гвајана Archives - Република https://republika.mk/tema/gvajana/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 19:22:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гвајана Archives - Република https://republika.mk/tema/gvajana/ 32 32 Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела https://republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-isprati-voen-brod-vo-gvajana-poradi-strav-od-voena-interventsija-na-venetsuela/ Mon, 25 Dec 2023 17:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=726250

Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, дознава Би-Би-Си.

Ваквата одлука доаѓа откако соседна Венецуела го обнови своето право на спорниот дел од територијата на Гвајана, која е богата со нафта и минерали.

Британското министерствоза одбрана потврдило дека бродот „ХМС Трент“ ќе учествува во заеднички вежби по Божиќ.

Гвајана, членка на Комонвелтот, е единствената нација во Јужна Америка каде што се зборува на англиски јазик.

„ХМС Трент“ - крајбрежен патролен брод - беше распореден на Карибите за да лови шверцери на дрога, но сега е прераспределен откако владата на Венецуела, претходно овој месец се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо во Гвајана.

Ова ги зголеми стравувањата дека Венецуела би можела да примени воени средства и да ја предизвика првата меѓудржавна војна во Јужна Америка од конфликтот на Фокландите во 1982 година, во која учествуваа Велика Британија и Аргентина.

Венецуела долго време тврди дека е сопственост на Есекибо, регион од 100.000 квадратни километри што сочинува околу две третини од Гвајана.

Нејзините ридови и џунгли се богати со злато, дијаманти и боксит, додека на брегот се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта.

The post Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела appeared first on Република.

]]>

Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, дознава Би-Би-Си. Ваквата одлука доаѓа откако соседна Венецуела го обнови своето право на спорниот дел од територијата на Гвајана, која е богата со нафта и минерали. Британското министерствоза одбрана потврдило дека бродот „ХМС Трент“ ќе учествува во заеднички вежби по Божиќ. Гвајана, членка на Комонвелтот, е единствената нација во Јужна Америка каде што се зборува на англиски јазик. „ХМС Трент“ - крајбрежен патролен брод - беше распореден на Карибите за да лови шверцери на дрога, но сега е прераспределен откако владата на Венецуела, претходно овој месец се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо во Гвајана. Ова ги зголеми стравувањата дека Венецуела би можела да примени воени средства и да ја предизвика првата меѓудржавна војна во Јужна Америка од конфликтот на Фокландите во 1982 година, во која учествуваа Велика Британија и Аргентина. Венецуела долго време тврди дека е сопственост на Есекибо, регион од 100.000 квадратни километри што сочинува околу две третини од Гвајана. Нејзините ридови и џунгли се богати со злато, дијаманти и боксит, додека на брегот се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта.

The post Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела appeared first on Република.

]]>
Ученичка го запалила интернатот во Гвајана во кој настрадаа 19 лица – управата и го одзела мобилниот телефон https://republika.mk/vesti/svet/uchenichka-go-zapalila-internatot-vo-gvajana-vo-koj-nastradaa-19-litsa-upravata-i-go-odzela-mobilniot-telefon/ Wed, 24 May 2023 08:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=644151

Ученичка го подметнала пожарот во интернатот во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, откако управата на домот и го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата.

Пожарот го зафатил интернатот во училиштето во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои најмалото имало пет години, починале на лице место, пренесуваат британските медиуми.

Ученичката е осомничена дека го подметнала разорниот пожар бидејќи дежурните наставници и го одзеле мобилниот телефон, се наведува во вчерашното соопштение на полицијата.

Градоначалникот на Махди, Дејвид Адамс, претходно за британските медиуми ја потврди наводната вмешаност на ученичката и објави дека таа не е повредена во пожарот.

Тој додаде дека не може да потврди дали ученичката во притвор, а во полициското соопштение не се споменува апсење, наведуваат британските медиуми.

Речиси 30 други деца се хоспитализирани поради повредите здобиени во овој пожар.

Специјалисти за изгореници, психијатри и друг медицински персонал ги лекувале повредените деца и нивните семејства, соопштија здравствените власти.

Претседателот Ирфан Али во понеделникот по посетата на болницата во Махди се состана со родителите на жртвите и прогласи тридневна национална жалост

The post Ученичка го запалила интернатот во Гвајана во кој настрадаа 19 лица – управата и го одзела мобилниот телефон appeared first on Република.

]]>

Ученичка го подметнала пожарот во интернатот во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, откако управата на домот и го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата.
Пожарот го зафатил интернатот во училиштето во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои најмалото имало пет години, починале на лице место, пренесуваат британските медиуми. Ученичката е осомничена дека го подметнала разорниот пожар бидејќи дежурните наставници и го одзеле мобилниот телефон, се наведува во вчерашното соопштение на полицијата. Градоначалникот на Махди, Дејвид Адамс, претходно за британските медиуми ја потврди наводната вмешаност на ученичката и објави дека таа не е повредена во пожарот. Тој додаде дека не може да потврди дали ученичката во притвор, а во полициското соопштение не се споменува апсење, наведуваат британските медиуми. Речиси 30 други деца се хоспитализирани поради повредите здобиени во овој пожар. Специјалисти за изгореници, психијатри и друг медицински персонал ги лекувале повредените деца и нивните семејства, соопштија здравствените власти. Претседателот Ирфан Али во понеделникот по посетата на болницата во Махди се состана со родителите на жртвите и прогласи тридневна национална жалост

The post Ученичка го запалила интернатот во Гвајана во кој настрадаа 19 лица – управата и го одзела мобилниот телефон appeared first on Република.

]]>