Хашки суд Archives - Република https://republika.mk/tema/hashki-sud/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 11:05:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хашки суд Archives - Република https://republika.mk/tema/hashki-sud/ 32 32 Комесарот за човекови права на Советот на Европа бара од владата на ДУИ и СДСМ да ги истражи хашките досиеа https://republika.mk/vesti/makedonija/komesarot-za-chovekovi-prava-bara-od-vladata-na-dui-i-sdsm-da-gi-istrazhi-hashkite-dosiea/ Fri, 09 Feb 2024 11:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=742171

Со допис до македонската влада упатен на 15 јануари 2024 година на адресата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, бара досиејата од Хашкиот трибунал да се истражат од домашните судови.

Таа исто така испрати писма и до другите премиери на земјите-членки на Советот на Европа во регионот на поранешна Југославија, кои се објавени интегрално на интернет-страницата на Советот на Европа, во нив се препорачува да се преземат конкретни чекори за справување со насилното минато и поодлучно движење кон социјална кохезија, правда и помирување.

Мијатовиќ ги нагласува клучните чекори што треба да се преземат, а кои ќе го подобрат почитувањето на правата на жртвите и ќе промовираат инклузивен и заснован на човекови права пристап за справување со минатото во регионот, пишува „Нова Македонија“.

– Како комесар за човекови права на Советот на Европа, мојот мандат е да поттикнувам ефективно почитување на човековите права во сите 46 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и преку дијалог со владите на земјите-членки и тематската работа. Ви пишувам денес за да ви го свртам вниманието на еден проблем – стои во писмото на Мијатовиќ до Ковечевски.

Извор Нова Македонија

The post Комесарот за човекови права на Советот на Европа бара од владата на ДУИ и СДСМ да ги истражи хашките досиеа appeared first on Република.

]]>

Со допис до македонската влада упатен на 15 јануари 2024 година на адресата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, бара досиејата од Хашкиот трибунал да се истражат од домашните судови. Таа исто така испрати писма и до другите премиери на земјите-членки на Советот на Европа во регионот на поранешна Југославија, кои се објавени интегрално на интернет-страницата на Советот на Европа, во нив се препорачува да се преземат конкретни чекори за справување со насилното минато и поодлучно движење кон социјална кохезија, правда и помирување. Мијатовиќ ги нагласува клучните чекори што треба да се преземат, а кои ќе го подобрат почитувањето на правата на жртвите и ќе промовираат инклузивен и заснован на човекови права пристап за справување со минатото во регионот, пишува „Нова Македонија“.
– Како комесар за човекови права на Советот на Европа, мојот мандат е да поттикнувам ефективно почитување на човековите права во сите 46 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и преку дијалог со владите на земјите-членки и тематската работа. Ви пишувам денес за да ви го свртам вниманието на еден проблем – стои во писмото на Мијатовиќ до Ковечевски.
Извор Нова Македонија

The post Комесарот за човекови права на Советот на Европа бара од владата на ДУИ и СДСМ да ги истражи хашките досиеа appeared first on Република.

]]>
Главниот хашки обвинител за Путин: И Милошевиќ мислеше дека нема да му се суди https://republika.mk/vesti/svet/glavniot-hashki-obvinitel-za-putin-i-miloshevik-misleshe-deka-nema-da-mu-se-sudi/ Thu, 01 Jun 2023 10:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=646781

Првиот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Ричард Голдстон, ги спореди претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, велејќи дека дури ни Милошевиќ не мислел дека ќе биде тужен за воените злосторства што ги направил.

 

„Злосторствата за кои се обвинети Путин и неговиот помошник се тешки кривични дела. Тоа се злосторства кои би го шокирале секој нормален човек. Сепак, Путин нема да биде изведен пред суд се додека е шеф на државата“, изјави Голдстон.

Тој беше прашан дали на Путин може да му се суди за злосторства против Украина.
Последно што му паѓа на памет е дека некогаш ќе биде изведен пред судот во Хаг, но истото го мислеше и Милошевиќ. „Да го прашавте Милошевиќ во 1994 или 1995 година дали сака да му се суди, тој ќе ви се насмееше“, рече Голдстон.

Милошевиќ не можеше да замисли дека „ќе има револуција, промена на власта и дека неговиот наследник ќе го качи во авион и ќе го испрати во Хаг“, рече тој.

 

Тој додаде дека не би сакал да биде „во кожата“ на Путин.

„Никој не знае што ќе се случи во иднина, не би сакал да бидам „во чевлите“ на Путин и над мојата глава да ми виси налог од Меѓународниот кривичен суд“, рече тој.

The post Главниот хашки обвинител за Путин: И Милошевиќ мислеше дека нема да му се суди appeared first on Република.

]]>

Првиот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Ричард Голдстон, ги спореди претседателот на Русија, Владимир Путин, и поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, велејќи дека дури ни Милошевиќ не мислел дека ќе биде тужен за воените злосторства што ги направил.  
„Злосторствата за кои се обвинети Путин и неговиот помошник се тешки кривични дела. Тоа се злосторства кои би го шокирале секој нормален човек. Сепак, Путин нема да биде изведен пред суд се додека е шеф на државата“, изјави Голдстон.
Тој беше прашан дали на Путин може да му се суди за злосторства против Украина. Последно што му паѓа на памет е дека некогаш ќе биде изведен пред судот во Хаг, но истото го мислеше и Милошевиќ. „Да го прашавте Милошевиќ во 1994 или 1995 година дали сака да му се суди, тој ќе ви се насмееше“, рече Голдстон. Милошевиќ не можеше да замисли дека „ќе има револуција, промена на власта и дека неговиот наследник ќе го качи во авион и ќе го испрати во Хаг“, рече тој.   Тој додаде дека не би сакал да биде „во кожата“ на Путин. „Никој не знае што ќе се случи во иднина, не би сакал да бидам „во чевлите“ на Путин и над мојата глава да ми виси налог од Меѓународниот кривичен суд“, рече тој.

The post Главниот хашки обвинител за Путин: И Милошевиќ мислеше дека нема да му се суди appeared first on Република.

]]>