грип Archives - Република https://republika.mk/tema/grip/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 14:10:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грип Archives - Република https://republika.mk/tema/grip/ 32 32 ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица https://republika.mk/zivot/zdravje/ijz-se-namaluva-brojot-na-zaboleni-od-grip-dosega-pochinale-14-litsa/ Thu, 21 Mar 2024 14:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=757028

Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела.

Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 11-та недела од минатата сезона е намален за 23,6 отсто, а во споредба со бројот за 11-та недела од типичната епидемиска крива намален е за 71,9 отсто.

Во текот на 11-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 22 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се три позитивни случаи на Influenza B/Victoria и еден на Influenza А – несубтипизиран. Не се регистрирани позитивни случаи со SARS-CoV-2. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, во рамките на вон-сезонска активност, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 175 лица се на возраст од 15-64 години, 35 кај деца на возраст од 5-14 години, 25 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години и 18 кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (18,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, со најголем број на пријавени случаи во Гостивар – 49, Струмица – 32, Кавадарци – 27, Скопје – 22, Куманово и Битола – по 21, а во останатите бројот на пријавени е под 20.

Од почетокот на сезоната 2023/2024, заклучно со 11-та недела 2024, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 910 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус и SARS-CoV-2.

Детектирани се 145 позитивни случаи на грип: 118 Influenza А(H1) pdm09, 12 Influenza А(H3), 10 Influenza А – несубтипизиран, 4 Influenza B/Victoria и 1 Influenza B – неодредена линија. Регистрирани се 20 позитивни случаи на SARS-CoV-2. Од случаите со Influenza и КОВИД-19, кај три случаи од рутинскиот надзор е докажана истовремена инфекција. Дополнително, регистрирани се 29 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV).

Во епидемиолошкиот коментар на ИЈЗ се наведува дека се забележува значително намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамките на вонсезонска активност.

Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Р.Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, стои во соопштението.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип, седум од Скопје, две од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и Демир Хисар

ИЈЗ повторно укажува дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): Постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, и здравствени работници. Заклучно со 11-та недела/2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.807 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, наведуваат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица appeared first on Република.

]]>

Во државава од 11 до 17 месецов се пријавени 253 случаи на групни пријави за заболени од грип, односно заболувања слични на грип, што е за 40,7 проценти помалку во споредба со претходната недела. Како што стои во Извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со грип во земјава за 11-та недела, бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 11-та недела од минатата сезона е намален за 23,6 отсто, а во споредба со бројот за 11-та недела од типичната епидемиска крива намален е за 71,9 отсто.
Во текот на 11-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 22 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се три позитивни случаи на Influenza B/Victoria и еден на Influenza А – несубтипизиран. Не се регистрирани позитивни случаи со SARS-CoV-2. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, во рамките на вон-сезонска активност, наведуваат од ИЈЗ.
Во однос на возрасната дистрибуција, 175 лица се на возраст од 15-64 години, 35 кај деца на возраст од 5-14 години, 25 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години и 18 кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (18,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, со најголем број на пријавени случаи во Гостивар – 49, Струмица – 32, Кавадарци – 27, Скопје – 22, Куманово и Битола – по 21, а во останатите бројот на пријавени е под 20. Од почетокот на сезоната 2023/2024, заклучно со 11-та недела 2024, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 910 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус и SARS-CoV-2. Детектирани се 145 позитивни случаи на грип: 118 Influenza А(H1) pdm09, 12 Influenza А(H3), 10 Influenza А – несубтипизиран, 4 Influenza B/Victoria и 1 Influenza B – неодредена линија. Регистрирани се 20 позитивни случаи на SARS-CoV-2. Од случаите со Influenza и КОВИД-19, кај три случаи од рутинскиот надзор е докажана истовремена инфекција. Дополнително, регистрирани се 29 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV). Во епидемиолошкиот коментар на ИЈЗ се наведува дека се забележува значително намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамките на вонсезонска активност.
Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Р.Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, стои во соопштението.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип, седум од Скопје, две од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и Демир Хисар ИЈЗ повторно укажува дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.
Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): Постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, и здравствени работници. Заклучно со 11-та недела/2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.807 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, наведуваат од ИЈЗ.
 
The post ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица appeared first on Република.

]]>
Се намалува бројот на заболени од грип https://republika.mk/zivot/zdravje/se-namaluva-brojot-na-zaboleni-od-grip/ Thu, 07 Mar 2024 18:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=752388

Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 35 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се седум позитивни случаи на Influenza и тоа шет со Influenza А(H1)pdm09 и двајца со Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2.

Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.

Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години, наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.

Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09 и другото лице Influenza B/Victoria, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.382 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,0 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 24,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.

Се забележува намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамки на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, посочуваат од ИЈЗ.

