Градска библиотека Archives - Република https://republika.mk/tema/gradska-biblioteka/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 12:12:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Градска библиотека Archives - Република https://republika.mk/tema/gradska-biblioteka/ 32 32 СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата https://republika.mk/vesti/kultura/skrm-podnese-tuzhba-za-kamata-za-zadotsneta-isplata-na-plata-vo-gradskite-ustanovi-od-kulturata/ Sun, 28 Jul 2024 13:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=801043

Пробиен е законскиот рок за исплата на јунските плати, а вработените во Младинскиот културен центар сѐ уште не ги добиле, реагираат од Синдикатот за култура.

Иако поминаа десет дена од последниот законски рок за исплата на јунската плата, истата не е исплатена целосно. Во локалните институции од културата платите и овој месец доцнеа, а вработените во Младинскиот културен центар од Скопје сѐ уште немаат добиено плата. Во некои локални институции од последните 70 плати, само 5-6 се исплатени во законски предвидениот рок. Сите други се исплатени по истекот на законскиот рок. Речиси секој месец во изминативе десетина години вработените во локалните институции се соочуваат со бројни проблеми поради доцнењето на платите. Нема здравствено осигурување, има проблеми со кредити, извршители, хронично болни, а институциите секој месец повеќе од десет години ѝ плаќаат камати на државата поради доцнењето со исплата на здравственото и пензиското осигурување. На истата онаа држава поради која доцнат платите.

СКРМ со години ги известува сите надлежни институции за оваа апсурдна и неприфатлива состојба, која трае повеќе од десет години и очигледно е системски проблем, но ништо не се менува. Никој не е надлежен, никој ништо не знае, никој ништо не презема. Повеќе од десет години државата не може да најде механизам на локалните институции од културата да им исплати плата на време.

СКРМ покрена тужби за исплата на камата за задоцнета исплата на плата. Финансиските импликации ќе паднат на товар на Министерството за култура и локалната самоуправа, а сето тоа ова може да се избегне само ако навремено се исплати плата на вработените во локалните институции од културата.

The post СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата appeared first on Република.

]]>

Пробиен е законскиот рок за исплата на јунските плати, а вработените во Младинскиот културен центар сѐ уште не ги добиле, реагираат од Синдикатот за култура.

Иако поминаа десет дена од последниот законски рок за исплата на јунската плата, истата не е исплатена целосно. Во локалните институции од културата платите и овој месец доцнеа, а вработените во Младинскиот културен центар од Скопје сѐ уште немаат добиено плата. Во некои локални институции од последните 70 плати, само 5-6 се исплатени во законски предвидениот рок. Сите други се исплатени по истекот на законскиот рок. Речиси секој месец во изминативе десетина години вработените во локалните институции се соочуваат со бројни проблеми поради доцнењето на платите. Нема здравствено осигурување, има проблеми со кредити, извршители, хронично болни, а институциите секој месец повеќе од десет години ѝ плаќаат камати на државата поради доцнењето со исплата на здравственото и пензиското осигурување. На истата онаа држава поради која доцнат платите.

СКРМ со години ги известува сите надлежни институции за оваа апсурдна и неприфатлива состојба, која трае повеќе од десет години и очигледно е системски проблем, но ништо не се менува. Никој не е надлежен, никој ништо не знае, никој ништо не презема. Повеќе од десет години државата не може да најде механизам на локалните институции од културата да им исплати плата на време. СКРМ покрена тужби за исплата на камата за задоцнета исплата на плата. Финансиските импликации ќе паднат на товар на Министерството за култура и локалната самоуправа, а сето тоа ова може да се избегне само ако навремено се исплати плата на вработените во локалните институции од културата.
 
The post СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата appeared first on Република.

]]>
Полската писателка Роксана Јенджејевска-Врубел ќе одржи креативна работилница во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/polskata-pisatelka-roksana-jendzhejevska-vrubel-ke-odrzhi-kreativna-rabotilnitsa-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Thu, 16 May 2024 11:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=778781

На 16 мај (четврток) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во рамките на манифестацијата Месец на полска литература гостува Роксана Јенджејевска-Врубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“.

Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Настаните се со превод на македонски јазик.

The post Полската писателка Роксана Јенджејевска-Врубел ќе одржи креативна работилница во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/60-naslovi-od-izdavachkata-produktsija-na-strushki-vecheri-na-poezijata-od-deneska-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Thu, 11 Apr 2024 12:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=764985

„Струшки вечери на поезијата“ ѝ донираше на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ шеесеттина наслови од нивната богата издавачка продукција, кои сега се достапни и за читателите на Градската библиотека, информираат оттаму.

Изданијата добија посебна полица во Одделот за странска литература (популарниот Британски оддел) и ќе можат да се користат само во просториите на Библиотеката

Снежана Стојчевска, директорката на ГБСК и Тодорче Тасевски директорот на СВП, разговараа и за понатамошното збогатување на збирката, како и за идни соработки меѓу двете институции.

