Хезболах Archives - Република https://republika.mk/tema/hezbolah/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 14:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хезболах Archives - Република https://republika.mk/tema/hezbolah/ 32 32 Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/izrael-bara-od-rusija-da-posreduva-za-dogovor-so-hezbolah/ Sun, 03 Nov 2024 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=833782

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“.

Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк.

Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот.

„Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.

Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израел побарал од Русија да посредува меѓу израелската страна и Хезболах за мировно решение, пишува „Њузвик“. Во моментов, обидите за договор за прекин на огнот се развиваат со поддршка на советниците на американскиот претседател, Амос Хохштајн и Брет Мекгурк. Сепак, меѓународни медиуми, како што се израелскиот „Ynet News“ и „Asharq Al-Awsat“ во сопственост на Саудиска Арабија, цитираат извори дека во последните денови Израел побарал од Русија да учествува во договорот. „Њузвик“ верува дека учеството на една глобална сила со врски со речиси сите главни чинители може да обезбеди клучна поддршка за иницијативата во време кога лидерството на Вашингтон на Блискиот Исток се повеќе се доведува во прашање.
Путин станува потенцијален посредник за мир на Блискиот Исток, се наведува во публикацијата.

The post Израел бара од Русија да посредува за договор со Хезболах appeared first on Република.

]]>
Koj e новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-noviot-vodach-na-hezbolah-kasem-nosi-bel-turban-na-glavata-site-negovi-prethodnitsi-nosea-tsrni/ Tue, 29 Oct 2024 13:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=832022

Либанското шиитско движење Хезболах го именуваше својот заменик-лидер Шеик Наим Касем за нов генерален секретар, наследувајќи го долгогодишниот лидер Сајед Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатиот месец.

Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Шеик Наим Касем е висока личност во движењето, кое го поддржува Иран повеќе од 30 години.

Говорејќи од непозната локација на 8 октомври, Касем рече дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел е војна за „кој прв плаче“ и како што рече тогаш „Хезболах нема да плаче прв“. Тој рече дека способностите на групата остануваат недопрени и покрај „болните удари“ на Израел.

Во 1991 година, Касем беше назначен за заменик-шеф на Хезболах од тогашниот генерален секретар на вооружената група Абас ал-Мусави, кој беше убиен во напад на израелски хеликоптер во 1992 година.

Тој беше првиот член на највисокото раководство на Хезболах кој даде телевизиски изјави по убиството на Насрала во израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 27 септември, особено областа Дахија.

Наим Касем е роден во 1953 година во Бејрут во семејство од југот на Либан и неговиот политички активизам започна со либанското шиитско движење Амал.

Тој ја напушти групата во 1979 година по Иранската исламска револуција, која го обликуваше политичкото размислување на многу млади либански шиитски активисти

Касем учествуваше на состаноците што доведоа до формирање на Хезболах, основан со поддршка на Иранската револуционерна гарда како одговор на израелската инвазија на Либан во 1982 година.

Интересно е тоа што Касем носи бел турбан за разлика од Насрала и Сафиедин, чии црни турбани го означуваат нивниот статус на потомци на пророкот Мухамед.

The post Koj e новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни appeared first on Република.

]]>

Либанското шиитско движење Хезболах го именуваше својот заменик-лидер Шеик Наим Касем за нов генерален секретар, наследувајќи го долгогодишниот лидер Сајед Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут минатиот месец. Заменик-генералниот секретар на Хезболах, Шеик Наим Касем е висока личност во движењето, кое го поддржува Иран повеќе од 30 години. Говорејќи од непозната локација на 8 октомври, Касем рече дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел е војна за „кој прв плаче“ и како што рече тогаш „Хезболах нема да плаче прв“. Тој рече дека способностите на групата остануваат недопрени и покрај „болните удари“ на Израел. Во 1991 година, Касем беше назначен за заменик-шеф на Хезболах од тогашниот генерален секретар на вооружената група Абас ал-Мусави, кој беше убиен во напад на израелски хеликоптер во 1992 година. Тој беше првиот член на највисокото раководство на Хезболах кој даде телевизиски изјави по убиството на Насрала во израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 27 септември, особено областа Дахија. Наим Касем е роден во 1953 година во Бејрут во семејство од југот на Либан и неговиот политички активизам започна со либанското шиитско движење Амал. Тој ја напушти групата во 1979 година по Иранската исламска револуција, која го обликуваше политичкото размислување на многу млади либански шиитски активисти Касем учествуваше на состаноците што доведоа до формирање на Хезболах, основан со поддршка на Иранската револуционерна гарда како одговор на израелската инвазија на Либан во 1982 година. Интересно е тоа што Касем носи бел турбан за разлика од Насрала и Сафиедин, чии црни турбани го означуваат нивниот статус на потомци на пророкот Мухамед.

