости. И 300 од нас треба да се приспособат - вели човекот, а потоа за време на расправијата вели „затоа мразам муслимани-вели сопственикот на плажата.

 

The post Сопственик на плажа во Црна Гора избркал жена затоа што носела хиџаб appeared first on Република.

]]>

Видео од плажа во близина на Утјеха во Црна Гора денеска ги зовре социјалните мрежи На  видеото се гледа како маж,  сопственик на плажа како се расправа со жена. Во видеото се наведува дека тепачката дошло поради тоа што жената се капела во хиџаб и дека поради тоа била исфрлена од плажата.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Против тоа протестираат триста гости. И 300 од нас треба да се приспособат - вели човекот, а потоа за време на расправијата вели „затоа мразам муслимани-вели сопственикот на плажата.
 

The post Сопственик на плажа во Црна Гора избркал жена затоа што носела хиџаб appeared first on Република.

]]>
Жените во Иран што не носат хиџаб ќе бидат казнети https://republika.mk/vesti/svet/zhenite-vo-irash-shto-ne-nosat-hidhab-ke-bidat-kazneti/ Sun, 16 Apr 2023 09:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=631216

Иранската полиција вчера соопшти дека со помош на паметната технологија ќе се идентификуваат и казнуваат жените кои ги кршат правилата за облекување.

Полицијата најави дека почнува „внимателно планирани акции“ во јавниот простор, возилата и на „местата на кои понекогаш се соблекува хиџабот“.

Новата мерка уследи откако се повеќе жени по минатогодишната смрт на Махса Амини, се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување.

- Според важечките закони, симнувањето на хиџабот се смета за кривично дело. Луѓето кои го прекршуваат законот се одговорни за своите постапки и своето однесување, изјави неименуван висок полициски функционер.

Според него, полицијата ќе ги предупреди компаниите доколку работничките го симнат хиџабот на работното место. По предупредувањето ако работничките не го почитуваат кодексот за облекување, компанијата ќе биде затворена.

Иранските власти претходно во неколку наврати предупредуваа дека следи казна ако жената го соблече хиџабот на јавно место.

The post Жените во Иран што не носат хиџаб ќе бидат казнети appeared first on Република.

]]>

Иранската полиција вчера соопшти дека со помош на паметната технологија ќе се идентификуваат и казнуваат жените кои ги кршат правилата за облекување. Полицијата најави дека почнува „внимателно планирани акции“ во јавниот простор, возилата и на „местата на кои понекогаш се соблекува хиџабот“. Новата мерка уследи откако се повеќе жени по минатогодишната смрт на Махса Амини, се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување.
- Според важечките закони, симнувањето на хиџабот се смета за кривично дело. Луѓето кои го прекршуваат законот се одговорни за своите постапки и своето однесување, изјави неименуван висок полициски функционер.
Според него, полицијата ќе ги предупреди компаниите доколку работничките го симнат хиџабот на работното место. По предупредувањето ако работничките не го почитуваат кодексот за облекување, компанијата ќе биде затворена. Иранските власти претходно во неколку наврати предупредуваа дека следи казна ако жената го соблече хиџабот на јавно место.

The post Жените во Иран што не носат хиџаб ќе бидат казнети appeared first on Република.

]]>
Без хиџаб нема возење во метро https://republika.mk/vesti/svet/bez-hidhab-nema-vozene-vo-metro/ Mon, 10 Apr 2023 17:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=629573

Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија.

Во метрото во главниот град на Иран ќе се формираат специјални групи кои ќе го следат спроведувањето на новото правило.

Многу Иранки, особено оние во големите градови, одбија да ги почитуваат правилата за носење хиџаб и најавија продолжување на протестот под мотото под слоганот „Жени, живот, слобода“, но во поиндивидуална форма.

Воведувањето на новата регулатива од иранските власти уследи откако девојчињата во средните училишта во Техеран, Карај и други градови продолжуваат да пријавуваат напади со отрови. Најмалку најмалку девет училишта биле нападнати во неделата.

Мохамед Хасан Асефари од Комисијата за проверка на факти изјави дека безбедносните агенции не можат да ги идентификуваат сторителите, додека Министерството за здравство соопшти дека се уште не го идентификувале отровот.

Во градот Исфахан веќе е забележано дека на жените кои не носеле хиџаб им бил забранет влез во метрото.

Иранската Влада на 8 април соопшти дека ќе се инсталираат улични камери, како и дека ќе се користат постојни сообраќајни камери, за откривање на жени кои не се придржуваат до кодексот на облекување, а прекршителите ќе бидат казнети.

Локалната полиција соопшти дека ќе добијат СМС пораки со предупредување за последиците“.

Претходно иранските власти соопштија дека жените кои ќе бидат приведени поради неносење хиџаб ќе бидат казнети со 19 фунти. Истовремено, автомобилите во кои ќе има жени без хиџаб ќе бидат одземени 20 дена доколку возачот претходно го сторил истиот прекршок.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно изјави дека неносењето хиџаб е поврзано со работата на непријателите и шпионите.

Според иранскиот шеријатски закон, кој беше донесен по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја скријат својата фигура. Оние кои не го почитуваат законот се предмет на јавна опомена, парична казна или апсење.

The post Без хиџаб нема возење во метро appeared first on Република.

]]>

Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија. Во метрото во главниот град на Иран ќе се формираат специјални групи кои ќе го следат спроведувањето на новото правило. Многу Иранки, особено оние во големите градови, одбија да ги почитуваат правилата за носење хиџаб и најавија продолжување на протестот под мотото под слоганот „Жени, живот, слобода“, но во поиндивидуална форма. Воведувањето на новата регулатива од иранските власти уследи откако девојчињата во средните училишта во Техеран, Карај и други градови продолжуваат да пријавуваат напади со отрови. Најмалку најмалку девет училишта биле нападнати во неделата. Мохамед Хасан Асефари од Комисијата за проверка на факти изјави дека безбедносните агенции не можат да ги идентификуваат сторителите, додека Министерството за здравство соопшти дека се уште не го идентификувале отровот. Во градот Исфахан веќе е забележано дека на жените кои не носеле хиџаб им бил забранет влез во метрото. Иранската Влада на 8 април соопшти дека ќе се инсталираат улични камери, како и дека ќе се користат постојни сообраќајни камери, за откривање на жени кои не се придржуваат до кодексот на облекување, а прекршителите ќе бидат казнети. Локалната полиција соопшти дека ќе добијат СМС пораки со предупредување за последиците“. Претходно иранските власти соопштија дека жените кои ќе бидат приведени поради неносење хиџаб ќе бидат казнети со 19 фунти. Истовремено, автомобилите во кои ќе има жени без хиџаб ќе бидат одземени 20 дена доколку возачот претходно го сторил истиот прекршок. Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно изјави дека неносењето хиџаб е поврзано со работата на непријателите и шпионите. Според иранскиот шеријатски закон, кој беше донесен по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја скријат својата фигура. Оние кои не го почитуваат законот се предмет на јавна опомена, парична казна или апсење.

The post Без хиџаб нема возење во метро appeared first on Република.

]]>
Оскаровка од Иран објави фотографија без хиџаб за да се солидаризира со антивладините демонстрации https://republika.mk/scena/film/oskarovka-od-iran-objavi-fotografija-bez-hidzab-za-da-se-solidarizira-so-antivladinite-demonstracii/ Thu, 10 Nov 2022 12:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=572290

Позната иранска актерка на Инстаграм објави фотографија на која е без марама за да се солидаризира со антивладините демонстрации.

Таране Алидости, најпозната по нејзината улога во филмот „Патувачки продавач“, награден со Оскар за најдобар меѓународен игран филм во 2016 година, држеше табла на која пишуваше „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите.

Протестите за смртта на Махса Амини влегуваат во седмата недела.

Дваесет и двегодишна жена почина во притвор откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран поради неправилно носење хиџаб, пишува Би-би-си.

Алидости е една од најуспешните ирански актерки и има повеќе од осум милиони следбеници на Инстаграм.

Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекина кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите.

Локалните активисти за човекови права тврдат дека во протестите загинале најмалку 328 луѓе, а 14.800 биле приведени.

The post Оскаровка од Иран објави фотографија без хиџаб за да се солидаризира со антивладините демонстрации appeared first on Република.

]]>

Позната иранска актерка на Инстаграм објави фотографија на која е без марама за да се солидаризира со антивладините демонстрации. Таране Алидости, најпозната по нејзината улога во филмот „Патувачки продавач“, награден со Оскар за најдобар меѓународен игран филм во 2016 година, држеше табла на која пишуваше „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите. Протестите за смртта на Махса Амини влегуваат во седмата недела. Дваесет и двегодишна жена почина во притвор откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран поради неправилно носење хиџаб, пишува Би-би-си. Алидости е една од најуспешните ирански актерки и има повеќе од осум милиони следбеници на Инстаграм. Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекина кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите. Локалните активисти за човекови права тврдат дека во протестите загинале најмалку 328 луѓе, а 14.800 биле приведени.

The post Оскаровка од Иран објави фотографија без хиџаб за да се солидаризира со антивладините демонстрации appeared first on Република.

