групна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/grupna-izlozba/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 07:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png групна изложба Archives - Република https://republika.mk/tema/grupna-izlozba/ 32 32 Групна изложба „Професори и студенти“ во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/grupna-izlozhba-profesori-i-studenti-vo-mkts/ Thu, 08 Jun 2023 07:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=649047

На 9 јуни во 20 часот, во галерискиот простoр на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворен изложбата ,,Професори и студенти“, во организација на Град Скопје и МКЦ. Изложбата ќе вклучува широка селекција на дела изработени од талентираните раце на младите студенти и нивните професори од факултетите и школите за уметност и дизајн кои се актуелни во земјава, меѓу кои: Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ), Факултет за дизајн и мултимедија (ФОН), Факултет за арт и дизајн при Европски универзитет, Факултет за уметности при Државниот универзитет во Тетово и ,,Скала“ - Школа за дизајн и уметност.

Како што потенцираат организаторите, настанот ќе има за цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале.

Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори но и претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад.

 

The post Групна изложба „Професори и студенти“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

На 9 јуни во 20 часот, во галерискиот простoр на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворен изложбата ,,Професори и студенти“, во организација на Град Скопје и МКЦ. Изложбата ќе вклучува широка селекција на дела изработени од талентираните раце на младите студенти и нивните професори од факултетите и школите за уметност и дизајн кои се актуелни во земјава, меѓу кои: Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ), Факултет за дизајн и мултимедија (ФОН), Факултет за арт и дизајн при Европски универзитет, Факултет за уметности при Државниот универзитет во Тетово и ,,Скала“ - Школа за дизајн и уметност. Како што потенцираат организаторите, настанот ќе има за цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале. Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори но и претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад.  

The post Групна изложба „Професори и студенти“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“ https://republika.mk/vesti/kultura/kade-tekla-rekata-pak-ke-teche-grupna-izlozhba-vo-ksp-tsentar-jadro/ Wed, 22 Feb 2023 08:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=611510

Во соработка помеѓу Центарот за истражување и известување за животната средина „Еко-Свест“ и КСП Центар „Јадро“, на 22  февруари, среда, со почеток во 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“.

Изложбата ќе биде поставена во КСП Центар „Јадро“ и ќе биде отворена за посетителите до 28 февруари.

На изложбата ќе бидат претставени  фото и видеоесеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките “Save the blue heart of Europe“,  од  авторите Ивана Самандова, Филип Лафазановски и Влатко Деков.

Според организаторите, фокусот на „Каде реката текла, пак ќе тече“ е изградбата на малите хидроцентрали на територијата на Македонија кој оставаат непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски животински и растителни видови.

Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина, велат од Јадро.

Тие нагласуваат дека уметниците и претставниците на „Еко-свест“, оствариле повеќе теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали .

Тие преку фотографија и видео се осврнуваат на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите“, посочуваат од Јадро.

The post „Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“ appeared first on Република.

]]>

Во соработка помеѓу Центарот за истражување и известување за животната средина „Еко-Свест“ и КСП Центар „Јадро“, на 22  февруари, среда, со почеток во 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“. Изложбата ќе биде поставена во КСП Центар „Јадро“ и ќе биде отворена за посетителите до 28 февруари. На изложбата ќе бидат претставени  фото и видеоесеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките “Save the blue heart of Europe“,  од  авторите Ивана Самандова, Филип Лафазановски и Влатко Деков. Според организаторите, фокусот на „Каде реката текла, пак ќе тече“ е изградбата на малите хидроцентрали на територијата на Македонија кој оставаат непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски животински и растителни видови.
Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина, велат од Јадро.
Тие нагласуваат дека уметниците и претставниците на „Еко-свест“, оствариле повеќе теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали .
Тие преку фотографија и видео се осврнуваат на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите“, посочуваат од Јадро.

The post „Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“ appeared first on Република.

]]>
Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/grupna-izlozba-mesta-na-darezlivost-transformativni-stanici-od-vecherva-vo-kp-centar-jadro/ Fri, 18 Nov 2022 08:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=575216

КЦП Центар-Јадро вечерва со почеток во 20 часот ја отвора на групната изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ (ЛИНК) на која ќе бидат претставени проектите:

„Создаваме град, градиме иднина“! на Културно ЕХО
„Човеколики неволи“ на Ивана Мирчевска
„Заедно дишеме“на Симона Манчева
„Добро.Подобро.ЧИСТО!“ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски
„Лета, лета, Локубија“ на Елена Чемерска

ЗА ПРОЕКТОТ „Места на дарежливост -трансформативни станици“

 

Земајќи го предвид фактот дека уметниците во нашата земја работат и делуваат во затворени кругови на реципиенти на нивната продукција и тоа дека тие низ своите проекти не делуваат доволно во насока на развивање на уметнички содржини што би имале поголем социјален импакт во општеството, преку проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“ сакавме да создадеме простор за поттикнување на креативните потенцијали кај уметниците и другите целни групи користејќи нови методологии, тактики и вештини кои се поврзани со социјално ангажираната уметност со цел да се овозможи успешно активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.

Уметноста има сѐ поголема улога при воведувањето на политичките и социјалните прашања во јавната сфера. Уметноста со своите средства и можности ја развива стратегијата за свесна етичка политика во уметничката продукција. Денес ова може да се дефинира со создавање на заедништво преку заедничко авторство и со еманципациски потенцијал на колективните методи, како основа за уметничкото творештво – нешто што ги надминува различните нивоа на класа, пол, образование, професии, социјална и политичка наобразба и животно искуство. Нешто што нѐ истиснува од зоната на удобност. Без оглед на гео-политичкиот аспект, знакот на уметничката ориентација кон општественото односно политичкото е некаков заеднички склоп на желби, за да се одврзе традиционалната врска помеѓу уметничкиот предмет, уметникот и публиката.

Во контекст на партиципативната уметност, уметникот се оддалечува од идејата на индивидуален продуцент и повеќе се придвижува кон идејата на некој кој создава услови за реализација на уметничко дело. Ова може да се дефинира како еден вид на социјален преврат, кој во својот есеј „Социјален пресврт: Соработка и нејзините задоволства“ крајно прецизно го дефинира историчарката на уметност Клер Бишоп. „Уметноста, која може да се разбере во контекст на идејата за општествен пресврт, обично се случува надвор од музеите односно галериите. Овие проекти обично се во соработка односно се партиципативни и се насочени кон конструктивни општествени промени. “

По распишаниот конкурс за реализација на проекти беа селектирани пет автори и уметнички групи кои во периодот мај- ноември 2022 ги реализираа своите партиципативни уметнички дела.

Проектот Места на дарежливост -трансформативни станици им овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РМакедонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на:

 

● животната средина

● аниткорупцијата

● човековите права

● дискриминацијата

● социјалната правда

 

Преку овој повик сакавме да го стимулираме напуштањето на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

Исто така сакаме да развиеме комуникација за проблемите со публиката и пошироката јавност преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и ќе воспостави органски врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Пошироката јавност преку овие проекти ќе се запознае повеќе не само со социјално ангажираната пракса туку и со потенцијалите на овој вид на уметничка пракса да направи промени во заедницата и да делува во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на:

 

