гостување Archives - Република https://republika.mk/tema/gostuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 21:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гостување Archives - Република https://republika.mk/tema/gostuvanje/ 32 32 Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска https://republika.mk/vesti/kultura/stoechki-aplauzi-za-ekipata-na-bitolskiot-teatar-na-festivalot-vo-polska/ Tue, 08 Oct 2024 21:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=824353

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа... до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10.

Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка.
Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не.
Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.

,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

 

 

The post Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска appeared first on Република.

]]>

„Уште еднаш, ме фасцинираа. Сценографијата, режијата, глумата не однесоа... до НЕБОТО“!, ова се дел од впечатоците на публиката во Бјалисток, Полска, по изведбата на претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, на Битолскиот театар. Имено тие беа дел од Интернационалниот фестивал „Direction east“, кој се одржуваше од 30.09 до 07.10. Претставата е работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, кој е и автор на музиката. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак. На изведбата во Бјалисток присуствуваа и Македонскиот амбасадор во Полска Јасмин Ќахил, директорот на Драмскиот театар, Пјотр Адам Пулторак, како и заменичката директорка Мартина Занеуска, кои после изведбата упатија пофални зборови за екипата на Битолскиот театар со кои имаат одлична долгогодишна соработка. Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не. Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска. Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски. Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски. ,,Хамлет-денот на убиствата“, претходно ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.    

The post Стоечки аплаузи за екипата на Битолскиот театар на фестивалот во Полска appeared first on Република.

]]>
Концерт на Камерниот оркестар на Националната опера и Балет во познатата „Ербар сал“ во Виена https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-kamerniot-orkestar-na-natsionalnata-opera-i-balet-vo-poznatata-erbar-sal-vo-viena/ Tue, 08 Oct 2024 12:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=824214

Камерниот оркестар на Националната опера и балет ќе одржи концерт во познатата „Ehrbar Saal“ (Почесна сала) во Виена, Австрија, на 8 октомври 2024 година.

Овој исклучителен концерт претставува значаен момент за македонската култура и музика, нудејќи на меѓународната сцена дела од еминентни македонски композитори.

Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка програма, во која, меѓу другото, ќе се изведуваат и композиции од Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски и Дамир Имери.

Специјална гостинка на вечерта ќе биде истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап дополнително ќе го збогати овој културен настан. Овој концерт претставува уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

 

The post Концерт на Камерниот оркестар на Националната опера и Балет во познатата „Ербар сал“ во Виена appeared first on Република.

]]>

Камерниот оркестар на Националната опера и балет ќе одржи концерт во познатата „Ehrbar Saal“ (Почесна сала) во Виена, Австрија, на 8 октомври 2024 година. Овој исклучителен концерт претставува значаен момент за македонската култура и музика, нудејќи на меѓународната сцена дела од еминентни македонски композитори. Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка програма, во која, меѓу другото, ќе се изведуваат и композиции од Ристо Аврамовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Специјална гостинка на вечерта ќе биде истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап дополнително ќе го збогати овој културен настан. Овој концерт претставува уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.  

The post Концерт на Камерниот оркестар на Националната опера и Балет во познатата „Ербар сал“ во Виена appeared first on Република.

]]>
Филхармонија гостува во Дубровник https://republika.mk/vesti/kultura/filharmonija-gostuva-vo-dubrovnik/ Mon, 23 Sep 2024 07:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=818853

Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 септември ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за музика и танц во Загреб (1998, 2000, 2002, 2004), интернационален натпревар „Етиди и скали“ во Загреб (1998, 1999, 2003), интернацинален натпревар „Верди“ во Рим (2001). Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар... Настапувала и во Словенија, Литванија, Франција, Босна и Херцеговина, Австрија, Полска, Лихтенштајн... Во 2015 година ја добива наградата „Стјепан Шулек“ за изведбата на „Четири годишни времиња“ од Астор Пјацола на затворањето на летниот фестивал во Дубровник, каде настапи заедно со Камерниот оркестар на музичката младина на Хрватска под диригентската палка на Павле Зајцев. Како камерен музичар, Кариман учествувала во проекти на младински оркестри во Германија, Унгарија и Австрија. Учествувал на семинари кај познати професори како Л. Сокоров, M. Сокоров, Г. Кончар, A. Сешек, Г. Зислин, А. Винитски, A. Сокоров, З.Брон, Б. Кушнир, П. Зукерман.

Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар.

[caption id="attachment_818858" align="alignnone" width="2013"] Џана Кариман е концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар[/caption]

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.

 

The post Филхармонија гостува во Дубровник appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската филхармонија на 26 септември ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт. Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам. Џана Кариман е родена 1989 година во Дубровник. На седум години започнала да учи виолина во уметничкото училиште „Лука Соркошевиќ“ во класата на проф. Иванка Калањ, а во 2011 година ги завршува студиите на Музичката академија во Загреб во класата на проф. Леонид Сокоров. Учествувала на бројни натпревари во земјата и во странство- Натпревар за музика и танц во Загреб (1998, 2000, 2002, 2004), интернационален натпревар „Етиди и скали“ во Загреб (1998, 1999, 2003), интернацинален натпревар „Верди“ во Рим (2001). Добитничка е на први награда на интернационалниот натпревар „Рудолф Матц“ во Дубровник, натпреварот „Бетовен“ во Санкт Пелтен и Интернационалниот натпревар по виолина во Казакстан. Како солистка настапила со Дубровничкиот симфониски оркестар, оркестарот на Хрватската радио телевизија, Сараевска филхармонија, Загрепска филхармонија, Загрепски солисти, Камерен оркестар Задар... Настапувала и во Словенија, Литванија, Франција, Босна и Херцеговина, Австрија, Полска, Лихтенштајн... Во 2015 година ја добива наградата „Стјепан Шулек“ за изведбата на „Четири годишни времиња“ од Астор Пјацола на затворањето на летниот фестивал во Дубровник, каде настапи заедно со Камерниот оркестар на музичката младина на Хрватска под диригентската палка на Павле Зајцев. Како камерен музичар, Кариман учествувала во проекти на младински оркестри во Германија, Унгарија и Австрија. Учествувал на семинари кај познати професори како Л. Сокоров, M. Сокоров, Г. Кончар, A. Сешек, Г. Зислин, А. Винитски, A. Сокоров, З.Брон, Б. Кушнир, П. Зукерман. Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар. [caption id="attachment_818858" align="alignnone" width="2013"] Џана Кариман е концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар[/caption] Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Диригирал и со Филхармонијата во Краков, Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Кирил Трусов, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.  

The post Филхармонија гостува во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-opera-i-balet-gostuva-vo-sofija-so-operata-nabuko/ Thu, 12 Sep 2024 08:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=815581

Националната опера и балет, в петок, на 13 септември ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

Гостувањето во Софија е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов.

Диригент е Бисера Чадловска, а режисер е Италијанецот Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски.

Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил) и Игор Дурловски (Захарие).

The post Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ appeared first on Република.

]]>

Националната опера и балет, в петок, на 13 септември ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот. Гостувањето во Софија е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов. Диригент е Бисера Чадловска, а режисер е Италијанецот Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски. Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил) и Игор Дурловски (Захарие).

The post Националната опера и балет гостува во Софија со операта „Набуко“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва гостин во „За или против“ на ТВ Алфа https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-gostin-vo-za-ili-protiv-na-tv-alfa/ Mon, 26 Aug 2024 13:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=810314

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва со почеток од 18:10 часот ќе гостува во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.

Следете го моето интервју во ,,ЗА или ПРОТИВ” со Искра Коровешовска на ТВ Алфа во 18:10 часот, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

 

The post Мицкоски вечерва гостин во „За или против“ на ТВ Алфа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва со почеток од 18:10 часот ќе гостува во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.
Следете го моето интервју во ,,ЗА или ПРОТИВ” со Искра Коровешовска на ТВ Алфа во 18:10 часот, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
 

The post Мицкоски вечерва гостин во „За или против“ на ТВ Алфа appeared first on Република.

