гранде панда Archives - Република https://republika.mk/tema/grande-panda/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 17:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гранде панда Archives - Република https://republika.mk/tema/grande-panda/ 32 32 Вучиќ се повози во новата „Гранде панда“ https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-se-povozi-vo-novata-grande-panda/ Mon, 22 Jul 2024 17:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=799301

Компанијата FCA Србија денеска започна со пробно производство на електричниот автомобил модел „Fiat grande panda“ во фабриката на Стелантис во Крагуевац, додека почетокот на сериското производство е планиран за два месеци. На свеченоста по повод почетокот на производството на новиот модел на автомобил присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, извршен директор на Стелантис, јави дописникот на МИА од Белград.

Стелантис е мнозински сопственик на фабриката за автомобили во Крагуевац, додека малцинскиот удел е во сопственост на Република Србија, врз основа на договорот за стратешко партнерство потпишан од Владата на Србија со италијанскиот Фиат во 2008 година. На Вучиќ во кругот на фабриката му беше претставен новиот модел на автомобил, кој потоа го возеше до административната зграда на компанијата.

Ова е голем ден за Србија и Шумадија, за цела Србија. Ова ќе биде голема работа и за нашиот БДП. Ние сме единствени овде во регионот на Западен Балкан што има фабрика за електрични автомобили, рече Вучиќ.

Тој се заблагодари на Стелантис што ја избра Србија за производство на електричниот модел на Fiat.

Сакам вие работниците да го знаете тоа. Србија даде 48 милиони евра субвенции. За да имаме фабрика во Крагуевац, да се вработите и вие и ние да напредуваме, да напредува нашиот бруто-домашен производ, рече Вучиќ и додаде дека следниот БДП на Србија ќе порасне за 0,5 отсто само благодарение на фабриката Стелантис.

Новиот модел „Fiat grande panda“ е изработен во две верзии – електрична и хибридна, а се планира да се пласира во Европа, потоа на Блискиот Исток и Африка. Автомобилот што ќе се произведува во Крагуевац припаѓа на автомобилите од Б сегментот, во должина под четири метри и е прв во серијата модели на новото семејство на автомобили кои секоја година ќе добиваат нов модел до 2027 година.

„Fiat grande Panda“ е инспириран од моделот од 1980-тите, а почетната цена на моделот е помалку од 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот модел со електричен погон, како што наведуваат некои специјализирани српски медиуми за автомобилизам, со најавените државни субвенции во Србија би можел да чини околу 18.000 евра, што за домашниот модел би изнесувало до 7.000 евра.

 

The post Вучиќ се повози во новата „Гранде панда“ appeared first on Република.

]]>

Компанијата FCA Србија денеска започна со пробно производство на електричниот автомобил модел „Fiat grande panda“ во фабриката на Стелантис во Крагуевац, додека почетокот на сериското производство е планиран за два месеци. На свеченоста по повод почетокот на производството на новиот модел на автомобил присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, извршен директор на Стелантис, јави дописникот на МИА од Белград. Стелантис е мнозински сопственик на фабриката за автомобили во Крагуевац, додека малцинскиот удел е во сопственост на Република Србија, врз основа на договорот за стратешко партнерство потпишан од Владата на Србија со италијанскиот Фиат во 2008 година. На Вучиќ во кругот на фабриката му беше претставен новиот модел на автомобил, кој потоа го возеше до административната зграда на компанијата.
Ова е голем ден за Србија и Шумадија, за цела Србија. Ова ќе биде голема работа и за нашиот БДП. Ние сме единствени овде во регионот на Западен Балкан што има фабрика за електрични автомобили, рече Вучиќ.
Тој се заблагодари на Стелантис што ја избра Србија за производство на електричниот модел на Fiat.
Сакам вие работниците да го знаете тоа. Србија даде 48 милиони евра субвенции. За да имаме фабрика во Крагуевац, да се вработите и вие и ние да напредуваме, да напредува нашиот бруто-домашен производ, рече Вучиќ и додаде дека следниот БДП на Србија ќе порасне за 0,5 отсто само благодарение на фабриката Стелантис.
Новиот модел „Fiat grande panda“ е изработен во две верзии – електрична и хибридна, а се планира да се пласира во Европа, потоа на Блискиот Исток и Африка. Автомобилот што ќе се произведува во Крагуевац припаѓа на автомобилите од Б сегментот, во должина под четири метри и е прв во серијата модели на новото семејство на автомобили кои секоја година ќе добиваат нов модел до 2027 година. „Fiat grande Panda“ е инспириран од моделот од 1980-тите, а почетната цена на моделот е помалку од 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот модел со електричен погон, како што наведуваат некои специјализирани српски медиуми за автомобилизам, со најавените државни субвенции во Србија би можел да чини околу 18.000 евра, што за домашниот модел би изнесувало до 7.000 евра.  

