Херкул Поаро Archives - Република https://republika.mk/tema/herkul-poaro/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 10:20:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Херкул Поаро Archives - Република https://republika.mk/tema/herkul-poaro/ 32 32 Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност https://republika.mk/vesti/kultura/sofi-hana-avtorka-na-novata-serija-romani-prodolzhenija-so-herkul-poaro-neobichna-zvezda-obichna-lichnost/ Thu, 05 Oct 2023 10:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=688124

Од Обединетото Кралство на Букстар пристигна Софи Хана која е првата и единствена авторка во минатите 40 години одбрана од семејството на Агата Кристи да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро, кој исто така на интересен начин беше присутен во Скопје. Настанот со оваа британска авторка ја зацементира 2023 како најкнижевна година досега во Македонија. Таа дојде на BookStar во период исполнет со пишување и универзитетски предавања и период во кој ги одбива речиси сите меѓународни гостувања.

Станува збор за вистинска ѕвезда на светската книжевна сцена која се однесува сосема обично и приземјено. Како бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци ширум светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014 година, со дозвола на семејството и правните наследници на Агата Кристи, Софи Хана објави нов роман за Поаро, „Убиства со монограм“, кој беше бестселер во повеќе од петнаесет земји. Сите пет книги ги издаде „Антолог“ и синоќа читателите ја искористја можноста да добијат посвета од авторката.

Многу бев возбудена кога ги видов петте романи на македонски, изгледаат одлично, иако ми беше чудно кога ги видов на кирилица, само препознав Агата Кристи на корицата, си реков а каде е моето име? - се пошегува Софи на почетокот на разговорот, кој и понатаму течеше во ист ведар тон, а публиката ја испрати со громогласен аплауз и долга редица за потпис.

За тоа како ги добила правата врз приказните на Агата Кристи, вели дека било сосема случајно, благодарение на нејзиниот агент, кој се нашол во друштво на член на нејзиното семејство, па така паднало збор и за неа како голем обожавател на славната крими-писателка.

Јас сум голем фан на Агата Кристи. Имам прочитано сè од неа, некои книги и повеќепати. Ги читам од мојата дванаесет годишна година. Кога семејството виде со колкава страст зборувам за нејзиното творештво се согласи да го продолжам серијалот. Имаше само еден проблем, Поаро умира во последната книга на Кристи, така што ми дојде идеја дека моите книги можам да ги сместам во периодот од 1929 до 1932 година кога таа не пишувала, има една пауза во тој период. Но бидејќи не знаев ништо од историја, ми беше тешко да се вратам во тоа време, па ги препрочитав сите нејини книги од тој период со цел да ја доловам таа атмосфера. Исто така многу пребарував на интернет, на пример, какво бренди се пиело во тоа време, дали и кога била направаена првата трансплантација на бубрег, што ми беше потребно за еден од ликовите и сл. Се плашев дали ќе успеам да звучам како полицаец од 1929 година! Но откако некои луѓе го прочитаа тоа што го напишав и рекоа дека е одлично, се охрабрив – рече Софи Хана.

Таа вели дека секогаш кога почнувала да пишува книга од серијалот за Поаро го знаела крајот, инаку целата приказна би немала смисла.

Како инаку би функционирала приказната? Има автори што почнуваат да пишуваат и гледаат каде ќе ги однесе приказната, но во мојот случај тоа не може да функционира. Друго што ми е најважно е читателот да не може да претпостави кој е убиецот, инаку не би имало никаква мистерија. Сум читала такви крими-романи во кои од втората страница ми се откривал виновникот, зошто потоа да губиш време со таква книга – вели Хана.

Вели дека отсекогаш и биле омилени крими-романите, мистериите, но и книгите за самопомош, а има и напишано неколку такви.

Ги читав овие книги дури и за проблеми што воопшто ги немав – се шегува Софи, која откри дека ги сака и мјзуиклите и дека во моментов работи на еден.

Во тек е снимањето и на нејзиниот мјузикл со убиства „Мистеријата на господинот Е“, напишан заедно со нејзината пријателка и композиторка Анет Армитаж. Премиерата на филмот е закажана за декември 2023 година.

Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и од квалитетот на фестивалските содржини.

