хациенда Archives - Република https://republika.mk/tema/hacienda/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 20:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png хациенда Archives - Република https://republika.mk/tema/hacienda/ 32 32 ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-ispituva-za-hatsiendata-na-petrovska-imame-obvrska-da-otvorime-aktuelni-predmeti-po-dopren-glas-veli-tatjana-dimitrovska/ Wed, 17 Jul 2024 20:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=797834

Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена во кој треба да ја исполнат оваа законска обврска, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.

– Морам да кажам дека ваквиот голем број, односно ваквиот интерес и почитување на законската обврска функционерите да го пријавуваат својот имот се должи на нашата проактивна улога, бидејќи во многу наврати со соопштение испратено до медиумите и објавено на нашата веб страница поттикнавме и укажавме на законската обврска, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.

Во однос на овие шест пратеници кои не го испочитувале законскиот рок, таа наведе дека е отпочната постапка за поведување на прекршочна постапка.

– Јас можам да прочитам некои имиња кои воопшто немаат поднесено, меѓутоа во тек е испитување, голем број од овие функционери и немаа информација дека треба да достават електронски, доставуваа во хартиена форма… Според моите податоци со кои располагам нема никаков поднесок Петар Ристевски, Миле Цеков, Федите Хаџиу има уште рок, и Ељми Азили, ова се пратениците од новиот состав кои се уште немаат поднесено ниту во хартиена форма, ниту се пријавени во електронскиот систем, рече Димитровска.

Прашана околу случајот со поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, за која ВМРО-ДПМНЕ има поднесено претставка дека поседува хациенда и постојано одржува прес-конференции, а за што Петровска веќе имаше судски спор што таа го доби и докажа дека таа хациенда не била на нејзино име, дали повторно сега ДКСК ќе работи на таа претставка, Димитровска одговори потврдно.

– Во делот на испитување на имотната состојба којшто сите избрани и именувани лица имаат обврска електронски да се пријават на системот на ДКСК согласно таквите податоци имаме обврска и донесен е годишен план за проверка на имотна состојба. Во тој годишен план е утврдено дека ќе се  испитува имотот на следните категории на функционери: четири судии и обвинители, три функционери од областа на здравството, четири градоначалници и членови на совет, три директори на јавни претпријатија и акционерски друштва. Покрај оваа бројка, ова е мал број на испитувања на имот, секако дека предмет на испитувања ќе бидат и ваквите актуелни предмети кои имаме обврска да ги отвориме и по допрен глас, односно по сопствена иницијатива и на друг начин обезбедени податоци, подвлече Димитровска.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси избраните и именуваните лица (член 82 и член 85) имаат обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба на интересите во електронска форма, во рок од 30 дена од изборот/именувањето, односно промената во имотната состојба и интересите. Печатена копија од изјавата се доставува до писарницата на ДКСК.  Изјавата за имотна состојба и интереси се пополнува и доставува и преку електронскиот систем за имотна состојба.

The post ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска appeared first on Република.

]]>

Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена во кој треба да ја исполнат оваа законска обврска, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.
– Морам да кажам дека ваквиот голем број, односно ваквиот интерес и почитување на законската обврска функционерите да го пријавуваат својот имот се должи на нашата проактивна улога, бидејќи во многу наврати со соопштение испратено до медиумите и објавено на нашата веб страница поттикнавме и укажавме на законската обврска, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.
Во однос на овие шест пратеници кои не го испочитувале законскиот рок, таа наведе дека е отпочната постапка за поведување на прекршочна постапка. – Јас можам да прочитам некои имиња кои воопшто немаат поднесено, меѓутоа во тек е испитување, голем број од овие функционери и немаа информација дека треба да достават електронски, доставуваа во хартиена форма… Според моите податоци со кои располагам нема никаков поднесок Петар Ристевски, Миле Цеков, Федите Хаџиу има уште рок, и Ељми Азили, ова се пратениците од новиот состав кои се уште немаат поднесено ниту во хартиена форма, ниту се пријавени во електронскиот систем, рече Димитровска.
Прашана околу случајот со поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, за која ВМРО-ДПМНЕ има поднесено претставка дека поседува хациенда и постојано одржува прес-конференции, а за што Петровска веќе имаше судски спор што таа го доби и докажа дека таа хациенда не била на нејзино име, дали повторно сега ДКСК ќе работи на таа претставка, Димитровска одговори потврдно. – Во делот на испитување на имотната состојба којшто сите избрани и именувани лица имаат обврска електронски да се пријават на системот на ДКСК согласно таквите податоци имаме обврска и донесен е годишен план за проверка на имотна состојба. Во тој годишен план е утврдено дека ќе се  испитува имотот на следните категории на функционери: четири судии и обвинители, три функционери од областа на здравството, четири градоначалници и членови на совет, три директори на јавни претпријатија и акционерски друштва. Покрај оваа бројка, ова е мал број на испитувања на имот, секако дека предмет на испитувања ќе бидат и ваквите актуелни предмети кои имаме обврска да ги отвориме и по допрен глас, односно по сопствена иницијатива и на друг начин обезбедени податоци, подвлече Димитровска. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси избраните и именуваните лица (член 82 и член 85) имаат обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба на интересите во електронска форма, во рок од 30 дена од изборот/именувањето, односно промената во имотната состојба и интересите. Печатена копија од изјавата се доставува до писарницата на ДКСК.  Изјавата за имотна состојба и интереси се пополнува и доставува и преку електронскиот систем за имотна состојба.

