хидратација Archives - Република https://republika.mk/tema/hidratatsija/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 18:24:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хидратација Archives - Република https://republika.mk/tema/hidratatsija/ 32 32 Ако пиеме повеќе вода ќе имаме поздраво тело! https://republika.mk/zivot/zdravje/ako-pieme-poveke-voda-ke-imame-pozdravo-telo/ Fri, 28 Jun 2024 18:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=791677

Ако една од нашите цели е да пиеме повеќе вода, на пат сме кон поздраво тело.

Постојат многу упатства за тоа колку вода треба да пиеме. Кригер вели дека количината на течност што треба да ја внесуваме секој ден, вклучувајќи ја и водата, зависи од нашата телесна тежина. Тоа зависи и од нивото на нашата активност, дали сме на топло, дали сме бремени, доиме или сме болни – сите фактори што бараат да ја зголемиме хидратацијата. Слично на тоа, препораките за внес на вода од националните академии за науки, инженерство и медицина, сугерираат дека мажите треба да пијат најмалку 13 (2,5 дл) чаши течност дневно, а жените 9 чаши или повеќе. Без оглед на тоа која е нашата цел за хидратација, важно е да пиеме вода редовно во текот на денот.

Наместо сонливо да посегнувате по кафето, прво испијте една до две чаши вода. Бидејќи не пиеме додека спиеме, се будиме дехидрирани, објаснува Кригер. Пиењето вода на почетокот на денот може да нè врати „во живот“. Може да ни помогне и ако го пиеме нашиот лек наутро. Дури потоа можеме да се препуштиме на првото утринско кафе. Исто така, добро е што кафето се брои како течност, а иако е пијалак со кофеин кој има тенденција да дехидрира, умерените количини не дехидрираат, според едно истражување.

Водата може да игра улога во контролата на тежината, вели Мелиса Митри, регистрирана диететичарка со седиште во Монро, Конектикат.

Чаша вода пред оброк може да ни помогне да се чувствуваме сити и да спречиме да се прејадеме – вели таа.

Една мала студија од 2018 година покажала дека пиењето вода пред оброк им помогнала на мажите и жените да јадат помалку и да се чувствуваат задоволни.

Пиењето вода со храна го помага варењето, вели Митри. Особено е важно да се пие вода со храна богата со растителни влакна. Влакната минуваат низ нашиот дигестивен систем и ја апсорбираат водата, помагајќи да се формира столицата и да се обезбеди регуларност. Значи, ако нашата чинија е полна со растителна храна (како што треба!), треба да пиеме вода.

Главоболката може да биде симптом на дехидрација, според Националната фондација за главоболка. Покрај тоа, може да предизвика и напади на мигрена. За оние со мигрена, зголемувањето на внесот на вода може да помогне да се намали сериозноста, зачестеноста и времетраењето на мигрената, според студија објавена во 2020 година.

Хидратацијата започнува ден или два пред вежбањето, вели Кригер. Пред тренинг не треба да се полевате со вода со надеж дека ќе се хидрирате бидејќи тоа може да доведе само до непријатно чувство на ситост и надуеност додека се движите. Погрижете се редовно да пиете вода во деновите пред тренингот. Всушност, според Клиниката во Кливленд, треба да се фокусирате на вашата стратегија за хидратација, почнувајќи од неделата пред „трката на издржливост“. И една студија објавена во 2019 година покажала дека ако влеземе во трка на издржливост дехидрирани, дури и во мала мера, тоа може да ги намали перформансите.

Потоа добро хидрирајте се по тренингот за да го замените она што сте го изгубиле преку потта.

Не пијте чаша или две вода пред спиење – ќе мора да станете среде ноќ за да одете во тоалет, а тоа ќе ви го наруши сонот. Сепак, можете да ставите чаша вода навечер пред креветот само во случај да ожедните.

 

The post Ако пиеме повеќе вода ќе имаме поздраво тело! appeared first on Република.