Ова издание ќе биде запаметено по својот оригинален формат во кој беа вклучени гостувањата на најголемите писателски имиња од европската, регионалната и од македонската литература, конвенцијата на издавачи и претставници на фестивали од регионот, доделувањето на наградите „Драги“ на национално и интернационално ниво, поткастите, саемот на европската литература, средбите со студентите, преведувачкиот панел, слем натпреварот, но ќе бидат запаметени и ангажираниот слоган (Please do disturb / Ве молиме, вознемирувајте), „писателот говори“ на тема „Со или без Please“, соработка со „Пакомак“ за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, превод на дел од настаните на знаковен јазик што го направи BookStar прв книжевен фестивал со инклузивен карактер, како и по рекордниот интерес што го прикажаа медиумите. Фестивалот го отворија Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, и Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за култура.

Во Скопје дојдоа најзвучните имиња од светот на литературата, и тоа: Наџат ел Хачми (Шпанија), која ја доби наградата „BookStar“ 2023, Миљенко Јерговиќ (Хрватска / БиХ), Лидија Димковска (Македонија / Словенија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург) и Софи Хана (Обединетото Кралство). Потоа, тука беа професионалните учесници: Пламен и Стефан Тотев (издавачка куќа „Персеј“ од Софија, Бугарија), Ламија Милишиќ (секретар на босанскиот ПЕН Центар и извршен директор на Меѓународниот фестивал „Bookstan“, БиХ), Драго Гламузина (главен уредник во една од најголемите издавачки куќи во хрватска „ВБЗ“ и програмски директор на литературниот фестивал „Врисок“ од Риека), Александар Шурбатовиќ (долгогодишен главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“ и сопственик на издавачката куќа „Блум“, Србија), Ена Хасечиќ (уредничка и ПР во најреномираната издавачка куќа од БиХ „Buybook“).

Во рамки на фестивалот беше склучен и меморандум за соработка на издавачката куќа „Антолог“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за заедничко организирање на Наградата „Драги“. Годинава во најтесен круг за наградата влегоа преведувачите: Љубица Арсовска, Никола Ѓелинчески, Иван Шопов, Анастасија Ѓурчинова и Златко Панзов. Наградата „Драги“ ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект a специјалнo признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски му беше доделена на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Исто така, се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. Јоаниду не само што дојде од Солун за овој настан, туку одржа говор на Филолошкиот факултет кој има историска димензија во развој на културните односи меѓу двете соседни земји!

Посебниот однос со преведувачите беше прикажан и со панелот во контекст на проектот „Создадено во Европа: моќта на различност“, за кој во Скопје специјално за Фестивалот пристигнаа и Ксенија Чочкова (преведувачка од германски која живее во Баден-Баден, Германија), Давор Стојановски (преведувач од словенечки кој живее во областа Кернтен/Корошка во Австрија) и Маријанџела Бјанкофиоре (преведувачка од македонски на италијански, која живее во Бари, Италија).

Ослободување од стравовите преку пишување

Во истата сала претходно се одржа настанот насловен „Во средиштето на животот“, разговорот со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) го модерираа Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова.

Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот „Сповин“, кој бил номиниран за наградата Кресник (2018). Во 2021 година збирката раскази „Пчелно семејство“ влегла во потесниот избор за наградата Ново место и ја добила Наградата за литература на Европската Унија а досега е преведена на многу јазици (хрватски, италијански, македонски, унгарски, бугарски итн.). Токму оваа книга, преведена на македонски во издание на „Антолог“ беше тема на разговорот. „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла.

Идејата се роди кога напишав една приказна за литературе конкурс, но таа не стигна баш далеку. Сепак, продолжив со истиот концепт и од тоа се роди оваа книга. Сакав да создадам мистична атосфера низ збирката, затоа што и народните ритуали и обичаи се обвиткани со една магија. Се сеќавам дека кога бев мала ме обвиваше страв од тие приказни и чудни суштества што се провлекуваат низ словенечката традиција. Книгата на некој начин е ослободување од тој страв. Денес со развојот на технологијата помалку забораваме на тие приказни од детството ама сепак остануваат некаде таму длаабоко во свеста – рече Мугерли.

Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Според неа, расказите се движат некаде на границата помеѓу реалноста и несвесното и токму во тоа е нејзината специфика.

На сцената заедно со Ања беше и чешката писателка Луцие Фаулерова (1989), која во 2020 година, го објавила романот „Девојката Смрт“, која била номинирана за наградата Магнезија Литера за проза во 2021 година и ја освоила Наградата за литература на Европската Унија. Книгата „Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.

