грејна сезона Archives - Република https://republika.mk/tema/grejna-sezona/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грејна сезона Archives - Република https://republika.mk/tema/grejna-sezona/ 32 32 Се подготвуваат за грејната сеозна: Исклучувањето на блоковите во РЕК Битола било испланирано https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-podgotvuvaat-za-grejnata-seozna-iskluchuvaneto-na-blokovite-vo-rek-bitola-bilo-isplanirano/ Wed, 09 Oct 2024 11:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=824636

Во РЕК Битола, во рамки на подготовките за претстојната грејна сезона утрово од мрежа го исклучи Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот, информираа од комбинатот

Оттаму додаваат дека во тек е испитување на стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата.

Според годишниот план за производство на АД ЕСМ, предвидено е во овој период, РЕК Битола да работи со еден блок, додека се во тек процесите за консолидација на комбинатот и нормализација на состојбите во рудникот Суводол.

The post Се подготвуваат за грејната сеозна: Исклучувањето на блоковите во РЕК Битола било испланирано appeared first on Република.

]]>

Во РЕК Битола, во рамки на подготовките за претстојната грејна сезона утрово од мрежа го исклучи Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот, информираа од комбинатот Оттаму додаваат дека во тек е испитување на стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата. Според годишниот план за производство на АД ЕСМ, предвидено е во овој период, РЕК Битола да работи со еден блок, додека се во тек процесите за консолидација на комбинатот и нормализација на состојбите во рудникот Суводол.

The post Се подготвуваат за грејната сеозна: Исклучувањето на блоковите во РЕК Битола било испланирано appeared first on Република.

]]>
Грејната сезона продолжува поради временските услови https://republika.mk/vesti/ekonomija/grejnata-sezona-prodolzhuva-poradi-vremenskite-uslovi/ Wed, 17 Apr 2024 11:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=767091

АД Електрани информираaт дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за Хидрометеролошки работи, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30-ти април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина: Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на ЕСМ - Енергетика: Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок, 07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

The post Грејната сезона продолжува поради временските услови appeared first on Република.

]]>

АД Електрани информираaт дека за утре се создадени услови за испорака на топлинска енергија.
Ги информираме потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија. Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за Хидрометеролошки работи, се вели во соопштението од АД ЕСМ.
Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30-ти април, во зависност од временските услови. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. За информации, рекламации или пријави на дефекти, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи. За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина: Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 За потрошувачите на ЕСМ - Енергетика: Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок, 07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

The post Грејната сезона продолжува поради временските услови appeared first on Република.

]]>
Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија https://republika.mk/vesti/skopje/grejnata-sezona-zavrshuva-dokolku-ima-potreba-ke-bide-vkluchen-sistemot-za-toplinska-energija/ Mon, 15 Apr 2024 10:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=766259

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.

Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот за топлинска енергија. Согласно член 45 од Правилата за снабдување секој пат кога прогнозирана средна дневна температура е 12 и пониска од 12 тогаш се дава налог дека се создадени услови да се започне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.

The post Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот за топлинска енергија. Согласно член 45 од Правилата за снабдување секој пат кога прогнозирана средна дневна температура е 12 и пониска од 12 тогаш се дава налог дека се создадени услови да се започне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи, велат од Регулаторната комисија за енергетика. За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.

The post Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
Се очекува ЕСМ навреме да ги заврши обврските со топловодната мрежа за грејната сезона кај мостот Беласица https://republika.mk/vesti/skopje/se-ochekuva-esm-navreme-da-gi-zavrshi-obvrskite-so-toplovodnata-mrezha-za-grejnata-sezona-kaj-mostot-belasitsa/ Fri, 13 Oct 2023 09:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=690792

Поставувањето на топловодната мрежа кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата од претходната топловодна мрежа што била таму поставена. Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со мостот Беласица, дали ќе има парно и до каде се договорите со ЕСМ.

Таа на денешната прес-конференција при потпишувањето на Меморандум за соработка со НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје рече дека Град Скопје нема никакви договори со ЕСМ и повтори дека тоа е нивна надлежност.

Предуслов за да можат да се постават тие топловодни цевки е истото место каде што треба да се постават да биде санирано. Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост - изјави  Арсовска.

Додаде дека очекуваат од ЕСМ навремено започнување на санацијата и завршување на нивните обврски што се однесува до мостот Беласица.

