хајка Archives - Република https://republika.mk/tema/hajka/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 15:38:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хајка Archives - Република https://republika.mk/tema/hajka/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vladata-na-sdsm-prodolzuva-so-hajkata-protiv-opshtinite-poradi-nivnite-hirovi-gragjanite-mozat-da-ostanat-bez-ulichno-osvetluvanje/ Thu, 03 Nov 2022 15:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=569281

Во време на голема светска економска и енергетска криза, Владата на СДСМ продолжува со реваншистички политики и одлуки кон локалната самоуправа. Изминативе месеци македонската јавност е сведок на целосното отсуство на слух за барањата на општините и јавните општински комунални претпријатија, кои се соочуваат со големи тешкотии во функционирањето, пред се како резултат на енормното покачување на цените на електричната енергија и горивото, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Залудни беа апелите на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кои со месеци алармираат дека струјата која ја плаќаат јавните претпријатија и општините е зголемена од 5 до 10 пати во однос од пред неколку години, со што ги има доведено истите на работ на банкрот.

До овој момент Владата на СДСМ одби да даде било каква финансиска помош за надминување на проблемите со кои се соочуваат овие претпријатија, исто како и помошта која по медиумите декларира дека ја дава на граѓаните и стопанството, а каде сето тоа е само на хартија и без никакви суштинска помош.

Во недостаток на суштински мерки и вистинска помош, деновиве Владата на СДСМ нанесе нов удар за локалната самоуправа, а тоа е одлуката со која се забранува на општините и Градот Скопје да основаат јавни претпријатија, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.

Ова беше еден од механизмите со кои на општините им се дава за поефикасно менаџирање на средствата на граѓаните, бидејќи истите се со мал број вработени и мал приход, а со тоа како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде што може да се набави електрична енергија за пониска цена. Со оваа одлука и забраната за формирање за вакви претпријатија, Градот Скопје и повеќето општини, кои се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени, како такви се принудени струјата да ја набавуваат на слободниот пазар, каде во моментов имаме екстремно високи берзански цени.

Со оваа одлука на Владата, која е спротивна на Законот за енергетика, Законот за локална самоуправа и Законот за јавните претпријатија, општините се ставаат во крајно неповолна положба и во недостаток на вистинска помош Владата се обидува да ги саботира активностите на општините за успешно менаџирање во време на криза.

Навистина е жално што СДСМ имаат загубено целосен интерес за барањата, потребите и укажувањата на општините и јавните општински претпријатија, кои со месеци бараа средби и решенија за нормално функционирање во време на претстојната зима. Она што е пожално е промената на односот на СДСМ кон општините, особено по локалните избори, каде недвосмислената финансиска поддршка и расфрлањето со државни пари и бришења на долгови се сменија со блокади, забрани и целосно игнорирање.

Поради овие состојби за кои се виновни СДСМ и никој друг, во време која Владата е целосно делигитимирана, потребно е истата да си замине час поскоро!

Предвремени избори мора да има час поскоро!, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување appeared first on Република.

]]>

Во време на голема светска економска и енергетска криза, Владата на СДСМ продолжува со реваншистички политики и одлуки кон локалната самоуправа. Изминативе месеци македонската јавност е сведок на целосното отсуство на слух за барањата на општините и јавните општински комунални претпријатија, кои се соочуваат со големи тешкотии во функционирањето, пред се како резултат на енормното покачување на цените на електричната енергија и горивото, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. -Залудни беа апелите на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ), кои со месеци алармираат дека струјата која ја плаќаат јавните претпријатија и општините е зголемена од 5 до 10 пати во однос од пред неколку години, со што ги има доведено истите на работ на банкрот. До овој момент Владата на СДСМ одби да даде било каква финансиска помош за надминување на проблемите со кои се соочуваат овие претпријатија, исто како и помошта која по медиумите декларира дека ја дава на граѓаните и стопанството, а каде сето тоа е само на хартија и без никакви суштинска помош. Во недостаток на суштински мерки и вистинска помош, деновиве Владата на СДСМ нанесе нов удар за локалната самоуправа, а тоа е одлуката со која се забранува на општините и Градот Скопје да основаат јавни претпријатија, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување. Ова беше еден од механизмите со кои на општините им се дава за поефикасно менаџирање на средствата на граѓаните, бидејќи истите се со мал број вработени и мал приход, а со тоа како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде што може да се набави електрична енергија за пониска цена. Со оваа одлука и забраната за формирање за вакви претпријатија, Градот Скопје и повеќето општини, кои се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени, како такви се принудени струјата да ја набавуваат на слободниот пазар, каде во моментов имаме екстремно високи берзански цени. Со оваа одлука на Владата, која е спротивна на Законот за енергетика, Законот за локална самоуправа и Законот за јавните претпријатија, општините се ставаат во крајно неповолна положба и во недостаток на вистинска помош Владата се обидува да ги саботира активностите на општините за успешно менаџирање во време на криза. Навистина е жално што СДСМ имаат загубено целосен интерес за барањата, потребите и укажувањата на општините и јавните општински претпријатија, кои со месеци бараа средби и решенија за нормално функционирање во време на претстојната зима. Она што е пожално е промената на односот на СДСМ кон општините, особено по локалните избори, каде недвосмислената финансиска поддршка и расфрлањето со државни пари и бришења на долгови се сменија со блокади, забрани и целосно игнорирање. Поради овие состојби за кои се виновни СДСМ и никој друг, во време која Владата е целосно делигитимирана, потребно е истата да си замине час поскоро! Предвремени избори мора да има час поскоро!, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ продолжува со хајката против општините, поради нивните хирови граѓаните можат да останат без улично осветлување appeared first on Република.

]]>
Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ https://republika.mk/vesti/kultura/poinakvo-muzichko-patuvanje-vikendov-so-zvukot-na-skopje/ Mon, 12 Sep 2022 07:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=549882

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење.

Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба.

Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“.

На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена.

Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.

Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело.

Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци.

„Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи.

Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење. Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба. Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“. На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот. Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело. Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци. „Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>