Заклучно со деветтата недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.785 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Се намалува бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>

Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 35 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се седум позитивни случаи на Influenza и тоа шет со Influenza А(H1)pdm09 и двајца со Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2. Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.
Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години, наведуваат од ИЈЗ.
Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.
Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09 и другото лице Influenza B/Victoria, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.382 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,0 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 24,4 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.
Се забележува намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамки на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, посочуваат од ИЈЗ.
Заклучно со деветтата недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.785 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.  

The post Се намалува бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>
За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ https://republika.mk/zivot/zdravje/za-40-8-otsto-e-pomal-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-nedela-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/ Thu, 29 Feb 2024 10:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=749585

Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.

The post За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје. Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години. Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100. Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран. Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.  

The post За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Опаѓа бројот на заболени од грип https://republika.mk/zivot/zdravje/opaga-brojot-na-zaboleni-od-grip/ Thu, 22 Feb 2024 13:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=747015

Во текот на седмата недела од 2024 година, од 12 до 18 февруари, во Република Македонија се пријавени 1.384 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип. Тоа претставува 26,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со седмата недела од минатата сезона, е зголемен за 1,7 пати, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

- Заболените се пријавени од 30 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци - 302, Струмица - 177, Скопје - 151, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто. Во девет извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во пет средна, во Дебар, Крушево и Кратово - висока и во Кавадарци и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице се на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

Во сезоната 2023 - 2024, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 11.921, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 10,0 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип.

Заклучно со седма недела, во државата вакцинирани се вкупно 61.702 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Опаѓа бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>

Во текот на седмата недела од 2024 година, од 12 до 18 февруари, во Република Македонија се пријавени 1.384 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип. Тоа претставува 26,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со седмата недела од минатата сезона, е зголемен за 1,7 пати, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
- Заболените се пријавени од 30 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци - 302, Струмица - 177, Скопје - 151, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто. Во девет извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во пет средна, во Дебар, Крушево и Кратово - висока и во Кавадарци и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице се на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Во сезоната 2023 - 2024, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 11.921, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 10,0 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип. Заклучно со седма недела, во државата вакцинирани се вкупно 61.702 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Опаѓа бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>
Регистриран уште еден смртен случај од грип https://republika.mk/vesti/makedonija/registriran-ushte-eden-smrten-sluchaj-od-grip/ Thu, 15 Feb 2024 10:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=744329

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип-заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ - РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 - деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола - 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две - Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

- Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети -кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран, се појаснува во извештајот.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно - Influenza А - несубтипизиран.

Од сентинел местата кои учествуваат, во шеста недела пријавени се вкупно 55 САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) случаи. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од УК за детски болести.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи (n=18; 43,6%) се пријавени од возрасната група до четири години. Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 214, од кои едно лице е на интензивна нега. Од сите приеми, 25,7 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 60,0 проценти се бележи кај лицата постари од 65 години. Во оваа недела, регистриран е еден смртен случај со коморбидитети од САРИ местото ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје. Во шеста недела, за лабораториско тестирање се доставени 35 материјали од пријавените САРИ случаи, паралелно тестирани за грип, КОВИД-19. Од вкупно тестираните материјали, во пет примероци докажано e присуство на Influenza A(H1)pdm09, и во еден Influenza несубтипизиран. Во еден примерок докажан е SARS-CoV-2. Од доставените материјали, тестирани се 28 на респираторен синцицијален вирус, а во четири од нив е потврден (RSV), се наведува во извештајот.

Се забележува раст на бројот на заболувања слични на грип, се истакнува во извештајот, кој е во рамките на ниска активност.

Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е на повисоко ниво споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, нагласуваат од ИЈЗ.

Заклучно со шеста недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.694 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Регистриран уште еден смртен случај од грип appeared first on Република.

]]>

Во текот на шеста недела од 2024 година, од 05 до 11 февруари), во Македонија се пријавени 1.875 случаи на групни пријави за заболени од грип-заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со шеста недела од минатата сезона, е зголемен за 2,7 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во текот на шеста извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ - РСМ, пристигнаа 56 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 - деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола - 180, Струмица – 179, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците на ИЈЗ. Во пет извештајни единици кои пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока и во две - Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.
- Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети -кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран, се појаснува во извештајот.
Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно - Influenza А - несубтипизиран. Од сентинел местата кои учествуваат, во шеста недела пријавени се вкупно 55 САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) случаи. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од УК за детски болести.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи (n=18; 43,6%) се пријавени од возрасната група до четири години. Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 214, од кои едно лице е на интензивна нега. Од сите приеми, 25,7 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 60,0 проценти се бележи кај лицата постари од 65 години. Во оваа недела, регистриран е еден смртен случај со коморбидитети од САРИ местото ГОБ „8 Септември“. Починатото лице е на возраст над 65 години, од Скопје. Во шеста недела, за лабораториско тестирање се доставени 35 материјали од пријавените САРИ случаи, паралелно тестирани за грип, КОВИД-19. Од вкупно тестираните материјали, во пет примероци докажано e присуство на Influenza A(H1)pdm09, и во еден Influenza несубтипизиран. Во еден примерок докажан е SARS-CoV-2. Од доставените материјали, тестирани се 28 на респираторен синцицијален вирус, а во четири од нив е потврден (RSV), се наведува во извештајот.
Се забележува раст на бројот на заболувања слични на грип, се истакнува во извештајот, кој е во рамките на ниска активност.
Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е на повисоко ниво споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, нагласуваат од ИЈЗ.
Заклучно со шеста недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.694 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Регистриран уште еден смртен случај од грип appeared first on Република.