]]>
Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-mojot-mazh-gostuva-na-teatarski-festival-vo-tivat/ Fri, 23 Aug 2024 07:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=809267

Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар Скопје ќе учествува во натпреварувачката програма на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора. Претставата ќе се игра на Летната сцена во Тиват в недела на 25 август со почеток во 21 часот.

Од оваа година организаторот најави дека покрај наградите за најдобра претстава, најдобра машка и женска улога, награда за актерско остварување и визуелно техничка иновација се водедува и награда за најдобра режија „Јагош Марковиќ“, во чест на починатиот театарски режисер кој оставил длабока трага во театарската уметност во регионот.

Селекторот на фестивалот, Борис Лијешевиќ, истакна дека претставата „Мојот маж“, работена според колажот од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози е претстава што говори за проблемите на брачната структура на Балканот каде се’ се менува.

Тој вели: „Од фирми, продавници, држави, градови, се’ се менува, единствено односот кон жената е непроменет“. Лијешевиќ потсети дека според книгата на Бужаровска се направени неколку претстави во продукции на театрите од регионот, но во селектирањето за фестивалот, тој се одлучил за претставата на Драмски театар Скопје поради нејзината изворност и автентичност.

Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова - Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски. Музиката е избор на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием кај публиката. Претставата се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ - Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.

 

The post Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар Скопје ќе учествува во натпреварувачката програма на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора. Претставата ќе се игра на Летната сцена во Тиват в недела на 25 август со почеток во 21 часот. Од оваа година организаторот најави дека покрај наградите за најдобра претстава, најдобра машка и женска улога, награда за актерско остварување и визуелно техничка иновација се водедува и награда за најдобра режија „Јагош Марковиќ“, во чест на починатиот театарски режисер кој оставил длабока трага во театарската уметност во регионот. Селекторот на фестивалот, Борис Лијешевиќ, истакна дека претставата „Мојот маж“, работена според колажот од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози е претстава што говори за проблемите на брачната структура на Балканот каде се’ се менува. Тој вели: „Од фирми, продавници, држави, градови, се’ се менува, единствено односот кон жената е непроменет“. Лијешевиќ потсети дека според книгата на Бужаровска се направени неколку претстави во продукции на театрите од регионот, но во селектирањето за фестивалот, тој се одлучил за претставата на Драмски театар Скопје поради нејзината изворност и автентичност. Режисер на претставата „Мојот маж“ е Нела Витошевиќ, драматург е Викторија Рангелова - Петровска. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска Ристоска, сценограф е Костантин Трпеноски. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ. Драмски театар Скопје со оваа претстава имаше повеќе гостувања со извонреден прием кај публиката. Претставата се играше во Словенија на сцената на „Местно гледалишче“ во Љубљана, во Црна Гора на сцената на „Градско позориште“ - Подгорица и минатата година на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот „РУТА“.  

The post Драмски театар Скопје со „Мојот маж“ гостува на театарски фестивал во Тиват appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва гостин во Топ Тема https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-gostin-vo-top-tema/ Mon, 22 Jul 2024 14:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=799245

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во Топ Тема на ТВ Телма.

Следете го моето гостување во Топ Тема на ТВ Телма во 19:00 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски вечерва гостин во Топ Тема appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во Топ Тема на ТВ Телма.
Следете го моето гостување во Топ Тема на ТВ Телма во 19:00 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски вечерва гостин во Топ Тема appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва гостин во Дневникот на ТВ Сител https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-gostin-vo-dnevnikot-na-tv-sitel/ Tue, 16 Jul 2024 11:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=797362

The post Мицкоски вечерва гостин во Дневникот на ТВ Сител appeared first on Република.

]]>

The post Мицкоски вечерва гостин во Дневникот на ТВ Сител appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски вечерва гостин во „Анализа“ на ТВ 24 https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vecherva-gostin-vo-analiza-na-tv-24/ Mon, 24 Jun 2024 18:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=790426

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин на ТВ24.