The post Koj e новиот водач на Хезболах: Касем носи бел турбан на главата,сите негови претходници носеа црни appeared first on Република.

]]>
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-so-dron-vrz-bazata-na-izraelskite-vozduhoplovni-sili-vo-blizina-na-tel-aviv/ Sat, 26 Oct 2024 13:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=831266

Либанското движење „Хезболах“ денеска соопшти дека извршило напад со дрон врз израелската воздушна база „Тел Ноф“ јужно од Тел Авив.

Движењето тврди дека секојдневно напаѓа воени бази во Израел, а денеска групата објави дека извршила „воздушен напад со беспилотни летала“ врз базата Тел Ноф.

Хезболах, исто така, соопшти дека ја гранатирал израелска разузнавачка база во близина на северниот израелски град Сафед. Во соопштението, исламистичкото движење соопшти дека истрелало ракети врз базата Меишар, која ја опиша како „разузнавачки штаб за северниот регион“.

Групата, исто така, соопшти дека истрелала ракети врз израелските војници во јужен Либан, во близина на пограничното село Аита ал-Шааб - еден од насоките од кои израелската армија се обидува да продолжи со своите копнени упади во соседната земја.

The post Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Либанското движење „Хезболах“ денеска соопшти дека извршило напад со дрон врз израелската воздушна база „Тел Ноф“ јужно од Тел Авив. Движењето тврди дека секојдневно напаѓа воени бази во Израел, а денеска групата објави дека извршила „воздушен напад со беспилотни летала“ врз базата Тел Ноф. Хезболах, исто така, соопшти дека ја гранатирал израелска разузнавачка база во близина на северниот израелски град Сафед. Во соопштението, исламистичкото движење соопшти дека истрелало ракети врз базата Меишар, која ја опиша како „разузнавачки штаб за северниот регион“. Групата, исто така, соопшти дека истрелала ракети врз израелските војници во јужен Либан, во близина на пограничното село Аита ал-Шааб - еден од насоките од кои израелската армија се обидува да продолжи со своите копнени упади во соседната земја.

The post Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>
За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/za-dronot-koj-vleta-vo-spalnata-na-netanjahu-odgovornost-prezede-hezbolah/ Tue, 22 Oct 2024 19:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=830001

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.

Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.

Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“.

Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА. Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.
Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.
Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“. Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>
Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ja-gagashe-bazata-na-mosad-vo-tel-aviv/ Tue, 22 Oct 2024 06:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=829600

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив.

Борците на движењето поддржано од Иран пукаа врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“.

Нападот беше посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември

The post Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив. Борците на движењето поддржано од Иран пукаа врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“. Нападот беше посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември

The post Хезболах ја гаѓаше базата на Мосад во Тел Авив appeared first on Република.

]]>
ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел https://republika.mk/vesti/svet/idf-hezbolah-lansirashe-okolu-200-proektili-vrz-izrael/ Sun, 20 Oct 2024 06:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=828965

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Хезболах вчера истрелал околу 200 проектили од Либан, каде ИДФ води копнена офанзива против проиранското исламистичко движење.

– Околу 200 проектили што ги лансира терористичката организација Хезболах ја преминаа (границата) од Либан ви Израел, се наведува во соопштението на ИДФ.

Проектилите првенствено биле насочени кон северниот дел на Израел

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел appeared first on Република.

]]>

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Хезболах вчера истрелал околу 200 проектили од Либан, каде ИДФ води копнена офанзива против проиранското исламистичко движење.
– Околу 200 проектили што ги лансира терористичката организација Хезболах ја преминаа (границата) од Либан ви Израел, се наведува во соопштението на ИДФ.
Проектилите првенствено биле насочени кон северниот дел на Израел

The post ИДФ: Хезболах лансираше околу 200 проектили врз Израел appeared first on Република.

]]>
Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите https://republika.mk/vesti/svet/g7-iran-da-prestane-da-gi-poddrzhuva-hamas-hezbolah-i-hutite/ Sat, 19 Oct 2024 18:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=828918

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел. Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол. Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа. Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава. Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава. Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>
Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/tsel-na-hezbolah-bil-izraelskiot-premier-dron-od-liban-udri-vo-blizina-na-domot-na-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 08:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=828708

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска.

Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж. Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар. Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море. Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година. По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах во северен Израел https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-20-raneti-vo-napad-na-hezbolah-vo-severen-izrael/ Sun, 13 Oct 2024 18:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=826222

Најмалку дваесет лица се повредени, од кои пет потешко, откако дрон се урна во областа Бињамин во северен Израел, јавија израелските медиуми.

Израелските медицински служби соопштија дека три лица се во критична состојба.

Според Џерусалим пост, дроновите биле лансирани од Хезболах од подрачје на јужен Либан, а во Израел не биле активирани тревоги за предупредување.

The post Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах во северен Израел appeared first on Република.

]]>

Најмалку дваесет лица се повредени, од кои пет потешко, откако дрон се урна во областа Бињамин во северен Израел, јавија израелските медиуми. Израелските медицински служби соопштија дека три лица се во критична состојба. Според Џерусалим пост, дроновите биле лансирани од Хезболах од подрачје на јужен Либан, а во Израел не биле активирани тревоги за предупредување.

The post Најмалку 20 ранети во напад на Хезболах во северен Израел appeared first on Република.

]]>
Половина милион раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата https://republika.mk/vesti/svet/polovina-milion-raseleni-vo-liban-a-285-000-ja-napushtile-zemjata/ Sun, 06 Oct 2024 07:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=823340

Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека повеќе од половина милион луѓе во Либан биле принудени да ги напуштат своите домови, а 285.000 ја напуштиле земјата.

Бројот на загинати поврзани со конфликтот се зголемил за 200 проценти во последните две недели, додека бројот на раселени лица пораснал за 385 проценти.

Од 23 септември, Израел значително ги засили ракетните напади врз голем број цели во Либан, тврдејќи дека напаѓа локации на шиитска групација Хезболах.

Хезболах го нападна Израел во знак на револт за израелскиот напад врз Газа.

Досега, над 1.700 луѓе се убиени, а речиси 10.000 се ранети во конфликтот меѓу Израел и Хезболах во последната година, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Либан. Во последните 24 часа, израелските бомбардирања усмртиле 25 лица, а 127 се ранети.

Според информации од Меѓународната организација за миграции, најмалку 541.527 луѓе се раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата од 23 септември. Околу 40 проценти од нив се Либанци.

Израелската армија соопшти дека уништила уште тунели и складишта со оружје на Хезболах во Либан. Според војската, многу од оружјата и муницијата биле скриени во станбени објекти, а уништените тунели биле користени од милитантите за приближување до израелската граница.

The post Половина милион раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека повеќе од половина милион луѓе во Либан биле принудени да ги напуштат своите домови, а 285.000 ја напуштиле земјата. Бројот на загинати поврзани со конфликтот се зголемил за 200 проценти во последните две недели, додека бројот на раселени лица пораснал за 385 проценти. Од 23 септември, Израел значително ги засили ракетните напади врз голем број цели во Либан, тврдејќи дека напаѓа локации на шиитска групација Хезболах. Хезболах го нападна Израел во знак на револт за израелскиот напад врз Газа. Досега, над 1.700 луѓе се убиени, а речиси 10.000 се ранети во конфликтот меѓу Израел и Хезболах во последната година, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Либан. Во последните 24 часа, израелските бомбардирања усмртиле 25 лица, а 127 се ранети. Според информации од Меѓународната организација за миграции, најмалку 541.527 луѓе се раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата од 23 септември. Околу 40 проценти од нив се Либанци. Израелската армија соопшти дека уништила уште тунели и складишта со оружје на Хезболах во Либан. Според војската, многу од оружјата и муницијата биле скриени во станбени објекти, а уништените тунели биле користени од милитантите за приближување до израелската граница.

The post Половина милион раселени во Либан, а 285.000 ја напуштиле земјата appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Хезболах прифатил прекин на огнот со Израел, но еден ден подоцна беше убиен во израелскиот воздушен напад https://republika.mk/vesti/svet/liderot-na-hezbolah-prifatil-prekin-na-ognot-so-izrael-no-eden-den-podotsna-beshe-ubien-vo-izraelskiot-vozdushen-napad/ Sat, 05 Oct 2024 18:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=823246

Генералниот секретар на либанското движење Хезболах, Хасан Насрaлах се согласил на прекин на огнот со Израел, еден ден пред да биде убиен во израелски воздушен удар во главниот град на Либан, Бејрут. Оваа изјава ја даде либанскиот министер за надворешни работи, Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-Ен-Ен.

