грчка вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/grchka-vecher/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 09:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png грчка вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/grchka-vecher/ 32 32 Грчките уметници Гримпас и Лазаридис приредија прекрасен концерт за публиката на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/grchkite-umetnitsi-grimpas-i-lazaridis-priredija-prekrasen-kontsert-za-publikata-na-ohridsko-leto/ Tue, 06 Aug 2024 09:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=803831

Во прекрасниот и акустичен амбиент на катедралната црква „Света Софија“ вчеравечер концерт одржаа  реномираните уметници од Грција, виолончелистот Христос Гримпас и пијанистот Емануел Лазаридис.

Двајцата уметници со внимателно одбрана програма  на чиј репертоар беа  Сонатата за виолончело од Лудвиг ван Бетовен, Грчката свита за виолончело и пијано од композиторот Михаелидес и  Сонатата  за пијано од Франц Лист, настапија во рамките на Грчката вечер која е традиционална на фестивалот „Охридско лето“ и секоја година ги носи најдобрите уметници од Грција.

Христос Гримпас студира на Државниот конзерваториум во Солун (проф. Д. Патрас) како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Пост- дипломските студии ги завршува на Високата школа за музика во Есен во класата на В. Менделсон. Бил член на младинскиот оркестар на Рајнскиот регион, Меѓународниот младински оркестар и Оркестарот на ЕУ. Во неговата биографија се впишани бројни домашни и меѓународни награди. Како солист настапува со оркестрите во Солун, Карлови Вари,  оркестрите во Пазарџик и Софија, како и со оркестарот во Днипро и Харкив. Има остварено снимки со Симфонискиот оркестар на Грчкото радио. Во моментот е член на групата виолончела во Државниот оркестар во Солун, а е еден од основачите на ансамблот „Транскрипции“ со кој настапува на меѓународната сцена во музејот „Тејт“ во Лондон, во музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина и други.

Џорџ – Емануел Лазаридис дипломирал на Кралскиот колеџ за музика и на Тринити Лабан Конзерваториумот во Лондон. Неговото константно присуство на сцената, повеќе од 35 години успешната кариера го води во: САД, Мексико, Русија, Украина, Египет, низ Европа и Блискиот Исток. Настапува пред публиката во Ројал Алберт Хол, во Карнеги Хол во Њујорк и во виенскиот „Музикферајн“. Како солист настапува со оркестрите во Санкт Петербург, Хамбург, со Кралската филхармонија во Лондон и др, под диригентските палки на Сер Невил Маринер, Инго Мецмахер, Јуриј Темирканов и други легендарни диригенти. Како камерен музичар ја дели сцената со квартетот „Медичи“, со квартетот „Изаи“, октетот „Виена“ и др. Снимените изданија на Џорџ-Емануел Лазаридис се високо оценети од стручната меѓународна критика.

 

 