● животната средина

● аниткорупцијата

● човековите права

● дискриминацијата

● социјалната правда

The post Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

КЦП Центар-Јадро вечерва со почеток во 20 часот ја отвора на групната изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ (ЛИНК) на која ќе бидат претставени проектите: „Создаваме град, градиме иднина“! на Културно ЕХО „Човеколики неволи“ на Ивана Мирчевска „Заедно дишеме“на Симона Манчева „Добро.Подобро.ЧИСТО!“ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски „Лета, лета, Локубија“ на Елена Чемерска ЗА ПРОЕКТОТ „Места на дарежливост -трансформативни станици“  
Земајќи го предвид фактот дека уметниците во нашата земја работат и делуваат во затворени кругови на реципиенти на нивната продукција и тоа дека тие низ своите проекти не делуваат доволно во насока на развивање на уметнички содржини што би имале поголем социјален импакт во општеството, преку проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“ сакавме да создадеме простор за поттикнување на креативните потенцијали кај уметниците и другите целни групи користејќи нови методологии, тактики и вештини кои се поврзани со социјално ангажираната уметност со цел да се овозможи успешно активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво. Уметноста има сѐ поголема улога при воведувањето на политичките и социјалните прашања во јавната сфера. Уметноста со своите средства и можности ја развива стратегијата за свесна етичка политика во уметничката продукција. Денес ова може да се дефинира со создавање на заедништво преку заедничко авторство и со еманципациски потенцијал на колективните методи, како основа за уметничкото творештво – нешто што ги надминува различните нивоа на класа, пол, образование, професии, социјална и политичка наобразба и животно искуство. Нешто што нѐ истиснува од зоната на удобност. Без оглед на гео-политичкиот аспект, знакот на уметничката ориентација кон општественото односно политичкото е некаков заеднички склоп на желби, за да се одврзе традиционалната врска помеѓу уметничкиот предмет, уметникот и публиката. Во контекст на партиципативната уметност, уметникот се оддалечува од идејата на индивидуален продуцент и повеќе се придвижува кон идејата на некој кој создава услови за реализација на уметничко дело. Ова може да се дефинира како еден вид на социјален преврат, кој во својот есеј „Социјален пресврт: Соработка и нејзините задоволства“ крајно прецизно го дефинира историчарката на уметност Клер Бишоп. „Уметноста, која може да се разбере во контекст на идејата за општествен пресврт, обично се случува надвор од музеите односно галериите. Овие проекти обично се во соработка односно се партиципативни и се насочени кон конструктивни општествени промени. “ По распишаниот конкурс за реализација на проекти беа селектирани пет автори и уметнички групи кои во периодот мај- ноември 2022 ги реализираа своите партиципативни уметнички дела. Проектот Места на дарежливост -трансформативни станици им овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РМакедонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на:   ● животната средина ● аниткорупцијата ● човековите права ● дискриминацијата ● социјалната правда   Преку овој повик сакавме да го стимулираме напуштањето на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката. Исто така сакаме да развиеме комуникација за проблемите со публиката и пошироката јавност преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и ќе воспостави органски врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници. Пошироката јавност преку овие проекти ќе се запознае повеќе не само со социјално ангажираната пракса туку и со потенцијалите на овој вид на уметничка пракса да направи промени во заедницата и да делува во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на:   ● животната средина ● аниткорупцијата ● човековите права ● дискриминацијата ● социјалната правда

The post Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“ https://republika.mk/vesti/kultura/grupna-izlozba-kolonija-8-na-umetnichkoto-zdruzenie-uchilnica-osum-8/ Fri, 25 Feb 2022 09:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=463669

„Колонија 8“ е насловот на групната изложба на уметничкото здружение „Училница осум 8“, која ќе биде отворена вечер во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје.

На изложбата своите дела ќе ги претстават Симеон Арнаудов, Предраг Јаневски –Драшко, Соња Поповска-Трајковска, Евгенија Трајковска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Нела Јанковска, Гордана Николоска Петрова, Ладислав Цветковски, Владимир Величковски, Озбег Ајваз и Вера Симовска.

Здружението на автори „Училница осум 8“ е формирано минатата година.

Здружението брои десет членови со профилирана творечка индивидуалност кои на изложбата ќе се претстават со по две дела, скулптури, слики и графики. Станува збор за ликовни педагози кој се активни и на планот на ликовното творештво.

