харвард Archives - Република https://republika.mk/tema/harvard/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 09:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png харвард Archives - Република https://republika.mk/tema/harvard/ 32 32 Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови https://republika.mk/zivot/zdravje/najgolem-broj-srtsevi-udari-se-sluchuvaat-vo-son-vo-utrinskite-chasovi/ Wed, 12 Jun 2024 19:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=786868

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.

Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен.

Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород.

Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).

Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан. Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен. Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород. Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope). Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>
„Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард https://republika.mk/vesti/svet/kampusot-stana-bastion-na-neskrotliviot-antisemitizam-evrejskite-studenti-go-tuzhat-harvard/ Sun, 14 Jan 2024 11:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=732848

Еврејски студенти го тужат Универзитетот Харвард затоа што, според нив, дозволил нивниот кампус да стане „бастион на неконтролираниот антисемитизам“.

Харвард е обвинет дека селективно спроведува антидискриминаторска политика за да избегне заштита на еврејските студенти од вознемирување, со игнорирање на нивните молби за заштита и ангажирање професори кои поддржуваат насилство врз Евреите и шират антисемитска пропаганда.

Врз основа на искуството од минатото, незамисливо е Харвард да дозволи која било друга група освен Евреите да биде цел на слична злоупотреба или дека ќе дозволи, без одговор, студентите и професорите да повикуваат на уништување на која било друга земја освен Израел, се наведува во тужбата, пренесува „Хина“.

Универзитетот е обвинет за кршење на федералниот Закон за граѓански права, кој забранува дискриминација.

Тужбата е поднесена осум дена откако претседателката на Харвард, Клодин Геј поднесе оставка. Таа беше цел на критики за нејзиниот одговор на антисемитизмот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и се соочи со обвинувања.

Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, академските институции ширум светот се соочуваат со спорови околу слободата на говорот и правото на протест. Други колеџи, вклучувајќи го и Беркли, се соочуваат со слични тужби.

Студентите велат дека Харвард не може да дозволи „еврејските напади“ да ескалираат поради наводната потреба да им се дозволи на луѓето слобода на изразување.

Тие изјавија дека пристрасноста на Харвард се протега и на приемните испити, поради што бројот на еврејски студенти наводно е намален за 60 проценти. Повеќе од 30 студентски групи на Харвард потпишаа петиција ден по нападот на 7 октомври, обвинувајќи го Израел.

The post „Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард appeared first on Република.

]]>

Еврејски студенти го тужат Универзитетот Харвард затоа што, според нив, дозволил нивниот кампус да стане „бастион на неконтролираниот антисемитизам“. Харвард е обвинет дека селективно спроведува антидискриминаторска политика за да избегне заштита на еврејските студенти од вознемирување, со игнорирање на нивните молби за заштита и ангажирање професори кои поддржуваат насилство врз Евреите и шират антисемитска пропаганда.
Врз основа на искуството од минатото, незамисливо е Харвард да дозволи која било друга група освен Евреите да биде цел на слична злоупотреба или дека ќе дозволи, без одговор, студентите и професорите да повикуваат на уништување на која било друга земја освен Израел, се наведува во тужбата, пренесува „Хина“.
Универзитетот е обвинет за кршење на федералниот Закон за граѓански права, кој забранува дискриминација. Тужбата е поднесена осум дена откако претседателката на Харвард, Клодин Геј поднесе оставка. Таа беше цел на критики за нејзиниот одговор на антисемитизмот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и се соочи со обвинувања. Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, академските институции ширум светот се соочуваат со спорови околу слободата на говорот и правото на протест. Други колеџи, вклучувајќи го и Беркли, се соочуваат со слични тужби. Студентите велат дека Харвард не може да дозволи „еврејските напади“ да ескалираат поради наводната потреба да им се дозволи на луѓето слобода на изразување. Тие изјавија дека пристрасноста на Харвард се протега и на приемните испити, поради што бројот на еврејски студенти наводно е намален за 60 проценти. Повеќе од 30 студентски групи на Харвард потпишаа петиција ден по нападот на 7 октомври, обвинувајќи го Израел.