Тоа што ликот во книгата е тажен не значи дека и приказната треба да биде раскажана на таков начин. Користам и хумор, кој нема функција само да насмее, туку и да ја прикаже апсурдноста на нештата. Во текот на пишувањето на романот правев истражувања на повеќе бизарни слуачи на самоубиства и на некој начин станав опседната со оваа тема. Иако во чешка има многу групи за поддршка на луѓе што изгубиле некој близок, сепак не најдов таква што им помага на луѓето што изгубиле некој свој што извршил самоубиство. Ме интерсираше како тагуваат тие луѓе, открив дека начинот е различен, во сето тоа секогаш има и помачку гнев и лутина. Јас не сум социолог, јас сум писател, но мислам дека е во ред да се отвори оваа тема и во книжевноста. Дека сум на добар пат ми покажаа и многу повици што ги добив откако ја објавив книгата, луѓе што на некој начин бараа помош и утеха. Тогаш сфатив колкава одговорност носам на себе – рече Луцие.

Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, сепак, според неа, тоа е слободата на избор – дали да живее или не.

Прв слем натпревар на „BookStar“

Фестивалот беше официјално затворен со голем слем натпревар на дел од авторите-учесници на фестивалот на европска литература, но и други македонски учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Ана Голејшка-Џикова, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади. Полното кино „Фросина“ до длабоко во ноќта ги очекуваше резултатите од овој необичен натпревар. На крајот, првото место го доби Ана Голејшка-Џикова, додека на Марија Грубор и Андреј Ал-Асади им припаднаа плакетите за второ и трето место.

 

The post Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност appeared first on Република.

