Грета Тумберг Archives - Република https://republika.mk/tema/greta-tumberg/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Oct 2023 14:36:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грета Тумберг Archives - Република https://republika.mk/tema/greta-tumberg/ 32 32 Површна и лошо информирана, и пишаа еколошките активисти на Израел на Гета Тумберг, која се солидаризираше со Газа https://republika.mk/vesti/svet/povrshna-i-losho-informirana-i-pishaa-ekoloshkite-aktivisti-na-izrael-na-geta-tumberg-koja-se-solidarizirashe-so-gaza/ Sun, 22 Oct 2023 14:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=693924

Група од стотина израелски активисти за заштита на животната средина потпишаа отворено писмо до Грета Тунберг во кое ја осудуваат за изразувањето „солидарност со Палестина и Газа“.

Потписниците наведуваат дека нејзините твитови и објави биле „ужасно еднострани, лошо информирани, површни и во целосна спротивност“ со нејзината способност да навлегува длабоко во деталите на сложените прашања.

„Дали мислите дека Хамас ги застапува човековите права и слобода? Размислете повторно“, се вели во писмото.

„Во саботата на 7 октомври се случи брутален масакр во Израел. Досега изброивме 1.400 тела на бебиња, деца, жени и мажи. Сите брутално убиени, живи запалени, мачени пред смртта, терористите ги нападнаа нивните домови, на музички фестивал и по случаен избор на улица“, се вели во писмото.

Исто така, се наведува дека биле заробени и земени како заложници, вклучително и деветмесечни бебиња, постари лица и луѓе кои се тешко болни, без лекови и оние со посебни потреби, додека многу се уште се водат како исчезнати.

Грета во меѓувреме избриша фотографија на која се наоѓа таа со три други жени кои држат транспаренти со пораки за поддршка за Палестина и Газа и играчка октопод што понекогаш се користи како антисемитски симбол, а потоа ја замени со слична слика.

Таа во саботата на платформата Икс (поранешен Твитер) напиша дека се подразбира дека е против страшните напади на Хамас.

 

The post Површна и лошо информирана, и пишаа еколошките активисти на Израел на Гета Тумберг, која се солидаризираше со Газа appeared first on Република.

]]>

Група од стотина израелски активисти за заштита на животната средина потпишаа отворено писмо до Грета Тунберг во кое ја осудуваат за изразувањето „солидарност со Палестина и Газа“. Потписниците наведуваат дека нејзините твитови и објави биле „ужасно еднострани, лошо информирани, површни и во целосна спротивност“ со нејзината способност да навлегува длабоко во деталите на сложените прашања. „Дали мислите дека Хамас ги застапува човековите права и слобода? Размислете повторно“, се вели во писмото. „Во саботата на 7 октомври се случи брутален масакр во Израел. Досега изброивме 1.400 тела на бебиња, деца, жени и мажи. Сите брутално убиени, живи запалени, мачени пред смртта, терористите ги нападнаа нивните домови, на музички фестивал и по случаен избор на улица“, се вели во писмото. Исто така, се наведува дека биле заробени и земени како заложници, вклучително и деветмесечни бебиња, постари лица и луѓе кои се тешко болни, без лекови и оние со посебни потреби, додека многу се уште се водат како исчезнати. Грета во меѓувреме избриша фотографија на која се наоѓа таа со три други жени кои држат транспаренти со пораки за поддршка за Палестина и Газа и играчка октопод што понекогаш се користи како антисемитски симбол, а потоа ја замени со слична слика. Таа во саботата на платформата Икс (поранешен Твитер) напиша дека се подразбира дека е против страшните напади на Хамас.  

The post Површна и лошо информирана, и пишаа еколошките активисти на Израел на Гета Тумберг, која се солидаризираше со Газа appeared first on Република.

]]>
Приведена Грета Тумберг https://republika.mk/vesti/svet/privedena-greta-tumberg/ Tue, 17 Jan 2023 17:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=598038

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата.

Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн.

Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми.

Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА.

За време на протестот во Келн беа видливи жолти крстови, симболи на протестот против уривањето на селото Луцерат. Демонстрантите објавија преку Твитер дека јагленот под Луцерат мора да остане во земја.

Протести се одржаа и на други места во западна Германија. Во рудникот за лигнит Инден кај Ахен, демонстрантите запленија багер, па работата во рудникот беше прекината.

Според полицијата во Ахен, учествувале околу 20 демонстранти, а според компанијата РВЕ меѓу 30 и 40 демонстранти.

Група од околу 20 климатски активисти, исто така, ги окупираа железничките пруги кои водат до електраната Неурат во близина на Ромерскирхен, соопштија полицијата и РВЕ.

Климатските активисти од Луцерат за денеска најавија заеднички ден на климатска акција, пренесува ДПА

The post Приведена Грета Тумберг appeared first on Република.

]]>

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата. Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн. Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми. Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА. За време на протестот во Келн беа видливи жолти крстови, симболи на протестот против уривањето на селото Луцерат. Демонстрантите објавија преку Твитер дека јагленот под Луцерат мора да остане во земја. Протести се одржаа и на други места во западна Германија. Во рудникот за лигнит Инден кај Ахен, демонстрантите запленија багер, па работата во рудникот беше прекината. Според полицијата во Ахен, учествувале околу 20 демонстранти, а според компанијата РВЕ меѓу 30 и 40 демонстранти. Група од околу 20 климатски активисти, исто така, ги окупираа железничките пруги кои водат до електраната Неурат во близина на Ромерскирхен, соопштија полицијата и РВЕ. Климатските активисти од Луцерат за денеска најавија заеднички ден на климатска акција, пренесува ДПА

The post Приведена Грета Тумберг appeared first on Република.

]]>