The post Грчките уметници Гримпас и Лазаридис приредија прекрасен концерт за публиката на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Во прекрасниот и акустичен амбиент на катедралната црква „Света Софија“ вчеравечер концерт одржаа  реномираните уметници од Грција, виолончелистот Христос Гримпас и пијанистот Емануел Лазаридис. Двајцата уметници со внимателно одбрана програма  на чиј репертоар беа  Сонатата за виолончело од Лудвиг ван Бетовен, Грчката свита за виолончело и пијано од композиторот Михаелидес и  Сонатата  за пијано од Франц Лист, настапија во рамките на Грчката вечер која е традиционална на фестивалот „Охридско лето“ и секоја година ги носи најдобрите уметници од Грција. Христос Гримпас студира на Државниот конзерваториум во Солун (проф. Д. Патрас) како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Пост- дипломските студии ги завршува на Високата школа за музика во Есен во класата на В. Менделсон. Бил член на младинскиот оркестар на Рајнскиот регион, Меѓународниот младински оркестар и Оркестарот на ЕУ. Во неговата биографија се впишани бројни домашни и меѓународни награди. Како солист настапува со оркестрите во Солун, Карлови Вари,  оркестрите во Пазарџик и Софија, како и со оркестарот во Днипро и Харкив. Има остварено снимки со Симфонискиот оркестар на Грчкото радио. Во моментот е член на групата виолончела во Државниот оркестар во Солун, а е еден од основачите на ансамблот „Транскрипции“ со кој настапува на меѓународната сцена во музејот „Тејт“ во Лондон, во музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина и други. Џорџ – Емануел Лазаридис дипломирал на Кралскиот колеџ за музика и на Тринити Лабан Конзерваториумот во Лондон. Неговото константно присуство на сцената, повеќе од 35 години успешната кариера го води во: САД, Мексико, Русија, Украина, Египет, низ Европа и Блискиот Исток. Настапува пред публиката во Ројал Алберт Хол, во Карнеги Хол во Њујорк и во виенскиот „Музикферајн“. Како солист настапува со оркестрите во Санкт Петербург, Хамбург, со Кралската филхармонија во Лондон и др, под диригентските палки на Сер Невил Маринер, Инго Мецмахер, Јуриј Темирканов и други легендарни диригенти. Како камерен музичар ја дели сцената со квартетот „Медичи“, со квартетот „Изаи“, октетот „Виена“ и др. Снимените изданија на Џорџ-Емануел Лазаридис се високо оценети од стручната меѓународна критика.    

The post Грчките уметници Гримпас и Лазаридис приредија прекрасен концерт за публиката на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ https://republika.mk/vesti/kultura/grchka-vecher-na-ohridsko-leto-so-gudachkiot-kvartet-emilios-riadis/ Fri, 21 Jul 2023 07:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=663736

Во рамките на летниот фестивал “Охридско лето”, ќе се одржи грчка вечер со концерт на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ во петок, 21 јули, во црквата Света Софија во Охрид.

Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.

Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко.

Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ ( Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола, Лила Манола – чело) опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Симфонискиот оркестар на Солун. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од истиот град. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваше со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да ги проследат следниве дела: „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г“ («Variations from String quartet No 1 in G») од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ («Dodecanesian Suite» ) од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ («String Quartett nr.2») од Константинос Григориу, „Грчки танци“ («Greek Dances») од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет Op. 80 in f minor“ (“String quartet Op. 80 in f minor”) од Ф. Менделсон.

Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“.

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар.

Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

The post Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на летниот фестивал “Охридско лето”, ќе се одржи грчка вечер со концерт на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ во петок, 21 јули, во црквата Света Софија во Охрид. Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука), чии членови ја враќаат дома музиката на македонските Евреи. Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет. Кларинетистот Даниел Елиас, основачот на групата ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко. Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува. Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ ( Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола, Лила Манола – чело) опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Симфонискиот оркестар на Солун. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од истиот град. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваше со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес. Љубителите на музиката ќе имаат можност да ги проследат следниве дела: „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г“ («Variations from String quartet No 1 in G») од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ («Dodecanesian Suite» ) од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ («String Quartett nr.2») од Константинос Григориу, „Грчки танци“ («Greek Dances») од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет Op. 80 in f minor“ (“String quartet Op. 80 in f minor”) од Ф. Менделсон. Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“. Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат „Варијации од гудачки квартет бр. 1 во Г од Емилиос Риадис, „Додеканезиска свита“ од Јанис Константинидис, „Гудачки квартет бр.2“ од Константинос Григориу, „Грчки танци“ од Никос Скалкотас и „Гудачки квартет оп.. 80 од Ф. Менделсон. Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар. Квартетот го доби името по истакнатиот грчки композитор Емилиос Риадис по потекло од Солун. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваа со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари. Репертоарот на ансамблот опфаќа широк спектар на дела од раниот барокен период до денес.

The post Грчка вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ appeared first on Република.

]]>