]]>
Како грипот е поврзан со инфарктот? https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-gripot-e-povrzan-so-infarktot/ Wed, 14 Feb 2024 10:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=743975

Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во “Њу Ингланд џурнал оф медисин”.

Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност.

Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип”, вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада.

Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар.

The post Како грипот е поврзан со инфарктот? appeared first on Република.

]]>

Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во “Њу Ингланд џурнал оф медисин”. Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност.
Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип”, вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада.
Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар.  

The post Како грипот е поврзан со инфарктот? appeared first on Република.

]]>
За 9,9 отсто помалку случаи на грип од претходната недела, Кавадарци најголемо жариште https://republika.mk/zivot/zdravje/za-9-9-otsto-pomalku-sluchai-na-grip-od-prethodnata-nedela-kavadartsi-najgolemo-zharishte/ Thu, 08 Feb 2024 15:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=741923

Во текот на петтата недела од 2024 година - од 29 јануари до 4 февруари, во државата се пријавени 1.675 случаи на групни пријави за заболени од грип -заболувања слични на грип. Тоа претставува 9,9 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,3 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на оваа извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 57 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 15 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А(H3). Регистрирани се два пациента со SARS-CoV-2, се наведува во извештајот.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 371, Скопје – 186, Битола - 169, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто и педесет. Во три извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 13 сезонска, во осум средна, во Ресен и Крушево - висока и во Кавадарци - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 8.662, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,9 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 10,5 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се осум починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и од Штип, пет од возрасната група на лица од 15 до 64 години и три од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осумте лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Од ИЈЗ заклучуваат дека се забележува стабилизирање на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност.

Заклучно со петта недела од 2024 година, во земјава вакцинирани се вкупно 61.677 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post За 9,9 отсто помалку случаи на грип од претходната недела, Кавадарци најголемо жариште appeared first on Република.

]]>

Во текот на петтата недела од 2024 година - од 29 јануари до 4 февруари, во државата се пријавени 1.675 случаи на групни пријави за заболени од грип -заболувања слични на грип. Тоа претставува 9,9 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,3 пати, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во текот на оваа извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 57 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се 15 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А(H3). Регистрирани се два пациента со SARS-CoV-2, се наведува во извештајот.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.
Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци – 371, Скопје – 186, Битола - 169, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто и педесет. Во три извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 13 сезонска, во осум средна, во Ресен и Крушево - висока и во Кавадарци - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 8.662, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 48,9 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 10,5 проценти.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се осум починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и од Штип, пет од возрасната група на лица од 15 до 64 години и три од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осумте лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, покажуваат податоците на ИЈЗ.
Од ИЈЗ заклучуваат дека се забележува стабилизирање на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност. Заклучно со петта недела од 2024 година, во земјава вакцинирани се вкупно 61.677 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post За 9,9 отсто помалку случаи на грип од претходната недела, Кавадарци најголемо жариште appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот https://republika.mk/vesti/makedonija/raste-brojot-na-zaboleni-od-grip-resen-kavadartsi-i-kratovo-osobeno-zafateni-od-virusot/ Fri, 02 Feb 2024 07:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=739543

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар - висока и во три - Ресен, Кавадарци, Кратово - многу висока активност на вирусот на грип.

Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.

Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Инфлуенца: 14 Инфлуенца А(H1) пдм09, 2 Инфлуенца А(Х3), 3 Инфлуенца А - несубтипизиран и 1 Инфлуенца B - неодредена линија. Регистриран е еден пациент со САРС-КоВ-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци - 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Инфлуенца А(Х1)пдм09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот appeared first on Република.

]]>

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар - висока и во три - Ресен, Кавадарци, Кратово - многу висока активност на вирусот на грип.
Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.
Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Инфлуенца: 14 Инфлуенца А(H1) пдм09, 2 Инфлуенца А(Х3), 3 Инфлуенца А - несубтипизиран и 1 Инфлуенца B - неодредена линија. Регистриран е еден пациент со САРС-КоВ-2, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години. Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци - 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.
Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Инфлуенца А(Х1)пдм09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто. Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот appeared first on Република.

]]>
Речиси во половина Бугарија прогласена е епидемија на грип https://republika.mk/vesti/balkan/rechisi-vo-polovina-bugarija-proglasena-e-epidemija-na-grip/ Tue, 30 Jan 2024 09:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=738460

Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп.