]]>

Од Обединетото Кралство на Букстар пристигна Софи Хана која е првата и единствена авторка во минатите 40 години одбрана од семејството на Агата Кристи да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро, кој исто така на интересен начин беше присутен во Скопје. Настанот со оваа британска авторка ја зацементира 2023 како најкнижевна година досега во Македонија. Таа дојде на BookStar во период исполнет со пишување и универзитетски предавања и период во кој ги одбива речиси сите меѓународни гостувања. Станува збор за вистинска ѕвезда на светската книжевна сцена која се однесува сосема обично и приземјено. Како бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци ширум светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014 година, со дозвола на семејството и правните наследници на Агата Кристи, Софи Хана објави нов роман за Поаро, „Убиства со монограм“, кој беше бестселер во повеќе од петнаесет земји. Сите пет книги ги издаде „Антолог“ и синоќа читателите ја искористја можноста да добијат посвета од авторката.
Многу бев возбудена кога ги видов петте романи на македонски, изгледаат одлично, иако ми беше чудно кога ги видов на кирилица, само препознав Агата Кристи на корицата, си реков а каде е моето име? - се пошегува Софи на почетокот на разговорот, кој и понатаму течеше во ист ведар тон, а публиката ја испрати со громогласен аплауз и долга редица за потпис.
За тоа како ги добила правата врз приказните на Агата Кристи, вели дека било сосема случајно, благодарение на нејзиниот агент, кој се нашол во друштво на член на нејзиното семејство, па така паднало збор и за неа како голем обожавател на славната крими-писателка.
Јас сум голем фан на Агата Кристи. Имам прочитано сè од неа, некои книги и повеќепати. Ги читам од мојата дванаесет годишна година. Кога семејството виде со колкава страст зборувам за нејзиното творештво се согласи да го продолжам серијалот. Имаше само еден проблем, Поаро умира во последната книга на Кристи, така што ми дојде идеја дека моите книги можам да ги сместам во периодот од 1929 до 1932 година кога таа не пишувала, има една пауза во тој период. Но бидејќи не знаев ништо од историја, ми беше тешко да се вратам во тоа време, па ги препрочитав сите нејини книги од тој период со цел да ја доловам таа атмосфера. Исто така многу пребарував на интернет, на пример, какво бренди се пиело во тоа време, дали и кога била направаена првата трансплантација на бубрег, што ми беше потребно за еден од ликовите и сл. Се плашев дали ќе успеам да звучам како полицаец од 1929 година! Но откако некои луѓе го прочитаа тоа што го напишав и рекоа дека е одлично, се охрабрив – рече Софи Хана.
Таа вели дека секогаш кога почнувала да пишува книга од серијалот за Поаро го знаела крајот, инаку целата приказна би немала смисла.
Како инаку би функционирала приказната? Има автори што почнуваат да пишуваат и гледаат каде ќе ги однесе приказната, но во мојот случај тоа не може да функционира. Друго што ми е најважно е читателот да не може да претпостави кој е убиецот, инаку не би имало никаква мистерија. Сум читала такви крими-романи во кои од втората страница ми се откривал виновникот, зошто потоа да губиш време со таква книга – вели Хана.
Вели дека отсекогаш и биле омилени крими-романите, мистериите, но и книгите за самопомош, а има и напишано неколку такви.
Ги читав овие книги дури и за проблеми што воопшто ги немав – се шегува Софи, која откри дека ги сака и мјзуиклите и дека во моментов работи на еден.
Во тек е снимањето и на нејзиниот мјузикл со убиства „Мистеријата на господинот Е“, напишан заедно со нејзината пријателка и композиторка Анет Армитаж. Премиерата на филмот е закажана за декември 2023 година. Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и од квалитетот на фестивалските содржини. Ова издание ќе биде запаметено по својот оригинален формат во кој беа вклучени гостувањата на најголемите писателски имиња од европската, регионалната и од македонската литература, конвенцијата на издавачи и претставници на фестивали од регионот, доделувањето на наградите „Драги“ на национално и интернационално ниво, поткастите, саемот на европската литература, средбите со студентите, преведувачкиот панел, слем натпреварот, но ќе бидат запаметени и ангажираниот слоган (Please do disturb / Ве молиме, вознемирувајте), „писателот говори“ на тема „Со или без Please“, соработка со „Пакомак“ за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, превод на дел од настаните на знаковен јазик што го направи BookStar прв книжевен фестивал со инклузивен карактер, како и по рекордниот интерес што го прикажаа медиумите. Фестивалот го отворија Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, и Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за култура. Во Скопје дојдоа најзвучните имиња од светот на литературата, и тоа: Наџат ел Хачми (Шпанија), која ја доби наградата „BookStar“ 2023, Миљенко Јерговиќ (Хрватска / БиХ), Лидија Димковска (Македонија / Словенија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург) и Софи Хана (Обединетото Кралство). Потоа, тука беа професионалните учесници: Пламен и Стефан Тотев (издавачка куќа „Персеј“ од Софија, Бугарија), Ламија Милишиќ (секретар на босанскиот ПЕН Центар и извршен директор на Меѓународниот фестивал „Bookstan“, БиХ), Драго Гламузина (главен уредник во една од најголемите издавачки куќи во хрватска „ВБЗ“ и програмски директор на литературниот фестивал „Врисок“ од Риека), Александар Шурбатовиќ (долгогодишен главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“ и сопственик на издавачката куќа „Блум“, Србија), Ена Хасечиќ (уредничка и ПР во најреномираната издавачка куќа од БиХ „Buybook“). Во рамки на фестивалот беше склучен и меморандум за соработка на издавачката куќа „Антолог“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за заедничко организирање на Наградата „Драги“. Годинава во најтесен круг за наградата влегоа преведувачите: Љубица Арсовска, Никола Ѓелинчески, Иван Шопов, Анастасија Ѓурчинова и Златко Панзов. Наградата „Драги“ ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект a специјалнo признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски му беше доделена на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Исто така, се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. Јоаниду не само што дојде од Солун за овој настан, туку одржа говор на Филолошкиот факултет кој има историска димензија во развој на културните односи меѓу двете соседни земји! Посебниот однос со преведувачите беше прикажан и со панелот во контекст на проектот „Создадено во Европа: моќта на различност“, за кој во Скопје специјално за Фестивалот пристигнаа и Ксенија Чочкова (преведувачка од германски која живее во Баден-Баден, Германија), Давор Стојановски (преведувач од словенечки кој живее во областа Кернтен/Корошка во Австрија) и Маријанџела Бјанкофиоре (преведувачка од македонски на италијански, која живее во Бари, Италија). Ослободување од стравовите преку пишување Во истата сала претходно се одржа настанот насловен „Во средиштето на животот“, разговорот со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) го модерираа Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова. Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот „Сповин“, кој бил номиниран за наградата Кресник (2018). Во 2021 година збирката раскази „Пчелно семејство“ влегла во потесниот избор за наградата Ново место и ја добила Наградата за литература на Европската Унија а досега е преведена на многу јазици (хрватски, италијански, македонски, унгарски, бугарски итн.). Токму оваа книга, преведена на македонски во издание на „Антолог“ беше тема на разговорот. „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла.
Идејата се роди кога напишав една приказна за литературе конкурс, но таа не стигна баш далеку. Сепак, продолжив со истиот концепт и од тоа се роди оваа книга. Сакав да создадам мистична атосфера низ збирката, затоа што и народните ритуали и обичаи се обвиткани со една магија. Се сеќавам дека кога бев мала ме обвиваше страв од тие приказни и чудни суштества што се провлекуваат низ словенечката традиција. Книгата на некој начин е ослободување од тој страв. Денес со развојот на технологијата помалку забораваме на тие приказни од детството ама сепак остануваат некаде таму длаабоко во свеста – рече Мугерли.
Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Според неа, расказите се движат некаде на границата помеѓу реалноста и несвесното и токму во тоа е нејзината специфика. На сцената заедно со Ања беше и чешката писателка Луцие Фаулерова (1989), која во 2020 година, го објавила романот „Девојката Смрт“, која била номинирана за наградата Магнезија Литера за проза во 2021 година и ја освоила Наградата за литература на Европската Унија. Книгата „Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.
Тоа што ликот во книгата е тажен не значи дека и приказната треба да биде раскажана на таков начин. Користам и хумор, кој нема функција само да насмее, туку и да ја прикаже апсурдноста на нештата. Во текот на пишувањето на романот правев истражувања на повеќе бизарни слуачи на самоубиства и на некој начин станав опседната со оваа тема. Иако во чешка има многу групи за поддршка на луѓе што изгубиле некој близок, сепак не најдов таква што им помага на луѓето што изгубиле некој свој што извршил самоубиство. Ме интерсираше како тагуваат тие луѓе, открив дека начинот е различен, во сето тоа секогаш има и помачку гнев и лутина. Јас не сум социолог, јас сум писател, но мислам дека е во ред да се отвори оваа тема и во книжевноста. Дека сум на добар пат ми покажаа и многу повици што ги добив откако ја објавив книгата, луѓе што на некој начин бараа помош и утеха. Тогаш сфатив колкава одговорност носам на себе – рече Луцие.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, сепак, според неа, тоа е слободата на избор – дали да живее или не. Прв слем натпревар на „BookStar“ Фестивалот беше официјално затворен со голем слем натпревар на дел од авторите-учесници на фестивалот на европска литература, но и други македонски учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Ана Голејшка-Џикова, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади. Полното кино „Фросина“ до длабоко во ноќта ги очекуваше резултатите од овој необичен натпревар. На крајот, првото место го доби Ана Голејшка-Џикова, додека на Марија Грубор и Андреј Ал-Асади им припаднаа плакетите за второ и трето место.  

