хелена Archives - Република https://republika.mk/tema/helena/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 06:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хелена Archives - Република https://republika.mk/tema/helena/ 32 32 Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја https://republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-od-uraganot-helena-vo-sad-se-iskachi-na-nad-130-milioni-bez-struja/ Tue, 01 Oct 2024 06:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=821198

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет.

Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави.

Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош стигнаа до областите кои се изолирани поради урнатите патишта и големите поплави.

Советникот за домашна безбедност на Белата куќа, Лиз Шервуд Рандал, изјави дека до понеделник попладне, дури 600 лица кои се водат за исчезнати не се пронајдени, со проценки дека некои можеби се веќе мртви. Во тешко погодениот планински округ Бумкум во Северна Каролина, каде што се наоѓа градот Ешвил, загинаа 40 лица, изјави вчера локалниот шериф.

Залихите на вода и храна беа доставени со хеликоптери и авиони до жителите на областите кои останаа изолирани поради поплавите и прекините на електричната енергија.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, предвиде дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачите се приближуваат до областите отсечени од урнатите патишта, оштетената инфраструктура и големите поплави. Повеќе од два милиони домови и деловни објекти во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина беа без струја вчера, според веб-страницата PowerOutage.us.

Официјалните лица предупредуваат дека обновата и закрепнувањето од големите материјални штети по ураганот ќе биде тешко и ќе трае долго.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера разговараше со гувернерите на Џорџија и Северна Каролина и вети дека ќе ја продолжи федералната помош за жртвите од ураганот „колку што е потребно“.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ги откажа планираните активности во кампањата во Лас Вегас, Невада и се врати во Вашингтон порано од планираното за да учествува на брифинзи во седиштето на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА). Нејзиниот изборен штаб објави дека Харис ќе го посети регионот погоден од ураганот „што е можно поскоро без да ги попречува операциите за спасување во итни случаи“.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја критикуваше Харис дека не е повеќе вклучена во одговорот на ураганот и најави дека ќе го посети погодениот регион.

Тој ја посети Валдоста во Џорџија, наводно за да дознае за невремето и да помогне во дистрибуцијата на хуманитарна помош.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со милијардерот Илон Маск за да обезбеди бесплатен сателитски интернет Старлинк (Starlink) за жителите на погодените области кои останале без интернет.

Маск претходно и официјално го поддржа Трамп како кандидат на претседателските избори. Ураганот Хелена го зафати брегот на Флорида во четвртокот навечер, носејќи неколкудневни врнежи од дожд и уништувајќи домови кои со децении се справуваат со невремето.

The post Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави. Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош стигнаа до областите кои се изолирани поради урнатите патишта и големите поплави. Советникот за домашна безбедност на Белата куќа, Лиз Шервуд Рандал, изјави дека до понеделник попладне, дури 600 лица кои се водат за исчезнати не се пронајдени, со проценки дека некои можеби се веќе мртви. Во тешко погодениот планински округ Бумкум во Северна Каролина, каде што се наоѓа градот Ешвил, загинаа 40 лица, изјави вчера локалниот шериф. Залихите на вода и храна беа доставени со хеликоптери и авиони до жителите на областите кои останаа изолирани поради поплавите и прекините на електричната енергија. Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, предвиде дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачите се приближуваат до областите отсечени од урнатите патишта, оштетената инфраструктура и големите поплави. Повеќе од два милиони домови и деловни објекти во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина беа без струја вчера, според веб-страницата PowerOutage.us. Официјалните лица предупредуваат дека обновата и закрепнувањето од големите материјални штети по ураганот ќе биде тешко и ќе трае долго. Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера разговараше со гувернерите на Џорџија и Северна Каролина и вети дека ќе ја продолжи федералната помош за жртвите од ураганот „колку што е потребно“. Потпретседателката на САД, Камала Харис, ги откажа планираните активности во кампањата во Лас Вегас, Невада и се врати во Вашингтон порано од планираното за да учествува на брифинзи во седиштето на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА). Нејзиниот изборен штаб објави дека Харис ќе го посети регионот погоден од ураганот „што е можно поскоро без да ги попречува операциите за спасување во итни случаи“. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја критикуваше Харис дека не е повеќе вклучена во одговорот на ураганот и најави дека ќе го посети погодениот регион. Тој ја посети Валдоста во Џорџија, наводно за да дознае за невремето и да помогне во дистрибуцијата на хуманитарна помош. Трамп, исто така, рече дека разговарал со милијардерот Илон Маск за да обезбеди бесплатен сателитски интернет Старлинк (Starlink) за жителите на погодените области кои останале без интернет. Маск претходно и официјално го поддржа Трамп како кандидат на претседателските избори. Ураганот Хелена го зафати брегот на Флорида во четвртокот навечер, носејќи неколкудневни врнежи од дожд и уништувајќи домови кои со децении се справуваат со невремето.

The post Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја appeared first on Република.

]]>
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-69-zaginati-od-uraganot-helena-unishtena-infrastruktura-i-stotina-milijardi-dolari-shteta/ Mon, 30 Sep 2024 06:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=820848

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија.

Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица кои го изгубиле животот. Властите стравуваат бројот на жртви да се зголеми.

Проценките за штетите варираат од 15 до над 100 милијарди долари, соопштија викендов осигурителните компании и економистите. Материјалната штета и економските загуби ќе се прецизираат додека се оценува деструкцијата.

Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.

Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.

Во градот Флет-Рок, Северна Каролина, електричната енергија е исклучена, а луѓето стојат со часови во редови за бензин.

Според податоците на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), бурата оштетила водоснабдувачки системи, кабелски комуникации и важни транспортни патишта низ целиот регион.

Инженерскиот корпус на американската армијата вчера започна со проценување на штетите на системите за водоснабдување, соопштија од ФЕМА.

Според претставник на Министерството за енергетика, околу 2,7 милиони корисници вчера останале без струја, што е 40 проценти помалку од петокот, откако штетите од брановите, силните ветрови и опасните услови се проширија на стотици милји во внатрешноста на земјата.

The post Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета appeared first on Република.

]]>

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија. Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица кои го изгубиле животот. Властите стравуваат бројот на жртви да се зголеми. Проценките за штетите варираат од 15 до над 100 милијарди долари, соопштија викендов осигурителните компании и економистите. Материјалната штета и економските загуби ќе се прецизираат додека се оценува деструкцијата. Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.
Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.
Во градот Флет-Рок, Северна Каролина, електричната енергија е исклучена, а луѓето стојат со часови во редови за бензин. Според податоците на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), бурата оштетила водоснабдувачки системи, кабелски комуникации и важни транспортни патишта низ целиот регион. Инженерскиот корпус на американската армијата вчера започна со проценување на штетите на системите за водоснабдување, соопштија од ФЕМА. Според претставник на Министерството за енергетика, околу 2,7 милиони корисници вчера останале без струја, што е 40 проценти помалку од петокот, откако штетите од брановите, силните ветрови и опасните услови се проширија на стотици милји во внатрешноста на земјата.

The post Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета appeared first on Република.

]]>