Јамбол и Велико Трново се соодветно деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.

Според епидемиолозите, во таа држава главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена.

Во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки – Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол, покажуваат податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени инспекции.

Во Бургас денеска одлучуваат дали ќе распишат одмор за учениците поради појавата на грип. Минатата недела, во приморскиот град прогласија епидемија на грип (беа заразени 14 отсто од учениците), но процесот на настава продолжи. До крајот на неделата онлајн настава има во Пловдив и во училишта во Габровско, јавија бугарските медиуми.

The post Речиси во половина Бугарија прогласена е епидемија на грип appeared first on Република.

]]>

Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп. Јамбол и Велико Трново се соодветно деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер. Според епидемиолозите, во таа држава главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена. Во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки – Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол, покажуваат податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени инспекции. Во Бургас денеска одлучуваат дали ќе распишат одмор за учениците поради појавата на грип. Минатата недела, во приморскиот град прогласија епидемија на грип (беа заразени 14 отсто од учениците), но процесот на настава продолжи. До крајот на неделата онлајн настава има во Пловдив и во училишта во Габровско, јавија бугарските медиуми.

The post Речиси во половина Бугарија прогласена е епидемија на грип appeared first on Република.

]]>
На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип https://republika.mk/zivot/zdravje/na-infektivnata-klinika-pochina-20-godishna-devojka-od-grip/ Mon, 29 Jan 2024 14:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=738254

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кон крајот на февруари и почеток на март.

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.

The post На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип appeared first on Република.

]]>

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип. Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“. Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кон крајот на февруари и почеток на март. Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.  

The post На Инфективната клиника почина 20-годишна девојка од грип appeared first on Република.

]]>
За 41,7 отсто е зголемен бројот на заразени со грип во однос на минатата недела https://republika.mk/zivot/zdravje/za-41-7-otsto-e-zgolemen-brojot-na-zarazeni-so-grip-vo-odnos-na-minatata-nedela/ Thu, 25 Jan 2024 13:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=736783

Нови 1.675 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Споредено со третата недела од минатата сезона бројот на заболени е поголем за 47,6%, а во споредба со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони), зголемувањето е за 32,2%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 деца на возраст од 5-14 години, 237 деца на возраст од 0-4 години и 170 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 295, Битола – 287, Тетово – 165, Гостивар - 149, Дебар – 110, Куманово – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Станува збор за лице на возраст од 45 години од Неготино кое било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, белодробни, дијабет, обезитас) и не било вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.

Вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип во сезоната 2023/2024 изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има раст од 34,6%.

The post За 41,7 отсто е зголемен бројот на заразени со грип во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>

Нови 1.675 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје. Споредено со третата недела од минатата сезона бројот на заболени е поголем за 47,6%, а во споредба со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони), зголемувањето е за 32,2%. Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 деца на возраст од 5-14 години, 237 деца на возраст од 0-4 години и 170 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 295, Битола – 287, Тетово – 165, Гостивар - 149, Дебар – 110, Куманово – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100. Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Станува збор за лице на возраст од 45 години од Неготино кое било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, белодробни, дијабет, обезитас) и не било вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09. Вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип во сезоната 2023/2024 изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има раст од 34,6%.

The post За 41,7 отсто е зголемен бројот на заразени со грип во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>
Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари https://republika.mk/vesti/makedonija/sostojbata-so-sezonskiot-grip-e-se-ushte-stabilna-pikot-se-ochekuva-na-krajot-na-fevruari/ Tue, 23 Jan 2024 20:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=736118

Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни, соопшти д-р Злате Мехмедовиќ од Комисија за заразни болести во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мехмедовиќ вели дека случаи на Ковид има сѐ помалку, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако „не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“.

Во однос на пертусис (голема/стодневна/магарешка кашлица) кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаја, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот.

Во однос на тоа дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, д-р Мехмедовиќ одговори дека пертусис не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај деца од 0 до 2 години.

Стабилната состојба со пертусис, според Мехмедовиќ, се должи на тоа што кај нас е многу подобра статистиката во однос за вакцинацијата со ДТП отколку во Хрватска.

Ние сме, за среќа, само на два случаја и можеби тоа се должи на центрите за јавно здравје во државата и Институтот за јавно здравје и сериозниот епидемиолошки пристап во контрола на трансмисија на болеста и следењето на случаите. Иако се работи за мал број случаи, што ја олеснува ситуацијата, ние имаме извонреден начин досега на следење на сите контакти поврзани со случај што веќе е докажан како инфициран, со цел да се минимизира можноста за ширење на болеста, вели д-р Мехмедовиќ.

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, исто така рече дека не е зголемен бројот на пациенти со грип во клиниката и дека во специјалистичката амбуланта на Инфективна има 60-ина прегледи и доминираат вирусни инфекции.