The post 60 наслови од издавачката продукција на „Струшки вечери на поезијата“ од денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

Снежана Стојчевска: Библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги https://republika.mk/vesti/kultura/snezhana-stojchevska-bibliotekata-vo-deneshno-vreme-treba-da-bide-mnogu-poveke-od-prostor-za-zajmuvane-knigi/ Thu, 15 Feb 2024 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=744269

Полскиот амбасадор во нашата земја, Н.Е Кшиштоф Гжелчик вчера ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и донираше збирка од педесетина наслови од полски автори преведени на македонски јазик. Донацијата, што во име на библиотеката ја прими директорката Снежана Стојчевска, е симболичен почеток на проектот „Полска на полица. Полската книжевност во македонските библиотеки“.

Задоволни сме што Амбасадата на Полска ја препозна токму нашата библиотека како партнер во овој проект, бидејќи делиме заеднички заложби за промоција на вистинските естетски вредности. Исто така, го делиме и верувањето дека библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги. Силно веруваме дека библиотеката треба да биде активно и отворено културно јадро – истакна директорката на библиотеката, Снежана Стојчевска.

Проектот за популаризација на полските книжевни достигнувања меѓу македонската читателска публика започнува токму од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје каде што на 27 февруари ќе се одржи и семинар за македонските библиотекари. Предавањата ќе бидат  посветени на полската книжевност, особено на насловите од донираната збирка, во која има класици, современи автори, како и книги за деца и млади. На семинарот ќе говорат професорите и преведувачи од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје: проф. д-р Лидија Танушевска, проф. д-р Јасминка Делова-Силјанова и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и претставник од полскиот Институт за книга.

Во мај, како дел од активностите, ќе се одржи и Месецот на полската книжевност со гостувања на неколку современи полски писатели и нивно претставување пред скопската и македонската публика.

Иницијатори и координатори на проектот „Полска на полица“ во Македонија се Јоланта Гжелчик и д-р Билјана Кочишка советник-библиотекар за меѓународна соработка во Градската библиотека. Автор на дизјанот е Наталија Лукомска. Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура и полскиот Институт за книга.

The post Снежана Стојчевска: Библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги appeared first on Република.

]]>

Полскиот амбасадор во нашата земја, Н.Е Кшиштоф Гжелчик вчера ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и донираше збирка од педесетина наслови од полски автори преведени на македонски јазик. Донацијата, што во име на библиотеката ја прими директорката Снежана Стојчевска, е симболичен почеток на проектот „Полска на полица. Полската книжевност во македонските библиотеки“.
Задоволни сме што Амбасадата на Полска ја препозна токму нашата библиотека како партнер во овој проект, бидејќи делиме заеднички заложби за промоција на вистинските естетски вредности. Исто така, го делиме и верувањето дека библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги. Силно веруваме дека библиотеката треба да биде активно и отворено културно јадро – истакна директорката на библиотеката, Снежана Стојчевска.
Проектот за популаризација на полските книжевни достигнувања меѓу македонската читателска публика започнува токму од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје каде што на 27 февруари ќе се одржи и семинар за македонските библиотекари. Предавањата ќе бидат  посветени на полската книжевност, особено на насловите од донираната збирка, во која има класици, современи автори, како и книги за деца и млади. На семинарот ќе говорат професорите и преведувачи од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје: проф. д-р Лидија Танушевска, проф. д-р Јасминка Делова-Силјанова и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и претставник од полскиот Институт за книга. Во мај, како дел од активностите, ќе се одржи и Месецот на полската книжевност со гостувања на неколку современи полски писатели и нивно претставување пред скопската и македонската публика. Иницијатори и координатори на проектот „Полска на полица“ во Македонија се Јоланта Гжелчик и д-р Билјана Кочишка советник-библиотекар за меѓународна соработка во Градската библиотека. Автор на дизјанот е Наталија Лукомска. Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура и полскиот Институт за книга.

The post Снежана Стојчевска: Библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-od-dijana-petrova-vo-gradskata-biblioteka/ Tue, 30 May 2023 17:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=646231

Утре, среда (31 мај) во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот.

XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.

Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот.

Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е интригантно четиво за некои од пресвртните моменти на македонскиот XIX век. Во приказната фактите и фикцијата се мешаат и создаваат нова, можна реалност од чија сенка излегува ликот на Митра Миладинова, жената на преродбеникот Димитар Миладинов и клучна фигура за формирањето на Tajnoto \ensko u;ili[te - Ученољубие.

Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“, издание на Антолог, е нејзина трета објавена книга.

The post Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>

Утре, среда (31 мај) во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот. XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно. Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот. Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е интригантно четиво за некои од пресвртните моменти на македонскиот XIX век. Во приказната фактите и фикцијата се мешаат и создаваат нова, можна реалност од чија сенка излегува ликот на Митра Миладинова, жената на преродбеникот Димитар Миладинов и клучна фигура за формирањето на Tajnoto \ensko u;ili[te - Ученољубие. Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“, издание на Антолог, е нејзина трета објавена книга.  

The post Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>
По барање на студентите читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа https://republika.mk/vesti/skopje/po-baranje-na-studentite-chitalnata-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-kje-raboti-24-chasa/ Thu, 13 Jan 2022 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=443992

Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

The post По барање на студентите читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа appeared first on Република.

]]>

Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни. Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

The post По барање на студентите читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа appeared first on Република.

]]>