The post „Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард appeared first on Република.

]]>
Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци https://republika.mk/vesti/svet/upravitelot-na-mrtovechnitsa-na-prestizhniot-harvard-obvinet-za-prodazhba-na-chovechki-ostanki/ Thu, 15 Jun 2023 09:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=651646

Седрик Лоџ управител на мртовечница на унивезитетот Харвард е обвинет дека наводно земал глави, мозоци, кожа и коски од трупови донирани на Медицинскиот факултет на универзитетот и ги продавал на интернет.

Според обвинението покренато од американското обвинителство на Пенсилванија педесет и пет годишниот Лоџ доби отказ на 6 мај, a заедно со неговата сопруга се обвинети за продавање органи од починати лица на црниот пазар во период од 2018 до 2022 година, пишува Би-Би-Си.

Студентите од Харвард вежбаат медицински процедури на донирани тела. После тоа, телата често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се вели во обвинението.

„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволуваше други луѓе да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.

Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле и Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лоун, Пенсилванија.

Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожа. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во трговијата складирала и продавала делови од човечко тело.

Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на управителот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.

The post Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци appeared first on Република.

]]>

Седрик Лоџ управител на мртовечница на унивезитетот Харвард е обвинет дека наводно земал глави, мозоци, кожа и коски од трупови донирани на Медицинскиот факултет на универзитетот и ги продавал на интернет. Според обвинението покренато од американското обвинителство на Пенсилванија педесет и пет годишниот Лоџ доби отказ на 6 мај, a заедно со неговата сопруга се обвинети за продавање органи од починати лица на црниот пазар во период од 2018 до 2022 година, пишува Би-Би-Си. Студентите од Харвард вежбаат медицински процедури на донирани тела. После тоа, телата често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се вели во обвинението.
„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволуваше други луѓе да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.
Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле и Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лоун, Пенсилванија. Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожа. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во трговијата складирала и продавала делови од човечко тело. Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на управителот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.

The post Управителот на мртовечницата на универзитетот „Харвард“ обвинет за продажба на човечки остатоци appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-hardvardovetsot-kovachevski-go-pokazha-na-otvorena-stsena-siot-svoj-prostotilak-i-shovinizam/ Mon, 27 Feb 2023 09:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=613656

Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам.

Не доликува еден премиер и било кој човек со недолични зборови да се обраќа на пратеничка, која е жена, мајка, сопруга. Токму тоа го направи Ковачевски кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, со крајно погрдни и недолични зборови.

Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие.

Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини!

Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед!

Јавно да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам appeared first on Република.

]]>

Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам. Не доликува еден премиер и било кој човек со недолични зборови да се обраќа на пратеничка, која е жена, мајка, сопруга. Токму тоа го направи Ковачевски кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, со крајно погрдни и недолични зборови. Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини! Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед! Јавно да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Хардвардовецот Ковачевски го покажа на отворена сцена сиот свој простотилак и шовинизам appeared first on Република.

]]>
Харвард ја препорачува оваа диета https://republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-dieta-ja-preporachuva-harvard/ Thu, 12 Jan 2023 18:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=596090

Истражувачи од Универзитетот Харвард посочуваат четири шеми на здрава исхрана коишто можат да помогнат во намалување на ризикот од прерана смрт до 20 отсто.

Новото истражување објавено во медицинското списание „JAMA“ ја испитува врската меѓу диетите и прераната смрт од оваа болест кај Американците. Д-р Френк Ху, професор и претседател на Одделот за исхрана на Харвард, изјави рече дека нивните наоди за здравствените ефекти од Упатствата за исхрана на САД се најопсежни досега.

Од клучно значење е да се испита поврзаноста меѓу моделите на исхрана препорачани од ДГА (американското Здружение за здравствено и пензиско осигурување, б.п.) и долгорочните здравствени резултати, особено смртноста, вели Ху.