Вештачењето го имаме и очекуваме, како што ме информираа од ЕСМ, дека истото започнува и дека тие навремено ќе ги завршат своите обврски што се однесува и до санацијата и до поставувањето на топловодната мрежа за да се почне навреме со грејната сезона имајќи ги предвид температурите коишто ги имаме надвор - посочи Арсовска.

The post Се очекува ЕСМ навреме да ги заврши обврските со топловодната мрежа за грејната сезона кај мостот Беласица appeared first on Република.

]]>

Поставувањето на топловодната мрежа кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата од претходната топловодна мрежа што била таму поставена. Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со мостот Беласица, дали ќе има парно и до каде се договорите со ЕСМ. Таа на денешната прес-конференција при потпишувањето на Меморандум за соработка со НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје рече дека Град Скопје нема никакви договори со ЕСМ и повтори дека тоа е нивна надлежност.
Предуслов за да можат да се постават тие топловодни цевки е истото место каде што треба да се постават да биде санирано. Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост - изјави  Арсовска.
Додаде дека очекуваат од ЕСМ навремено започнување на санацијата и завршување на нивните обврски што се однесува до мостот Беласица.
Вештачењето го имаме и очекуваме, како што ме информираа од ЕСМ, дека истото започнува и дека тие навремено ќе ги завршат своите обврски што се однесува и до санацијата и до поставувањето на топловодната мрежа за да се почне навреме со грејната сезона имајќи ги предвид температурите коишто ги имаме надвор - посочи Арсовска.

The post Се очекува ЕСМ навреме да ги заврши обврските со топловодната мрежа за грејната сезона кај мостот Беласица appeared first on Република.

]]>
Парно ќе има, но цената никој не ја знае https://republika.mk/vesti/ekonomija/parno-ke-ima-no-tsenata-nikoj-ne-ja-znae/ Fri, 06 Oct 2023 19:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=688699

Скопјани нема да останат без парно греење и тоа е дефинитивно ама по која цена – сѐ уште нема одлука. Во моментов главна цел е најголем дел од топлинската енергија да дојде од ТЕ-ТО, за да има што помалку трошоци вели првиот човек на Регулаторна, Бислимовски.

Ситуацијата е проблематична затоа што со месеци траат натегањата помеѓу ЕСМ и Град Скопје околу тоа кој е надлежен за новиот топловод на мостот „Беласица“, а решение на проблемот со цевките – нема.

Топловодот беше оштетен пред околу четири месеци, кога пожар го зафати мостот „Беласица“. Оттогаш сите креваат раменици, а никој не го решава проблемот.

Во меѓувреме од Регулаторна предупредија дека санацијата мора да заврши што поскоро, за да нема ценовно цунами. Тоа сѐ уште се чека, вели претседателот Бислимовски и открива дека од истото зависи и носењето на одлуката за новата цена на парното.

Претседателот на РКЕ потврди и дека евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември. Ќе важи во периодот од 13 до 15 часот, а во првите десет дена од месец декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап до истата.

Сите ќе имаат пристап до евтината тарифа кога ќе се изврши целосно сетирање на броилата.

The post Парно ќе има, но цената никој не ја знае appeared first on Република.

]]>

Скопјани нема да останат без парно греење и тоа е дефинитивно ама по која цена – сѐ уште нема одлука. Во моментов главна цел е најголем дел од топлинската енергија да дојде од ТЕ-ТО, за да има што помалку трошоци вели првиот човек на Регулаторна, Бислимовски. Ситуацијата е проблематична затоа што со месеци траат натегањата помеѓу ЕСМ и Град Скопје околу тоа кој е надлежен за новиот топловод на мостот „Беласица“, а решение на проблемот со цевките – нема. Топловодот беше оштетен пред околу четири месеци, кога пожар го зафати мостот „Беласица“. Оттогаш сите креваат раменици, а никој не го решава проблемот. Во меѓувреме од Регулаторна предупредија дека санацијата мора да заврши што поскоро, за да нема ценовно цунами. Тоа сѐ уште се чека, вели претседателот Бислимовски и открива дека од истото зависи и носењето на одлуката за новата цена на парното. Претседателот на РКЕ потврди и дека евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември. Ќе важи во периодот од 13 до 15 часот, а во првите десет дена од месец декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап до истата. Сите ќе имаат пристап до евтината тарифа кога ќе се изврши целосно сетирање на броилата.