The post ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска appeared first on Република.

]]>
ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-da-otvori-sluchaj-za-hatsiendata-na-slavjanka-petrovska-vo-radishani/ Tue, 16 Jul 2024 12:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=797372

ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи, побара на денешната прес-конференција пратеникот Тони Јаревски.

Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи. Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот. Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена? ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка. Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува. Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети. Одговорност мора да има, порача тој.

https://youtu.be/D819uXelP24?si=0lvixTyC46qqN0SF

The post ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани appeared first on Република.

Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/afera-barselonagejt-ova-e-hatsiendata-za-lubovnitsata-na-borisov-za-koja-e-faten-deka-platil-2-9-milioni-evra/ Fri, 09 Jun 2023 16:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=649717

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер.

Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.

Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер. Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.
Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .
Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму. Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ја имам сметката за струја која докажува дека хациендата се води на таткото на Петровска, таа била должна да го пријави имотот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ja-imam-smetkata-za-struja-koja-dokazuva-deka-haciendata-se-vodi-na-tatkoto-na-petrovska-taa-bila-dolzna-da-go-prijavi-imotot/ Mon, 28 Nov 2022 18:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=579336

Ние бараме во интерес на јавноста да се расчисти случајот со непријавената хациенда на министерката Славјанка Петровска. Бидејќи до мене беше доставено побарување за извинување дека не сум ја говорел вистината, еве до мене стигна уште една сметка, од електрична енергија која исто така се води на таткото на министерката и тоа е истата адреса на фамозната хациенда, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, за „Што не е јасно“ на Алфа, потенцирајќи дека Петровска не ја покажала ни личната карта за да докаже дека не живеела во непријавената хаициндата со базен која ја нема на имотниот лист.

Наместо тоа се служи напади и обвинувања кои не држат никаква вода. Неспорно е дека уште во 2007 година кога неспорно земјиштето било во посед на министерката Петровска, било празно, а во 2009 веќе, тоа може да се види и на Гугл, има направено некоја дивоградба. После тоа е надградувана во 2016 со базен и други објекти, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека Петровска кажува дека во 2011 или 2012 година го продала земјиштето, но директорот на катастар пак дека било во 2020 и додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека таа била должна да го пријави тој имот.

На помош и дојде директорот на Катастар, Тунџев кој деновиве гледаме дека е во уште еден голем скандал со издавање на тендери. Се обиде да ја правда и испере, па кажа дека до 2020 било земјиштето нејзино. Но, тоа што ние го кажуваме е дека земјиштето било во сопственост на министерката Славјанка Петровска, односно на нејзиниот родител и по закон за спречување на корупција таа била должна да пријави таков имот, каде сметките пристигнувале на нејзиниот татко, истакна Ковачки.

Ковачки потенцира дека сите овие закани, уцени и омаловажувања кои ги прават СДС, Ковачевски и Петровска против пратеник кој ја говори вистината во интерес на јавноста во најмала рака се некоректни и недемократски.

Јавноста има право да знае кој го води министерството за одбрана. Таа покажува доза на нервоза, но човечки е да излезе и да понесе одговорност, а не да крие имот и да напаѓа, вели тој.

The post Ковачки: Ја имам сметката за струја која докажува дека хациендата се води на таткото на Петровска, таа била должна да го пријави имотот appeared first on Република.

Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-petrovska-i-semejstvoto-se-so-prijaveno-zivealishte-vo-luksuznata-hacienda-na-radishanska/ Tue, 22 Nov 2022 12:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=576925

Интегрален текст од прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани.

Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен. Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда.

Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска.

Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат.

Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста.

Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен.

Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите.

Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба?

Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција.

Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична.

https://www.youtube.com/watch?v=fmKKflW1Pfk&t=2s

The post Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска appeared first on Република.

