Ханс Archives - Република https://republika.mk/tema/hans/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 07:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ханс Archives - Република https://republika.mk/tema/hans/ 32 32 Бурата „ Ханс“ предизвикува сериозни штети во северна Европа https://republika.mk/vesti/svet/burata-hans-predizvikuva-seriozni-shteti-vo-severna-evropa/ Wed, 09 Aug 2023 07:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=670186

Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее низ северна Европа.

Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија предупреди на „екстремно обилни врнежи“ на југот на земјата и ги повика луѓето да избегнуваат „непотребни патувања“.

„Ова е многу сериозна ситуација која може да доведе до тешки последици. Се очекуваат големи поплави кои ќе предизвикаат штета на зградите и инфраструктурата“, наведува службата на својата веб-страница.

Поплавите и одроните затворија десетици патишта во јужна Норвешка и соседна Шведска. Норвешката полиција соопшти дека најмалку 119 лица биле евакуирани вчера до пладне.

Данскиот метеоролошки институт извести за бранови високи до осум метри. Во понеделникот, во Литванија загина жена откако врз неа падна дрво. Во соседна Летонија веќе има две жртви на вакви инциденти. Во Естонија речиси 10.000 луѓе останаа без струја.

The post Бурата „ Ханс“ предизвикува сериозни штети во северна Европа appeared first on Република.

]]>

Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее низ северна Европа. Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија предупреди на „екстремно обилни врнежи“ на југот на земјата и ги повика луѓето да избегнуваат „непотребни патувања“. „Ова е многу сериозна ситуација која може да доведе до тешки последици. Се очекуваат големи поплави кои ќе предизвикаат штета на зградите и инфраструктурата“, наведува службата на својата веб-страница. Поплавите и одроните затворија десетици патишта во јужна Норвешка и соседна Шведска. Норвешката полиција соопшти дека најмалку 119 лица биле евакуирани вчера до пладне. Данскиот метеоролошки институт извести за бранови високи до осум метри. Во понеделникот, во Литванија загина жена откако врз неа падна дрво. Во соседна Летонија веќе има две жртви на вакви инциденти. Во Естонија речиси 10.000 луѓе останаа без струја.

The post Бурата „ Ханс“ предизвикува сериозни штети во северна Европа appeared first on Република.

]]>