хавиер солана Archives - Република https://republika.mk/tema/havier-solana/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 08:16:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хавиер солана Archives - Република https://republika.mk/tema/havier-solana/ 32 32 „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-ti-ja-vratata-izlezi-koga-pretsedatelot-trajkovski-mu-go-pokazha-mestoto-na-solana/ Mon, 26 Feb 2024 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=748308

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија:

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/

Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.

Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија: https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/ Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.
Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>
Хавиер Солана: За да се реши украинската криза ќе мора да се преговара со Путин https://republika.mk/vesti/svet/havier-solana-za-da-se-reshi-ukrainskata-kriza-kje-mora-da-se-pregovara-so-putin/ Mon, 02 May 2022 18:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=496503

Поранешниот шеф на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и поранешен генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, орача дека мировните преговори, колку и да изгледаат тешко, се единствениот излез од украинската криза.

Солана порача дека треба да се направи сериозен обид за решавање на војната со разговори, а не само со оружје.

Тоа е, исто така, единствениот начин да се избегне светски конфликт меѓу нуклеарните сили - предупреди Солана.

Во текст за аналитичката мрежа „Проект синдикејт“, Солана посочува дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да го промени текот на историјата - не ги извојувал очекуваните победи во битките во Украина, но тоа е проблем што ја засега целата меѓународната заедница“.

Санкционирањето на Русија поради потезите на Путин во Украина мора да послужи да го убеди дека единствениот излез за него е преговарачка маса и тоа е единственото решение што може да биде универзално прифатено. Порано или подоцна ќе мора да се преговара, без сомнеж ќе мора да се разговара со Путин - вели поранешниот лидер на ЕУ и НАТО.

Солана истакнува дека „идејата за промена на режимот во Русија исто така не е изводлив начин за решавање на украинскиот конфликт“.

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека овој човек (Путин) не може да остане на власт без сомнение беше излетување со зборови. Единственото нешто што можеше да предизвика е да се потврди параноичната идеја на Путин дека единствено што се обидува Западот е дека обидува да го исфрли од Кремљ - додава Солана.

Тој истакнува дека „колку што е неопходна моралната осуда на руските акции во Украина, очекувањето дека тоа ќе доведе до пад на режимот на Путин е обична заблуда и затоа порано или подоцна ќе мора да се преговара со него“.

Она што е во главата на Путин е одраз на убедувањата на елитите на руската надворешна политика, како и на јавното мислење во Русија, а тоа е прекумерно територијално и воено сфаќање на геополитичката моќ. Во средината на дваесет и првиот век, геополитичката положба на земја како Русија не е во функција на проширување на нејзините територии или сфери на влијание - вели поранешниот водечки функционер на ЕУ и НАТО. .

Солана додава дека земја која ужива почит од меѓународната заедница е онаа која тоа го заслужува поради својот економски развој, технолошкиот напредок или вредноста на нејзиниот човечки капитал, „а тоа е она што Кина го сфатила многу подобро од Русија“.

The post Хавиер Солана: За да се реши украинската криза ќе мора да се преговара со Путин appeared first on Република.

]]>

Поранешниот шеф на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и поранешен генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, орача дека мировните преговори, колку и да изгледаат тешко, се единствениот излез од украинската криза. Солана порача дека треба да се направи сериозен обид за решавање на војната со разговори, а не само со оружје.
Тоа е, исто така, единствениот начин да се избегне светски конфликт меѓу нуклеарните сили - предупреди Солана.
Во текст за аналитичката мрежа „Проект синдикејт“, Солана посочува дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да го промени текот на историјата - не ги извојувал очекуваните победи во битките во Украина, но тоа е проблем што ја засега целата меѓународната заедница“.
Санкционирањето на Русија поради потезите на Путин во Украина мора да послужи да го убеди дека единствениот излез за него е преговарачка маса и тоа е единственото решение што може да биде универзално прифатено. Порано или подоцна ќе мора да се преговара, без сомнеж ќе мора да се разговара со Путин - вели поранешниот лидер на ЕУ и НАТО.
Солана истакнува дека „идејата за промена на режимот во Русија исто така не е изводлив начин за решавање на украинскиот конфликт“.
Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека овој човек (Путин) не може да остане на власт без сомнение беше излетување со зборови. Единственото нешто што можеше да предизвика е да се потврди параноичната идеја на Путин дека единствено што се обидува Западот е дека обидува да го исфрли од Кремљ - додава Солана.
Тој истакнува дека „колку што е неопходна моралната осуда на руските акции во Украина, очекувањето дека тоа ќе доведе до пад на режимот на Путин е обична заблуда и затоа порано или подоцна ќе мора да се преговара со него“.
Она што е во главата на Путин е одраз на убедувањата на елитите на руската надворешна политика, како и на јавното мислење во Русија, а тоа е прекумерно територијално и воено сфаќање на геополитичката моќ. Во средината на дваесет и првиот век, геополитичката положба на земја како Русија не е во функција на проширување на нејзините територии или сфери на влијание - вели поранешниот водечки функционер на ЕУ и НАТО. .
Солана додава дека земја која ужива почит од меѓународната заедница е онаа која тоа го заслужува поради својот економски развој, технолошкиот напредок или вредноста на нејзиниот човечки капитал, „а тоа е она што Кина го сфатила многу подобро од Русија“.

The post Хавиер Солана: За да се реши украинската криза ќе мора да се преговара со Путин appeared first on Република.

]]>
Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-pendarovski-solana-na-marginite-na-minhenskata-konferencija/ Sat, 19 Feb 2022 15:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=460840

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска претседателот Пендаровски се сретна со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.

Во фокусот на разговорот беа актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Унијата.

Претседателот Пендаровски го информираше соговорникот за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи.

Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки.

The post Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција appeared first on Република.

]]>

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, денеска претседателот Пендаровски се сретна со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.
Во фокусот на разговорот беа актуелните политичко-безбедносни случувања во Европа, нивното влијание врз нашиот регион и важноста од неговото интегрирање во Унијата. Претседателот Пендаровски го информираше соговорникот за последните внатрешно-политички настани во земјата, текот на реформските процеси и новата динамика во добрососедските односи. Солана, кој е актуелен претседател на Центарот за глобална економија и геополитика (EsadeGeo) и докажан пријател на Македонија вклучувајќи се и во Охридската група за поддршка на земјата за членство во ЕУ и НАТО, уште еднаш ја поздрави македонската конструктивна улога на Западниот Балкан како пример за решавање на тешки прашања, како и потребата за реализирање на европската агенда во контекст на интеграциите, согласувајќи се дека Унијата треба што побрзо да ги имплементира своите одлуки.

The post Средба Пендаровски – Солана на маргините на Минхенската конференција appeared first on Република.

]]>