Хасани Archives - Република https://republika.mk/tema/hasani/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 17:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хасани Archives - Република https://republika.mk/tema/hasani/ 32 32 Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски https://republika.mk/vesti/makedonija/hasani-nachalnikot-na-svr-tetovo-prodolzhuva-da-raboti-nezakonski/ Wed, 24 Apr 2024 17:58:17 +0000 https://republika.mk/?p=770342

Началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, изјави попладнево на прес-конференција, Башким Хасани, член на Централниот штаб на коалицијата Вреди.

- Иако според „Пржинскиот“ договор за формирање техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР-Тетово тоа не го почитува, го прекршува Законот за организација на избори и ја одбива секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес и да ја следи работата на овој сектор. Откако советникот на министерот со писмо од самиот министер, добил наредба да го надгледува изборниот процес, тој се појавил во штабот на СВР-Тетово, но, началникот Шефик Бајрами ја зел писмената наредба од министерот, ја сликал, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите оние полицајци, кои не се контролирани од ДУИ, да го напуштат штабот. Тогаш Шефик Бајрами се обратил на советникот на министерот со зборовите дека итно мора да го напушти седиштето, бидејќи не е посакуван да биде тука, појасни Хасани.

Тој го повика министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против Шефик Бајрами и Секторот за внатрешни работи во Тетово, но, како што рече, итно да постапи во Тетово и во Шестата изборна единица, врз основа на неговите законски овластувања како министер, но и врз основа на Законот за организација на изборите, за да има што подемократски и коректен процес.

- Доколку министерот не постапи, тогаш ќе се подразбира дека и тој е соучесник во овие постапки. Доколку ваквите однесувања на Шефик Бајрам и ДУИ продолжуваат и понатаму, тогаш ние ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука како ќе постапиме понатаму. Од друга страна, ги повикуваме сите амбасади во земјава и меѓународните организации, што се акредитирани за мониторинг на изборите, како ОБСЕ/ОДИХР, да се фокусираат во Тетово и во Шестата изборна единица и внимателно да го следат развојот на изборниот процес, подвлече Хасани.

The post Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски appeared first on Република.

]]>

Началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, изјави попладнево на прес-конференција, Башким Хасани, член на Централниот штаб на коалицијата Вреди. - Иако според „Пржинскиот“ договор за формирање техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР-Тетово тоа не го почитува, го прекршува Законот за организација на избори и ја одбива секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес и да ја следи работата на овој сектор. Откако советникот на министерот со писмо од самиот министер, добил наредба да го надгледува изборниот процес, тој се појавил во штабот на СВР-Тетово, но, началникот Шефик Бајрами ја зел писмената наредба од министерот, ја сликал, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите оние полицајци, кои не се контролирани од ДУИ, да го напуштат штабот. Тогаш Шефик Бајрами се обратил на советникот на министерот со зборовите дека итно мора да го напушти седиштето, бидејќи не е посакуван да биде тука, појасни Хасани. Тој го повика министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против Шефик Бајрами и Секторот за внатрешни работи во Тетово, но, како што рече, итно да постапи во Тетово и во Шестата изборна единица, врз основа на неговите законски овластувања како министер, но и врз основа на Законот за организација на изборите, за да има што подемократски и коректен процес. - Доколку министерот не постапи, тогаш ќе се подразбира дека и тој е соучесник во овие постапки. Доколку ваквите однесувања на Шефик Бајрам и ДУИ продолжуваат и понатаму, тогаш ние ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука како ќе постапиме понатаму. Од друга страна, ги повикуваме сите амбасади во земјава и меѓународните организации, што се акредитирани за мониторинг на изборите, како ОБСЕ/ОДИХР, да се фокусираат во Тетово и во Шестата изборна единица и внимателно да го следат развојот на изборниот процес, подвлече Хасани.

The post Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски appeared first on Република.

]]>