Таа вели дека пациенти со ковид се сериозно возрасни и со сериозни хронични болести, а меѓу хоспитализираните со грип има и помлади, но и тие имаат и други потешки заболувања.

Сите хоспитализирани не се вакцинирани за што треба постојано да се алармира додека не стане рутина за сезонските болести. Вакцините се достапни и тоа треба да биде рутина, истакна д-р Стевановиќ.

The post Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари appeared first on Република.

]]>

Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни, соопшти д-р Злате Мехмедовиќ од Комисија за заразни болести во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Мехмедовиќ вели дека случаи на Ковид има сѐ помалку, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако „не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“. Во однос на пертусис (голема/стодневна/магарешка кашлица) кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаја, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот. Во однос на тоа дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, д-р Мехмедовиќ одговори дека пертусис не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај деца од 0 до 2 години. Стабилната состојба со пертусис, според Мехмедовиќ, се должи на тоа што кај нас е многу подобра статистиката во однос за вакцинацијата со ДТП отколку во Хрватска.
Ние сме, за среќа, само на два случаја и можеби тоа се должи на центрите за јавно здравје во државата и Институтот за јавно здравје и сериозниот епидемиолошки пристап во контрола на трансмисија на болеста и следењето на случаите. Иако се работи за мал број случаи, што ја олеснува ситуацијата, ние имаме извонреден начин досега на следење на сите контакти поврзани со случај што веќе е докажан како инфициран, со цел да се минимизира можноста за ширење на болеста, вели д-р Мехмедовиќ.
Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, исто така рече дека не е зголемен бројот на пациенти со грип во клиниката и дека во специјалистичката амбуланта на Инфективна има 60-ина прегледи и доминираат вирусни инфекции. Таа вели дека пациенти со ковид се сериозно возрасни и со сериозни хронични болести, а меѓу хоспитализираните со грип има и помлади, но и тие имаат и други потешки заболувања.
Сите хоспитализирани не се вакцинирани за што треба постојано да се алармира додека не стане рутина за сезонските болести. Вакцините се достапни и тоа треба да биде рутина, истакна д-р Стевановиќ.

The post Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари appeared first on Република.

]]>
Грипот зама замав: Во штипскиот регион за 23 дена регистрирани 195 случаи слични на грип https://republika.mk/zivot/zdravje/gripot-zama-zamav-vo-shtipskiot-region-za-23-dena-registrirani-195-sluchai-slichni-na-grip/ Tue, 23 Jan 2024 12:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=735921

Во штипскиот регион од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска за МИА, епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип.

Најмногу случаи се регистрирани од почетокот на јануари до денеска и оваа бројка изнесува 195 случаи. Таа посочи дека околу 70 проценти од пациентите се од детската популација, односно од 0 до 14 години.

Имаме и неколку случаи на грип, кои се лабарториски потврдени и станува збор за инфлуенца тип А, вели Живкова.

Таа посочи дека по апелот на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски деновиве имаат повторно заинтересираност кај пациенти за вакцинација против грип. Дневно по околу пет пациенти од ризични групи, пред се од повозрасната популација со хронични заболувања им доаѓаат во пунктот, за да се имунизираат.

The post Грипот зама замав: Во штипскиот регион за 23 дена регистрирани 195 случаи слични на грип appeared first on Република.

]]>

Во штипскиот регион од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска за МИА, епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип. Најмногу случаи се регистрирани од почетокот на јануари до денеска и оваа бројка изнесува 195 случаи. Таа посочи дека околу 70 проценти од пациентите се од детската популација, односно од 0 до 14 години.
Имаме и неколку случаи на грип, кои се лабарториски потврдени и станува збор за инфлуенца тип А, вели Живкова.
Таа посочи дека по апелот на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски деновиве имаат повторно заинтересираност кај пациенти за вакцинација против грип. Дневно по околу пет пациенти од ризични групи, пред се од повозрасната популација со хронични заболувања им доаѓаат во пунктот, за да се имунизираат.

The post Грипот зама замав: Во штипскиот регион за 23 дена регистрирани 195 случаи слични на грип appeared first on Република.

]]>
Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника https://republika.mk/zivot/zdravje/desetina-patsienti-so-grip-a-trojtsa-od-niv-so-kovid-se-na-infektivna-ministerot-veli-nema-prostor-za-panika/ Mon, 22 Jan 2024 11:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=735443

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.

Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.

Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања. И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.
Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.
Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира. Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.
Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.
Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов. Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници https://republika.mk/zivot/zdravje/raste-brojot-na-zaboleni-od-grip-komisijata-preporacha-nosene-maski-vo-zdravstveni-ustanovi-i-domovi-i-zabrana-na-poseti-vo-bolnitsi/ Tue, 16 Jan 2024 14:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=733673

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.

По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.

Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.

Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека во моментот не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.
По однос на состојбата со грип моментално имаме зголемување на бројот на случаи и споредено со минатата недела и споредено со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на највулнерабилните, на најлесно повредливите луѓе, тоа се постарите луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип, рече Петличковски.
Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на Ковид кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи. Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.
Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45/46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со Ковид-19, појасни Стевановиќ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/

The post Расте бројот на заболени од грип, Комисијата препорача носење маски во здравствени установи и домови и забрана на посети во болници appeared first on Република.

]]>
За 25 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во однос на минатата сезона https://republika.mk/zivot/zdravje/za-25-protsenti-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-sezona/ Tue, 16 Jan 2024 10:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=733531

Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 проценти, а во споредба со бројот за прва недела од типичната епидемиска крива - моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 68,8 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на првата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ на РСМ, пристигнаа 37 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектиран е 21 позитивен случај на Influenza, 19 А(H1)pdm09 и по еден Influenza А(H3) и Influenza А - несубтипизиран. Регистриран е и по еден пациент со респираторен синцицијален вирус (RSV) и SARS-CoV-2. Пријавената инциденца за првпат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно достигнат е прагот на влез во сезоната на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 544 лица се на возраст од 15-64 години, 233 кај деца на возраст од 5-14 години, 185 кај деца на возраст од 0-4 години и 63 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 269, Дебар – 188, Гостивар – 114, Штип – 107, Битола – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100. Во осум извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во шест сезонска, во три средна, а во една, Дебар, висока активност на вирусот на грип. Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 56 и 61 години од Скопје и Куманово, кои биле хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - кардиоваскуларни и белодробни и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09, додаваат од ИЈЗ.

Од Институтот повторуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО, односно постарите лица - над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, како и здравствени работници.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). На 25.10.2023 година започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и-или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата www.vakcinacija.mk, истакнуваат од ИЈЗ.

Заклучно со првата недела од оваа година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 60.766 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post За 25 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во однос на минатата сезона appeared first on Република.

Како брзо да се опоравите од грип и настинка https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-brzo-da-se-oporavite-od-grip-i-nastinka/ Sun, 14 Jan 2024 20:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=733047

Ако сакате брзо да се опоравите од грип и настинка, одмарајте се и пијте многу течности. Покрај тоа, постојат и други начини за побрзо надминување на респираторните инфекции.

Грипот е многу заразна респираторна инфекција предизвикана од вирусот на инфлуенца. Симптомите на грип обично траат околу една недела, но најтешките симптоми се јавуваат само два до три дена (иако може да се чувствуваат како цела вечност). Може да продолжите да се чувствувате уморни, слаби и да кашлате една недела откако ќе закрепнете. Следниве се совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со респираторните инфекции и побрзо да ги победите грипот и настинката.

Како побрзо да ги преболите респираторните инфекции

Останете дома

На вашето тело му треба време и енергија за да се избори со вирусот на грип, што значи дека вашата дневна рутина треба да биде на втор план. Можеби ќе бидете во искушение да пазарувате намирници или да ја средите целата куќа, но би си направиле лоша услуга.

Останете дома и одложете ја работата додека не почнете да се чувствувате подобро. Покрај тоа што ќе ви помогне да закрепнете, останувањето дома го спречува и ширењето на грипот на другите луѓе во вашата заедница или работно место. Грипот може да биде опасен за постарите и малите деца, па затоа е од витално значење да избегнувате контакт со други додека сте заразни и редовно да ги дезинфицирате површините и личните предмети.

Пијте доволно течности

Еден од симптомите на грипот е високата температура, која може да доведе до потење и губење на течности. Треба да ја замените изгубената течност која е неопходна за нормално функционирање на организмот и борбата против инфекциите.

Спијте што е можно повеќе

Спиењето е најдобриот лек на телото додека се бори против грипот. Одете на спиење порано од вообичаено и спијте. Можете исто така да дремнете во текот на денот за да му дадете на вашето тело повеќе време да се опорави. Одморот и спиењето исто така го намалуваат ризикот од сериозни компликации од грип, како што е пневмонија.

Олеснете го дишењето

Тешко е да заспиете ако имате затнат нос и кашлате. Обидете се со овие совети кои ќе ви помогнат да дишете полесно и да спиете подобро:

-Користете дополнителна перница за да ја подигнете главата и да го намалите притисокот во синусите.
-Користете навлажнувачи.
-Топол туш пред спиење.

Земете една лажица мед за ублажување на кашлицата

Медот е прилично вообичаен природен лек за болки во грлото или кашлица. Мешањето на мед со чај е одличен начин да останете хидрирани додека ги лекувате симптомите на грип. Во една студија, истражувачите открија дека дозата на мед е поефикасна во контролирањето на ноќната кашлица отколку обичните супресанти за кашлица кај деца на возраст од две до 18 години со инфекции на горниот респираторен тракт. Едно нешто што треба да се забележи е дека не треба да им давате мед на деца под една година.