]]>

Ако една од нашите цели е да пиеме повеќе вода, на пат сме кон поздраво тело. Постојат многу упатства за тоа колку вода треба да пиеме. Кригер вели дека количината на течност што треба да ја внесуваме секој ден, вклучувајќи ја и водата, зависи од нашата телесна тежина. Тоа зависи и од нивото на нашата активност, дали сме на топло, дали сме бремени, доиме или сме болни – сите фактори што бараат да ја зголемиме хидратацијата. Слично на тоа, препораките за внес на вода од националните академии за науки, инженерство и медицина, сугерираат дека мажите треба да пијат најмалку 13 (2,5 дл) чаши течност дневно, а жените 9 чаши или повеќе. Без оглед на тоа која е нашата цел за хидратација, важно е да пиеме вода редовно во текот на денот. Наместо сонливо да посегнувате по кафето, прво испијте една до две чаши вода. Бидејќи не пиеме додека спиеме, се будиме дехидрирани, објаснува Кригер. Пиењето вода на почетокот на денот може да нè врати „во живот“. Може да ни помогне и ако го пиеме нашиот лек наутро. Дури потоа можеме да се препуштиме на првото утринско кафе. Исто така, добро е што кафето се брои како течност, а иако е пијалак со кофеин кој има тенденција да дехидрира, умерените количини не дехидрираат, според едно истражување. Водата може да игра улога во контролата на тежината, вели Мелиса Митри, регистрирана диететичарка со седиште во Монро, Конектикат.
Чаша вода пред оброк може да ни помогне да се чувствуваме сити и да спречиме да се прејадеме – вели таа.
Една мала студија од 2018 година покажала дека пиењето вода пред оброк им помогнала на мажите и жените да јадат помалку и да се чувствуваат задоволни. Пиењето вода со храна го помага варењето, вели Митри. Особено е важно да се пие вода со храна богата со растителни влакна. Влакната минуваат низ нашиот дигестивен систем и ја апсорбираат водата, помагајќи да се формира столицата и да се обезбеди регуларност. Значи, ако нашата чинија е полна со растителна храна (како што треба!), треба да пиеме вода. Главоболката може да биде симптом на дехидрација, според Националната фондација за главоболка. Покрај тоа, може да предизвика и напади на мигрена. За оние со мигрена, зголемувањето на внесот на вода може да помогне да се намали сериозноста, зачестеноста и времетраењето на мигрената, според студија објавена во 2020 година. Хидратацијата започнува ден или два пред вежбањето, вели Кригер. Пред тренинг не треба да се полевате со вода со надеж дека ќе се хидрирате бидејќи тоа може да доведе само до непријатно чувство на ситост и надуеност додека се движите. Погрижете се редовно да пиете вода во деновите пред тренингот. Всушност, според Клиниката во Кливленд, треба да се фокусирате на вашата стратегија за хидратација, почнувајќи од неделата пред „трката на издржливост“. И една студија објавена во 2019 година покажала дека ако влеземе во трка на издржливост дехидрирани, дури и во мала мера, тоа може да ги намали перформансите. Потоа добро хидрирајте се по тренингот за да го замените она што сте го изгубиле преку потта. Не пијте чаша или две вода пред спиење – ќе мора да станете среде ноќ за да одете во тоалет, а тоа ќе ви го наруши сонот. Сепак, можете да ставите чаша вода навечер пред креветот само во случај да ожедните.  

The post Ако пиеме повеќе вода ќе имаме поздраво тело! appeared first on Република.

]]>
Ова е најдобриот пијалaк за хидратација на телото, а не е вода https://republika.mk/zivot/zdravje/ova-e-najdobriot-pijalak-za-hidratatsija-na-teloto-a-ne-e-voda/ Sat, 08 Apr 2023 08:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=628581

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар пијалак за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои пијалак кој повеќе го хидрира организмот од водата.

Истражувачите открија дека водата, без разлика дали е минерална или газирана, прави прилично добра работа за брзо рехидрирање на телото, но пијалоците со малку шеќери, масти или протеини прават уште подобра работа во одржувањето на хидратацијата подолго време.

Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрус и автор на студијата, еден од факторите за хидратација на телото е волуменот на даден пијалок: колку повеќе пиете, толку побрзо пијалокот се празни од вашиот стомак и се апсорбира во крвотокот, каде што може да ги разреди телесните течности и да ве хидрира.

Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од водата, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.

Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација кои се користат за лекување на дијареа. Содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да ви помогнат.

The post Ова е најдобриот пијалaк за хидратација на телото, а не е вода appeared first on Република.

]]>

Иако водата се смета за најздрав, а воедно и најдобар пијалак за хидратација, научниците докажаа дека сепак постои пијалак кој повеќе го хидрира организмот од водата. Истражувачите открија дека водата, без разлика дали е минерална или газирана, прави прилично добра работа за брзо рехидрирање на телото, но пијалоците со малку шеќери, масти или протеини прават уште подобра работа во одржувањето на хидратацијата подолго време. Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрус и автор на студијата, еден од факторите за хидратација на телото е волуменот на даден пијалок: колку повеќе пиете, толку побрзо пијалокот се празни од вашиот стомак и се апсорбира во крвотокот, каде што може да ги разреди телесните течности и да ве хидрира. Така, докажано е дека млекото хидрира повеќе од водата, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина. Истото може да се каже и за растворите за орална рехидратација кои се користат за лекување на дијареа. Содржат мали количини шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да ви помогнат.

The post Ова е најдобриот пијалaк за хидратација на телото, а не е вода appeared first on Република.

]]>