The post Парно ќе има, но цената никој не ја знае appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона https://republika.mk/vesti/skopje/esm-potroshuvachite-da-proverat-dali-objektite-se-podgotveni-za-grejnata-sezona/ Sat, 30 Sep 2023 11:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=686584

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона

Како што се наведува во соопштението, согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1-ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување.

Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, наведуваат од компанијата.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/307-6200 и 075-400-100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб – страната на ЕСМ Снабдување со топлина на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

The post ЕСМ: Потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона Како што се наведува во соопштението, согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1-ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, наведуваат од компанијата. За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/307-6200 и 075-400-100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб – страната на ЕСМ Снабдување со топлина на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

The post ЕСМ: Потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshuva-grejnata-sezona-i-kriznata-sostojba-vo-energetikata/ Sat, 29 Apr 2023 06:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=635167

Грејната сезона завршува утре, а со тоа и кризната состојба во енергетиката што ја прогласи Владата во септември лани, со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во текот на целиот зимски период, како и топлинска енергија на жителите на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење.

Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот, истакна премиерот Димитар Ковачевски при неодамнешната посета на РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов.

The post Завршува грејната сезона и кризната состојба во енергетиката appeared first on Република.

Бислимоски: Неопходно е рационално трошење на енергенсите https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-neophodno-e-racionalno-troshenje-na-energensite/ Fri, 21 Oct 2022 16:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=564129

Грејната сезона почна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите - посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, на редовниот месечен координативен состанок со енергетските компании.

Тој нагласи дека енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија.

На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100-отстотно покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи, како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние кои што им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во кои температурата ќе биде пониска, затоа е неопходно рационално трошење на сите енергенси - изјави Бислимоски.

На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО.

The post Бислимоски: Неопходно е рационално трошење на енергенсите appeared first on Република.

Србија ќе го искористи сончевиот период, стартот на грејната сезона поместен за две недели https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-kje-go-iskoristi-soncheviot-period-startot-na-grejnata-sezona-pomesten-za-dve-nedeli/ Sat, 15 Oct 2022 17:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=561542

Србија ќе го одложи стартот на грејната сезона и наместо од денеска, парната ќе се загреат од 31 октомври. Ова е само една од мерките за штедење донесени од страна на Владата со која се очекува да се заштедат 50 милиони евра, а одлуката ја правдаат со прогнозите дека до крајот на месецот се очекува натпросечно топло време.

Дел од српските медиуми, повикувајќи се на извори од Владата, објавија дека до топланите и градските администрации веќе биле доставени дописи за спроведување на оваа мерка. Додаваат и дека планот ќе се спроведува согласно временската прогноза.

Српската премиерка Ана Брнабиќ смета дека во услови на енергетска криза од вакви размери и согласно дневните температури периодов бесмислено е да се вклучува парното.

Во обаа смисла би биле енергетски ефикасни и едноставно е разумно кога температурата е 22 степени, да не го вклучите парното. Мислам дека е бесмислено загревањето да почне пред крајот на октомври, вели таа.

The post Србија ќе го искористи сончевиот период, стартот на грејната сезона поместен за две недели appeared first on Република.

]]>

Србија ќе го одложи стартот на грејната сезона и наместо од денеска, парната ќе се загреат од 31 октомври. Ова е само една од мерките за штедење донесени од страна на Владата со која се очекува да се заштедат 50 милиони евра, а одлуката ја правдаат со прогнозите дека до крајот на месецот се очекува натпросечно топло време. Дел од српските медиуми, повикувајќи се на извори од Владата, објавија дека до топланите и градските администрации веќе биле доставени дописи за спроведување на оваа мерка. Додаваат и дека планот ќе се спроведува согласно временската прогноза. Српската премиерка Ана Брнабиќ смета дека во услови на енергетска криза од вакви размери и согласно дневните температури периодов бесмислено е да се вклучува парното.
Во обаа смисла би биле енергетски ефикасни и едноставно е разумно кога температурата е 22 степени, да не го вклучите парното. Мислам дека е бесмислено загревањето да почне пред крајот на октомври, вели таа.