Следете го моето гостување во „Анализа” на Телевизија 24, во 20:45 часот!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

The post Премиерот Мицкоски вечерва гостин во „Анализа“ на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин на ТВ24.
Следете го моето гостување во „Анализа” на Телевизија 24, во 20:45 часот!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
 

The post Премиерот Мицкоски вечерва гостин во „Анализа“ на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>
Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatar-komedija-gostuva-slovenetsot-simon-sherbinek-so-odbrana-na-sakatiot/ Mon, 27 May 2024 14:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=782128

В петок, на 31 мај, во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“.

Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“.

Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија.

Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.

Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје.

Гостувањето на Одбраната на сакатиот на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

 

The post Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>

В петок, на 31 мај, во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“. Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“. Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија. Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала. Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје. Гостувањето на Одбраната на сакатиот на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.  

The post Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>
52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ https://republika.mk/vesti/kultura/52-majski-operski-vecheri-slovenechkiot-kameren-muzichki-teatar-od-lublana-na-28-maj-gostuva-so-kamernata-opera-svadba-od-ana-sokolovik/ Mon, 27 May 2024 08:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=780867

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.

Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и  Ања Земљариќ, мецосопран.

 

 

The post 52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот. Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек. Настапуваат: Штефица Грасели, сопран, Тереза Плут, сопран, Катја Конвалинка, сопран, Ирена Јебуах Тиран, мецосопран, Барбара Јернејчиќ, мецосопран и  Ања Земљариќ, мецосопран.    

The post 52. Мајски оперски вечери: Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-heda-gabler-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-saraevo/ Thu, 23 May 2024 07:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=781008

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска. Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>
Христијан Мицкоски вечерва гостин во дневникот на Сител https://republika.mk/vesti/makedonija/hristijan-mitskoski-vecherva-gostin-vo-dnevnikot-na-sitel-2/ Sat, 04 May 2024 13:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=774160

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе гостува во дневникот на Сител Телевизија од 19:00 часот.

The post Христијан Мицкоски вечерва гостин во дневникот на Сител appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе гостува во дневникот на Сител Телевизија од 19:00 часот.

The post Христијан Мицкоски вечерва гостин во дневникот на Сител appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва во Дневникот на ТВ Сител https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-vo-dnevnikot-na-tv-sitel/ Mon, 22 Apr 2024 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=769259

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во Дневникот на Телевизија Сител.

-Следете го моето гостување во дневникот на ТВ Сител од 19:00 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски вечерва во Дневникот на ТВ Сител appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во Дневникот на Телевизија Сител. -Следете го моето гостување во дневникот на ТВ Сител од 19:00 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски вечерва во Дневникот на ТВ Сител appeared first on Република.

]]>
Тарик Филиповиќ со хит претставата „Секс и глад“ гостува во МНТ на 11 април https://republika.mk/vesti/kultura/tarik-filipovik-so-hit-pretstavata-seks-i-glad-gostuva-vo-mnt-na-11-april/ Tue, 26 Mar 2024 08:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=758752

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ на 11 април во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“. Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“.

Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.

Овој пат Тарик ќе ве забавува, едуцира и насмее на тема секс и глад. Оваа театарска претстава на Филиповиќ ја воодушевува публиката низ целиот регион! Докторот по сексологија, професор и плејбој, олицетворение на актерот Филиповиќ, на околу седумдесет минути ќе ве одведе на возбудливо сафари низ прашумата области на човечката сексуалност. Колку и да живееме во хиперсексуализирано време, оваа тема е сè уште табу за многумина, велат од продукциите.

„Секс и глад“ е претстава која служи токму за детабуирање на тие области на човековата природа.