The post Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност appeared first on Република.

]]>
Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluzivna-sredba-so-sofi-hana-novata-agata-kristi-deneska-na-bukstar/ Wed, 04 Oct 2023 11:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=687830

Ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро.

Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.

 

The post Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро. Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.  

The post Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Миљенко Јерговиќ: Добрата литература секогаш е локална, и најважно од сè, таа не е мода https://republika.mk/vesti/kultura/milenko-jergovik-dobrata-literatura-sekogash-e-lokalna-i-najvazhno-od-se-taa-ne-e-moda/ Wed, 04 Oct 2023 10:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=687793

Софи Хана, наречена „новата Агата Кристи“, единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро вечерва гостува на Фестивалот на европска литература „Букастар“ кој се одржува во киното „Фросина“ во Младнски културен центар (МКЦ). Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.

Синоќа вечерта беше резервирана за разговор со омилените автори на македонската читателска публика, Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија). Јерговиќ и Димковска сега за прв пат седнаа еден покрај друг на книжевен разовор, иако нивното творештво е толку податно за такво нешто. Миљенко Јерговиќ е босанскo-хрватски писател и новинар, еден од најзначајните балкански писатели, кој со својата книжевна и вонкнижевна работа се издигна во една од најживописните фигури на регионалната јавна сцена. Неговите раскази и романи се преведени на триесетина јазици. Јерговиќ моментално живее и работи во Загреб, Хрватска.
Лидија Димковска, пак, е поетеса, романсиер, есеист и преведувач, која од 2001 година живее во Љубљана, Словенија, работи како писател и преведувач од романски и словенечки на македонски јазик.

