ГП „Ќафасан“ Archives - Република https://republika.mk/tema/gp-kjafasan/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 17:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ГП „Ќафасан“ Archives - Република https://republika.mk/tema/gp-kjafasan/ 32 32 Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poevtino-e-i-pokvalitetno-povtorno-faten-shverts-na-makedonsko-gorivo-za-albanija/ Thu, 07 Nov 2024 18:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=835271

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча.

Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Македонија“.

На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила, стои во полициското соопштение.

Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, подобриот квалитет.

The post Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија appeared first on Република.

]]>

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча. Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Македонија“.
На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила, стои во полициското соопштение.
Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, подобриот квалитет.

The post Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија appeared first on Република.

]]>
Полицајци од ГП „Ќафасан“ фатени како примаат поткуп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsajtsi-od-gp-kafasan-fateni-kako-primaat-potkup/ Wed, 14 Feb 2024 15:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=744146

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднел кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023 од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие. Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, се појаснува во соопштението од МВР.

https://youtu.be/qJhX6IwjrtE?si=Oluhl4zMWHl5TVvL

The post Полицајци од ГП „Ќафасан“ фатени како примаат поткуп appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднел кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од МВР, првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023 од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие. Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен.