графичка работилница Archives - Република https://republika.mk/tema/grafichka-rabotilnica/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 07:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png графичка работилница Archives - Република https://republika.mk/tema/grafichka-rabotilnica/ 32 32 Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци https://republika.mk/vesti/kultura/najtalentiranite-mladi-grafichari-od-makedonija-i-regionot-na-rabotilnitsa-vo-bogdantsi/ Mon, 19 Aug 2024 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=807825

Во Богданци, на 20 август, започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17-ти пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот. Оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот.

Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе биде крунисана со завршна изложба на студентите учесници, и ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Оваа година, учесници на работилницата се 15 млади графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска со асистенција од Вида Меиќ од Хрватска и Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе имаат можност да работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат.

Виктор Семенпеев, претседателот на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот истакнува:

Ова е единственото место каде студентите имаат можност да работат со сите графички техники, што е огромен придонес за нивното уметничко образование и развој. Нашата визија е да продолжиме да создаваме простор каде младите уметници од регионот ќе можат да ги развиваат своите вештини и да ја поттикнуваат својата креативност.

Селекцијата на учесници ја вршат академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти, наградени за постигнатиот успех за време на студиите.

Графичката работилница „Софија“ не само што ја одржува традицијата на графичкиот израз, туку и активно ја промовира графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз. Со фонд од над 900 графички листови во неколку примероци, оваа работилница е вистинско богатство за сите љубители на уметноста.

Графичката работилница е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, и средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, истакнува Ана Димчевска Семенпеева, дел од организацискиот тим на Графичката работилница.

The post Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>

Во Богданци, на 20 август, започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17-ти пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот. Оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе биде крунисана со завршна изложба на студентите учесници, и ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Оваа година, учесници на работилницата се 15 млади графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска со асистенција од Вида Меиќ од Хрватска и Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе имаат можност да работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат. Виктор Семенпеев, претседателот на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот истакнува:
Ова е единственото место каде студентите имаат можност да работат со сите графички техники, што е огромен придонес за нивното уметничко образование и развој. Нашата визија е да продолжиме да создаваме простор каде младите уметници од регионот ќе можат да ги развиваат своите вештини и да ја поттикнуваат својата креативност.
Селекцијата на учесници ја вршат академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти, наградени за постигнатиот успех за време на студиите. Графичката работилница „Софија“ не само што ја одржува традицијата на графичкиот израз, туку и активно ја промовира графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз. Со фонд од над 900 графички листови во неколку примероци, оваа работилница е вистинско богатство за сите љубители на уметноста.
Графичката работилница е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, и средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, истакнува Ана Димчевска Семенпеева, дел од организацискиот тим на Графичката работилница.

The post Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>
Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци https://republika.mk/vesti/kultura/so-izlozba-zatvorena-15-jubilejna-grafichka-rabotilnica-vo-bogdanci/ Fri, 02 Sep 2022 12:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=546780

Со голема изложба на сите дела изработени изминативе десетина дена во Богданци, синоќа заврши годинашната 15. јубилејна Графичка работилница.

Изложбата во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е заокружување на традиционалната работилница, која од самиот почеток се одржува во печатницата „Софија“.

Годинава тука престојуваа 18 студентите од завршните години од додипломските и постдипломските студии на факултетите и академиите за уметност од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите, затоа што тие доаѓаат по препорака токму на своите професори.

Со години слушам од моите студенти силни впечатоци за тоа како се работи тука, на Графичката работилница во Богданци. Среќен сум што сум ментор токму на јубилејното издание и што лично се уверив во значењето на овој центар – подвлече проф. Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија.

Младите графичари работеа во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, со што уште еднаш се потврди дека Работилница е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност.

Работилницата е едно од најзначајните нешта во целиот мој работен век, нешто на што сум особено горд, бидејќи опстојува цели 15 години – истакна на синоќешната изложба проф. Костадин Танчев Динка, претседател на Советот на Здружението „Графичка работилница“.