Настанот го модерираа Александар Маџаровски Читачот и Билјана Црвенковска. Главни теми на вечерта беа домот и вдоменоста, татковината, пишувањето во туѓа средина, Балканот и неговите проклетства и благодати.

Мојот двоен идентитет го почувствував и денеска, кога прво се фотографирав со странските автори, а потоа и во другата група, со домашните. Балканот е спсолутно фацинанетен, книжевно ме инспирира и провоцира, сето оан што е грдо, целиот тој хаос се податни за литературата. Можеби во животот редот и мирот се пожелни, но во литературата е тотално обратно – рече Димковска.

Според Јерговиќ, денешната превласт на автофикцијата, писателите да пишуваат а своите животи, е примамлива, кул, има нешто смирувачко во неа, но зад сето тоа стои една позитивна измама, бидејќи раскажувањето приказни самото по себе фикција, не може да биде автофикација. Човечките ќивоти по природа се фасцинатни и фантастични. Такви се приказните што некогаш се раскажуваа во купеата на југословеската железница и мисла дека најголеата неволја не е распадот на Југославија, туку токму на железницата, ја изгубивме таа можност да ги слушаме тие приказни - рече Јерговиќ на почетокот на разговорот во киното „Фросина“ на МКЦ.

Зборувајќи за поимите на домот, се начна и темата на сопствената татковина.

Прекрасен е македонскиот збор за тоа – татковина. Хрватите го присвоија домовина, а Србите отаџбина, иако и двата збора му припаѓаа на српско-хрватскиот јазик. Македонците го имаат тој збор татковина, кој од наша српско-хрватска перспектива, звучи нежно и по малку комично. Затоа што тие македонски патријархални татковци против кои себорат македонските ќерки, добиваат снижено значење со зборот татковина, татко, тато... звучи понежно одошто отац. Оттука има нешто тажно под зборот резервна татковина, кој го користи Лидија. Тоа во суштина значи дека си без татковина. Од едната си ја напуштил, а другата си ја стекнал, ама тоа не може да се стекне, татковината не е автомобил па да го купиш. А сите ние всушност имаме една чудна психотична ситуација, сите сме останале без една голема татковина, за која не убедуваа дека е сè, а потоа не убедуваа дека треба да се срамиме од неа, од тоа сè. Да се однесуваме кон Југославија како кон некоја забранета сексуалност, така што сите на овие простори имаме еден сериозен татковинско-сексуален проблем за кој стануваме свесни кога ќе останеме сами дома – рече Јерговиќ.

За Димковска, идентитетските прашања, со кои посебно се соочила откако ја напуштила Македонија, станале посебно важни за нејзината литература, станале податлив книжевен материјал. Јерговиќ, пак, кажа, дека секаде се чувствува како странец, и во загреб и во Босна,
освен во сопствените станбени простори, но кога ќе го пречекори куќниот праг - тој веќе е во странство.

А колку сум постар толку помалку ме интересира да одам во она вистинско странство, во палма, на пример, или во Куба. Не знам што би правел со нив во книжевна смисла. Имам и премногу територии за да се качувам на Хималаите и да размислувам за една таква позиција... Овој простор што се протега од Трст до Солун е фантастичен за книжевноста, иако можеби не и за еден удобен граѓански живот – рече Јерговиќ.

Зборувајќи за тоа што е добра литература Лидија кажа дека тоа се оние писатели и книги со кои може да се идентификува, да се запраша како пишуваат за неа, а не ја ни познаваат, со таквите книги доживува катарза и сознание. Јерговиќ посочи дека литературата не смее да забавува, дека литературата треба да вознемирува затоа што утехата е во вознемирувањето, а спротивно на тоа не е очајот, туку е тапост, затапеност, смрзнатост.

Книжевноста како разонода е вулгарна, простачка, треба да се забрани со закон. Таа не треба да зборува за општи теми, туку за конкретни места, луѓе, добрата литература секогаш е локална. И најважно од сè, таа не е мода – заклучи Јерговиќ.

Текстот е палимпсест, понекогаш треба да застанеш за да видиш како се развива приказната
Во 20 часот, во Младински културен центар , кино „Фросина“, се одржа и разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) - автор на „Вечно туѓа“ и Франсис Кирпс (Луксембург)- автор на „Мутации“. Тие зборуваа за своите книги, за приказните и нивното создавање, за креативните начини на пишување.

