Граматика на љувобта Archives - Република https://republika.mk/tema/gramatika-na-luvobta/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 10:42:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Граматика на љувобта Archives - Република https://republika.mk/tema/gramatika-na-luvobta/ 32 32 „Граматика на љубовта“ на Тихомир Јанчовски во Лабораториум https://republika.mk/vesti/kultura/gramatika-na-lubovta-na-tihomir-janchovski-vo-laboratorium/ Tue, 24 Sep 2024 10:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=819256

В среда, на 25 септември, со почеток во 20 часот во културниот центар „Лабораториум“, Тихомир Јанчовски, ќе одржи поетски концерт со читање на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“, која  ќе им биде бесплатно поделена на посетителите.

На сцената, заедно со Јанчовски, ќе настапат Иво Солдатовиќ и Андреа Мирчевска, кои со своите музички перформанси ќе го збогатат амбиентот на вечерта.

Како продолжение на вечерта, посетителите ќе можат да учествуваат во „Експериментален Љубовен Џем“ – импровизациска музичка сесија во која ќе учествуваат некои од најпознатите имиња од македонската музичка сцена. Специјални гости на оваа сесија ќе бидат Добрила Грашеска, позната по нејзиниот автентичен вокал, и Бранислав Николов, фронтменот на популарната група „Фолтин“, како и многу други музичари.

Јанчовски е поет, колумнист и преведувач. Роден е во 1967 година, во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, персиски и италијански јазик.

The post „Граматика на љубовта“ на Тихомир Јанчовски во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

В среда, на 25 септември, со почеток во 20 часот во културниот центар „Лабораториум“, Тихомир Јанчовски, ќе одржи поетски концерт со читање на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“, која  ќе им биде бесплатно поделена на посетителите. На сцената, заедно со Јанчовски, ќе настапат Иво Солдатовиќ и Андреа Мирчевска, кои со своите музички перформанси ќе го збогатат амбиентот на вечерта. Како продолжение на вечерта, посетителите ќе можат да учествуваат во „Експериментален Љубовен Џем“ – импровизациска музичка сесија во која ќе учествуваат некои од најпознатите имиња од македонската музичка сцена. Специјални гости на оваа сесија ќе бидат Добрила Грашеска, позната по нејзиниот автентичен вокал, и Бранислав Николов, фронтменот на популарната група „Фолтин“, како и многу други музичари. Јанчовски е поет, колумнист и преведувач. Роден е во 1967 година, во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, персиски и италијански јазик.

The post „Граматика на љубовта“ на Тихомир Јанчовски во Лабораториум appeared first on Република.

]]>