Во интервјуто, Хабиб истакна дека претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, стапил во контакт со Насралах и добил позитивен одговор за прекинување на напријателствата, по што властите на земјата ги информирале САД и Франција.

https://republika.mk/vesti/svet/eve-kako-e-lotsiran-liderot-na-hezbolah-rakata-pri-rakuvane-mu-bila-namachkana-so-supstantsa-shto-izrael-lesno-mozhel-da-ja-lotsira/

Сепак, еден ден подоцна, Израел изврши воздушен напад, убивајќи го генералниот секретар на Хезболах и неколку други високи членови на движењето.

The post Лидерот на Хезболах прифатил прекин на огнот со Израел, но еден ден подоцна беше убиен во израелскиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на либанското движење Хезболах, Хасан Насрaлах се согласил на прекин на огнот со Израел, еден ден пред да биде убиен во израелски воздушен удар во главниот град на Либан, Бејрут. Оваа изјава ја даде либанскиот министер за надворешни работи, Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-Ен-Ен. Во интервјуто, Хабиб истакна дека претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, стапил во контакт со Насралах и добил позитивен одговор за прекинување на напријателствата, по што властите на земјата ги информирале САД и Франција. https://republika.mk/vesti/svet/eve-kako-e-lotsiran-liderot-na-hezbolah-rakata-pri-rakuvane-mu-bila-namachkana-so-supstantsa-shto-izrael-lesno-mozhel-da-ja-lotsira/ Сепак, еден ден подоцна, Израел изврши воздушен напад, убивајќи го генералниот секретар на Хезболах и неколку други високи членови на движењето.

The post Лидерот на Хезболах прифатил прекин на огнот со Израел, но еден ден подоцна беше убиен во израелскиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>
Хезболах истрела многу ракети кон северниот дел на Израел https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-istrela-mnogu-raketi-kon-severniot-del-na-izrael/ Sat, 05 Oct 2024 15:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=823182

Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад.

Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се ангажирани во гаснење на пожарите во близина на градот Рош Пина.

The post Хезболах истрела многу ракети кон северниот дел на Израел appeared first on Република.

]]>

Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад. Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен. Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се ангажирани во гаснење на пожарите во близина на градот Рош Пина.

The post Хезболах истрела многу ракети кон северниот дел на Израел appeared first on Република.

]]>
Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен https://republika.mk/vesti/svet/hashem-safiedin-koj-trebashe-da-bide-nov-lider-na-hezbolah-od-vchera-e-nedostapen/ Sat, 05 Oct 2024 12:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=823096

Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, од вчера е недостапен, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.

Тројца либански безбедносни извори изјавија дека спасувачите не можеле да стигнат до местото во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, што вчера беше бомбардиран додека израелските воздушни напади продолжија.

Изворите наведуваат дека постои сомневање дека Сафиедин вчера бил убиен во напад врз јужните предградија на Бејрут.

ИДФ соопшти дека ноќеска го нападнала разузнавачкиот штаб на Хезболах, во голем воздушен напад врз Бејрут.

Њујорк Тајмс и американскиот портал Аксиос објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, пренесе „Тајмс оф Израел“.

The post Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен appeared first on Република.

]]>

Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, од вчера е недостапен, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили. Тројца либански безбедносни извори изјавија дека спасувачите не можеле да стигнат до местото во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, што вчера беше бомбардиран додека израелските воздушни напади продолжија. Изворите наведуваат дека постои сомневање дека Сафиедин вчера бил убиен во напад врз јужните предградија на Бејрут. ИДФ соопшти дека ноќеска го нападнала разузнавачкиот штаб на Хезболах, во голем воздушен напад врз Бејрут. Њујорк Тајмс и американскиот портал Аксиос објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, пренесе „Тајмс оф Израел“.

The post Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен appeared first on Република.

]]>
Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира https://republika.mk/vesti/svet/eve-kako-e-lotsiran-liderot-na-hezbolah-rakata-pri-rakuvane-mu-bila-namachkana-so-supstantsa-shto-izrael-lesno-mozhel-da-ja-lotsira/ Fri, 04 Oct 2024 09:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=822540

Израелската армија официјално потврди дека со години собирала информации за Хасан Насрала. Се говори дека на човекот кој се сретнал со Насрала му била намачкана раката со супстанца која Израел можеше да ја открие.Израелците ималеразузнавачки информации во реално време додека  пилотите биле информирани за целта непосредно пред полетувањето.

