хаваи Archives - Република https://republika.mk/tema/havai/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 17:15:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хаваи Archives - Република https://republika.mk/tema/havai/ 32 32 Силна тропска бура се приближува кон Хаваите https://republika.mk/vesti/svet/silna-tropska-bura-se-priblizhuva-kon-havaite/ Sat, 24 Aug 2024 18:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=809798

Тропската бура Хоне, проследена со силен ветер, обилни дождови и поплави викендов се приближува кон јужниот дел на Хаваи.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тропска бура за округот Хаваи, кој го опфаќа целиот Голем остров, како и предупредување со црвено знаме за островите на архипелагот.

Ветер рано утрината дуваше со брзина на ветер од 105 километри на час. Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата Хоне најверојатно ќе се засили во ураган од прва категорија додека минува близу или јужно од Големиот остров во текот на ноќта.

Управата за туризам на Хаваите соопшти дека сè уште е безбедно патниците да ги посетат островите, а на другите луѓе им препорача да ги одложат активностите на отворено.

The post Силна тропска бура се приближува кон Хаваите appeared first on Република.

]]>

Тропската бура Хоне, проследена со силен ветер, обилни дождови и поплави викендов се приближува кон јужниот дел на Хаваи. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тропска бура за округот Хаваи, кој го опфаќа целиот Голем остров, како и предупредување со црвено знаме за островите на архипелагот. Ветер рано утрината дуваше со брзина на ветер од 105 километри на час. Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата Хоне најверојатно ќе се засили во ураган од прва категорија додека минува близу или јужно од Големиот остров во текот на ноќта. Управата за туризам на Хаваите соопшти дека сè уште е безбедно патниците да ги посетат островите, а на другите луѓе им препорача да ги одложат активностите на отворено.

The post Силна тропска бура се приближува кон Хаваите appeared first on Република.

]]>
Вулкан еруптира на Хаваите https://republika.mk/vesti/svet/vulkan-eruptira-na-havaite/ Mon, 11 Sep 2023 11:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=680891

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала во неделата попладне.

Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата.

Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година.

Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 домови.

Facebook

The post Вулкан еруптира на Хаваите appeared first on Република.

]]>

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена. Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала во неделата попладне. Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата. Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година. Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 домови. Facebook

The post Вулкан еруптира на Хаваите appeared first on Република.

]]>
Наредбата за евакуација е укината, пожарот на хавајскиот остров Мауи е под контрола https://republika.mk/vesti/svet/naredbata-za-evakuatsija-e-ukinata-pozharot-na-havajskiot-ostrov-maui-e-pod-kontrola/ Sun, 27 Aug 2023 11:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=676282

Претставници на Службата за вонредни ситуации на Хаваите ја укинаа наредбата за евакуација по новиот пожар во кој се уништени четири хектари на хавајскиот остров Мауи.

Новиот пожар ги принуди локалните власти вчера привремено да ги евакуираат жителите на градот Лахаина, на само неколку километри од местото кое неодамна беше опустошено од пожар, но новиот пожар е ставен под контрола.

Агенцијата за вонредни ситуации во округот Мауи објави на социјалните мрежи дека евакуацијата е завршена и дека жителите можат слободно да се вратат дома.

The post Наредбата за евакуација е укината, пожарот на хавајскиот остров Мауи е под контрола appeared first on Република.

]]>

Претставници на Службата за вонредни ситуации на Хаваите ја укинаа наредбата за евакуација по новиот пожар во кој се уништени четири хектари на хавајскиот остров Мауи. Новиот пожар ги принуди локалните власти вчера привремено да ги евакуираат жителите на градот Лахаина, на само неколку километри од местото кое неодамна беше опустошено од пожар, но новиот пожар е ставен под контрола. Агенцијата за вонредни ситуации во округот Мауи објави на социјалните мрежи дека евакуацијата е завршена и дека жителите можат слободно да се вратат дома.

The post Наредбата за евакуација е укината, пожарот на хавајскиот остров Мауи е под контрола appeared first on Република.