The post Србија ќе го искористи сончевиот период, стартот на грејната сезона поместен за две недели appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија https://republika.mk/vesti/skopje/esm-vo-105-objekti-ne-se-obezbedeni-potrebnite-uslovi-za-isporaka-na-toplinska-energija/ Thu, 13 Oct 2022 11:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=560487

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ.

Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир.

Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во околу 105 објекти (што претставува околу 3,7 отсто од вкупниот број на мерни места) сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно „заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите, остакнуваат од ЕСМ. Потенцираат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија и доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви: За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Дооел Скопје на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Општина Аеродром, дел од Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Центар и Општина Чаир. Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100 За потрошувачите на Енергетика – Оддел за топлинска енергија на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: дел од Општина Гази Баба Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405 Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816 Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872. Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

The post ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија appeared first on Република.

]]>
Васко Ковачевски: Се подготвуваме за грејната сезона https://republika.mk/vesti/ekonomija/vasko-kovachevski-se-podgotvuvame-za-grejnata-sezona/ Mon, 05 Sep 2022 09:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=547567

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се бараат начини да се обезбеди поветина струја за стопанството и да им се помогне на компаниите и институциите за полесно да се надмине енергетската криза.

– Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме, посочува првиот човек на АД ЕСМ, заедно со Владата, се бараат начини како да се помогне на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да се произведе и да се понуди на бизнис секторот и на институциите, со цел да се помогне и на слободниот пазар, каде цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.

– Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија, вели Ковачевски.

The post Васко Ковачевски: Се подготвуваме за грејната сезона appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се бараат начини да се обезбеди поветина струја за стопанството и да им се помогне на компаниите и институциите за полесно да се надмине енергетската криза. – Во изминатиот период, како држава, правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60% колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин, изјави Ковачевски. Во меѓувреме, посочува првиот човек на АД ЕСМ, заедно со Владата, се бараат начини како да се помогне на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да се произведе и да се понуди на бизнис секторот и на институциите, со цел да се помогне и на слободниот пазар, каде цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.
– Ние се подготвуваме за грејната сезона. Премиерот Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија, вели Ковачевски.

The post Васко Ковачевски: Се подготвуваме за грејната сезона appeared first on Република.

]]>
Завршува грејната сезона, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува https://republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshuva-grejnata-sezona-kje-se-odluchuva-na-dnevno-nivo-dali-kje-ima-greenje-vrz-osnova-na-prognoza-koja-uhmr-ja-dostavuva/ Fri, 15 Apr 2022 09:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=488873

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека денеска завршува редовната грејна сезона, како и дека доколку има поладни денови до крајот на месецов на дневно ниво ќе се одлучува дали ќе има греење и тоа врз основа на прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија заклучно со денеска 15 април завршува редовната грејна сезона. Во останатите денови до крај на април, согласно Правилата со цел да им се овозможи комфор на граѓаните доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува, се вели во соопштението од РКЕ.

Во него се додава дека доколку УХМР достави прогноза во која се предвидува средна надворешна температура за следниот ден да е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, топланите се должни да испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите.

The post Завршува грејната сезона, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува appeared first on Република.

Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли https://republika.mk/vesti/skopje/deneska-zavrshuva-grejnata-sezona-za-korisnicite-na-beg-no-ako-e-studeno-radijatorite-treba-da-bidat-topli/ Fri, 15 Apr 2022 09:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=488858

Инаку, оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

Дел од корисниците изминативе неколку седмици се жалеа на услугите од БЕГ, поради ладните радијатори во врее на енергетска криза.

Од следната недела се очекува пад на температурите, но не се знае дали скопјани ќе имаат топли радијатори, но правилото на БЕК е грејната сезона да може да биде продолжена во зависност од временските услови. Но, како ќе биде овој пат, во услови на криза, останува да видиме!

The post Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли appeared first on Република.

]]>

Инаку, оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите. Дел од корисниците изминативе неколку седмици се жалеа на услугите од БЕГ, поради ладните радијатори во врее на енергетска криза. Од следната недела се очекува пад на температурите, но не се знае дали скопјани ќе имаат топли радијатори, но правилото на БЕК е грејната сезона да може да биде продолжена во зависност од временските услови. Но, како ќе биде овој пат, во услови на криза, останува да видиме!  

The post Денеска завршува грејната сезона за корисниците на БЕГ, но ако е студено, радијаторите треба да бидат топли appeared first on Република.

]]>