Во Боданци, во изминативе 15 години гостувале ментори од сите значајни академски центри од регионот, а твореле повеќе од 200 уметници, кои оставиле фонд од околу 500 дела.

Завршната изложба на Графичката работилница традиционално се одржува во Домот на културата и тоа дава силен печат на нашиот град – истакна директорот на Домот, Бранко Сапламаев.

Претседателот на здружението „Графичка работилница - Софија“, Виктор Семенпеев на учесниците им додели благодарници и мапа со дела изработени од нив самите. Секој графичар доби траен спомен – збирка графики од своите колеги, со кои заедно создаваа.

Во знак на благодарност за соработката, графика доби и градоначалникот на Богданци Блашко Шапов.

The post Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>

Со голема изложба на сите дела изработени изминативе десетина дена во Богданци, синоќа заврши годинашната 15. јубилејна Графичка работилница. Изложбата во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е заокружување на традиционалната работилница, која од самиот почеток се одржува во печатницата „Софија“. Годинава тука престојуваа 18 студентите од завршните години од додипломските и постдипломските студии на факултетите и академиите за уметност од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите, затоа што тие доаѓаат по препорака токму на своите професори.
Со години слушам од моите студенти силни впечатоци за тоа како се работи тука, на Графичката работилница во Богданци. Среќен сум што сум ментор токму на јубилејното издание и што лично се уверив во значењето на овој центар – подвлече проф. Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија.
Младите графичари работеа во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, со што уште еднаш се потврди дека Работилница е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност.
Работилницата е едно од најзначајните нешта во целиот мој работен век, нешто на што сум особено горд, бидејќи опстојува цели 15 години – истакна на синоќешната изложба проф. Костадин Танчев Динка, претседател на Советот на Здружението „Графичка работилница“.
Во Боданци, во изминативе 15 години гостувале ментори од сите значајни академски центри од регионот, а твореле повеќе од 200 уметници, кои оставиле фонд од околу 500 дела.
Завршната изложба на Графичката работилница традиционално се одржува во Домот на културата и тоа дава силен печат на нашиот град – истакна директорот на Домот, Бранко Сапламаев.
Претседателот на здружението „Графичка работилница - Софија“, Виктор Семенпеев на учесниците им додели благодарници и мапа со дела изработени од нив самите. Секој графичар доби траен спомен – збирка графики од своите колеги, со кои заедно создаваа. Во знак на благодарност за соработката, графика доби и градоначалникот на Богданци Блашко Шапов.  

The post Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>
Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци https://republika.mk/vesti/kultura/zapochna-15-ta-jubilejna-megjunarodna-grafichka-rabotilnica-sofija-vo-bogdanci/ Tue, 23 Aug 2022 08:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=543140

Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по јубилеен 15-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Селекцијата на учесници ја прават академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите.

Годинава во Богданци ќе учествуваат 11 графичари од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Ментор е професор Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија, а асистент Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на завршната изложба на 1 септември во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Од основањето до денес, главен поддржувач на графичката работилница е Печатница „Софија“ од Богданци.

Графичката работилница веќе петнаесет години е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, средиште за творештво на многу уметници. Иако славиме мал јубилеј, годинава не добивме никаква поддршка од Министерството за култура. Сепак, тоа не нè поколеба во намерата да го задржиме континуитетот и високиот квалитет кој го негуваме една и пол деценија, по кој работилницата стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое организатор на настанот.

Графичката работилница „Софија“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност. На неа досега учествувале повеќе од 200 уметници, поседува фонд од околу 500 дела, а отворена е во текот на целата година.

The post Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци appeared first on Република.

]]>

Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по јубилеен 15-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Селекцијата на учесници ја прават академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите. Годинава во Богданци ќе учествуваат 11 графичари од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Ментор е професор Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија, а асистент Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на завршната изложба на 1 септември во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Од основањето до денес, главен поддржувач на графичката работилница е Печатница „Софија“ од Богданци.