]]>

Интегрален текст од прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен. Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда. Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство. Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска. Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат. Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста. Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен. Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција. Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична.
https://www.youtube.com/watch?v=fmKKflW1Pfk&t=2s

The post Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска appeared first on Република.

]]>
„Стани Славјанка дај си оставка“: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе обелодени дека Петровска и семејството имаат пријавено живеалиште во луксузна хациенда https://republika.mk/vesti/makedonija/stani-slavjanka-daj-si-ostavka-vmro-dpmne-utre-kje-obelodeni-deka-petrovska-i-semejstvoto-imaat-prijaveno-zivealishte-vo-luksuzna-hacienda/ Mon, 21 Nov 2022 18:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=576668

Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која Министерката за одбрана ја крие.

На прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело, најави Драган Ковачки.

Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш. Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага. Хациендата со базен да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година.

The post „Стани Славјанка дај си оставка“: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе обелодени дека Петровска и семејството имаат пријавено живеалиште во луксузна хациенда appeared first on Република.

]]>

Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која Министерката за одбрана ја крие. На прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело, најави Драган Ковачки.
Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш. Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага. Хациендата со базен да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година.

The post „Стани Славјанка дај си оставка“: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе обелодени дека Петровска и семејството имаат пријавено живеалиште во луксузна хациенда appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-slavjanka-petrovska-da-go-pokaze-dogovorot-za-prodazba-na-luksuznata-hacienda/ Mon, 21 Nov 2022 11:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=576448

Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда, побара на денешната прес-конференција Драган Ковачки, прашувајќи ја министерката за одбрана дали ја продала куќата или само земјиштето.

Славјанка Петровска е фатена во лага. Јавноста виде дека таа поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која сакаше да ја сокрие од јавноста. Ова се снимки од сателитско снимање на теренот од кои се гледа како истата го гради целиот комплекс во период од 2009-та до 2016-тата година. Со тоа, очигледно е дека е извршено кривично дело бесправно градење, и е сторен криминал чие санкционирање се регулира согласно 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење, кој во став 1 вели: - Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со казна затвор од три до осум години. Кривичното дело - Бесправно градење има рок на застарување од 16 години и одговорност за ова мора да има, рече Ковачки.

https://youtu.be/Qf6D1GpaHeU

Потсети дека Петровска кажа дека го продала земјиштето во 2011-та, а директорот на Катастар кажа дека истата го продала дури во 2020 година.

Во случајов вистината ја говори директорот на Катастар. Но, таа го продала земјиштето, но не и хациендата со базен. Хациендата, според евидентен лист е се уште сопственост на Петровска. Според наши сознанија сметките за струја, вода и други услуги кои се користат во хациендата гласат на име на таткото на Петровска. А, и таа според место на живеење се води во живеалиште на адресата на која се наоѓа хациендата. Дали ова не е доволен доказ дека Петровска лаже. И дека всушност таа крие хациенда со базен, која не и е продадена, туку истата и е регистрирано живеалиште? Очекуваме Петровска да не се плетка понатаму во лаги и да ја подари луксузната хациенда со базен на здруженијата на бранители од 2001 година, рече Ковачки.

The post Ковачки: Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда appeared first on Република.

]]>

Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда, побара на денешната прес-конференција Драган Ковачки, прашувајќи ја министерката за одбрана дали ја продала куќата или само земјиштето.
Славјанка Петровска е фатена во лага. Јавноста виде дека таа поседува луксузна хациенда со базен во Радишани, која сакаше да ја сокрие од јавноста. Ова се снимки од сателитско снимање на теренот од кои се гледа како истата го гради целиот комплекс во период од 2009-та до 2016-тата година. Со тоа, очигледно е дека е извршено кривично дело бесправно градење, и е сторен криминал чие санкционирање се регулира согласно 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење, кој во став 1 вели: - Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со казна затвор од три до осум години. Кривичното дело - Бесправно градење има рок на застарување од 16 години и одговорност за ова мора да има, рече Ковачки.
https://youtu.be/Qf6D1GpaHeU Потсети дека Петровска кажа дека го продала земјиштето во 2011-та, а директорот на Катастар кажа дека истата го продала дури во 2020 година.
Во случајов вистината ја говори директорот на Катастар. Но, таа го продала земјиштето, но не и хациендата со базен. Хациендата, според евидентен лист е се уште сопственост на Петровска. Според наши сознанија сметките за струја, вода и други услуги кои се користат во хациендата гласат на име на таткото на Петровска. А, и таа според место на живеење се води во живеалиште на адресата на која се наоѓа хациендата. Дали ова не е доволен доказ дека Петровска лаже. И дека всушност таа крие хациенда со базен, која не и е продадена, туку истата и е регистрирано живеалиште? Очекуваме Петровска да не се плетка понатаму во лаги и да ја подари луксузната хациенда со базен на здруженијата на бранители од 2001 година, рече Ковачки.