]]>
Тинејџерка се задуши откако хиџабот ѝ се заглави во картинг возило https://republika.mk/vesti/svet/tinejdzerka-se-zadushi-otkako-hidzabot-se-zaglavi-vo-karting-vozilo/ Fri, 28 Oct 2022 08:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=566646

Петнаесетгодишно девојче почина откако нејзиниот хиџаб се заглави во картинг возило во забавен парк и ја задуши. Руваида Адан се задушила само неколку минути откако отишла на картинг со пријателите во Лондон.

Инцидентот се случил во август минатата година, а сега е во тек судењето за надлежните од забавниот парк.

Задниот дел од нејзиниот хиџаб се одмотал од под кацигата и висел зад неа за време на трката, по што се зафатил под тркалата. Веднаш била пренесена во болница, но повредите биле пресериозни, па починала четири дена подоцна.

Oбвинителот вели дека Руваида требало да биде предупредена дека мора да ја шамијата од главата, бидејќи организаторите имаат строги правила секоја широка облека да се отстрани пред да започне трката. Овојпат тие не го сториле тоа, пишува „Дејли мејл“.

Поротата засега констатирала дека организаторите не направиле ништо за да ја заштитат или да ја спречат да вози доколку не сака да го соблече хиџабот. Во исто време биле констатирани технички проблеми кај автомобилот кој немал соодветна заштита на тркалата.

Судењето продолжува.

The post Тинејџерка се задуши откако хиџабот ѝ се заглави во картинг возило appeared first on Република.

]]>

Петнаесетгодишно девојче почина откако нејзиниот хиџаб се заглави во картинг возило во забавен парк и ја задуши. Руваида Адан се задушила само неколку минути откако отишла на картинг со пријателите во Лондон. Инцидентот се случил во август минатата година, а сега е во тек судењето за надлежните од забавниот парк. Задниот дел од нејзиниот хиџаб се одмотал од под кацигата и висел зад неа за време на трката, по што се зафатил под тркалата. Веднаш била пренесена во болница, но повредите биле пресериозни, па починала четири дена подоцна. Oбвинителот вели дека Руваида требало да биде предупредена дека мора да ја шамијата од главата, бидејќи организаторите имаат строги правила секоја широка облека да се отстрани пред да започне трката. Овојпат тие не го сториле тоа, пишува „Дејли мејл“. Поротата засега констатирала дека организаторите не направиле ништо за да ја заштитат или да ја спречат да вози доколку не сака да го соблече хиџабот. Во исто време биле констатирани технички проблеми кај автомобилот кој немал соодветна заштита на тркалата. Судењето продолжува.

The post Тинејџерка се задуши откако хиџабот ѝ се заглави во картинг возило appeared first on Република.

]]>
Хиџабот оди на референдум во Турција https://republika.mk/vesti/svet/hidzabot-odi-na-referendum-vo-turcija/ Sat, 22 Oct 2022 20:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=564443

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи да се организира референдум за измена на Уставот за да се гарантира правото на носење хиџаб во јавните служби, училиштата и универзитетите.

„Ако сте храбри, дојдете, ќе ја ставиме темата на референдум (…) Нека одлучи народот“, рече турскиот претседател, обраќајќи му се на лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, кој предложи закон кој ќе гарантира правото на носење хиџаб.

Дебатата за носење хиџаб се разгоре во Турција како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за 2023 година.

Турција, земја со мнозинско муслиманско население, е уставно секуларна и носењето хиџаб долго време беше забрането во јавните служби, училиштата и универзитетите, како и на места како што се парламентот и воените канцеларии. Во 2013 година, владата на Ердоган ги укина ограничувањата за носење хиџаб.

За разлика од 1990-тите, кога темата поттикна жестока дебата, денес ниту едно политичко движење во Турција не се противи на нејзината забрана.

„Порано згрешивме во однос на носењето хиџаб (…) Сега е време да го оставиме тоа прашање настрана и повеќе да не го слушаме од устата на политичарите“, рече претседателот на најголемата опозициска сила, Републиканската Народна партија (ЦХП), на почетокот на октомври Кемал Киличдароглу.

Набљудувачите мислат дека Киличдароглу сака да им покаже на конзервативните гласачи кои најмногу гласаат за АКП на Ердоган дека не треба да се плашат од промена на власта.

На почетокот на октомври, Ердоган одговори на оваа иницијатива.

„Дали денес постои дискриминација во однос на носењето и неносењето хиџаб во јавните служби? Во училиштата? Не. (…) Успеавме во тоа“, рече денеска Ердоган.

