Грчко МНР Archives - Република https://republika.mk/tema/grchko-mnr/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 09:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грчко МНР Archives - Република https://republika.mk/tema/grchko-mnr/ 32 32 Грчкото МНР бара заштита на цивилите и безбедност на верските објекти во Газа https://republika.mk/vesti/svet/grchkoto-mnr-bara-zashtita-na-tsivilite-i-bezbednost-na-verskite-objekti-vo-gaza/ Fri, 20 Oct 2023 09:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=693183

Заштитата на цивилите и безбедноста на местата за богослужба и верските институции треба да бидат обезбедени и почитувани од сите страни, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција по нападот врз грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, за кој претходно Грција, побарала заштита од Израел, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека изразуваат „длабока тага за загубата на животи предизвикана од нападот на објект во непосредна близина на манастирот Свети Порфириј во Газа“.

За верските објекти, меѓу кои и конкретниот манастир и нивната заштита разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната средба минатата седмица, а Мицотакис, го информираше дека „Владата стапила во контакт со израелската страна за да го заштити манастирот Свети Порфириј во Газа од нападите на израелските вооружени сили“.

Според Ерусалимската патријаршија, црквата синоќа била погодена при воздушни напади, Скај њуз објави дека во неа нашле засолниште нашле раселени Палестинци, а генералниот директор на болницата Шифа, Мохамед Абу Селмија, рече дека десетици се повредени без да може да даде точен биланс на загинатите бидејќи телата сѐ уште се под урнатините.

The post Грчкото МНР бара заштита на цивилите и безбедност на верските објекти во Газа appeared first on Република.

]]>

Заштитата на цивилите и безбедноста на местата за богослужба и верските институции треба да бидат обезбедени и почитувани од сите страни, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција по нападот врз грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, за кој претходно Грција, побарала заштита од Израел, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додадоа дека изразуваат „длабока тага за загубата на животи предизвикана од нападот на објект во непосредна близина на манастирот Свети Порфириј во Газа“. За верските објекти, меѓу кои и конкретниот манастир и нивната заштита разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната средба минатата седмица, а Мицотакис, го информираше дека „Владата стапила во контакт со израелската страна за да го заштити манастирот Свети Порфириј во Газа од нападите на израелските вооружени сили“. Според Ерусалимската патријаршија, црквата синоќа била погодена при воздушни напади, Скај њуз објави дека во неа нашле засолниште нашле раселени Палестинци, а генералниот директор на болницата Шифа, Мохамед Абу Селмија, рече дека десетици се повредени без да може да даде точен биланс на загинатите бидејќи телата сѐ уште се под урнатините.

The post Грчкото МНР бара заштита на цивилите и безбедност на верските објекти во Газа appeared first on Република.

]]>
Грчко МНР: Турција уште еднаш ја извртува реалноста за муслиманското малцинство во Тракија https://republika.mk/vesti/balkan/grchko-mnr-turcija-ushte-ednash-ja-izvrtuva-realnosta-za-muslimanskoto-malcinstvo-vo-trakija/ Fri, 09 Dec 2022 09:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=583567

Турција уште еднаш ја искривува реалноста во Тракија. Во најмала рака е оксиморон за земја со доста слаби резултати во прашањата за човековите права да ја обвинува Грција за кршење на правата на муслиманското малцинство во Тракија, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението за прашањата поврзани со муслиманското малцинство во Тракија, посочија дека Грција, како модерна европска демократија, „води кохерентна малцинска политика која ја промовира благосостојбата на малцинството“.

Додадоа дека муслиманското малцинство во Грција брои 120.000 членови, „исто толку како и во периодот кога беше потпишан Лозанскиот договор“ и се осврнаа на грчкото малцинство во Турција за кое велат дека од 130.000, сега е намалено на 3.000.

Паралелно од грчкото МНР се повикаа на изјавата на ЕУ, во рамките на 77. Генерално собрание на ОН, „за минатите дискриминаторски политики спроведени од Турција, што резултираше со тоа што грчкото малцинство во Турција денес е на работ на истребување“.

Ја повикуваме Турција, наместо да држи лекции за човекови права, да си среди дома и да спроведе политики што ќе му дадат нов живот и динамика на грчкото малцинство таму, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Соопштението доаѓа како одговор до турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, кој по средбата со Советодавниот одбор на турското малцинство во западна Тракија, на Твитер напиша дека „Грција упорно продолжува да го прекршува Лозанскиот договор и основните права на турското малцинство“.

Паралелно објави листа со „дискриминаторски практики на Грција против турското малцинство во западна Тракија“.

The post Грчко МНР: Турција уште еднаш ја извртува реалноста за муслиманското малцинство во Тракија appeared first on Република.

]]>

Турција уште еднаш ја искривува реалноста во Тракија. Во најмала рака е оксиморон за земја со доста слаби резултати во прашањата за човековите права да ја обвинува Грција за кршење на правата на муслиманското малцинство во Тракија, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението за прашањата поврзани со муслиманското малцинство во Тракија, посочија дека Грција, како модерна европска демократија, „води кохерентна малцинска политика која ја промовира благосостојбата на малцинството“. Додадоа дека муслиманското малцинство во Грција брои 120.000 членови, „исто толку како и во периодот кога беше потпишан Лозанскиот договор“ и се осврнаа на грчкото малцинство во Турција за кое велат дека од 130.000, сега е намалено на 3.000. Паралелно од грчкото МНР се повикаа на изјавата на ЕУ, во рамките на 77. Генерално собрание на ОН, „за минатите дискриминаторски политики спроведени од Турција, што резултираше со тоа што грчкото малцинство во Турција денес е на работ на истребување“.
Ја повикуваме Турција, наместо да држи лекции за човекови права, да си среди дома и да спроведе политики што ќе му дадат нов живот и динамика на грчкото малцинство таму, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.
Соопштението доаѓа како одговор до турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, кој по средбата со Советодавниот одбор на турското малцинство во западна Тракија, на Твитер напиша дека „Грција упорно продолжува да го прекршува Лозанскиот договор и основните права на турското малцинство“. Паралелно објави листа со „дискриминаторски практики на Грција против турското малцинство во западна Тракија“.