The post Вучиќ се повози во новата „Гранде панда“ appeared first on Република.

]]>
Утре почнува производство на новата Гранде Панда https://republika.mk/zivot/tehnologija/utre-pochnuva-proizvodstvo-na-novata-grande-panda/ Sun, 21 Jul 2024 10:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=798901

ФЦА Србија утре официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац - воведување на нови линии и почеток на производство на електричниот модел „Фијат Гранде Панда“, јави дописникот на МИА од Белград.

Новиот модел е направен во две верзии - електричен и хибриден, а од Крагуевац прво ќе пристигне во Европа, а потоа на Блискиот Исток и во Африка.

„Мечето“ од Крагуевац припаѓа на автомобилите од Б сегментот со должина под четири метри и е прв во серијата модели на новото семејство кое секоја година ќе лансира нов модел до 2027 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека прво ќе започне пробното производство, а за два месеца во фабриката во Крагуевац ќе започне и сериското производство на електрични автомобили.

Како што соопштија од компанијата, „Фијат Гранде Панда“ го означува враќањето на брендот „Фијат“ на светскиот пазар, а новиот автомобил е развиен врз основа на три клучни столба: италијански дизајн, глобална платформа и локална релевантност.

Во соопштението се наведува дека одржливоста, инклузивноста, едноставноста и убавината се вредностите што го оживеаја овој проект, додека дизајнот е инспириран од иконската „Панда“ од осумдесеттите години на минатиот век, како автомобил кој е општествено прифатлив за секого.

Цената на моделот „Фијат Гранде Панда“, ќе изнесува 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот модел со електричен погон, како што наведуваат некои специјализирани српски медиуми за автомобилизам, со најавените државни субвенции би можел да чини околу 18.000 евра, за домашен модел од 7.000 евра.

-Почнувањето на производството на моделот во Крагуевац ќе го зголеми домашното производство на моторни возила и вработеноста, извозот на стоки и бруто домашниот производ, оцени претходно Иван Николиќ, научен соработник и директор за развојни проекти на Економскиот институт во Белград.

The post Утре почнува производство на новата Гранде Панда appeared first on Република.

]]>

ФЦА Србија утре официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац - воведување на нови линии и почеток на производство на електричниот модел „Фијат Гранде Панда“, јави дописникот на МИА од Белград. Новиот модел е направен во две верзии - електричен и хибриден, а од Крагуевац прво ќе пристигне во Европа, а потоа на Блискиот Исток и во Африка. „Мечето“ од Крагуевац припаѓа на автомобилите од Б сегментот со должина под четири метри и е прв во серијата модели на новото семејство кое секоја година ќе лансира нов модел до 2027 година. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека прво ќе започне пробното производство, а за два месеца во фабриката во Крагуевац ќе започне и сериското производство на електрични автомобили. Како што соопштија од компанијата, „Фијат Гранде Панда“ го означува враќањето на брендот „Фијат“ на светскиот пазар, а новиот автомобил е развиен врз основа на три клучни столба: италијански дизајн, глобална платформа и локална релевантност. Во соопштението се наведува дека одржливоста, инклузивноста, едноставноста и убавината се вредностите што го оживеаја овој проект, додека дизајнот е инспириран од иконската „Панда“ од осумдесеттите години на минатиот век, како автомобил кој е општествено прифатлив за секого. Цената на моделот „Фијат Гранде Панда“, ќе изнесува 25.000 евра за целосно електричната верзија. Основниот модел со електричен погон, како што наведуваат некои специјализирани српски медиуми за автомобилизам, со најавените државни субвенции би можел да чини околу 18.000 евра, за домашен модел од 7.000 евра. -Почнувањето на производството на моделот во Крагуевац ќе го зголеми домашното производство на моторни возила и вработеноста, извозот на стоки и бруто домашниот производ, оцени претходно Иван Николиќ, научен соработник и директор за развојни проекти на Економскиот институт во Белград.

The post Утре почнува производство на новата Гранде Панда appeared first on Република.

]]>