гробница Archives - Република https://republika.mk/tema/grobnica/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 14:24:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гробница Archives - Република https://republika.mk/tema/grobnica/ 32 32 Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-turcija-pronajdena-grobnicata-na-sveti-nikola/ Fri, 21 Oct 2022 15:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=564107

Откриена е гробницата на Свети Никола откако археолози пронашле остатоци од древна црква во градот Демре во Турција.

Наодите на археолозите потврдиле дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.

Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола - порача Еравсар.

Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО.

Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо.

Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните - и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата.

Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров.

Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.

The post Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола appeared first on Република.

]]>

Откриена е гробницата на Свети Никола откако археолози пронашле остатоци од древна црква во градот Демре во Турција. Наодите на археолозите потврдиле дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.
Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола - порача Еравсар.
Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО. Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо. Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните - и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата. Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров. Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.

The post Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола appeared first on Република.

]]>
Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети https://republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-otkrieni-grobnici-stari-3-000-godini-polni-so-vredni-predmeti/ Thu, 23 Jun 2022 13:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=518948

На подрачјето на Зеница во Босна и Херцеговина еоткриена населба и гробници стари 3.000 години, како и бројни вредни предмети.

На локалитетот Копило се пронајдени десетици скелети и повеќе од 25.000 керамички садови.

Не постои на територијата на БиХ, но и надвор од БиХ...не може да се најдат некои аналогии за овие гробни градби каде што во една гробна конструкција биле закопани три или четворица членови од потесното семејство. Тоа ќе го провериме со дополнителни анализи - вели за телевизијата „Н1“, археологот Марио Гаврановиќ.

Најстарата гробница датира од периодот 1.000 п.н.е., а пронајдена е гробница и од 500 г.п.н.е.

Тоа значи дека 10 генерации ги користеле овие гробишта - вели Гаврановиќ.

Во една гробница се пронајдени скелети од деца. Специфичноста на овие гробници е што еден сад секогаш бил поставен над главата на покојникот.

Во гробниците биле пронајдене и многу парчиња накит. Она што уште се знае за луѓето што живееле на овие простори е дека се занимавале со земјоделство и дека работеле со железо.

The post Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети appeared first on Република.

]]>

На подрачјето на Зеница во Босна и Херцеговина еоткриена населба и гробници стари 3.000 години, како и бројни вредни предмети. На локалитетот Копило се пронајдени десетици скелети и повеќе од 25.000 керамички садови.
Не постои на територијата на БиХ, но и надвор од БиХ...не може да се најдат некои аналогии за овие гробни градби каде што во една гробна конструкција биле закопани три или четворица членови од потесното семејство. Тоа ќе го провериме со дополнителни анализи - вели за телевизијата „Н1“, археологот Марио Гаврановиќ.
Најстарата гробница датира од периодот 1.000 п.н.е., а пронајдена е гробница и од 500 г.п.н.е.
Тоа значи дека 10 генерации ги користеле овие гробишта - вели Гаврановиќ.
Во една гробница се пронајдени скелети од деца. Специфичноста на овие гробници е што еден сад секогаш бил поставен над главата на покојникот. Во гробниците биле пронајдене и многу парчиња накит. Она што уште се знае за луѓето што живееле на овие простори е дека се занимавале со земјоделство и дека работеле со железо.

The post Во БиХ откриени гробници стари 3.000 години полни со вредни предмети appeared first on Република.

]]>
Откриени 30 мумии во древна жртвена гробница во Египет https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrieni-30-mumii-vo-drevna-zrtvena-grobnica-vo-egipet/ Mon, 31 Jan 2022 08:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=451748

Истражувачи во Египет пронашле гробница со 30 мумии на луѓе од различна возраст, меѓу кои и постари лица со артритис, деца и новороденче. Иако сè уште не ја датирале гробницата, научниците веруваат дека се работи за едно семејство кое со векови ги закопувало своите починати во неа.

Според Патрисија Пјачентини, професорка на Универзитетот во Милано, египтолог и раководител на ископувањата, погребувањата најверојатно биле извршени во периодот на Птоломеидите и Римска Империја - од првиот век пр.н.е. до вториот или третиот век н.е.

Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил.

Сепак, додека повеќето други гробници се под земја или се ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување.

Поради својата местоположба во долината, оваа зграда се чини дека била користена како свето место каде што се принесувале жртви на богот на плодноста Кнум, кој бил особено почитуван во Асуан. Кој е и посоодветен од него да им обезбеди вечен живот на оние што почиваат во оваа некропола?! - коментира Пјачентини.

Раководителката на ископувањата истакнува дека допрва треба да ги анализираат наодите за да се утврди нивната старост и другите подробности.

The post Откриени 30 мумии во древна жртвена гробница во Египет appeared first on Република.

]]>

Истражувачи во Египет пронашле гробница со 30 мумии на луѓе од различна возраст, меѓу кои и постари лица со артритис, деца и новороденче. Иако сè уште не ја датирале гробницата, научниците веруваат дека се работи за едно семејство кое со векови ги закопувало своите починати во неа. Според Патрисија Пјачентини, професорка на Универзитетот во Милано, египтолог и раководител на ископувањата, погребувањата најверојатно биле извршени во периодот на Птоломеидите и Римска Империја - од првиот век пр.н.е. до вториот или третиот век н.е. Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил. Сепак, додека повеќето други гробници се под земја или се ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување.
Поради својата местоположба во долината, оваа зграда се чини дека била користена како свето место каде што се принесувале жртви на богот на плодноста Кнум, кој бил особено почитуван во Асуан. Кој е и посоодветен од него да им обезбеди вечен живот на оние што почиваат во оваа некропола?! - коментира Пјачентини.
Раководителката на ископувањата истакнува дека допрва треба да ги анализираат наодите за да се утврди нивната старост и другите подробности.

The post Откриени 30 мумии во древна жртвена гробница во Египет appeared first on Република.

]]>