Пилотите не знаеле која била целта во деновите кога бил планиран нападот – рекол неименуваниот офицер на ИД, додавајќи дека информацијата ја добиле неколку часа пред да полетаат за Либан.

 

The post Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира appeared first on Република.

]]>

Израелската армија официјално потврди дека со години собирала информации за Хасан Насрала. Се говори дека на човекот кој се сретнал со Насрала му била намачкана раката со супстанца која Израел можеше да ја открие.Израелците ималеразузнавачки информации во реално време додека  пилотите биле информирани за целта непосредно пред полетувањето.
Пилотите не знаеле која била целта во деновите кога бил планиран нападот – рекол неименуваниот офицер на ИД, додавајќи дека информацијата ја добиле неколку часа пред да полетаат за Либан.
 

The post Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира appeared first on Република.

]]>
Израелците објавија мапа на ракетни напади на Хезболах врз Израел https://republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-objavija-mapa-na-raketni-napadi-na-hezbolah-vrz-izrael/ Tue, 01 Oct 2024 11:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=821407

Израелските воздухопловни сили објавија мапа за која тврдат дека ги прикажува локациите во Израел каде Хезболах денеска истрела ракети по почетокот на копнената инвазија на Либан.

„Милиони Израелци денеска беа принудени да одат во засолништа“, објавија тие.

The post Израелците објавија мапа на ракетни напади на Хезболах врз Израел appeared first on Република.

]]>

Израелските воздухопловни сили објавија мапа за која тврдат дека ги прикажува локациите во Израел каде Хезболах денеска истрела ракети по почетокот на копнената инвазија на Либан.
„Милиони Израелци денеска беа принудени да одат во засолништа“, објавија тие.

The post Израелците објавија мапа на ракетни напади на Хезболах врз Израел appeared first on Република.

]]>
Хезболах: Никаква израелска војска не е влезена на либанска територија https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-nikakva-izraelska-vojska-ne-e-vlezena-na-libanska-teritorija/ Tue, 01 Oct 2024 11:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=821380

Шефот на канцеларијата за медиуми на Хезболах, Мохамед Афиф, денеска изјави дека ниту една израелска војска не навлегла на либанска територија и предупреди дека нападите на групата врз Тел Авив неколку часа претходно биле „само почеток“.

Афиф во писмена изјава за Ројтерс рече дека Хезболах не учествувал во „директни копнени судири“ со израелските војници, но дека ќе биде подготвен да го стори тоа.

Претходно денеска Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз централен Израел, велејќи дека лансирал ракети „Фади-4“ во базата Глилот, во близина на Херцлија, каде се наоѓа армиската единица 8200 и штабот на израелската разузнавачка агенција Мосад

The post Хезболах: Никаква израелска војска не е влезена на либанска територија appeared first on Република.

]]>

Шефот на канцеларијата за медиуми на Хезболах, Мохамед Афиф, денеска изјави дека ниту една израелска војска не навлегла на либанска територија и предупреди дека нападите на групата врз Тел Авив неколку часа претходно биле „само почеток“. Афиф во писмена изјава за Ројтерс рече дека Хезболах не учествувал во „директни копнени судири“ со израелските војници, но дека ќе биде подготвен да го стори тоа. Претходно денеска Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз централен Израел, велејќи дека лансирал ракети „Фади-4“ во базата Глилот, во близина на Херцлија, каде се наоѓа армиската единица 8200 и штабот на израелската разузнавачка агенција Мосад

The post Хезболах: Никаква израелска војска не е влезена на либанска територија appeared first on Република.

]]>
Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства https://republika.mk/vesti/svet/ajatolahot-hamnei-gi-povika-muslimanite-da-zastanat-pokraj-hezbolah-so-site-sredstva/ Sat, 28 Sep 2024 16:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=820604

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и со сите средства што можат да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.

„За судбината на овој регион ќе одлучат силите на отпорот предводени од Хезболах“, наведува Хамнеи во соопштение откако израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека и генералот Абас Нилфорушан, заменик-командант на Иранската револуционерна гарда, е убиен во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

The post Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства appeared first on Република.

