градски мешан хор Вардар Archives - Република https://republika.mk/tema/gradski-meshan-hor-vardar/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:40:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градски мешан хор Вардар Archives - Република https://republika.mk/tema/gradski-meshan-hor-vardar/ 32 32 Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина https://republika.mk/vesti/kultura/gradskiot-meshan-hor-vardar-osvoi-zlaten-medal-na-megunarodniot-horski-festival-majski-muzichki-svechenosti-vo-bijelina/ Tue, 14 May 2024 08:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=777825

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024-та година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори.

Учеството на Фестивалот беше поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО – Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот ,,Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

 

The post Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина appeared first on Република.

]]>

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, во конкуренција на мешани хорови од регионот. Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024-та година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори. Учеството на Фестивалот беше поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО – Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце. Хорот ,,Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.  

The post Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина appeared first on Република.

]]>