The post Ковачки: Славјанка Петровска да го покаже договорот за продажба на луксузната хациенда appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отворат предмет за хациендата на Каевски https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-sdsm-da-odgovori-a-dksk-da-otvorat-predmet-za-haciendata-na-kaevski/ Tue, 29 Mar 2022 10:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=480253

Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ се уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиската, карантинската 2020-та година?, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ која што ја претставува.

Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое што не смеат да молчат ниту Љупчо Николовски, како екс министер за борба со корупција, ниту пак актуелната министерка Славица Грковска за истото, сега со име „за политики за добро владеење“.

Имотот стекнат во 2020-та година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи е прашање од јавен интерес - директор на Агенција за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола.

Почитувани,

Корупцијата не е перцепција. Корупцијата е болест на општеството. Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта.

Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори, истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отворат предмет за хациендата на Каевски appeared first on Република.

]]>

Дарко Каевски, пратеникот и портпарол на СДСМ се уште не одговара дали има документи за градба на луксузната хациенда со базен во скопско Волково. Уште повеќе, нема доблест да одговори како во иста година со директорска плата се купува стан од 65 м2 во Скопје и се гради луксузна вила со базен? И сето тоа во кризната, пандемиската, карантинската 2020-та година?, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Дарко Каевски е пратеник и портпарол на СДСМ, па молкот за скандалот не е доблест ниту за пратеничката група ниту за партијата СДСМ која што ја претставува. Прашањето како Дарко Каевски го намножил имотот и дали има документи за градба е прашање за кое што не смеат да молчат ниту Љупчо Николовски, како екс министер за борба со корупција, ниту пак актуелната министерка Славица Грковска за истото, сега со име „за политики за добро владеење“. Имотот стекнат во 2020-та година на Дарко Каевски мора да е предмет и во Државната комисија за спречување на корупцијата, но и да е предмет на Јавното обвинителство, бидејќи е прашање од јавен интерес - директор на Агенција за млади и спорт, избран и именуван функционер, со административна плата несразмерно намножува имот, гради луксузна хациенда во медитерански стил, за што има сомнеж дека поседува или не поседува градежна дозвола. Почитувани, Корупцијата не е перцепција. Корупцијата е болест на општеството. Без одговор и со бегање од темата поврзана со Дарко Каевски се само уште еден показател за тонење во корупција и неказнивост пред органите за функционери од СДСМ и за функционери од власта. Секој ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори, истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: СДСМ да одговори, а ДКСК да отворат предмет за хациендата на Каевски appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Каевски со директорска плата од скромно куќиче до дивоградба хациенда со базен? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kaevski-so-direktorska-plata-od-skromno-kukjiche-do-divogradba-hacienda-so-bazen/ Sun, 27 Mar 2022 10:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=479256

Дарко Каевски, најмладиот милионер во СДСМ, неколку дена молчи и не одговара на прашањата, како на 30 години и со административна плата за неполни 3 години директорување успева во иста година да се стекне со нов стан и да изгради луксузна куќа во Волково, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Но, уште поинтересно е што Дарко Каевски, во стилот на неговите сопартијци, не одговори ниту дали има документи за градба на луксузна вила, хациенда со базени во Волково.

Почитувани,

Интернет алатката Гугл мапс покажува многу повеќе од тоа што Каевски сака да го сокрие од очите на јавноста.

Ова почитувани е парцелата во Волково, имот на семејството Каевски до септември 2020 година  кога Дарко Каевски од директор на Агенција за млади и спорт, преминува во пратеник на СДСМ.

Ова е објект којшто е легализиран, се работи за скромна куќа од неполни 40 квадрати како и гаража.  И тоа било легализирано во 2014 година. И така е се до септември 2020, кога сателит ја има снимено токму оваа состојба.

Ова е политувани тоа што го покажува алатката односно дека настанува промена во октомври 2020 година кога се претходно исчезнува а цела парцела станува градежна зона со машини, а легалните објекти ги нема. За да ги нема, мора да има одобрение од општина  за рушење, а тоа одобрение е дел од одобрение за градење. За одобрение за градење, неколку пати директно го прашавме Каевски, но тој не одговори. И, одиме на следната сцена снимена од сателит.

(фото 3) Ова почитувани е истата парцела, во 2021 година. На местото на скромно легализираното куќиче никнува луксузна хациенда, никнува уште еден објект на местото на гаража, ископан е базен во должина на новоизградената куќа, за што повторно е потребно одобрение од општина. А такво одобрение нема!