Се разбира примарната задача на ова моно шоу е да ве опушти, едуцира, забавува и насмее бидејќи смеата е најсигурниот и најефикасен лек во овие импотентни времиња, а Тарик е докажан лекар за нашите маки. Во претставата ќе ги запознаете или препознаете видовите сексуални односи, сексуални помагала, но и сексуални пречки кои ќе се обидеме да ги отстраниме. Освен општо познатите сексуални патеки, како што секоја дождовната шума ги крие и своите помалку познати патеки и заобиколувања. Затоа, ќе објасниме некои од оние помодерни феномени како сајбер секс, хемиски секс или, на пример, игра на тркала. Нема да ги избегнеме ни уште поделикатните теми како што се импотенција, сексуално преносливи болести, зависност од секс итн, додаваат од „КМК“ и „Кикса“.

The post Тарик Филиповиќ со хит претставата „Секс и глад“ гостува во МНТ на 11 април appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ на 11 април во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“. Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“. Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.
Овој пат Тарик ќе ве забавува, едуцира и насмее на тема секс и глад. Оваа театарска претстава на Филиповиќ ја воодушевува публиката низ целиот регион! Докторот по сексологија, професор и плејбој, олицетворение на актерот Филиповиќ, на околу седумдесет минути ќе ве одведе на возбудливо сафари низ прашумата области на човечката сексуалност. Колку и да живееме во хиперсексуализирано време, оваа тема е сè уште табу за многумина, велат од продукциите.
„Секс и глад“ е претстава која служи токму за детабуирање на тие области на човековата природа.
Се разбира примарната задача на ова моно шоу е да ве опушти, едуцира, забавува и насмее бидејќи смеата е најсигурниот и најефикасен лек во овие импотентни времиња, а Тарик е докажан лекар за нашите маки. Во претставата ќе ги запознаете или препознаете видовите сексуални односи, сексуални помагала, но и сексуални пречки кои ќе се обидеме да ги отстраниме. Освен општо познатите сексуални патеки, како што секоја дождовната шума ги крие и своите помалку познати патеки и заобиколувања. Затоа, ќе објасниме некои од оние помодерни феномени како сајбер секс, хемиски секс или, на пример, игра на тркала. Нема да ги избегнеме ни уште поделикатните теми како што се импотенција, сексуално преносливи болести, зависност од секс итн, додаваат од „КМК“ и „Кикса“.

The post Тарик Филиповиќ со хит претставата „Секс и глад“ гостува во МНТ на 11 април appeared first on Република.

]]>
Мицкоски вечерва гостин во емисијата „Клан Директ” на ТВ Клан https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vecherva-gostin-vo-emisijata-klan-direkt-na-tv-klan/ Wed, 13 Mar 2024 14:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=754474

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва со почеток од 19:00 часот ќе гостува во емисијата „Клан Директ” на Клан телевизија.

Следете го моето гостување во „Клан Директ” на ТВ Клан, во 19:00 часот!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.

The post Мицкоски вечерва гостин во емисијата „Клан Директ” на ТВ Клан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва со почеток од 19:00 часот ќе гостува во емисијата „Клан Директ” на Клан телевизија.
Следете го моето гостување во „Клан Директ” на ТВ Клан, во 19:00 часот!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.

The post Мицкоски вечерва гостин во емисијата „Клан Директ” на ТВ Клан appeared first on Република.

]]>
Перформансот „Бура и продор“ вечерва во Драмскиот Театар во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/performansot-bura-i-prodor-vecherva-vo-dramskiot-teatar-vo-skopje/ Sat, 09 Mar 2024 12:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=752969

Драмски театар Скопје го отстапува својот простор како поддршка на независната сцена. Вечерва со почеток во 20:00 ќе може да го погледнете перформансот „Бура и продор“.

Автор и режија: Теа Беговска
Продуцент: Скупи Фестивал

 

Улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим

Перформанс произлезен од 6 дневна работилница на интернационалниот театарски фестивал СКУПИ.
Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.

 

Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.

The post Перформансот „Бура и продор“ вечерва во Драмскиот Театар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје го отстапува својот простор како поддршка на независната сцена. Вечерва со почеток во 20:00 ќе може да го погледнете перформансот „Бура и продор“. Автор и режија: Теа Беговска Продуцент: Скупи Фестивал   Улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим Перформанс произлезен од 6 дневна работилница на интернационалниот театарски фестивал СКУПИ. Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.   Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.

