хибриден напад Archives - Република https://republika.mk/tema/hibriden-napad/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 13:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хибриден напад Archives - Република https://republika.mk/tema/hibriden-napad/ 32 32 Грковска: Ќе побарам од директорката на ФЗОМ да одговори на прашањата на јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ke-pobaram-od-direktorkata-na-fzom-da-odgovori-na-prashanata-na-javnosta/ Mon, 20 Feb 2023 13:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=611085

Криењето не е решение. Граѓаните имаат право да бидат информирани во секој момент, да знаат што се случува, затоа што повторно ќе кажам, податоците и информациите припаѓаат на граѓаните, не на институциите, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На новинарско прашање во врска со транспарентноста на двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, вицепремиерката рече дека ќе побара од директорката Магдалена Филиповска Грашкоска да излезе во јавноста и да одговори на прашањата во врска со хакерскиот напад на веб-страната на ФЗОМ.

Ова што се случува е ново за сите нас, за најголемиот дел од нас и претпоставувам дека не сите подеднакво и успешно се снаоѓаат во ваква ситуација. Во секој случај, сметам дека секоја институција која што е под хибриден напад, која што е под сајбер закана, има обврска да излезе јавно да ги информира граѓаните за статусот, за тоа што се презема од страна на институцијата за заштита и враќање на податоците и информациите на што и да е под хибриден напад, рече таа.

Според вицепремиерката, алоцирањето на буџетски средства за кибер заштита не е луксуз, туку инвестиција.

Жал ми е што во ситуација кога сме во хибридна војна, институциите стануваат свесни колку е таква инвестиција потребна, а дека не е луксуз, рече таа.

The post Грковска: Ќе побарам од директорката на ФЗОМ да одговори на прашањата на јавноста appeared first on Република.

]]>

Криењето не е решение. Граѓаните имаат право да бидат информирани во секој момент, да знаат што се случува, затоа што повторно ќе кажам, податоците и информациите припаѓаат на граѓаните, не на институциите, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. На новинарско прашање во врска со транспарентноста на двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, вицепремиерката рече дека ќе побара од директорката Магдалена Филиповска Грашкоска да излезе во јавноста и да одговори на прашањата во врска со хакерскиот напад на веб-страната на ФЗОМ.
Ова што се случува е ново за сите нас, за најголемиот дел од нас и претпоставувам дека не сите подеднакво и успешно се снаоѓаат во ваква ситуација. Во секој случај, сметам дека секоја институција која што е под хибриден напад, која што е под сајбер закана, има обврска да излезе јавно да ги информира граѓаните за статусот, за тоа што се презема од страна на институцијата за заштита и враќање на податоците и информациите на што и да е под хибриден напад, рече таа.
Според вицепремиерката, алоцирањето на буџетски средства за кибер заштита не е луксуз, туку инвестиција.
Жал ми е што во ситуација кога сме во хибридна војна, институциите стануваат свесни колку е таква инвестиција потребна, а дека не е луксуз, рече таа.

The post Грковска: Ќе побарам од директорката на ФЗОМ да одговори на прашањата на јавноста appeared first on Република.

]]>
Дојавите за бомби може се хибриден напад, но неспособноста да се справат со тоа е типична за Спасовски и Ковачевски https://republika.mk/vesti/dojavite-za-bombi-moze-se-hibriden-napad-no-nesposobnosta-da-se-spravat-so-toa-e-tipichna-za-spasovski-i-kovachevski/ Sat, 17 Dec 2022 07:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=586742

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дојавите за бомби можеби се хибриден напад, но неспособноста на Ковачевски и Спасовски е очигледна и типична за СДС.

После три месеци дојави за бомби во училишта, институции, станбени објекти, трговски центри, а сега и аеродром, хотели и спортски објекти, дури сега им текна да побараат меѓународна помош од нашите партнери. Зошто Спасовски и Ковачевски чекаа толку долго? Зошто навреме не ги искористија сите домашни и меѓународни капацитети да се справат со ваквата безбедносна закана која шири тензии и страв кај граѓаните?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста на Оливер Спасовски, според оваа партија, станува безбедносен проблем за Македонија. Тој, како што додаваат, е веќе осма година на позицијата министер за внатрешни работи.

Резултатот на тоа е опаѓање на професионалноста и авторитетот на полицијата. Поради вработување на партиските кадри и лица со досие, полицијата се доведе во состојба да не може да одговори на заканите по редот и мирот во Македонија.

Затоа, потенцираат, неопходно е Спасовски да си поднесе оставка, а владата предводена од Ковачевски час поскоро да ја признае својата неспособност и да побара помош од домашни и странски експерти да се влезе во траг и да се санкционираат ваквите дојавувачи на бомби.

The post Дојавите за бомби може се хибриден напад, но неспособноста да се справат со тоа е типична за Спасовски и Ковачевски appeared first on Република.

Исмејувањето на институциитe е хибридна закана: Кога МНР вели напуштете ја државата, мора да верувате во тоа https://republika.mk/vesti/makedonija/ismejuvanjeto-na-instituciite-e-hibridna-zakana-koga-mnr-veli-napushtete-ja-drzavata-mora-da-veruvate-vo-toa/ Thu, 03 Mar 2022 17:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=467278

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на руската влада.

Нема народ кој прави агресија, тоа обично е влада која го заврдува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите – вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека исмејувањето на државни претставници и институции за време на руската агресија во Украина е вид на хибридна закана.

Кога ги дефиниравме хибридните закани, една од хибридните закани дефиниравме дека е исмејување на институциите. Кога вели МНР напуштете една држава, вие мора да верувате во тоа. Несвесно граѓаните влегуваат во такви инструменти на наштетување на државата, затоа бараме многу внимателност во овој дел – рече Османи.

Министерот додава дека ваквиот феномен делумно го разбира и дека постојат објективни причини за тоа, меѓу кои и фрустарциите од долгото чекање за започнување преговори со ЕУ.

– Има одредени објективни елементи како што е чувство на измаменост од ЕУ кое се манифестира како антизападна политика. Тоа е емоција која ја ослабува довербата на граѓаните во институциите. Ние се обидуваме максимално да ги направиме институциите поотпорни и по однос на напад на дигиталната инфраструктура и по однос на овие хибридни закани – рече Османи.

The post Исмејувањето на институциитe е хибридна закана: Кога МНР вели напуштете ја државата, мора да верувате во тоа appeared first on Република.