]]>

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и со сите средства што можат да им помогнат да се спротивстават на злобниот режим (на Израел)“.
„За судбината на овој регион ќе одлучат силите на отпорот предводени од Хезболах“, наведува Хамнеи во соопштение откако израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Откако Хезболах ја потврди смртта на Насрала, иранските медиуми објавија дека и генералот Абас Нилфорушан, заменик-командант на Иранската револуционерна гарда, е убиен во вчерашните израелски напади на јужниот дел на Бејрут.

The post Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманите да застанат покрај Хезболах со сите средства appeared first on Република.

]]>
Хезболах ја потврди смртта на лидерот Хасан Насрала (ФОТО) https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ja-potvrdi-smrtta-na-liderot-hasan-nasrala-foto/ Sat, 28 Sep 2024 13:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=820554

Неговото високопреосвештенство, господарот на отпорот, праведниот слуга, почина за да биде со својот господар кој е задоволен од него како великомаченик. Раководството на Хезболах вети дека ќе продолжи со својот џихад во конфронтација со непријателот (Израел), да ги поддржува Газа и Палестина и да го брани Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ“, се вели во соопштението на Гардијан.

Во соопштението не се спомнува кој ќе го наследи Насрала, ниту како групата ќе одговори на атентатот на нејзиниот долгогодишен лидер.

Хезболах додаде дека ќе ја продолжи борбата против Израел, се вели во соопштението.

Според Гардијан, либанската армија попладнево била распоредена низ Бејрут, чувајќи стража на главните раскрсници низ градот, веројатно во очекување на реакција на јавноста за убиството на Насрала.

Владата на Либан вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за настаните во Либан во последните два дена.

The post Хезболах ја потврди смртта на лидерот Хасан Насрала (ФОТО) appeared first on Република.

]]>

Неговото високопреосвештенство, господарот на отпорот, праведниот слуга, почина за да биде со својот господар кој е задоволен од него како великомаченик. Раководството на Хезболах вети дека ќе продолжи со својот џихад во конфронтација со непријателот (Израел), да ги поддржува Газа и Палестина и да го брани Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ“, се вели во соопштението на Гардијан. Во соопштението не се спомнува кој ќе го наследи Насрала, ниту како групата ќе одговори на атентатот на нејзиниот долгогодишен лидер. Хезболах додаде дека ќе ја продолжи борбата против Израел, се вели во соопштението. Според Гардијан, либанската армија попладнево била распоредена низ Бејрут, чувајќи стража на главните раскрсници низ градот, веројатно во очекување на реакција на јавноста за убиството на Насрала. Владата на Либан вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за настаните во Либан во последните два дена.

The post Хезболах ја потврди смртта на лидерот Хасан Насрала (ФОТО) appeared first on Република.

]]>
Израел: Убиен е Хасан Насралах, шефот на Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ubien-e-hasan-nasralah-shefot-na-hezbolah/ Sat, 28 Sep 2024 09:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=820498

Израелската армија официјално потврди дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, бил убиен во израелски воздушен напад во петокот во Бејрут.

„Хасан Насралах е ликвидиран на 27 септември во воздушен напад на Бејрут“, се вели во соопштението.

Вчерашните израелски воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут беа насочени кон командниот центар на Хезболах.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека покрај Насралах, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група.

Насралах бил цел на напад додека бил во централниот штаб на Хезболах во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије. Според ИДФ, штабот на Хезболах е под земја, скриен под станбените згради во таа населба.

Нападот беше извршен додека во штабот беа највисоките функционери на Хезболах кои подготвуваа и координираа терористички активности против граѓаните на Израел, се додава во соопштението на израелската армија.

Како што е наведено, по прецизни разузнавачки информации од војската и безбедносните служби, борците на ИДФ извршиле напад врз централниот штаб на Хезболах.

Според израелската војска, Насралах е одговорен за убиството на многу израелски војници и цивили, како и за планирање и извршување илјадници терористички активности.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнати шест станбени згради.

Израел рано утрово изврши нови напади врз областите околу Бејрут. Во краткото соопштение израелската армија наведе дека локациите што ги погоди му припаѓаат на Хезболах.

Експлозиите ги потресоа јужните предградија на Бејрут, а утрово многу згради беа во пламен.