The post Перформансот „Бура и продор“ вечерва во Драмскиот Театар во Скопје appeared first on Република.

]]>
Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта https://republika.mk/vesti/kultura/olimpiskata-norma-od-1979-godina-ja-zhrtvuvav-vo-ime-na-lubovta/ Fri, 08 Mar 2024 07:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=752478

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад. Сеедно е дали станува збор за љубов на прв поглед, на прв збор, на прв бакнеж... И така, со тек на време нема ни да забележиш како љубовта станува религија чиј верник си, вели за „Република“ српската актерка Оливера Балашевиќ, која на 15 март ќе гостува на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) со монобајката „Презимето на розата“.

Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). По претставата во МНТ ќе има промоција на романот.

Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година.

На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата.

Книгите кои јас ги читам се вистинити. Не мислам само на оние кои се пишувани по вистински настани, туку на оние кои се измислени, но во кои може да има многу вистина, бидејќи уметноста може да те излаже. Не сакам себеси да се фалам со овој став, бидејќи мојата книга е вистинита, туку само сакам да напоменам како пример, бидејќи оние кои ја читале, рекоа дека во неа има многу искреност, вели Балашевиќ.

Балашевиќ многу се радува на средбата со драги луѓе во Скопје, иако тоа ќе биде во театар, каде што се глуми и се кажува некој однапред научен текст.

Можеби мојата монобајка, моето искрено сведочење за некого ќе биде изненадување, но, мислам дека кај гледачите ќе предизвика убави сеќавања кои ќе ги вратат во некои времиња, во денови испреплетени со нераскинливи и невидливи нишки полни со љубов и грижа на нашите мајки, соседи, учителки, пред кои ќе го отворам моето срце. Можеби некој ќе се препознае?
Од време на време на социјалните мрежи ќе прочитам дека се радуваат на моето гостување во Скопје, па ми испраќаат фотографија или пак билети со број на местото каде што можеби ќе седи некоја „ Provincijalkа“ или „Dođoškа“. Но, не се јавувам на билетарницата за да разберам колку карти се продадени, бидејќи кај нас дома никогаш никој не се грижел за тоа. Секогаш било најважно дали програмата што се подготвува некого ќе разгали и ќе биде доследна на очекувањата на публиката.

Вашиот живот е полн со секакви искуства, убави и грди. Што мислите, кои искуства го прават човекот?

Човекот, пред се го чини неговиот поглед на искуствата кои му ги приредува судбината. Поучена од љубовта и грижата на мојата мајка, научив дека постојат убави и помалку убави искуства, вели Балашевиќ.

[caption id="attachment_752484" align="alignnone" width="445"] Оливера Балашевиќ Научив дека постојат убави и помалку убави искуства[/caption]

Ако од животот не направиш Олимпијада, тоа е исто како да не си учествувал во него. На прашањето како таа ја создала нејзината Олимпијада одговара:

Побрзо, повисоко, посилно. Со еден збор подобро. Секогаш правиш најдобро што можеш и ако ги спроведуваш тие начела, животот ќе ти биде Олимпијада. Предизвиците се работа на избор. Со нормите не сум на чисто ни до денес, ама нема сомнеж дека една од најважните норми ја исполнив во летото 1979 година, кога онаа олимписката, одлучно ја жртвував во име на љубовта.

Citius, altius, fortius...Околу ова јас и Олимпијадата уште на почетокот се согласивме. Но, максимата ‘важно е да се учествува, не е важно да се победи’, според мене, треба да претрпи мали измени. Можеби не е важно да се победи, но важно е барем да се обидеш да бидеш прв. Се разбира, тоа не е единствена работа која е пресудна. Но сплет на околности ме донесоа да бидам вечен кандидат за највисок пласман во очите на моите три деца сиве овие години. Заедно со нив многупати се искачивме на победничкиот трон. Дома кај нас, во чест на триумфот на љубовта и взаемното почитување често се интонираше химната на галама, смеа и радост. А сега и со сите три внуци, убедливо, без потреба за фото-финиш, победувам во трката со детски колички низ улицата „Јован Цвијиќ“ во Нови Сад.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта appeared first on Република.

