гостува Archives - Република https://republika.mk/tema/gostuva/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 09:14:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гостува Archives - Република https://republika.mk/tema/gostuva/ 32 32 Популарната српска комедија „Хотел 88“ на 30 ноември гостува во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/popularnata-srpska-komedija-hotel-88-na-30-noemvri-gostuva-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Mon, 28 Oct 2024 09:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=831561

На 30 ноември, во Националната опера и балет ќе гостува популарната српска комедија „Хотел 88“, чија премиера се одржала во 2017 година и оттогаш претставата стекнала култен статус, не само во Белград и Србија, туку и надвор од границите на државата. Има повеќе од 500 изведби и над 100.000 гледачи.

Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за да поминат романтичен меден месец. Но, компликациите започнуваат кога се открива дека Ана и Марко имаат бурна и романтична историја, што доведува до страсни и комични пресврти во текот на една судбоносна ноќ.

„Хотел 88“ е комедија која со леснотија ги обработува темите за љубовта, неверството и предизвиците на брачните односи. Преку смешни и неочекувани ситуации, претставата ги истражува тенките граници помеѓу страсната љубов и вистинските животни проблеми.

Во претставата играат: Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ.

 

The post Популарната српска комедија „Хотел 88“ на 30 ноември гостува во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

На 30 ноември, во Националната опера и балет ќе гостува популарната српска комедија „Хотел 88“, чија премиера се одржала во 2017 година и оттогаш претставата стекнала култен статус, не само во Белград и Србија, туку и надвор од границите на државата. Има повеќе од 500 изведби и над 100.000 гледачи. Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за да поминат романтичен меден месец. Но, компликациите започнуваат кога се открива дека Ана и Марко имаат бурна и романтична историја, што доведува до страсни и комични пресврти во текот на една судбоносна ноќ. „Хотел 88“ е комедија која со леснотија ги обработува темите за љубовта, неверството и предизвиците на брачните односи. Преку смешни и неочекувани ситуации, претставата ги истражува тенките граници помеѓу страсната љубов и вистинските животни проблеми. Во претставата играат: Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ.  

The post Популарната српска комедија „Хотел 88“ на 30 ноември гостува во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Српската комедија „Жени во црвено“ гостува во Скопје на 9 октомври https://republika.mk/vesti/kultura/srpskata-komedija-zheni-vo-tsrveno-gostuva-vo-skopje-na-9-oktomvri/ Fri, 04 Oct 2024 07:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=822458

Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија ќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје.

Претставата, која ја носи JEС Продукција од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ.

Претставата раскажува за четири жени кои се наоѓаат во комична, но истовремено и сериозна ситуација. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината сестра Нора, која е невработена, се соочуваат со финансиски тешкотии и неможност да го платат својот станбен кредит. Динка, службеничка од банката, доаѓа со намера да го конфискува имотот, но се соочува со неочекуван отпор од сестрите. За да го задржат својот дом, тие преземаат драстични чекори, додека надвор од нивната зграда полицијата и специјалните единици го заоструваат конфликтот. Во меѓувреме, на местото на настанот пристигнува полицајката Анѓа, со свој личен проблем.

Комедијата „Жени во црвено“ на комичен начин ги обработува темите на долгови, финансиски кризи и животните предизвици, истовремено потсетувајќи на важноста од солидарноста, пријателството и заедничкото справување со проблемите.

Текстот е на Давор Шпишиќ, режијата на Бојана Лазовиќ, сценографија и костимографија на Јелена Стокуќа, а музиката на Ирена Поповиќ Драговиќ.

The post Српската комедија „Жени во црвено“ гостува во Скопје на 9 октомври appeared first on Република.

]]>

Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија ќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата, која ја носи JEС Продукција од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ. Претставата раскажува за четири жени кои се наоѓаат во комична, но истовремено и сериозна ситуација. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината сестра Нора, која е невработена, се соочуваат со финансиски тешкотии и неможност да го платат својот станбен кредит. Динка, службеничка од банката, доаѓа со намера да го конфискува имотот, но се соочува со неочекуван отпор од сестрите. За да го задржат својот дом, тие преземаат драстични чекори, додека надвор од нивната зграда полицијата и специјалните единици го заоструваат конфликтот. Во меѓувреме, на местото на настанот пристигнува полицајката Анѓа, со свој личен проблем. Комедијата „Жени во црвено“ на комичен начин ги обработува темите на долгови, финансиски кризи и животните предизвици, истовремено потсетувајќи на важноста од солидарноста, пријателството и заедничкото справување со проблемите. Текстот е на Давор Шпишиќ, режијата на Бојана Лазовиќ, сценографија и костимографија на Јелена Стокуќа, а музиката на Ирена Поповиќ Драговиќ.

The post Српската комедија „Жени во црвено“ гостува во Скопје на 9 октомври appeared first on Република.