Тамошните власти не соопштија дали има жртви

The post Израел: Убиен е Хасан Насралах, шефот на Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелската армија официјално потврди дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, бил убиен во израелски воздушен напад во петокот во Бејрут. „Хасан Насралах е ликвидиран на 27 септември во воздушен напад на Бејрут“, се вели во соопштението. Вчерашните израелски воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут беа насочени кон командниот центар на Хезболах. Во соопштението на ИДФ се наведува дека покрај Насралах, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група. Насралах бил цел на напад додека бил во централниот штаб на Хезболах во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије. Според ИДФ, штабот на Хезболах е под земја, скриен под станбените згради во таа населба.
Нападот беше извршен додека во штабот беа највисоките функционери на Хезболах кои подготвуваа и координираа терористички активности против граѓаните на Израел, се додава во соопштението на израелската армија.
Како што е наведено, по прецизни разузнавачки информации од војската и безбедносните служби, борците на ИДФ извршиле напад врз централниот штаб на Хезболах. Според израелската војска, Насралах е одговорен за убиството на многу израелски војници и цивили, како и за планирање и извршување илјадници терористички активности. Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 е повреден во вчерашните напади во кои се урнати шест станбени згради. Израел рано утрово изврши нови напади врз областите околу Бејрут. Во краткото соопштение израелската армија наведе дека локациите што ги погоди му припаѓаат на Хезболах. Експлозиите ги потресоа јужните предградија на Бејрут, а утрово многу згради беа во пламен. Тамошните власти не соопштија дали има жртви

The post Израел: Убиен е Хасан Насралах, шефот на Хезболах appeared first on Република.

]]>
Најмалку двајца загинати, 76 ранети во денешното бомбардирање на Израел во Бејрут https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-76-raneti-vo-deneshnoto-bombardirane-na-izrael-vo-bejrut/ Fri, 27 Sep 2024 21:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=820451

Израелски воени авиони попладнево извршија серија напади врз јужни предградија на Бејрут, објавија либанските државни медиуми.

Портпаролот на ИДФ (Израелската армија) Даниел Хагари изјави дека израелските ВВС го нападнале главниот штаб на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут. Хагари вели дека штабот бил изграден под цивилни згради во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах во Бејрут.

Снимките објавени од либанските медиуми ги покажуваат масовни напади.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека две лица загинале, а 76 се ранети во големиот денешен израелски воздушен напад во густо населените јужни предградија на Бејрут. Според министерството, станува збор за прелиминарен биланс.

Билансот вклучувал „15 за кои е потребна хоспитализација“, се додава во соопштението на Министерството.

Либанскиот премиер Наџиб Микати ја повика меѓународната заедница да го „запре“ Израел да води „геноцидна војна“ против Либан.

Оваа нова израелска агресија докажува дека израелскиот непријател не се грижи за сите меѓународни напори и повикува на прекин на огнот“, рече Микати, кој се наоѓа во Њујорк, во изјавата објавена од неговата канцеларија.

Тој ја повика меѓународната заедница да ја запре „Геноцидна војна што тој (Израел) ја води врз Либан“.

The post Најмалку двајца загинати, 76 ранети во денешното бомбардирање на Израел во Бејрут appeared first on Република.

]]>

Израелски воени авиони попладнево извршија серија напади врз јужни предградија на Бејрут, објавија либанските државни медиуми. Портпаролот на ИДФ (Израелската армија) Даниел Хагари изјави дека израелските ВВС го нападнале главниот штаб на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут. Хагари вели дека штабот бил изграден под цивилни згради во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах во Бејрут. Снимките објавени од либанските медиуми ги покажуваат масовни напади. Либанското Министерство за здравство соопшти дека две лица загинале, а 76 се ранети во големиот денешен израелски воздушен напад во густо населените јужни предградија на Бејрут. Според министерството, станува збор за прелиминарен биланс. Билансот вклучувал „15 за кои е потребна хоспитализација“, се додава во соопштението на Министерството. Либанскиот премиер Наџиб Микати ја повика меѓународната заедница да го „запре“ Израел да води „геноцидна војна“ против Либан.
Оваа нова израелска агресија докажува дека израелскиот непријател не се грижи за сите меѓународни напори и повикува на прекин на огнот“, рече Микати, кој се наоѓа во Њујорк, во изјавата објавена од неговата канцеларија.
Тој ја повика меѓународната заедница да ја запре „Геноцидна војна што тој (Израел) ја води врз Либан“.

The post Најмалку двајца загинати, 76 ранети во денешното бомбардирање на Израел во Бејрут appeared first on Република.

]]>