]]>

Не е тешко да се поверува во љубов, кога си млад. Сеедно е дали станува збор за љубов на прв поглед, на прв збор, на прв бакнеж... И така, со тек на време нема ни да забележиш како љубовта станува религија чиј верник си, вели за „Република“ српската актерка Оливера Балашевиќ, која на 15 март ќе гостува на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) со монобајката „Презимето на розата“. Балашевиќ е и режисерка на „Презимето на розата“ која е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планетата двор“ (Планета двориште). По претставата во МНТ ќе има промоција на романот. Шеесет и петгодишната Балашевиќ е и писателка и поранешна гимнастичарка, чиј сопруг беше легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во 2021. Со Ѓорѓе се запознале на снимањето на филмот „Поп Киро и поп Спиро“, имаат три деца и три внуци. Нивниот брак траеше четири децении, а Оливера активно учествуваше во работата на својот сопруг како продуцентка на неговите настапи. Во 1979 година Оливера, како тогашна репрезентативка на Југославија во гимнастика била поголема ѕвезда од Ѓорѓе, имала бројни признанија и медали во дури четири гимнастичарски дисциплини. Обезбедила и норма за учество на Летните олимписки игри, но, во име на љубовта решила да не патува за Москва 1980 година. На прашањето кои настани го одбележаа нејзиниот живот и каква порака сака да испрати на публиката во Скопје, вели дека одговорот се крие во монобајката, па оној кој сака да дознае, треба да дојде да ја гледа претставата.
Книгите кои јас ги читам се вистинити. Не мислам само на оние кои се пишувани по вистински настани, туку на оние кои се измислени, но во кои може да има многу вистина, бидејќи уметноста може да те излаже. Не сакам себеси да се фалам со овој став, бидејќи мојата книга е вистинита, туку само сакам да напоменам како пример, бидејќи оние кои ја читале, рекоа дека во неа има многу искреност, вели Балашевиќ.
Балашевиќ многу се радува на средбата со драги луѓе во Скопје, иако тоа ќе биде во театар, каде што се глуми и се кажува некој однапред научен текст.
Можеби мојата монобајка, моето искрено сведочење за некого ќе биде изненадување, но, мислам дека кај гледачите ќе предизвика убави сеќавања кои ќе ги вратат во некои времиња, во денови испреплетени со нераскинливи и невидливи нишки полни со љубов и грижа на нашите мајки, соседи, учителки, пред кои ќе го отворам моето срце. Можеби некој ќе се препознае? Од време на време на социјалните мрежи ќе прочитам дека се радуваат на моето гостување во Скопје, па ми испраќаат фотографија или пак билети со број на местото каде што можеби ќе седи некоја „ Provincijalkа“ или „Dođoškа“. Но, не се јавувам на билетарницата за да разберам колку карти се продадени, бидејќи кај нас дома никогаш никој не се грижел за тоа. Секогаш било најважно дали програмата што се подготвува некого ќе разгали и ќе биде доследна на очекувањата на публиката.
Вашиот живот е полн со секакви искуства, убави и грди. Што мислите, кои искуства го прават човекот?
Човекот, пред се го чини неговиот поглед на искуствата кои му ги приредува судбината. Поучена од љубовта и грижата на мојата мајка, научив дека постојат убави и помалку убави искуства, вели Балашевиќ.
[caption id="attachment_752484" align="alignnone" width="445"] Оливера Балашевиќ Научив дека постојат убави и помалку убави искуства[/caption] Ако од животот не направиш Олимпијада, тоа е исто како да не си учествувал во него. На прашањето како таа ја создала нејзината Олимпијада одговара:
Побрзо, повисоко, посилно. Со еден збор подобро. Секогаш правиш најдобро што можеш и ако ги спроведуваш тие начела, животот ќе ти биде Олимпијада. Предизвиците се работа на избор. Со нормите не сум на чисто ни до денес, ама нема сомнеж дека една од најважните норми ја исполнив во летото 1979 година, кога онаа олимписката, одлучно ја жртвував во име на љубовта. Citius, altius, fortius...Околу ова јас и Олимпијадата уште на почетокот се согласивме. Но, максимата ‘важно е да се учествува, не е важно да се победи’, според мене, треба да претрпи мали измени. Можеби не е важно да се победи, но важно е барем да се обидеш да бидеш прв. Се разбира, тоа не е единствена работа која е пресудна. Но сплет на околности ме донесоа да бидам вечен кандидат за највисок пласман во очите на моите три деца сиве овие години. Заедно со нив многупати се искачивме на победничкиот трон. Дома кај нас, во чест на триумфот на љубовта и взаемното почитување често се интонираше химната на галама, смеа и радост. А сега и со сите три внуци, убедливо, без потреба за фото-финиш, победувам во трката со детски колички низ улицата „Јован Цвијиќ“ во Нови Сад.
Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Олимписката норма од 1979 година ја жртвував во име на љубовта appeared first on Република.