]]>
Се уште има 850 изчезнати луѓе по катастрофалните пожари на Хавaите https://republika.mk/vesti/svet/se-ushte-ima-850-izcheznati-luge-po-katastrofalnite-pozhari-na-havaite/ Mon, 21 Aug 2023 19:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=674343

Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи.

Градоначалникот на оваа област, Ричард Бисен, соопшти дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат.

Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинале 141 лице.

Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите.

Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот.

Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.

The post Се уште има 850 изчезнати луѓе по катастрофалните пожари на Хавaите appeared first on Република.

]]>

Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи. Градоначалникот на оваа област, Ричард Бисен, соопшти дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат. Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинале 141 лице. Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите. Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот. Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.

The post Се уште има 850 изчезнати луѓе по катастрофалните пожари на Хавaите appeared first on Република.

]]>
Во страотните пожари во Хаваи 93 мртви, стотици исчезнати, а островот Мауи е „прав и пепел“ https://republika.mk/vesti/svet/vo-straotnite-pozhari-vo-havai-93-mrtvi-stotitsi-ischeznati-a-ostrovot-maui-e-prav-i-pepel/ Mon, 14 Aug 2023 09:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=671901

Се зголемува бројот на жртви во пожарите кои со денови горат на островот Мауи, властите велат дека ова е најголемата катастрофа во историјата.

Лахаина, некогашен кралски главен град на Хаваи, сега е крематориум.

„Излегуваме да собереме човечки останки и тие се распаѓаат“, рече началникот на полицијата во округот Мауи, Џон Пелетиер, во саботата, четири дена откако огромниот шумски пожар го опустоши западниот брег на Хаваите.

Потврдени се скоро 100 смртни случаи, што ги прави пожарите во Лахаина најсмртоносните во САД во повеќе од еден век.

Но, само три проценти од јагленосаните урнатини во Лахаина се претресени досега, што ги зголеми стравувањата дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Никој од нас не знае уште колку“, вели Пелети, кој стана видно емотивен.

Десетици преживеани разговараа со новинарите на Би-Би-Си за трагедијата што се случи како молња.

Она за што сите се согласуваат е дека не добиле никакво официјално предупредување пред да побегнат за да си ги спасат животите, со што се поставуваат болни прашања за ефективноста на итен одговор и дали повеќе луѓе можеле да се спасат.

Брајан Агиран (26) го гаснел пожарот со огромни кофи вода и за чудо ја спасил семејната куќа.

Сепак, тој не сака да се врати таму.

„Секогаш кога ќе ги затворам очите, го гледам Армагедон, Лахаина никогаш нема да биде иста“, вели тој, додавајќи дека не може ни да спие.

Како и другите локални жители, тој стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Жителите на Канапали, град северно од Лахаини, каде пожарот стигна до локалната пумпа, исто така беа евакуирани во петокот навечер.

Два часа подоцна, пожарот бил локализиран, потврдија официјални лица.

Извор. Би Би Си

The post Во страотните пожари во Хаваи 93 мртви, стотици исчезнати, а островот Мауи е „прав и пепел“ appeared first on Република.

]]>

Се зголемува бројот на жртви во пожарите кои со денови горат на островот Мауи, властите велат дека ова е најголемата катастрофа во историјата. Лахаина, некогашен кралски главен град на Хаваи, сега е крематориум. „Излегуваме да собереме човечки останки и тие се распаѓаат“, рече началникот на полицијата во округот Мауи, Џон Пелетиер, во саботата, четири дена откако огромниот шумски пожар го опустоши западниот брег на Хаваите. Потврдени се скоро 100 смртни случаи, што ги прави пожарите во Лахаина најсмртоносните во САД во повеќе од еден век. Но, само три проценти од јагленосаните урнатини во Лахаина се претресени досега, што ги зголеми стравувањата дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Никој од нас не знае уште колку“, вели Пелети, кој стана видно емотивен. Десетици преживеани разговараа со новинарите на Би-Би-Си за трагедијата што се случи како молња. Она за што сите се согласуваат е дека не добиле никакво официјално предупредување пред да побегнат за да си ги спасат животите, со што се поставуваат болни прашања за ефективноста на итен одговор и дали повеќе луѓе можеле да се спасат. Брајан Агиран (26) го гаснел пожарот со огромни кофи вода и за чудо ја спасил семејната куќа. Сепак, тој не сака да се врати таму.
„Секогаш кога ќе ги затворам очите, го гледам Армагедон, Лахаина никогаш нема да биде иста“, вели тој, додавајќи дека не може ни да спие.
Како и другите локални жители, тој стравува дека бројот на жртви може да се зголеми. Жителите на Канапали, град северно од Лахаини, каде пожарот стигна до локалната пумпа, исто така беа евакуирани во петокот навечер. Два часа подоцна, пожарот бил локализиран, потврдија официјални лица. Извор. Би Би Си

