Халл банка Archives - Република https://republika.mk/tema/hall-banka/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 17:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Халл банка Archives - Република https://republika.mk/tema/hall-banka/ 32 32 Преку проектот трајни културни вредности на ХАЛКБАНК, културното наследство и традицијата продолжуваат да живеат во иднината https://republika.mk/zivot/patuvanja/preku-proektot-trajni-kulturni-vrednosti-na-halkbank-kulturnoto-nasledstvo-i-traditsijata-prodolzhuvaat-da-zhiveat-vo-idninata/ Tue, 19 Dec 2023 17:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=724650

Изминатата недела во Археолошки музеј на Република Македонија се одржа несекојдневно уметничко доживување во организација на Халкбанк АД Скопје, инспирано од проектот Трајни културни вредности.

Проектот беше започнат во  2022  година преку создадени дела инспирани од мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-teshkoto-i-golemata-majka-do-dijatretata-i-arabeskata-halkbank-n-nosi-na-patuvane-dlaboko-vo-nashata-sushtina/

Една од главните инспирации беа и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски.

Оваа година бренд приказната е инспирирана од „Мариовска невеста“, „Дијатретата“ исламски орнаменти, детали од шара на килим, пафта, везови и уште многу други елементи кои се помалку познати за широката јавност.

„Длабоко почитувајќи го минатото, го започнавме проектот Трајни културни вредности кој што ја отсликува нашата силна преданост кон уметничката експресија, обединувајќи ги истражувачките и креативни процеси за да ги претвориме во нови уметнички дела. Нашата одговорност за афирмација на вистинските културни вредности ја вткаивме во нашата визуелна бренд стратегија“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации од Халкбанк.

Во проектот беа вклучени над 10 реномирани автори кои изминативе две години истражуваа и инспирирани од нашата историја, создаваа дела инкорпорирани во една современа и нова визуелна комуникација.

„За мене беше навистина интересно искуство да се учествува на овој проект. Конкретно одбрав две женски фигурини, од периодот на енеолитот, пронајдени во струшкиот регион, кои ги искористив како главен мотив во делата изработени во графичката техника линорез. Тоа што прво ми го привлече вниманието е вештината со која што се изработени фигурините. Понатаму, истражувањето околу намената на овие фигурини и симболичното значење кое го имале во заедницата беше навистина инспиративен процес за мене.

Сметам дека во иднина треба да се организираат слични проекти преку кои пошироката јавност ќе се запознае подобро со културното наследство на оваа земја за да може повеќе да го цени и почитува”, изјави Ана Спасова, ликовен уметник, дел од уметниците вклучени во проектот Трајни културни вредности.

Настанот кој беше заокружување на проектот, претставуваше трансформативно мултимедијално доживување, кое понуди ексклузивна можност на гостите да се запознаат со трајните културни вредности, а присутните имаа привилегија исто така да уживаат во молекуларна гастрономија, што го збогати доживувањето на овој уметнички спектакл и прекрасните етно звуци на Добрила и Доријан дуо.

Халкбанк, како општествено одговорна компанија, преку својот проект Трајни културни вредности, поттикнува одговорен однос кон наследството, особено ставајќи акцент на вистинските вредности и нивна афирмација.

Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички трајни културни вредности!

 

The post Преку проектот трајни културни вредности на ХАЛКБАНК, културното наследство и традицијата продолжуваат да живеат во иднината appeared first on Република.

]]>

Изминатата недела во Археолошки музеј на Република Македонија се одржа несекојдневно уметничко доживување во организација на Халкбанк АД Скопје, инспирано од проектот Трајни културни вредности. Проектот беше започнат во  2022  година преку создадени дела инспирани од мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-teshkoto-i-golemata-majka-do-dijatretata-i-arabeskata-halkbank-n-nosi-na-patuvane-dlaboko-vo-nashata-sushtina/ Една од главните инспирации беа и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски. Оваа година бренд приказната е инспирирана од „Мариовска невеста“, „Дијатретата“ исламски орнаменти, детали од шара на килим, пафта, везови и уште многу други елементи кои се помалку познати за широката јавност. „Длабоко почитувајќи го минатото, го започнавме проектот Трајни културни вредности кој што ја отсликува нашата силна преданост кон уметничката експресија, обединувајќи ги истражувачките и креативни процеси за да ги претвориме во нови уметнички дела. Нашата одговорност за афирмација на вистинските културни вредности ја вткаивме во нашата визуелна бренд стратегија“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации од Халкбанк. Во проектот беа вклучени над 10 реномирани автори кои изминативе две години истражуваа и инспирирани од нашата историја, создаваа дела инкорпорирани во една современа и нова визуелна комуникација.
„За мене беше навистина интересно искуство да се учествува на овој проект. Конкретно одбрав две женски фигурини, од периодот на енеолитот, пронајдени во струшкиот регион, кои ги искористив како главен мотив во делата изработени во графичката техника линорез. Тоа што прво ми го привлече вниманието е вештината со која што се изработени фигурините. Понатаму, истражувањето околу намената на овие фигурини и симболичното значење кое го имале во заедницата беше навистина инспиративен процес за мене.
Сметам дека во иднина треба да се организираат слични проекти преку кои пошироката јавност ќе се запознае подобро со културното наследство на оваа земја за да може повеќе да го цени и почитува”, изјави Ана Спасова, ликовен уметник, дел од уметниците вклучени во проектот Трајни културни вредности. Настанот кој беше заокружување на проектот, претставуваше трансформативно мултимедијално доживување, кое понуди ексклузивна можност на гостите да се запознаат со трајните културни вредности, а присутните имаа привилегија исто така да уживаат во молекуларна гастрономија, што го збогати доживувањето на овој уметнички спектакл и прекрасните етно звуци на Добрила и Доријан дуо. Халкбанк, како општествено одговорна компанија, преку својот проект Трајни културни вредности, поттикнува одговорен однос кон наследството, особено ставајќи акцент на вистинските вредности и нивна афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички трајни културни вредности!  

The post Преку проектот трајни културни вредности на ХАЛКБАНК, културното наследство и традицијата продолжуваат да живеат во иднината appeared first on Република.

]]>