„Наскоро ќе го испратиме амандманот на уставот во парламентот. (…) Но, ако не може да се реши во парламентот, ќе го прашаме народот“, додаде тој.

The post Хиџабот оди на референдум во Турција appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи да се организира референдум за измена на Уставот за да се гарантира правото на носење хиџаб во јавните служби, училиштата и универзитетите.
„Ако сте храбри, дојдете, ќе ја ставиме темата на референдум (…) Нека одлучи народот“, рече турскиот претседател, обраќајќи му се на лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу, кој предложи закон кој ќе гарантира правото на носење хиџаб.
Дебатата за носење хиџаб се разгоре во Турција како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за 2023 година. Турција, земја со мнозинско муслиманско население, е уставно секуларна и носењето хиџаб долго време беше забрането во јавните служби, училиштата и универзитетите, како и на места како што се парламентот и воените канцеларии. Во 2013 година, владата на Ердоган ги укина ограничувањата за носење хиџаб. За разлика од 1990-тите, кога темата поттикна жестока дебата, денес ниту едно политичко движење во Турција не се противи на нејзината забрана.
„Порано згрешивме во однос на носењето хиџаб (…) Сега е време да го оставиме тоа прашање настрана и повеќе да не го слушаме од устата на политичарите“, рече претседателот на најголемата опозициска сила, Републиканската Народна партија (ЦХП), на почетокот на октомври Кемал Киличдароглу.
Набљудувачите мислат дека Киличдароглу сака да им покаже на конзервативните гласачи кои најмногу гласаат за АКП на Ердоган дека не треба да се плашат од промена на власта. На почетокот на октомври, Ердоган одговори на оваа иницијатива.
„Дали денес постои дискриминација во однос на носењето и неносењето хиџаб во јавните служби? Во училиштата? Не. (…) Успеавме во тоа“, рече денеска Ердоган. „Наскоро ќе го испратиме амандманот на уставот во парламентот. (…) Но, ако не може да се реши во парламентот, ќе го прашаме народот“, додаде тој.

The post Хиџабот оди на референдум во Турција appeared first on Република.

]]>
На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата https://republika.mk/vesti/balkan/na-kurti-zasega-ne-mu-uspea-ostanuva-vo-sila-zabranata-za-nosenje-shamii-vo-uchilishtata/ Sat, 20 Aug 2022 14:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=542343

Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци денеска изјави дека административното упатство за образовните институции, кое во дел од јавноста се толкуваше како ограничување на верските слободи, односно забрана за носење шамии во училиштата, и натаму останува во сила, јави дописникот на МИА од Приштина.

Нагавци на денешната прес-конференција рече дека протестите против упатството се неосновани и нагласи дека со косовскиот Устав „јасно е деифиниран карактерот на државата и на јавните институции“.

Според неа, во споменатиот акт воопшто и не се зброрува за прашањето на носењето шамии во училиштата.

Сакам јасно да ставам до знаење дека некакво административно упатство за шамиите никогаш и немало. Сéта кампања што ја гледате во последно време, јас сметам дека е неоснована и не стои. Јасно е дефиниран карактерот на државата и на јавните институции… Вистина е дека препораките се за Упатството да остане во сила и ние не можеме да промениме некој негов специфичен член. Упатството останува во сила, изјави Нагавци.

Таа нагласи дека правото на школување е гарантирано и никому не може да се забрани да ја следи наставата во училиштата.

Во косовската јавност се разви дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи се покрената обемна кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува.

Премиерот Албин Курти во врска со тоа изјави дека смета оти треба да се дозволи употреба на верските симболи во јавниот живот во Косово, но оти прагот за тоа треба да биде 16-годишната возраст.

Претседателката на државата, Вјоса Османи одговори дека за да се смени возрасниот праг, не само за користење на шамиите, потребна е промена на Уставот, односно тоа не може да се направи со закон или владини одлуки.