The post Грчко МНР: Турција уште еднаш ја извртува реалноста за муслиманското малцинство во Тракија appeared first on Република.

]]>
По Мицотакис, и грчкото МНР: Македонија и Албанија веднаш да почнат со преговори https://republika.mk/vesti/makedonija/po-micotakis-i-grchkoto-mnr-makedonija-i-albanija-vednash-da-pochnat-so-pregovori/ Wed, 01 Jun 2022 12:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=509759

Грчката поддршка за ЕУ перспективата како на Македонија и Албанија, така и на останатите земји од регионот, уште еднаш ја изрази портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека Скопје и Тирана треба веднаш да ги започнат преговорите.

Ние вложуваме секакви напори и им го потенцираме тоа и на нашите европски партнери и на земјите од регионот и нашата позиција е дека овие преговори за интеграција треба да започнат веднаш и дека не постои простор за дополнително доцнење. Сепак, потребно е да постои едногласна одлука од Европската Унија за почеток. Но, нашата позииција, беше е и ќе биде јасна и тоа им го кажавме на сите наши соговорници, рече Папајоану, на прашањето на МИА во однос на тоа дали по посетата на Дендиас на Македонија и Албанија постои оптимиам за итен почеоток на преговори со ЕУ.

Говорејќи за турнејата на шефот на грчката дипломатија на Западен Балкан, Папајоану објасни дека една од пораките што ги упати Дендиас е дека „не треба да се загуби моментумот“, а земјите од регионот како основна перспектива да го задржат европскиот курс, бидејќи Грција смета дека тоа во корист и на регионот и на ЕУ, за да го поддржи проширувањето на стабилноста.

Додаде дека „независно од барањето на Украина за членство во Европската Унија, не може да има заостанување на европскта перспектива на Западен Балкан“ и истакна дека и Грција и Европа треба да продолжат да ја поддржуваат оваа перспектива

Друга важна порака, како што рече поррпаролот на грчкото МНР е дека тие се против било каква промена на границите во регионот и пошироко.

Било каква помена на границите би имало катастрофални последици и за регионот и пошироко, истакна Папајоану.

Дендиас минатата седмица ги посети Скопје и Тирана, вчера беше во Сараево, а балканската турнеја ќе ја продолжи во вторник и среда со посета на Подгорица и Приштина, додека пак планирано е и патување во Белград.

Следниот петок, на 10 јуни, како што веќе има објавено МИА, во Солун ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и Самит на високо ниво со што ќе се означи крајот на грчкото претседателство.

The post По Мицотакис, и грчкото МНР: Македонија и Албанија веднаш да почнат со преговори appeared first on Република.

]]>

Грчката поддршка за ЕУ перспективата како на Македонија и Албанија, така и на останатите земји од регионот, уште еднаш ја изрази портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека Скопје и Тирана треба веднаш да ги започнат преговорите.
Ние вложуваме секакви напори и им го потенцираме тоа и на нашите европски партнери и на земјите од регионот и нашата позиција е дека овие преговори за интеграција треба да започнат веднаш и дека не постои простор за дополнително доцнење. Сепак, потребно е да постои едногласна одлука од Европската Унија за почеток. Но, нашата позииција, беше е и ќе биде јасна и тоа им го кажавме на сите наши соговорници, рече Папајоану, на прашањето на МИА во однос на тоа дали по посетата на Дендиас на Македонија и Албанија постои оптимиам за итен почеоток на преговори со ЕУ.
Говорејќи за турнејата на шефот на грчката дипломатија на Западен Балкан, Папајоану објасни дека една од пораките што ги упати Дендиас е дека „не треба да се загуби моментумот“, а земјите од регионот како основна перспектива да го задржат европскиот курс, бидејќи Грција смета дека тоа во корист и на регионот и на ЕУ, за да го поддржи проширувањето на стабилноста. Додаде дека „независно од барањето на Украина за членство во Европската Унија, не може да има заостанување на европскта перспектива на Западен Балкан“ и истакна дека и Грција и Европа треба да продолжат да ја поддржуваат оваа перспектива Друга важна порака, како што рече поррпаролот на грчкото МНР е дека тие се против било каква промена на границите во регионот и пошироко.
Било каква помена на границите би имало катастрофални последици и за регионот и пошироко, истакна Папајоану.
Дендиас минатата седмица ги посети Скопје и Тирана, вчера беше во Сараево, а балканската турнеја ќе ја продолжи во вторник и среда со посета на Подгорица и Приштина, додека пак планирано е и патување во Белград. Следниот петок, на 10 јуни, како што веќе има објавено МИА, во Солун ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и Самит на високо ниво со што ќе се означи крајот на грчкото претседателство.

The post По Мицотакис, и грчкото МНР: Македонија и Албанија веднаш да почнат со преговори appeared first on Република.

]]>
Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право https://republika.mk/vesti/svet/grchko-mnr-priznavanjeto-na-donjeck-i-lugansk-e-prekrshuvanje-na-megjunarodnoto-pravo/ Tue, 22 Feb 2022 11:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=461896

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“.

Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.

The post Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“. Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука, соопшти грчкото МНР.

The post Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>