]]>
Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ вечерва гостува во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/veleshki-teatar-so-nema-struja-za-elektrichniot-stol-vecherva-gostuva-vo-dramski/ Wed, 06 Mar 2024 09:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=751794

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ в среда, на 6 март во 20 часот гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Автор на текстот е бугарскиот писател Александар Секулов, а во претставата играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Драматург е Сашо Димоски.

Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единственото на театарската претстава.

 

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ вечерва гостува во Драмски appeared first on Република.

]]>

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ в среда, на 6 март во 20 часот гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Автор на текстот е бугарскиот писател Александар Секулов, а во претставата играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Драматург е Сашо Димоски. Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единственото на театарската претстава.  

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ вечерва гостува во Драмски appeared first on Република.

]]>
Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ https://republika.mk/scena/vlatko-lozanoski-sana-dolezhal-i-sergej-ketkovik-gosti-na-najnovata-pesna-na-frajle/ Tue, 05 Mar 2024 10:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=751411

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.

„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.

Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.

Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.

https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4

Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>

15 години поминаа за миг кога станува збор за Наташа Михајловиќ, Јелена и Невена Буча, како и за верната публика на женското трио „Фрајле“. 15 години постоење и јубилеј кој го одбележаа со нов албум кој го носи насловот „Дневник душе“.
„Дневник душе“ дојде како круна на нашата досегашна кариера и музичко искуство, а песната „Пријател“ како драгоцен камен на таа круна. - кажа женското трио „Фрајле“ за новата песна од албумот, на која како гостин се појавува и нашиот Влатко Лозаноски, заедно со хрватската пејачка Сања Долежал од групата „Нови Фосили“ и црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ.
Во песната „Пријател“ пеат и младите пејачи Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија.
Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет. Нам музиката ни даде се. И љубов и одобрување и публика, а ние се одѕиваме преку новите песни и уште подобрите настапи во текот на овие години, на турнеите кои се исполнети до последното место. Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат девојките од „Фрајле“.
https://www.youtube.com/watch?v=qe9VgBFn84Y&fbclid=IwAR3tn22WoUVTGeS-vmz5Df9XiMHG90dof-XW06uuzPNbWAvhr7mjakD85P4 Освен одбележување на овој 15 годишен јубилеј и промоција на новиот албум, „Фрајле“ ја најавија и својата регионална турнеја, а Македонија ќе биде дел од истата. На 13-ти март „Фрајле“ имаат концерт Битола, 15-ти и 16-ти март во Скопје, а на 17-ти во Струмица. Доколку се уште не сте си обезбедиле влезница, истото можете да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

The post Влатко Лозаноски, Сања Долежал и Сергеј Ќетковиќ гости на најновата песна на „Фрајле“ appeared first on Република.

]]>