The post Како брзо да се опоравите од грип и настинка appeared first on Република.

]]>

Ако сакате брзо да се опоравите од грип и настинка, одмарајте се и пијте многу течности. Покрај тоа, постојат и други начини за побрзо надминување на респираторните инфекции. Грипот е многу заразна респираторна инфекција предизвикана од вирусот на инфлуенца. Симптомите на грип обично траат околу една недела, но најтешките симптоми се јавуваат само два до три дена (иако може да се чувствуваат како цела вечност). Може да продолжите да се чувствувате уморни, слаби и да кашлате една недела откако ќе закрепнете. Следниве се совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со респираторните инфекции и побрзо да ги победите грипот и настинката. Како побрзо да ги преболите респираторните инфекции Останете дома На вашето тело му треба време и енергија за да се избори со вирусот на грип, што значи дека вашата дневна рутина треба да биде на втор план. Можеби ќе бидете во искушение да пазарувате намирници или да ја средите целата куќа, но би си направиле лоша услуга. Останете дома и одложете ја работата додека не почнете да се чувствувате подобро. Покрај тоа што ќе ви помогне да закрепнете, останувањето дома го спречува и ширењето на грипот на другите луѓе во вашата заедница или работно место. Грипот може да биде опасен за постарите и малите деца, па затоа е од витално значење да избегнувате контакт со други додека сте заразни и редовно да ги дезинфицирате површините и личните предмети. Пијте доволно течности Еден од симптомите на грипот е високата температура, која може да доведе до потење и губење на течности. Треба да ја замените изгубената течност која е неопходна за нормално функционирање на организмот и борбата против инфекциите. Спијте што е можно повеќе Спиењето е најдобриот лек на телото додека се бори против грипот. Одете на спиење порано од вообичаено и спијте. Можете исто така да дремнете во текот на денот за да му дадете на вашето тело повеќе време да се опорави. Одморот и спиењето исто така го намалуваат ризикот од сериозни компликации од грип, како што е пневмонија. Олеснете го дишењето Тешко е да заспиете ако имате затнат нос и кашлате. Обидете се со овие совети кои ќе ви помогнат да дишете полесно и да спиете подобро: -Користете дополнителна перница за да ја подигнете главата и да го намалите притисокот во синусите. -Користете навлажнувачи. -Топол туш пред спиење. Земете една лажица мед за ублажување на кашлицата Медот е прилично вообичаен природен лек за болки во грлото или кашлица. Мешањето на мед со чај е одличен начин да останете хидрирани додека ги лекувате симптомите на грип. Во една студија, истражувачите открија дека дозата на мед е поефикасна во контролирањето на ноќната кашлица отколку обичните супресанти за кашлица кај деца на возраст од две до 18 години со инфекции на горниот респираторен тракт. Едно нешто што треба да се забележи е дека не треба да им давате мед на деца под една година.

The post Како брзо да се опоравите од грип и настинка appeared first on Република.

]]>
Се зголемува бројот на лица заболени со грип https://republika.mk/zivot/zdravje/se-zgolemuva-brojot-na-litsa-zaboleni-so-grip/ Mon, 08 Jan 2024 14:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=730859

Додека во соседството расте бројот на заразени со Ковид-19, кај нас ситуацијата е поинаква и бројот на позитивни случаи на Ковид бележи тренд на опаѓање- информира Злате Мехмедовиќ од комисијата за заразни болести.

Според него, ако бројот на заразени во октомври бил околу 530, во месец ноември тој бил преполовен односно пријавени биле 229 случаи. Најмногу заболени има во Скопје и Охрид, а Мехмедовиќ потенцира дека најзафатена од вирусот е старосната група над 65 години. Од таа причина тој апелира оваа група на граѓани да се вакцинира или да ја прими дополниителната бустер доза. Во однос на хоспитализираните случаи, Мехмедовиќ вели дека тие се со полесни симптоми.

-Не гледаме како порано луѓе коишто често завршуваат на респиратори и вентилација, напротив поголем дел од нив се без кислородна поддршка или со многу мало количество на кислородна поддршка која што е потребна за оддржување во живот. Празни се практично одделенијата на инфективните клиники. Во земјата нема преполнување на болничките капацитети - вели Злате Мехмедовиќ за Канал 5

Од друга страна, расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, односно за 96,6% повеќе во однос на претпоследната недела од годината. Според податоците најбрзо ширење на грипот има кај децата од 0 до 4 години. Мехмедовиќ објаснува дека најголемиот број од случаите е со заболувањата слични на грип, додека регистрирани случаи на грип имало само 5, што според него е бројка сосема нормална за овој период од годината.

-Иако зборуваме за тоа дека се работи за голем број заболени од грип, всушност се работи за голем број заболени кои што имаат симптоми на грип, меѓутоа причинителот не е вирусот на инфлуенца. Пикот се очекува да биде кон крајот на февруари и почетокот на март, зборуваме на оние кои точно ќе бидат дијагностицирани со грип.