Предраг Јаневски негува скулптура со тотемистички белези во која се испреплетуваат елементи од метал и дрво. Симеон Арнаудов е познат со скулптурите во мермер во кој пластичниот момент е споен со линеарниот благ ритам. Во оваа пригода тој се претставува со фигура на ракометарка (во полиестер) во момент кога се подготвува да ја фрли топката. Соња Поповска-Трајковска разновидно обработените елементи во теракота ги организира во вертикала со симболични монументализирани белези. Нела Јанковска со линеарните назабени облици на фигурата во метал, изразува немир и страв, истакнува во својот осврт критичарот и уметник проф. Владимир Величковски.

Според Величковски, Озбек Ефенди металните елементи ги поврзува во ритам кој стреми кон ширење во просторот, а Гордана Петрова во бронза изработила реалистичен портрет со индивидуални црти.

Тој напоменува дека Фехим Хусковиќ е сликар на модерен пејзажизам еволуирајќи кон слободни колористички состави во кои го поврзува темпераментниот гест и урамнотежената организираност на целината.

Трајче Блажевски е цртач и графичар кој врз правоаголна основа суперпонира неколку површини со суптилно разиграни линеарни предзнаковни структури. Ладислав Цветковски во дигитален принт реализира линеарно обработена композиција со разновидни значења: мотив на очи со крстообразна форма и двосмислена сугестија на подотворена „усмина“. Евгенија Трајковска е стрип цртач која се представува со линорез и мотив на „Монструм“, гротескен лик поставен на кружна основа, еден вид на „црно сонце“. Авторот на текстот со своите темпери ја следи основната линија на своето сликарство: спонтано предадена колористичка експресија во која е содржан немир, додава Величковски во освртот.

The post Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“ appeared first on Република.

]]>

„Колонија 8“ е насловот на групната изложба на уметничкото здружение „Училница осум 8“, која ќе биде отворена вечер во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје. На изложбата своите дела ќе ги претстават Симеон Арнаудов, Предраг Јаневски –Драшко, Соња Поповска-Трајковска, Евгенија Трајковска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Нела Јанковска, Гордана Николоска Петрова, Ладислав Цветковски, Владимир Величковски, Озбег Ајваз и Вера Симовска. Здружението на автори „Училница осум 8“ е формирано минатата година. Здружението брои десет членови со профилирана творечка индивидуалност кои на изложбата ќе се претстават со по две дела, скулптури, слики и графики. Станува збор за ликовни педагози кој се активни и на планот на ликовното творештво.
Предраг Јаневски негува скулптура со тотемистички белези во која се испреплетуваат елементи од метал и дрво. Симеон Арнаудов е познат со скулптурите во мермер во кој пластичниот момент е споен со линеарниот благ ритам. Во оваа пригода тој се претставува со фигура на ракометарка (во полиестер) во момент кога се подготвува да ја фрли топката. Соња Поповска-Трајковска разновидно обработените елементи во теракота ги организира во вертикала со симболични монументализирани белези. Нела Јанковска со линеарните назабени облици на фигурата во метал, изразува немир и страв, истакнува во својот осврт критичарот и уметник проф. Владимир Величковски.
Според Величковски, Озбек Ефенди металните елементи ги поврзува во ритам кој стреми кон ширење во просторот, а Гордана Петрова во бронза изработила реалистичен портрет со индивидуални црти. Тој напоменува дека Фехим Хусковиќ е сликар на модерен пејзажизам еволуирајќи кон слободни колористички состави во кои го поврзува темпераментниот гест и урамнотежената организираност на целината.
Трајче Блажевски е цртач и графичар кој врз правоаголна основа суперпонира неколку површини со суптилно разиграни линеарни предзнаковни структури. Ладислав Цветковски во дигитален принт реализира линеарно обработена композиција со разновидни значења: мотив на очи со крстообразна форма и двосмислена сугестија на подотворена „усмина“. Евгенија Трајковска е стрип цртач која се представува со линорез и мотив на „Монструм“, гротескен лик поставен на кружна основа, еден вид на „црно сонце“. Авторот на текстот со своите темпери ја следи основната линија на своето сликарство: спонтано предадена колористичка експресија во која е содржан немир, додава Величковски во освртот.

The post Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“ appeared first on Република.

]]>