Тимот на Ху анализирал четири здрави начини на исхрана – од коишто сите вклучуваат и нагласуваат цели зрна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки…

Испитувањата ги следеле 75.000 жени и 44.000 мажи испитаници. Тие биле оценети според тоа колку внимателно го следат секој утврден начин на исхрана, со помош на прашалник што се спроведувал на секои четири години. Никој не бил дијагностициран со кардиоваскуларни болести во времето кога ја започнале студијата, а малкумина биле пушачи.

Учесниците кои ја промениле исхраната за да ја направат 25 отсто поздрава – интегрирајќи само еден од плановите за здрава исхрана, потенцијално би можеле да ја намалат опасноста од смрт од рак за 7 – 18 насто, од кардиоваскуларни болести за 6 – 13 насто, од заболувања на дишните патишта за 35 – 46 отсто и од невродегенеративните болести за седум насто.

Тоа значи дека имаме голема флексибилност во однос на создавањето наши сопствени начини на здрава исхрана што може да се прилагодат на личните вкусови за храна, здравствени услови и култури, појасни Ху.

Медитеранската диета -  прогласена за најдобра диета во 2023 година од страна на „Ју-ес њуз енд ворлд репорт“ (US News & World Report) шеста година по ред, ја нагласува важноста на квалитетни извори и „полноста на вашата чинија“ со интегрална храна и житарки со хранливи материи. Нагласката тука е кај свежо произведени посни протеини, како што се риба и пилешко, и, се разбира, маслиново масло богато со антиоксиданси.

Здравата растителна исхрана – е слична на медитеранската, со тоа што се сосредоточува на растителната основа, а и ги отстранува животинските производи, вклучително и сирењето. За истражувачите на Харвард, исто така, позитивно е и помалото консумирање алкохол, како и „понездравата“ храна на растителна основа, како што е пржениот зеленчук.

Диететски упатства за Американците – метрика создадена од министерствата за здравство и за земјоделство во САД, заради мерење на квалитетот на исхраната. Овој систем препорачува повеќе растителна храна, помалку масни животински протеини и млечни производи, како и уште помалку црвено и преработено месо, шеќер, нездрави масти и алкохол.

Индекс на алтернативна здрава исхрана – тој е развиен од истражувачите од Харвард за ова истражување. Ги вклучува речиси истите намирници и хранливи материи поврзани со низок ризик од хронични болести

The post Харвард ја препорачува оваа диета appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од Универзитетот Харвард посочуваат четири шеми на здрава исхрана коишто можат да помогнат во намалување на ризикот од прерана смрт до 20 отсто. Новото истражување објавено во медицинското списание „JAMA“ ја испитува врската меѓу диетите и прераната смрт од оваа болест кај Американците. Д-р Френк Ху, професор и претседател на Одделот за исхрана на Харвард, изјави рече дека нивните наоди за здравствените ефекти од Упатствата за исхрана на САД се најопсежни досега.
Од клучно значење е да се испита поврзаноста меѓу моделите на исхрана препорачани од ДГА (американското Здружение за здравствено и пензиско осигурување, б.п.) и долгорочните здравствени резултати, особено смртноста, вели Ху.
Тимот на Ху анализирал четири здрави начини на исхрана – од коишто сите вклучуваат и нагласуваат цели зрна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки… Испитувањата ги следеле 75.000 жени и 44.000 мажи испитаници. Тие биле оценети според тоа колку внимателно го следат секој утврден начин на исхрана, со помош на прашалник што се спроведувал на секои четири години. Никој не бил дијагностициран со кардиоваскуларни болести во времето кога ја започнале студијата, а малкумина биле пушачи. Учесниците кои ја промениле исхраната за да ја направат 25 отсто поздрава – интегрирајќи само еден од плановите за здрава исхрана, потенцијално би можеле да ја намалат опасноста од смрт од рак за 7 – 18 насто, од кардиоваскуларни болести за 6 – 13 насто, од заболувања на дишните патишта за 35 – 46 отсто и од невродегенеративните болести за седум насто.
Тоа значи дека имаме голема флексибилност во однос на создавањето наши сопствени начини на здрава исхрана што може да се прилагодат на личните вкусови за храна, здравствени услови и култури, појасни Ху.
Медитеранската диета -  прогласена за најдобра диета во 2023 година од страна на „Ју-ес њуз енд ворлд репорт“ (US News & World Report) шеста година по ред, ја нагласува важноста на квалитетни извори и „полноста на вашата чинија“ со интегрална храна и житарки со хранливи материи. Нагласката тука е кај свежо произведени посни протеини, како што се риба и пилешко, и, се разбира, маслиново масло богато со антиоксиданси. Здравата растителна исхрана – е слична на медитеранската, со тоа што се сосредоточува на растителната основа, а и ги отстранува животинските производи, вклучително и сирењето. За истражувачите на Харвард, исто така, позитивно е и помалото консумирање алкохол, како и „понездравата“ храна на растителна основа, како што е пржениот зеленчук. Диететски упатства за Американците – метрика создадена од министерствата за здравство и за земјоделство во САД, заради мерење на квалитетот на исхраната. Овој систем препорачува повеќе растителна храна, помалку масни животински протеини и млечни производи, како и уште помалку црвено и преработено месо, шеќер, нездрави масти и алкохол. Индекс на алтернативна здрава исхрана – тој е развиен од истражувачите од Харвард за ова истражување. Ги вклучува речиси истите намирници и хранливи материи поврзани со низок ризик од хронични болести