The post Во страотните пожари во Хаваи 93 мртви, стотици исчезнати, а островот Мауи е „прав и пепел“ appeared first on Република.

]]>
Во пожарите на Хаваи 89 загинати, најголема природна катастрофа во последните 100 години https://republika.mk/vesti/svet/vo-pozharite-na-havai-89-zaginati-najgolema-prirodna-katastrofa-vo-poslednite-100-godini/ Sun, 13 Aug 2023 08:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=671556

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи, на Хаваи, сега изнесува 89, што го прави најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од сто години, соопштија официјални лица.

Тимовите за пребарување со кучиња ги поминуваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и автомобили.

Гувернерот Џош Грин на прес-конференција предупреди дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Во однос на бројот на загинати, тоа е најлошата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година, една година откако Хаваи стана американска држава.

Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се вратат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана.

Официјалните лица предупредија дека отровните испарувања би можеле да доаѓаат од областите во кои тлее пожарот и истакнаа дека операциите за пребарување продолжуваат.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, а точниот број не е познат.

Трошоците за обновата на Лахаина се проценети на 5,5 милијарди долари, според Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), при што повеќе од 2.200 објекти се оштетени или уништени и повеќе од 850 хектари изгорени.

Катастрофата започна во вторникот по полноќ, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 35 милји од Лахаина.

The post Во пожарите на Хаваи 89 загинати, најголема природна катастрофа во последните 100 години appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи, на Хаваи, сега изнесува 89, што го прави најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од сто години, соопштија официјални лица. Тимовите за пребарување со кучиња ги поминуваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и автомобили. Гувернерот Џош Грин на прес-конференција предупреди дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Во однос на бројот на загинати, тоа е најлошата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година, една година откако Хаваи стана американска држава. Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се вратат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана. Официјалните лица предупредија дека отровните испарувања би можеле да доаѓаат од областите во кои тлее пожарот и истакнаа дека операциите за пребарување продолжуваат. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, а точниот број не е познат. Трошоците за обновата на Лахаина се проценети на 5,5 милијарди долари, според Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), при што повеќе од 2.200 објекти се оштетени или уништени и повеќе од 850 хектари изгорени. Катастрофата започна во вторникот по полноќ, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 35 милји од Лахаина.

The post Во пожарите на Хаваи 89 загинати, најголема природна катастрофа во последните 100 години appeared first on Република.

]]>
Во шумските пожари на Хаваите досега загинаа 80 лица https://republika.mk/vesti/svet/vo-shumskite-pozhari-na-havaite-dosega-zaginaa-80-litsa/ Sat, 12 Aug 2023 11:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=671376

Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци.

Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви.

Бројот на загинати се зголеми на 80, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани.

Пожарот е најлошата природна катастрофа на Хаваите од цунамито во 1961 година кога загинаа 61 лице на Големиот остров.

The post Во шумските пожари на Хаваите досега загинаа 80 лица appeared first on Република.

]]>

Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци. Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви.
Бројот на загинати се зголеми на 80, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани.
Пожарот е најлошата природна катастрофа на Хаваите од цунамито во 1961 година кога загинаа 61 лице на Големиот остров.