The post На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование на Косово, Арберие Нагавци денеска изјави дека административното упатство за образовните институции, кое во дел од јавноста се толкуваше како ограничување на верските слободи, односно забрана за носење шамии во училиштата, и натаму останува во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. Нагавци на денешната прес-конференција рече дека протестите против упатството се неосновани и нагласи дека со косовскиот Устав „јасно е деифиниран карактерот на државата и на јавните институции“. Според неа, во споменатиот акт воопшто и не се зброрува за прашањето на носењето шамии во училиштата.
Сакам јасно да ставам до знаење дека некакво административно упатство за шамиите никогаш и немало. Сéта кампања што ја гледате во последно време, јас сметам дека е неоснована и не стои. Јасно е дефиниран карактерот на државата и на јавните институции… Вистина е дека препораките се за Упатството да остане во сила и ние не можеме да промениме некој негов специфичен член. Упатството останува во сила, изјави Нагавци.
Таа нагласи дека правото на школување е гарантирано и никому не може да се забрани да ја следи наставата во училиштата. Во косовската јавност се разви дебата околу тоа дали треба на девојчињата и девојките да им се дозволи носење шамии на училиште, а во социјалните мрежи се покрената обемна кампања со барање да се укине административната одлука која е во сила и која тоа го забранува. Премиерот Албин Курти во врска со тоа изјави дека смета оти треба да се дозволи употреба на верските симболи во јавниот живот во Косово, но оти прагот за тоа треба да биде 16-годишната возраст. Претседателката на државата, Вјоса Османи одговори дека за да се смени возрасниот праг, не само за користење на шамиите, потребна е промена на Уставот, односно тоа не може да се направи со закон или владини одлуки.

The post На Курти засега не му успеа: Останува во сила забраната за носење шамии во училиштата appeared first on Република.

]]>
Протести во Индија против забраната за носење хиџаб на училиште https://republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-indija-protiv-zabranata-za-nosenje-hidzab-na-uchilishte/ Mon, 07 Feb 2022 13:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=455196

Забраната за носење исламски шамии во училиштата предизвика протести меѓу муслиманите во Јужна Индија, каде што многумина денеска излегоа на улиците за да протестираат против ваквите ограничувања.

Опозицијата во Карнатака ги изрази стравувањата на малцинската заедница поради, како што велат, растечкиот прогон предводен од хинду националистичката влада на премиерот Нарендра Моди.

Минатиот месец, на средношколките им беше наредено да не носат хиџаб, уредба што набрзо се прошири во најмалку две други училишта во државата.

– Ова е дискриминаторски во суштина и исто така е спротивно на правата утврдени во уставот на Индија, рече Сумаја Рушан, претседател на Исламската организација на девојките во Карнатака.

Рушан рече дека забраната ги нарушува „личните избори на кои учениците имаат право и кои не му штетат на никој друг“.

Според локалните медиуми, едно од училиштата делумно се повлекло, дозволувајќи им на муслиманските ученички да посетуваат часови со хиџаб, но им било наложено да седат во посебни училници.

Двете други училишта кои забранија носење хиџаб објавија одмор и денеска ја затворија институцијата.

Десничарската партија на Моди, Бхаратија Џаната е на власт во државата Карнатака, а неколку истакнати членови ја поддржаа забраната, која беше критикувана од други политички лидери.

„Со дозволувањето хиџабот да наштети на образованието на ученичките, ние ја ограбуваме иднината на ќерките на Индија“, напиша Рахул Ганди од опозицискиот Конгрес минатата недела на Твитер.

Се очекува највисокиот државен суд утре да ги разгледа петициите и да одлучи дали ќе ги укине забраните.

The post Протести во Индија против забраната за носење хиџаб на училиште appeared first on Република.

]]>

Забраната за носење исламски шамии во училиштата предизвика протести меѓу муслиманите во Јужна Индија, каде што многумина денеска излегоа на улиците за да протестираат против ваквите ограничувања. Опозицијата во Карнатака ги изрази стравувањата на малцинската заедница поради, како што велат, растечкиот прогон предводен од хинду националистичката влада на премиерот Нарендра Моди. Минатиот месец, на средношколките им беше наредено да не носат хиџаб, уредба што набрзо се прошири во најмалку две други училишта во државата. – Ова е дискриминаторски во суштина и исто така е спротивно на правата утврдени во уставот на Индија, рече Сумаја Рушан, претседател на Исламската организација на девојките во Карнатака. Рушан рече дека забраната ги нарушува „личните избори на кои учениците имаат право и кои не му штетат на никој друг“. Според локалните медиуми, едно од училиштата делумно се повлекло, дозволувајќи им на муслиманските ученички да посетуваат часови со хиџаб, но им било наложено да седат во посебни училници. Двете други училишта кои забранија носење хиџаб објавија одмор и денеска ја затворија институцијата. Десничарската партија на Моди, Бхаратија Џаната е на власт во државата Карнатака, а неколку истакнати членови ја поддржаа забраната, која беше критикувана од други политички лидери. „Со дозволувањето хиџабот да наштети на образованието на ученичките, ние ја ограбуваме иднината на ќерките на Индија“, напиша Рахул Ганди од опозицискиот Конгрес минатата недела на Твитер. Се очекува највисокиот државен суд утре да ги разгледа петициите и да одлучи дали ќе ги укине забраните.

The post Протести во Индија против забраната за носење хиџаб на училиште appeared first on Република.

]]>