The post Харвард ја препорачува оваа диета appeared first on Република.

]]>
Бугрски пратеник се појави со маичка „харвардско право“ алудирајќи на премиерот Петков https://republika.mk/vesti/balkan/bugrski-pratenik-se-pojavi-so-maichka-harvardsko-pravo-aludirajkji-na-premierot-petkov/ Thu, 28 Jul 2022 09:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=534166

Бугарскиот пратеник од „Има таков народ“ Тошко Јорданов доби опомена за облеката што ја носеше на говорницата во пленарната сала на Народното собрание. Претседателот на пратеничката група на партијата излезе со маица со натпис „Хардварско право“

Пред тоа Јорданов носел јакна, но ја соблекол кога се качил на трибината.

„Сакам да ве потсетам дека сме во Народното собрание. Вашата облека не одговара на висината на оваа говорница“, реагираше претседателот на Собранието, Мирослав Иванов.

Тошков со ова алудираше на премиерот во заминување Петков кој има завршено токму на овој престижен универзитет.

The post Бугрски пратеник се појави со маичка „харвардско право“ алудирајќи на премиерот Петков appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот пратеник од „Има таков народ“ Тошко Јорданов доби опомена за облеката што ја носеше на говорницата во пленарната сала на Народното собрание. Претседателот на пратеничката група на партијата излезе со маица со натпис „Хардварско право“ Пред тоа Јорданов носел јакна, но ја соблекол кога се качил на трибината.
„Сакам да ве потсетам дека сме во Народното собрание. Вашата облека не одговара на висината на оваа говорница“, реагираше претседателот на Собранието, Мирослав Иванов.
Тошков со ова алудираше на премиерот во заминување Петков кој има завршено токму на овој престижен универзитет.

The post Бугрски пратеник се појави со маичка „харвардско право“ алудирајќи на премиерот Петков appeared first on Република.

]]>
Универзитетот Харвард во 1980 година објави мапа за тоа каде се зборува македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/univerzitetot-harvard-vo-1980-godina-objavi-mapa-za-toa-kade-se-zboruva-makedonski-jazik/ Wed, 20 Jul 2022 07:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=531291

Еден од најпрестижните универзитети во светот, Универзитетот Харвард, во 1980 година во својата Енциклопедија за потеклото на етничките групи коишто живеат во САД, објави карта на Македонија во која ги означува областите каде што се зборува македонскиот јазик.

 

The post Универзитетот Харвард во 1980 година објави мапа за тоа каде се зборува македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Еден од најпрестижните универзитети во светот, Универзитетот Харвард, во 1980 година во својата Енциклопедија за потеклото на етничките групи коишто живеат во САД, објави карта на Македонија во која ги означува областите каде што се зборува македонскиот јазик.  

The post Универзитетот Харвард во 1980 година објави мапа за тоа каде се зборува македонски јазик appeared first on Република.

]]>