Денес на програмата
4 октомври, 11.00 – Скопје
„Кога писател шета писатели“
Неформална тура на Васко Марковски

4 октомври, 16.30 – Europe House – Скопје
(Не)возможен пар – автор и преведувач
Панел во контекст на „Создадено во Европа: Моќта на различноста“
Луцие Фаулерова (Чешка) и Маргарета Карајанова
Франсис Кирпс (Луксембург) и Ксенија Чочкова
Ања Мугерли (Словенија) и Давор Стојановски
Жарко Кујунџиски и Маријанџела Бјанкофиоре (Италија)
Модератор: Душко Крстевски

4 октомври, 18.30 – Џебно кино, МКЦ
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Наџат ел Хачми (Шпанија)

4 октомври, 19.00 – Кино „Фросина“
„Во средиштето на животот“
Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија)
Модератори: Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова

4 октомври, 20.00 – Кино „Фросина“
„Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“
Разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство)
Модератори: Јордан Коцевски и Анде Јанков

4 октомври, 21.00 – Кино „Фросина“
Слем натпревар
Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перица Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади

Фестивалот се одржува под слоганот „Please do disturb“ и е поддржан од Министерството за култура, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и од Чешкиот книжевен центар, Центарот за фламанска литература, Европската Унија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасадите на Чешка, Шпанија и на Белгија. Фестивалската програма ќе се одвива на повеќе локации во Скопје. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Владимир Трајановски. Фестивалското видео го изработи Радмила Ванкоска.

 

The post Миљенко Јерговиќ: Добрата литература секогаш е локална, и најважно од сè, таа не е мода appeared first on Република.

