Грегоријан Archives - Република https://republika.mk/tema/gregorijan/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 10:23:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грегоријан Archives - Република https://republika.mk/tema/gregorijan/ 32 32 Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-durmishi-na-sredba-so-postojaniot-pretstavnik-na-undp-grigorjan-posveteni-sme-na-prodlabochuvane-na-sorabotkata-za-ekonomski-rast-i-sozdavane-na-novi-rabotni-mesta/ Thu, 18 Jul 2024 10:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=798008

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работен состанок со Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија.

Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата.

Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот кој што УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Македонија.

“Министерството за економија и труд со реорганизацијата на министерствата има нови надлежности. Фокусот на работа ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, подршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме.Поддршката од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор во Македонија“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој.

Од страна на  постојаниот претставник наУНДП, Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа.
Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд  ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.

 

 

The post Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работен состанок со Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија. Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата. Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот кој што УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Македонија. “Министерството за економија и труд со реорганизацијата на министерствата има нови надлежности. Фокусот на работа ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, подршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме.Поддршката од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор во Македонија“ кажа министерот Дурмиши. Министерот потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој. Од страна на  постојаниот претставник наУНДП, Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа. Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд  ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.    

The post Министерот Дурмиши на средба со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање на нови работни места appeared first on Република.

]]>