Готен Archives - Република https://republika.mk/tema/goten/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jul 2023 08:51:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Готен Archives - Република https://republika.mk/tema/goten/ 32 32 Преведувачката Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/preveduvachkata-milena-ilik-na-preveduvachka-rezidentsija-vo-skopje/ Fri, 07 Jul 2023 08:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=658829

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачка резиденција во Скопје во јули престојува Милена Илиќ.

Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година ја објавува поетската книга „Хепи микро вумн блуз“. Нејзин расказ е вклучен во антологијата на млади автори „Простор за влажниот пес“, а нејзините песни биле дел од неколку антологии.

Илиќ во овој момент е една од најактивните преведувачки од македонски на српски јазик. Нејзините преводи на авторки и автори од поновата генерација на македонски писатели се објавени во релевантни издавачки куќи во Србија, како и во значајни списанија за литература. На српски јазик ги објавила преводите на следниве книги: „Поврзи ги точките“ и „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Илиќ ќе работи на преводот на книгата „Другата страна“ од Ѓорѓи Крстевски.

Резиденцијалниот престој на Илиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

 

The post Преведувачката Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачка резиденција во Скопје во јули престојува Милена Илиќ. Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година ја објавува поетската книга „Хепи микро вумн блуз“. Нејзин расказ е вклучен во антологијата на млади автори „Простор за влажниот пес“, а нејзините песни биле дел од неколку антологии. Илиќ во овој момент е една од најактивните преведувачки од македонски на српски јазик. Нејзините преводи на авторки и автори од поновата генерација на македонски писатели се објавени во релевантни издавачки куќи во Србија, како и во значајни списанија за литература. На српски јазик ги објавила преводите на следниве книги: „Поврзи ги точките“ и „Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Илиќ ќе работи на преводот на книгата „Другата страна“ од Ѓорѓи Крстевски. Резиденцијалниот престој на Илиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.  

The post Преведувачката Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје appeared first on Република.

]]>
Објавен тинејџерскиот ромaн „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-tinejdzerskiot-roman-pregrni-me-cvrsto-od-lof-ju/ Fri, 17 Jun 2022 11:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=516309

Издавачката куќа Готен го објави романот за тинејџери „Прегрни ме цврсто“ од шпанскиот авторски пар Лоф Ју. Преводот од шпански јазик е на Марија Саревска-Тодоровска.

Романот „Прегрни ме цврсто“ е роман за тинејџери во кој преку потрагата за љубов на неколку млади луѓе се открива светот на тинејџерите исполнет со многу емоции, страсти, но и наивност и незнаење за животот.

Лоф Ју е псевдоним на двајца млади автори од Шпанија: Адриа Фонт и Инма Суст. Адриа Фонт е актер и драматург, додека Инма Суст е новинарка. И двајцата го користат псевдонимот кој го има призвукот на најомилената синтагма во светот „те сакам“.

Оваа ведра љубовна приказна се случува меѓу тинејџери и користи слична матрица на познатите тинејџерски серии и филмови, но разликата во „Прегрни ме цврсто“ е во тоа што авторите ставаат силен акцент на јазикот во романот, ликовите се комплексно доловени, а разврската на книгата е необична.

Романот „Прегрни ме цврсто“ е посветен на флуидната љубов, онаа која во својот предзнак ја љубовта, но истовремено говори и за насилната страст, за недоличноста во изразувањето на љубовта, за непочитувањето кога станува збор за емотивниот комплекс на другиот. Автори низ приказната опфаќаат добар дел од љубовни констелации во кои се наоѓаат денешните тинејџери.

Лоф Ју мајсторски раскажувајќи ја оваа приказна градат и извонредна галерија на различни прототипови, а љубовта ја прикажуваат во нејзините различни форми. Приказната тече со многу динамично темпо отворајќи низа дилеми, прашања и нејаснотии поврзани со емотивниот живот на младите луѓе, но сижето на романот и ликовите и читателите можат да добијат многу одговори за прашањата што ги имаат во врска со младешката љубов.

Марија Саревска-Тодоровска (1978) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  во Скопје.

Активно се занимава со книжевен превод од англиски, шпански, српски и хрватски јазик и соработува со повеќе издавачки куќи. Член е на Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија.

На македонски јазик има преведено дела од Габриел Гарсија Маркес, Пабло Неруда, Едуардо Халфон, Ана Марија Шуа, Педро Заралуки, Едгар Валас, Киран Десаи, Владислав Бајац.

Ги има добиено наградите „Златно перо“,  „Ванѓа Чашуле“ и „Кирил Пејчиновиќ“, кои ги доделува  Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Објавен тинејџерскиот ромaн „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа Готен го објави романот за тинејџери „Прегрни ме цврсто“ од шпанскиот авторски пар Лоф Ју. Преводот од шпански јазик е на Марија Саревска-Тодоровска. Романот „Прегрни ме цврсто“ е роман за тинејџери во кој преку потрагата за љубов на неколку млади луѓе се открива светот на тинејџерите исполнет со многу емоции, страсти, но и наивност и незнаење за животот. Лоф Ју е псевдоним на двајца млади автори од Шпанија: Адриа Фонт и Инма Суст. Адриа Фонт е актер и драматург, додека Инма Суст е новинарка. И двајцата го користат псевдонимот кој го има призвукот на најомилената синтагма во светот „те сакам“. Оваа ведра љубовна приказна се случува меѓу тинејџери и користи слична матрица на познатите тинејџерски серии и филмови, но разликата во „Прегрни ме цврсто“ е во тоа што авторите ставаат силен акцент на јазикот во романот, ликовите се комплексно доловени, а разврската на книгата е необична. Романот „Прегрни ме цврсто“ е посветен на флуидната љубов, онаа која во својот предзнак ја љубовта, но истовремено говори и за насилната страст, за недоличноста во изразувањето на љубовта, за непочитувањето кога станува збор за емотивниот комплекс на другиот. Автори низ приказната опфаќаат добар дел од љубовни констелации во кои се наоѓаат денешните тинејџери. Лоф Ју мајсторски раскажувајќи ја оваа приказна градат и извонредна галерија на различни прототипови, а љубовта ја прикажуваат во нејзините различни форми. Приказната тече со многу динамично темпо отворајќи низа дилеми, прашања и нејаснотии поврзани со емотивниот живот на младите луѓе, но сижето на романот и ликовите и читателите можат да добијат многу одговори за прашањата што ги имаат во врска со младешката љубов. Марија Саревска-Тодоровска (1978) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  во Скопје. Активно се занимава со книжевен превод од англиски, шпански, српски и хрватски јазик и соработува со повеќе издавачки куќи. Член е на Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија. На македонски јазик има преведено дела од Габриел Гарсија Маркес, Пабло Неруда, Едуардо Халфон, Ана Марија Шуа, Педро Заралуки, Едгар Валас, Киран Десаи, Владислав Бајац. Ги има добиено наградите „Златно перо“,  „Ванѓа Чашуле“ и „Кирил Пејчиновиќ“, кои ги доделува  Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија. Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Објавен тинејџерскиот ромaн „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју appeared first on Република.

]]>