Уште поинтересно е што во својот анкетен лист до ДКСК, јавен документ, Дарко Каевски, сега пратеник а порано директор, најмладиот милионер и портпарол на СДСМ, не навел куќа, туку, празен плац, градежно неизградено земјиште во Волково!?

Почитувани, дали причината за тоа што не е наведена куќа е тоа што во истата година кога е изградена луксузната хациенда на крајот на 2020-та година, Дарко Каевски во својот анкетен лист има наведено дека купил стан од околу 65 метри квадратни во Скопје?

Залудно Каевски, како и сите голтари, а сега милионери се обидуваат да ги сокријат имотите со високи огради, кога со години постојат алатки како Гугл мапс кои што ги следат сите промени на теренот!

Истата парцела, добиена како наследство во октомври станува градежен плац за потоа да никне како луксузна, одморалиште, базен во медитерански стил.

СДСМ 5 години се на власт, 5 години исполнети со кризи заради негрижа на власта, народот во тие 5 години е се посиромашен, државата е во долгови, ама затоа функционери од СДСМ градат хациенди со базени за уживање и прашање е дали за тоа имаат документи!

Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини поскапо од предвремени парламентарни избори!

https://www.youtube.com/watch?v=2eI0Dq8JhbY

The post Стоилковски: Каевски со директорска плата од скромно куќиче до дивоградба хациенда со базен? appeared first on Република.

]]>

Дарко Каевски, најмладиот милионер во СДСМ, неколку дена молчи и не одговара на прашањата, како на 30 години и со административна плата за неполни 3 години директорување успева во иста година да се стекне со нов стан и да изгради луксузна куќа во Волково, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Но, уште поинтересно е што Дарко Каевски, во стилот на неговите сопартијци, не одговори ниту дали има документи за градба на луксузна вила, хациенда со базени во Волково. Почитувани, Интернет алатката Гугл мапс покажува многу повеќе од тоа што Каевски сака да го сокрие од очите на јавноста. Ова почитувани е парцелата во Волково, имот на семејството Каевски до септември 2020 година  кога Дарко Каевски од директор на Агенција за млади и спорт, преминува во пратеник на СДСМ. Ова е објект којшто е легализиран, се работи за скромна куќа од неполни 40 квадрати како и гаража.  И тоа било легализирано во 2014 година. И така е се до септември 2020, кога сателит ја има снимено токму оваа состојба. Ова е политувани тоа што го покажува алатката односно дека настанува промена во октомври 2020 година кога се претходно исчезнува а цела парцела станува градежна зона со машини, а легалните објекти ги нема. За да ги нема, мора да има одобрение од општина  за рушење, а тоа одобрение е дел од одобрение за градење. За одобрение за градење, неколку пати директно го прашавме Каевски, но тој не одговори. И, одиме на следната сцена снимена од сателит. (фото 3) Ова почитувани е истата парцела, во 2021 година. На местото на скромно легализираното куќиче никнува луксузна хациенда, никнува уште еден објект на местото на гаража, ископан е базен во должина на новоизградената куќа, за што повторно е потребно одобрение од општина. А такво одобрение нема! Уште поинтересно е што во својот анкетен лист до ДКСК, јавен документ, Дарко Каевски, сега пратеник а порано директор, најмладиот милионер и портпарол на СДСМ, не навел куќа, туку, празен плац, градежно неизградено земјиште во Волково!? Почитувани, дали причината за тоа што не е наведена куќа е тоа што во истата година кога е изградена луксузната хациенда на крајот на 2020-та година, Дарко Каевски во својот анкетен лист има наведено дека купил стан од околу 65 метри квадратни во Скопје? Залудно Каевски, како и сите голтари, а сега милионери се обидуваат да ги сокријат имотите со високи огради, кога со години постојат алатки како Гугл мапс кои што ги следат сите промени на теренот! Истата парцела, добиена како наследство во октомври станува градежен плац за потоа да никне како луксузна, одморалиште, базен во медитерански стил. СДСМ 5 години се на власт, 5 години исполнети со кризи заради негрижа на власта, народот во тие 5 години е се посиромашен, државата е во долгови, ама затоа функционери од СДСМ градат хациенди со базени за уживање и прашање е дали за тоа имаат документи! Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини поскапо од предвремени парламентарни избори!
https://www.youtube.com/watch?v=2eI0Dq8JhbY

The post Стоилковски: Каевски со директорска плата од скромно куќиче до дивоградба хациенда со базен? appeared first on Република.

]]>