градоначалничка Archives - Република https://republika.mk/tema/gradonachalnichka/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 07:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png градоначалничка Archives - Република https://republika.mk/tema/gradonachalnichka/ 32 32 Градоначалничката на мексиканскиот град Котиха убиена на улица https://republika.mk/vesti/svet/gradonachalnichkata-na-meksikanskiot-grad-kotiha-ubiena-na-ulitsa/ Tue, 04 Jun 2024 07:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=784540

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез Фигуероа, соопштија утрово регионалните власти.

Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха.

Потрагата по одговорните за убиството е во тек.

Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица.

Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.

Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите.

The post Градоначалничката на мексиканскиот град Котиха убиена на улица appeared first on Република.

]]>

Непознати напаѓачи ја убиле градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез Фигуероа, соопштија утрово регионалните власти. Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха. Потрагата по одговорните за убиството е во тек. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комбе и оти нападот се случил на улица. Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара. Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите.

The post Градоначалничката на мексиканскиот град Котиха убиена на улица appeared first on Република.

]]>
Поранешната прва дама на Битола за СДСМ: Партијата не ги третира човечки своите луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-prva-dama-na-bitola-za-sdsm-partijata-ne-gi-tretira-chovechki-svoite-lugje/ Tue, 04 Jan 2022 11:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=440409

Доскорешната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска,
вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат
на локалните избори.

Петровска, во интервју за „Независен“ вели дека имала највисок рејтинг во партиската анкета, но сепак, не добила шанса да се бори за втор мандат.

Да. Според она што имав можност да го видам, и од анкетите на СДСМ и од останатите политички учесници во изборниот процес, имав убедливо водство, како во однос на сите кандидати кои беа во игра во самата партија и во однос на тие од другите партии кои подоцна учествуваа на избори.

 

Единствено заради одредени личности на кои им пречев, пред сѐ заради нивни лични
побуди, исклучиво нивни лични интереси, не бев кандидирана. Никогаш не ми беше објаснето зошто тоа е така, што покажува дека партијата не умеела човечки да се однесува кон своите луѓе - вели Петровска.

Таа не кажува експлицитно дали му кревала телефон на премиерот Зоран Заев, но
потврдува дека не можела, а да не ги бојкотира локалните избор. Како што
вели, против неа агитирале и доктори на науки.

Да нагласам, зборувам за поединци. За луѓе со име и презиме и кои со земањето на
тоа право треба да се носат и со одговорноста на грешниот став. А дека ставот беше погрешен покажа времето. Тие нека си носат одговорност за нивната дрскост и безобразност да поттикнат фијаско на локалните избори. Во оваа пригода, а и во сите други, сите оние на кои не им одговарав, а ги знаеме сите во партијата, ќе треба да имаат храброст да ги погледнат сопартијците во очи и да објаснат, зошто ги обезвреднија анкетите кои на сите партии им укажуваа (според нивните истражувања) која е победничката варијанта.

 

Е сега, тие кои земаат плати од политиките поддржани од останатите кои сега се во незавидна положба заради стопирање на здравите политики, замислете бараат доверба и треба да се наш лик на социјалдемократијата и на вредностите за кои сме се залагале.

 

Со претседателот Заев сме имале комуникација во која ги навестив моите чекори. Исто така и со негови блиски луѓе. Стојам на ставот дека со тоа што не добив кандидатура за втор мандат некредибилно беше мое делување во поинаква форма - смета поранешната градоначалничка на Битола.

Според Петровска, СДСМ за време на локалните избори премногу се потпрел на
директорите кои, според неа, немаат никаква врска со реалните проблематики, што на
крајот ја чинело партијата катастрофален пораз на локалните избори во големите
градови.

Повеќе на „Независен“.

The post Поранешната прва дама на Битола за СДСМ: Партијата не ги третира човечки своите луѓе appeared first on Република.

]]>

Доскорешната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска, вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат на локалните избори. Петровска, во интервју за „Независен“ вели дека имала највисок рејтинг во партиската анкета, но сепак, не добила шанса да се бори за втор мандат.
Да. Според она што имав можност да го видам, и од анкетите на СДСМ и од останатите политички учесници во изборниот процес, имав убедливо водство, како во однос на сите кандидати кои беа во игра во самата партија и во однос на тие од другите партии кои подоцна учествуваа на избори.   Единствено заради одредени личности на кои им пречев, пред сѐ заради нивни лични побуди, исклучиво нивни лични интереси, не бев кандидирана. Никогаш не ми беше објаснето зошто тоа е така, што покажува дека партијата не умеела човечки да се однесува кон своите луѓе - вели Петровска.
Таа не кажува експлицитно дали му кревала телефон на премиерот Зоран Заев, но потврдува дека не можела, а да не ги бојкотира локалните избор. Како што вели, против неа агитирале и доктори на науки.
Да нагласам, зборувам за поединци. За луѓе со име и презиме и кои со земањето на тоа право треба да се носат и со одговорноста на грешниот став. А дека ставот беше погрешен покажа времето. Тие нека си носат одговорност за нивната дрскост и безобразност да поттикнат фијаско на локалните избори. Во оваа пригода, а и во сите други, сите оние на кои не им одговарав, а ги знаеме сите во партијата, ќе треба да имаат храброст да ги погледнат сопартијците во очи и да објаснат, зошто ги обезвреднија анкетите кои на сите партии им укажуваа (според нивните истражувања) која е победничката варијанта.   Е сега, тие кои земаат плати од политиките поддржани од останатите кои сега се во незавидна положба заради стопирање на здравите политики, замислете бараат доверба и треба да се наш лик на социјалдемократијата и на вредностите за кои сме се залагале.   Со претседателот Заев сме имале комуникација во која ги навестив моите чекори. Исто така и со негови блиски луѓе. Стојам на ставот дека со тоа што не добив кандидатура за втор мандат некредибилно беше мое делување во поинаква форма - смета поранешната градоначалничка на Битола.
Според Петровска, СДСМ за време на локалните избори премногу се потпрел на директорите кои, според неа, немаат никаква врска со реалните проблематики, што на крајот ја чинело партијата катастрофален пораз на локалните избори во големите градови. Повеќе на „Независен“.

The post Поранешната прва дама на Битола за СДСМ: Партијата не ги третира човечки своите луѓе appeared first on Република.

]]>