графа Archives - Република https://republika.mk/tema/grafa/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 13:11:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png графа Archives - Република https://republika.mk/tema/grafa/ 32 32 Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна https://republika.mk/vesti/makedonija/kaj-132-260-ziteli-grafata-za-etnichkata-pripadnost-e-prazna/ Wed, 30 Mar 2022 13:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=480917

За вкупно 132 260 граѓани графите за етничка припадност, мајчин јазик и за веросиповед во резултатите од пописот се празни. Тоа е групата граѓани за кои податоците се преземени од административни извори (бази на податоци од 12 институции), кои не се сретнале со попишувач, што значи дека не се прашани за овие категории.

„Во ниедна база нема податок за етничката припадност. Етничката припадност е чувство, не е нешто што може да се документира, така што за овие лица прашањето за етничката припадност, мајчин јазик, јазикот кој се говори во домаќинството и чувството за вероисповед ќе ги нема. Тие се празни“, рече Апостол Симовски.

Овие граѓани, практично, се трета по бројност „етничка група“ во државата, по Македонците и Албанците. Од резидентното население, на пример, Македонците се 55,44 проценти, Албанците 24,3, а групата за која податоците се преземени од базите и не се прашани за етничката рипадност, се 7,2 отсто. Од вкупното попишано население, пак, Македонците се 54,21 отсто, Албанците 29,52, а следни се оваа група со 6,2 отсто.

Целиот текст овде.

The post Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна appeared first on Република.

]]>

За вкупно 132 260 граѓани графите за етничка припадност, мајчин јазик и за веросиповед во резултатите од пописот се празни. Тоа е групата граѓани за кои податоците се преземени од административни извори (бази на податоци од 12 институции), кои не се сретнале со попишувач, што значи дека не се прашани за овие категории.
„Во ниедна база нема податок за етничката припадност. Етничката припадност е чувство, не е нешто што може да се документира, така што за овие лица прашањето за етничката припадност, мајчин јазик, јазикот кој се говори во домаќинството и чувството за вероисповед ќе ги нема. Тие се празни“, рече Апостол Симовски.
Овие граѓани, практично, се трета по бројност „етничка група“ во државата, по Македонците и Албанците. Од резидентното население, на пример, Македонците се 55,44 проценти, Албанците 24,3, а групата за која податоците се преземени од базите и не се прашани за етничката рипадност, се 7,2 отсто. Од вкупното попишано население, пак, Македонците се 54,21 отсто, Албанците 29,52, а следни се оваа група со 6,2 отсто. Целиот текст овде.

The post Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна appeared first on Република.

]]>