Хавана Archives - Република https://republika.mk/tema/havana/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 08:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хавана Archives - Република https://republika.mk/tema/havana/ 32 32 Се чу силен тресок, па следуваше дожд од малтер и бетон: Имаше многу загинати, многу ранети, се бараа дарители на крв https://republika.mk/vesti/svet/se-chu-silen-tresok-pa-sleduvashe-dozd-od-malter-i-beton-imashe-mnogu-zaginati-mnogu-raneti-se-baraa-dariteli-na-krv/ Sat, 07 May 2022 08:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=498860

Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави кубанската државна телевизија.

Кубанските власти соопштија дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.

Сè укажува дека експлозијата била несреќен случај – изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање од местото на инцидентот.

Тој истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратка посета на две болници во кои се пренесени повредените, тој го нарече инцидентот „жалосна несреќа“.

Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, потврди Министерството за здравство, додека едно дете починало.

Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија нагласи дека, според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани.

Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, истакна Роберто Енрике Калсадиља, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата.

Сулма Родригез, жител на центарот на Хавана, за Би-би-си Мундо изјавила дека прво се слушнал многу силен тресок, а потоа се кренал огромен чад над местото.

Кога пристигнав на местото на експлозијата тие веќе ја затворија улицата бидејќи претседателот Мигел Дијаз-Канел беше таму, но имаше многу урнатини паднати наоколу и врз автомобили и автобуси. Бараа од луѓето да даруваат крв, а ранетите ги носеа во различни болници бидејќи ги имаше многу. Се слушаа амбулантни и полициски автомобили како поминуваат – вели Родригез.

The post Се чу силен тресок, па следуваше дожд од малтер и бетон: Имаше многу загинати, многу ранети, се бараа дарители на крв appeared first on Република.

]]>

Најмалку 22 лица загинаа во силна експлозија во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана, а повеќе од 70 лица се повредени, објави кубанската државна телевизија. Кубанските власти соопштија дека првичните резултати од истрагата покажуваат дека причина за вчерашната експлозија е истекување на гас.
Сè укажува дека експлозијата била несреќен случај – изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во телевизиско обраќање од местото на инцидентот.
Тој истакна дека експлозијата не била предизвикана од бомба и нема индиции дека се работи за терористички напад, а по враќањето од местото на експлозијата и кратка посета на две болници во кои се пренесени повредените, тој го нарече инцидентот „жалосна несреќа“. Вчерашната експлозија се случила во близина на училиште со повеќе од 300 ученици, соопштија здравствените власти, а во неа се повредени најмалку 15 деца, потврди Министерството за здравство, додека едно дете починало. Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија нагласи дека, според првичните извештаи, во експлозијата нема загинати или повредени странски државјани. Хотелот бил затворен, а внатре во моментот на експлозијата биле само работниците кои работеле на неговото реновирање, истакна Роберто Енрике Калсадиља, претставник на воената компанија која управува со многу хотели во земјата. Сулма Родригез, жител на центарот на Хавана, за Би-би-си Мундо изјавила дека прво се слушнал многу силен тресок, а потоа се кренал огромен чад над местото.
Кога пристигнав на местото на експлозијата тие веќе ја затворија улицата бидејќи претседателот Мигел Дијаз-Канел беше таму, но имаше многу урнатини паднати наоколу и врз автомобили и автобуси. Бараа од луѓето да даруваат крв, а ранетите ги носеа во различни болници бидејќи ги имаше многу. Се слушаа амбулантни и полициски автомобили како поминуваат – вели Родригез.

The post Се чу силен тресок, па следуваше дожд од малтер и бетон: Имаше многу загинати, многу ранети, се бараа дарители на крв appeared first on Република.

]]>