The post Се зголемува бројот на лица заболени со грип appeared first on Република.

]]>

Додека во соседството расте бројот на заразени со Ковид-19, кај нас ситуацијата е поинаква и бројот на позитивни случаи на Ковид бележи тренд на опаѓање- информира Злате Мехмедовиќ од комисијата за заразни болести. Според него, ако бројот на заразени во октомври бил околу 530, во месец ноември тој бил преполовен односно пријавени биле 229 случаи. Најмногу заболени има во Скопје и Охрид, а Мехмедовиќ потенцира дека најзафатена од вирусот е старосната група над 65 години. Од таа причина тој апелира оваа група на граѓани да се вакцинира или да ја прими дополниителната бустер доза. Во однос на хоспитализираните случаи, Мехмедовиќ вели дека тие се со полесни симптоми.
-Не гледаме како порано луѓе коишто често завршуваат на респиратори и вентилација, напротив поголем дел од нив се без кислородна поддршка или со многу мало количество на кислородна поддршка која што е потребна за оддржување во живот. Празни се практично одделенијата на инфективните клиники. Во земјата нема преполнување на болничките капацитети - вели Злате Мехмедовиќ за Канал 5
Од друга страна, расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, односно за 96,6% повеќе во однос на претпоследната недела од годината. Според податоците најбрзо ширење на грипот има кај децата од 0 до 4 години. Мехмедовиќ објаснува дека најголемиот број од случаите е со заболувањата слични на грип, додека регистрирани случаи на грип имало само 5, што според него е бројка сосема нормална за овој период од годината.
-Иако зборуваме за тоа дека се работи за голем број заболени од грип, всушност се работи за голем број заболени кои што имаат симптоми на грип, меѓутоа причинителот не е вирусот на инфлуенца. Пикот се очекува да биде кон крајот на февруари и почетокот на март, зборуваме на оние кои точно ќе бидат дијагностицирани со грип.

The post Се зголемува бројот на лица заболени со грип appeared first on Република.

]]>
Зголем бројот на заболени од грип во однос на претходните години https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolem-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-prethodnite-godini/ Sun, 07 Jan 2024 14:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=730119

Во текот на 52-ра недела од 2023 година (25.12-31.12.2023), во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица споредено со 52-ра недела од минатата сезона е зголемен за 16,1%, а во однос на претходните 13 сезони, е поголем за 79,0%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 151 лице е на возраст од 15-64 години, 108 се деца на возраст од 0-4 години, 115 деца на возраст од 5-14 години и 29 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 67 години од Скопје кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, обезитас и малигно заболување) и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1).

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 1.293.
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 39,0%, а во однос на моделот од последните 13 сезони се регистрира зголемување од 20,0%.

The post Зголем бројот на заболени од грип во однос на претходните години appeared first on Република.

]]>

Во текот на 52-ра недела од 2023 година (25.12-31.12.2023), во земјава се пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96,6% повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје. Бројот на пријавени лица споредено со 52-ра недела од минатата сезона е зголемен за 16,1%, а во однос на претходните 13 сезони, е поголем за 79,0%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 151 лице е на возраст од 15-64 години, 108 се деца на возраст од 0-4 години, 115 деца на возраст од 5-14 години и 29 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 67 години од Скопје кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни, обезитас и малигно заболување) и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1). Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 1.293. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 39,0%, а во однос на моделот од последните 13 сезони се регистрира зголемување од 20,0%.  

The post Зголем бројот на заболени од грип во однос на претходните години appeared first on Република.

]]>
Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип https://republika.mk/zivot/zdravje/amerikanskata-agentsija-za-hrana-i-lekovi-go-odobri-prviot-domashen-test-za-kovid-i-grip/ Mon, 06 Mar 2023 08:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=616287

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип.

Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт.

Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години.

Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност.

Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од ковид и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува Си-Ен-Ен.

Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста.

Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА.

The post Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип appeared first on Република.

]]>

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и возрасни за тестирање деца на возраст над две години. Тестот може да идентификува негативен резултат за вирусот тип А кој предизвикува грип со повеќе од 99 проценти точност и позитивен резултат со повеќе од 90 проценти точност. Тој е 100 отсто прецизен за негативни примероци од ковид и повеќе од 88 отсто за позитивни резултати, пишува Си-Ен-Ен. Истакнувајќи дека сите тестови носат ризик од лажно-позитивни или лажно негативни резултати, ФДА ги советува луѓето кои се позитивни на тестот за грип или ковид да преземат мерки на претпазливост за да избегнат ширење на болеста. Доколку е потребно за лекување на пациентот, негативните резултати треба да се потврдат со лабораториски тест, додаваат од ФДА.

The post Американската Агенција за храна и лекови го одобри првиот домашен тест за ковид и грип appeared first on Република.

]]>