Хајди Archives - Република https://republika.mk/tema/hajdi/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 11:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Хајди Archives - Република https://republika.mk/tema/hajdi/ 32 32 Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-ansamblot-za-narodni-pesni-i-ora-ortse-nikolov-na-skopsko-leto/ Mon, 01 Jul 2024 11:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=792382

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, на 1 јули 2024 година, со почеток во 20,30 часот, на колонадата пред Национална опера и балет ќе се одржи концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ под наслов „Фолклорни вибрации“.

Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов”, е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје, Македонија е формиран 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката , инструментите и носиите на Македонија и пошироко.

Во изминатите години Ансамблот„Орце Николов“ постигна забележителни резултати и успеси на полето на фолклорното творештво, за што говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и признанија, а гостувајќи на голем број фестивали во светот се здоби со високо реноме и светска афирмација.

Во Ансамблот „Орце Николов” минале повеќе од 15 000 членови кои приредиле околу 6700 концерти во земјата и ширум светот.

Вечерва, со почеток во 19 часот во Театарот за деца и младинци, ќе се одигра детската претстава „Хајди“, работена според романот од писателката Јохана Шпири. Режисерка е Драгана Гунин, а драматизацијата е на Драгана Лукан Николоски. Претставата е наменета за возраст од 6+ години.

Со почеток во 20,30 часот, на Ѕвездено небо пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на хорски солисти на Националната опера и балет.  Ќе учествуваат: Денис Димовски,  Билјана Бајевска, Катерина Весковска,  Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска, Надежда Рубен во пијано придружба на Елена Сиљаноска.

Ако временските услови се проследени со врнежи од дожд, невреме и слично, концертот ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет.

Влезот е слободен.

 

 

The post Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, на 1 јули 2024 година, со почеток во 20,30 часот, на колонадата пред Национална опера и балет ќе се одржи концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ под наслов „Фолклорни вибрации“. Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов”, е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје, Македонија е формиран 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката , инструментите и носиите на Македонија и пошироко. Во изминатите години Ансамблот„Орце Николов“ постигна забележителни резултати и успеси на полето на фолклорното творештво, за што говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и признанија, а гостувајќи на голем број фестивали во светот се здоби со високо реноме и светска афирмација. Во Ансамблот „Орце Николов” минале повеќе од 15 000 членови кои приредиле околу 6700 концерти во земјата и ширум светот. Вечерва, со почеток во 19 часот во Театарот за деца и младинци, ќе се одигра детската претстава „Хајди“, работена според романот од писателката Јохана Шпири. Режисерка е Драгана Гунин, а драматизацијата е на Драгана Лукан Николоски. Претставата е наменета за возраст од 6+ години. Со почеток во 20,30 часот, на Ѕвездено небо пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на хорски солисти на Националната опера и балет.  Ќе учествуваат: Денис Димовски,  Билјана Бајевска, Катерина Весковска,  Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска, Надежда Рубен во пијано придружба на Елена Сиљаноска. Ако временските услови се проследени со врнежи од дожд, невреме и слично, концертот ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет. Влезот е слободен.    

The post Концерт на Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
„Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/hajdi-prikaznata-za-iskrenoto-i-chisto-prijatelstvo-utre-premierno-ke-se-prikazhe-vo-teatarot-za-detsa-i-mladintsi/ Wed, 05 Jun 2024 11:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=784943

Претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири, едно од класичните дела на детската литература утре, на 6 јуни, во 19 часот ќе биде премиерно прикажана во Театарот за деца и младини - Скопје.

Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан Николоски.

Направивме ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор, велат од Театарот за деца и младинци.

Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа.

И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството. Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош, велат од тимот кој работеше на претставата.

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ Бошков и Изабела Новотни.

Музиката е на  Ади Имери, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценографијата на Кирил Василев.

„Хајди“ е претстава наменета за возраст над шест години.

The post „Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири, едно од класичните дела на детската литература утре, на 6 јуни, во 19 часот ќе биде премиерно прикажана во Театарот за деца и младини - Скопје. Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан Николоски.
Направивме ново читање, се обидовме да го ослободиме ова дело од сите нишки кои на денешните деца може да им бидат далечни и да ја прикажеме сликата за искреното и чисто пријателство, вгнездено во чистата природа, моќно да направи чуда за кои луѓето немаат одговор, велат од Театарот за деца и младинци.
Хајди претставува приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која ни ја дава таа.
И покрај тоа што станува збор за приказна која се случува во едно друго време, Хајди ни зборува за основните, примордијални чувства и потреби на децата, а со тоа и на сите луѓе. Потребата да се припаѓа и да се биде дел од природата, тој огромен организам во кој сите ние совршено се вклопуваме во моментот кога ќе се соголиме од она што ни го наметнува општеството. Хајди е приказна која не посетува на тоа дека природата, пријателството и надежта, можат да ја излекуваат душата и телото, да ни помогнат дури и тогаш кога не сме свесни дека ни е потребна помош, велат од тимот кој работеше на претставата.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Наташа Петровиќ, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ Бошков и Изабела Новотни. Музиката е на  Ади Имери, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценографијата на Кирил Василев. „Хајди“ е претстава наменета за возраст над шест години.

The post „Хајди“ – приказната за искреното и чисто пријателство утре премиерно ќе се прикаже во Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>