The post Во шумските пожари на Хаваите досега загинаа 80 лица appeared first on Република.

]]>
Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 https://republika.mk/vesti/svet/smrtniot-balans-od-katastrofalnite-pozhari-na-havai-se-iskachi-na-53-2/ Fri, 11 Aug 2023 07:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=670988

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи.

Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди.

На социјалните мрежи се шират стравични снимки од пожарите и обидите на луѓето да побегнат од пламените јазици. Посебно вирално стана видео од група луѓе кои се обидуваат со автомобил да побегнат, а при тоа не застануваат да помогнат на жена за која претпоставуваат дека е мртва.

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи.

Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување.

Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност.

The post Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди. На социјалните мрежи се шират стравични снимки од пожарите и обидите на луѓето да побегнат од пламените јазици. Посебно вирално стана видео од група луѓе кои се обидуваат со автомобил да побегнат, а при тоа не застануваат да помогнат на жена за која претпоставуваат дека е мртва. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи. Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот. Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување. Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност.

The post Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 appeared first on Република.

]]>
Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 https://republika.mk/vesti/svet/smrtniot-balans-od-katastrofalnite-pozhari-na-havai-se-iskachi-na-53/ Fri, 11 Aug 2023 06:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=670971

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи.

Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди.

На социјалните мрежи се шират стравични снимки од пожарите и обидите на луѓето да побегнат од пламените јазици. Посебно вирално стана видео од група луѓе кои се обидуваат со автомобил да побегнат, а при тоа не застануваат да помогнат на жена за која претпоставуваат дека е мртва.

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи.

Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување.

Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност.

https://www.youtube.com/watch?v=e1pL9JdAR7w

 

The post Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди. На социјалните мрежи се шират стравични снимки од пожарите и обидите на луѓето да побегнат од пламените јазици. Посебно вирално стана видео од група луѓе кои се обидуваат со автомобил да побегнат, а при тоа не застануваат да помогнат на жена за која претпоставуваат дека е мртва. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а илјадници луѓе ја напуштија областа. „Додека продолжуваат напорите за гаснење пожари, денеска се потврдени 17 дополнителни смртни случаи поради активниот пожар во Лахаина, со што бројот на загинати достигна 53“, се вели во денешното соопштение на округот Мауи. Пожарите опустошија цели населби на западната страна на американскиот остров. Лахаина е една од главните атракции на Мауи, која секоја година привлекува два милиони туристи на островот, или околу 80 отсто од посетителите на островот. Американскиот претседател Џо Бајден одобри прогласување катастрофа на Хаваи, дозволувајќи им на погодените поединци и сопственици на бизниси да аплицираат за федерална помош за домување и економско закрепнување. Причината за шумските пожари во Мауи допрва треба да се утврди, соопштија официјални лица, но Националната метеоролошка служба соопшти дека тие биле поттикнати од сувата вегетација, силните ветрови и ниската влажност. https://www.youtube.com/watch?v=e1pL9JdAR7w  

The post Смртниот баланс од катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53 appeared first on Република.

]]>
Пожари на Хаваи, луѓето бегаат и скокаат во морето https://republika.mk/vesti/svet/pozhari-na-havai-lugeto-begaat-i-skokaat-vo-moreto/ Wed, 09 Aug 2023 14:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=670457

Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата.

Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП. Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти.

Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста.

Од утрово околу 14.000 домаќинства во Мауи се без струја. „Дора“ е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час. Хаваите претходно беа зафатени од голем пожар во 2021 година, како резултат на кој изгореа голем број куќи, а илјадници луѓе беа евакуирани.

The post Пожари на Хаваи, луѓето бегаат и скокаат во морето appeared first on Република.

]]>

Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата. Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП. Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти. Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста. Од утрово околу 14.000 домаќинства во Мауи се без струја. „Дора“ е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час. Хаваите претходно беа зафатени од голем пожар во 2021 година, како резултат на кој изгореа голем број куќи, а илјадници луѓе беа евакуирани.

The post Пожари на Хаваи, луѓето бегаат и скокаат во морето appeared first on Република.

]]>