хајделберг Archives - Република https://republika.mk/tema/hajdelberg/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jan 2022 20:27:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хајделберг Archives - Република https://republika.mk/tema/hajdelberg/ 32 32 Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија https://republika.mk/vesti/svet/eden-zaginat-i-trojca-povredeni-pri-vooruzen-napad-na-univerzitetot-vo-hajdelberg-vo-germanija/ Mon, 24 Jan 2022 20:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=448925

Атентатор упаднал во амфитеатар на Универзитетот во Хајделберг во Германија, убивајќи една млада жена и повредувајќи уште три лица, пред и самиот да си пресуди. Засега не се утврдени политички или верски мотиви.

Напаѓачот влегол во универзитетскиот амфитеатар и почнал да пука без контрола - соопшти полицијата во јужногерманскиот град.

Досега кај напаѓачот не се утврдени верски или политички мотиви.

Сите четири жртви биле „сериозно повредени“, соопшти полицијата, а една од жртвите подоцна им подлегнала на повредите во болница.

Канцеларот Олаф Шолц изјави дека е шокиран од нападот и порача дека е во мислите со жртвите и нивните семејства.

Полицијата смета дека атентаторот бил сам и поседувал пушка со која најверојатно се застрелал откако го извршил нападот.

Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а студентите и граѓаните добија совет да не пристапуваат до таа област.

Хајделберг е центар на најстариот универзитет во Германија кој датира од 1386 година и се смета за еден од најпрестижните во Европа.

Германија беше сцена на бројни слични напади во изминатите години, повеќето извршени од џихадисти или радикални десничари. Нападите во училишта се релативно ретки во земјата, а последниот се случи во 2009 година кога поранешен ученик смртно застрела деветмина ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи во Виненден, исто така во покраината Баден Виртемберг каде што се наоѓа и Хајделберг.

The post Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија appeared first on Република.

]]>

Атентатор упаднал во амфитеатар на Универзитетот во Хајделберг во Германија, убивајќи една млада жена и повредувајќи уште три лица, пред и самиот да си пресуди. Засега не се утврдени политички или верски мотиви.
Напаѓачот влегол во универзитетскиот амфитеатар и почнал да пука без контрола - соопшти полицијата во јужногерманскиот град.
Досега кај напаѓачот не се утврдени верски или политички мотиви. Сите четири жртви биле „сериозно повредени“, соопшти полицијата, а една од жртвите подоцна им подлегнала на повредите во болница. Канцеларот Олаф Шолц изјави дека е шокиран од нападот и порача дека е во мислите со жртвите и нивните семејства. Полицијата смета дека атентаторот бил сам и поседувал пушка со која најверојатно се застрелал откако го извршил нападот. Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а студентите и граѓаните добија совет да не пристапуваат до таа област. Хајделберг е центар на најстариот универзитет во Германија кој датира од 1386 година и се смета за еден од најпрестижните во Европа. Германија беше сцена на бројни слични напади во изминатите години, повеќето извршени од џихадисти или радикални десничари. Нападите во училишта се релативно ретки во земјата, а последниот се случи во 2009 година кога поранешен ученик смртно застрела деветмина ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи во Виненден, исто така во покраината Баден Виртемберг каде што се наоѓа и Хајделберг.

The post Еден загинат и тројца повредени при вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг во Германија appeared first on Република.

]]>