]]>

Софи Хана, наречена „новата Агата Кристи“, единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро вечерва гостува на Фестивалот на европска литература „Букастар“ кој се одржува во киното „Фросина“ во Младнски културен центар (МКЦ). Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик. Синоќа вечерта беше резервирана за разговор со омилените автори на македонската читателска публика, Миљенко Јерговиќ (Хрватска/БиХ) и Лидија Димковска (Македонија). Јерговиќ и Димковска сега за прв пат седнаа еден покрај друг на книжевен разовор, иако нивното творештво е толку податно за такво нешто. Миљенко Јерговиќ е босанскo-хрватски писател и новинар, еден од најзначајните балкански писатели, кој со својата книжевна и вонкнижевна работа се издигна во една од најживописните фигури на регионалната јавна сцена. Неговите раскази и романи се преведени на триесетина јазици. Јерговиќ моментално живее и работи во Загреб, Хрватска. Лидија Димковска, пак, е поетеса, романсиер, есеист и преведувач, која од 2001 година живее во Љубљана, Словенија, работи како писател и преведувач од романски и словенечки на македонски јазик. Настанот го модерираа Александар Маџаровски Читачот и Билјана Црвенковска. Главни теми на вечерта беа домот и вдоменоста, татковината, пишувањето во туѓа средина, Балканот и неговите проклетства и благодати.
Мојот двоен идентитет го почувствував и денеска, кога прво се фотографирав со странските автори, а потоа и во другата група, со домашните. Балканот е спсолутно фацинанетен, книжевно ме инспирира и провоцира, сето оан што е грдо, целиот тој хаос се податни за литературата. Можеби во животот редот и мирот се пожелни, но во литературата е тотално обратно – рече Димковска.
Според Јерговиќ, денешната превласт на автофикцијата, писателите да пишуваат а своите животи, е примамлива, кул, има нешто смирувачко во неа, но зад сето тоа стои една позитивна измама, бидејќи раскажувањето приказни самото по себе фикција, не може да биде автофикација. Човечките ќивоти по природа се фасцинатни и фантастични. Такви се приказните што некогаш се раскажуваа во купеата на југословеската железница и мисла дека најголеата неволја не е распадот на Југославија, туку токму на железницата, ја изгубивме таа можност да ги слушаме тие приказни - рече Јерговиќ на почетокот на разговорот во киното „Фросина“ на МКЦ. Зборувајќи за поимите на домот, се начна и темата на сопствената татковина.
Прекрасен е македонскиот збор за тоа – татковина. Хрватите го присвоија домовина, а Србите отаџбина, иако и двата збора му припаѓаа на српско-хрватскиот јазик. Македонците го имаат тој збор татковина, кој од наша српско-хрватска перспектива, звучи нежно и по малку комично. Затоа што тие македонски патријархални татковци против кои себорат македонските ќерки, добиваат снижено значење со зборот татковина, татко, тато... звучи понежно одошто отац. Оттука има нешто тажно под зборот резервна татковина, кој го користи Лидија. Тоа во суштина значи дека си без татковина. Од едната си ја напуштил, а другата си ја стекнал, ама тоа не може да се стекне, татковината не е автомобил па да го купиш. А сите ние всушност имаме една чудна психотична ситуација, сите сме останале без една голема татковина, за која не убедуваа дека е сè, а потоа не убедуваа дека треба да се срамиме од неа, од тоа сè. Да се однесуваме кон Југославија како кон некоја забранета сексуалност, така што сите на овие простори имаме еден сериозен татковинско-сексуален проблем за кој стануваме свесни кога ќе останеме сами дома – рече Јерговиќ.
За Димковска, идентитетските прашања, со кои посебно се соочила откако ја напуштила Македонија, станале посебно важни за нејзината литература, станале податлив книжевен материјал. Јерговиќ, пак, кажа, дека секаде се чувствува како странец, и во загреб и во Босна, освен во сопствените станбени простори, но кога ќе го пречекори куќниот праг - тој веќе е во странство.
А колку сум постар толку помалку ме интересира да одам во она вистинско странство, во палма, на пример, или во Куба. Не знам што би правел со нив во книжевна смисла. Имам и премногу територии за да се качувам на Хималаите и да размислувам за една таква позиција... Овој простор што се протега од Трст до Солун е фантастичен за книжевноста, иако можеби не и за еден удобен граѓански живот – рече Јерговиќ.
Зборувајќи за тоа што е добра литература Лидија кажа дека тоа се оние писатели и книги со кои може да се идентификува, да се запраша како пишуваат за неа, а не ја ни познаваат, со таквите книги доживува катарза и сознание. Јерговиќ посочи дека литературата не смее да забавува, дека литературата треба да вознемирува затоа што утехата е во вознемирувањето, а спротивно на тоа не е очајот, туку е тапост, затапеност, смрзнатост.
Книжевноста како разонода е вулгарна, простачка, треба да се забрани со закон. Таа не треба да зборува за општи теми, туку за конкретни места, луѓе, добрата литература секогаш е локална. И најважно од сè, таа не е мода – заклучи Јерговиќ.
Текстот е палимпсест, понекогаш треба да застанеш за да видиш како се развива приказната Во 20 часот, во Младински културен центар , кино „Фросина“, се одржа и разговор со авторите Стефан Хертманс (Белгија) - автор на „Вечно туѓа“ и Франсис Кирпс (Луксембург)- автор на „Мутации“. Тие зборуваа за своите книги, за приказните и нивното создавање, за креативните начини на пишување. Денес на програмата 4 октомври, 11.00 – Скопје „Кога писател шета писатели“ Неформална тура на Васко Марковски 4 октомври, 16.30 – Europe House – Скопје (Не)возможен пар – автор и преведувач Панел во контекст на „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ Луцие Фаулерова (Чешка) и Маргарета Карајанова Франсис Кирпс (Луксембург) и Ксенија Чочкова Ања Мугерли (Словенија) и Давор Стојановски Жарко Кујунџиски и Маријанџела Бјанкофиоре (Италија) Модератор: Душко Крстевски 4 октомври, 18.30 – Џебно кино, МКЦ Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Наџат ел Хачми (Шпанија) 4 октомври, 19.00 – Кино „Фросина“ „Во средиштето на животот“ Разговор со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) Модератори: Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова 4 октомври, 20.00 – Кино „Фросина“ „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ Разговор со авторката Софи Хана (Обединетото Кралство) Модератори: Јордан Коцевски и Анде Јанков 4 октомври, 21.00 – Кино „Фросина“ Слем натпревар Учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Перица Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади Фестивалот се одржува под слоганот „Please do disturb“ и е поддржан од Министерството за култура, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и од Чешкиот книжевен центар, Центарот за фламанска литература, Европската Унија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасадите на Чешка, Шпанија и на Белгија. Фестивалската програма ќе се одвива на повеќе локации во Скопје. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Владимир Трајановски. Фестивалското видео го изработи Радмила Ванкоска.  

The post Миљенко Јерговиќ: Добрата литература секогаш е локална, и најважно од сè, таа не е мода appeared first on Република.

]]>