]]>
Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/nagraduvanata-pretstavata-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-rona-kerka-na-ograbuvachot-gostuva-vo-zagreb-i-lublana/ Fri, 13 Sep 2024 08:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=815919

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот.

По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“.

ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот".

Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот. По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“. ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот". Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>
Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“ https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-gostuva-vo-beogradsko-dramsko-pozorishte-so-pretstavata-mojot-mazh/ Fri, 01 Dec 2023 09:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=718267

По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од денес до 6ти декември ќе се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува утре на 2ри декември со претставата „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска.

Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимограф Роза Трајчевска – Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски, асистент сценограф Моника Ангелевска, а изборот на музика е на Нела Витошевиќ.

Во претставата „Мојот маж“ улогите се доделени на актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ

Драмската структура на театарската претстава „Мојот маж“ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сè уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.

Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сèприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвoра простор за различна театарска перспективност.

Во пресрет на ова гостување од Драмски театар Скопје потсетуваат дека со претставата „Мојот маж“ во рамките на фестивалот РУТА, театарот гостуваше на сцените на Местно гледалишче Љубљана во 2022, а во 2023 година претставата беше изведена во Подгорица и на Бриони во Хрватска.

The post Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“ appeared first on Република.

]]>

По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од денес до 6ти декември ќе се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува утре на 2ри декември со претставата „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимограф Роза Трајчевска – Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски, асистент сценограф Моника Ангелевска, а изборот на музика е на Нела Витошевиќ. Во претставата „Мојот маж“ улогите се доделени на актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ Драмската структура на театарската претстава „Мојот маж“ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сè уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сèприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвoра простор за различна театарска перспективност. Во пресрет на ова гостување од Драмски театар Скопје потсетуваат дека со претставата „Мојот маж“ во рамките на фестивалот РУТА, театарот гостуваше на сцените на Местно гледалишче Љубљана во 2022, а во 2023 година претставата беше изведена во Подгорица и на Бриони во Хрватска.

The post Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“ appeared first on Република.

]]>
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-nema-da-bide-kraj-na-svetot-gostuva-vo-italija/ Fri, 23 Jun 2023 09:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=654345

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција - Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 25 јуни ќе учествува на италијанскиот фестивал за танц, музика и театар „Монте Сакро“ во Фоџа.

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

The post МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија appeared first on Република.

]]>

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција - Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 25 јуни ќе учествува на италијанскиот фестивал за танц, музика и театар „Монте Сакро“ во Фоџа. Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста. „Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

The post МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија appeared first on Република.

]]>
Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-za-kultura-na-bugarija-ke-dirigira-so-sofiskata-filharmonija-vo-skopje/ Sat, 11 Mar 2023 14:39:01 +0000 https://republika.mk/?p=618506

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Ќе прозвучи програма со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.

Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски. Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.

Повеќе од три децении талентот на Најден Тодоров достигнува нови врвови во различни жанрови и се наметнува на најпрестижните сцени ширум светот. На крајот на 2022 година, неговите концерти во Богота со Националната филхармонија на Колумбија, со познатиот виолончелист Сантијаго Канон-Валенсија како солист, како и концертот со Симфонискиот оркестар на Сан Ремо, доживеаја голем успех. Во ноември 2022 година со Софиската филхармонија тој гостуваше во Загреб, а во декември – во големата сала на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во октомври Најден Тодоров го презеде својот втор мандат како директор на Софиската филхармонија, по презентирањето на брилијантно одбранетиот концепт за просперитет на националниот оркестар на Р. Бугарија“, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, неговата професионална кариера почнува во Пловдивското музичко училиште „Добрин Петков“, каде што на 16-годишна возраст дебитирал како диригент, а го создава Младинскиот оркестар „Пловдив“ со кој учествува на неколку европски турнеи. Студирал диригирање кај Крстју Марев и Александар Владигеров, од 1993 година бил студент на Урош Лајовиц и Карл Остеррајхер на Универзитетот во Виена, во 1996 година специјализирал на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим кај Менди Родан. Магистрирал на Новиот бугарски универзитет, докторирал на Универзитетот во Лондон и насока културен менаџмент на Новиот бугарски универзитет. Бил стипендист на Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Фондацијата Боргезе, Ротари клуб - Виена и Швајцарската фондација „Георг Вехтер“.

The post Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Ќе прозвучи програма со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс. Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски. Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.
Повеќе од три децении талентот на Најден Тодоров достигнува нови врвови во различни жанрови и се наметнува на најпрестижните сцени ширум светот. На крајот на 2022 година, неговите концерти во Богота со Националната филхармонија на Колумбија, со познатиот виолончелист Сантијаго Канон-Валенсија како солист, како и концертот со Симфонискиот оркестар на Сан Ремо, доживеаја голем успех. Во ноември 2022 година со Софиската филхармонија тој гостуваше во Загреб, а во декември – во големата сала на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во октомври Најден Тодоров го презеде својот втор мандат како директор на Софиската филхармонија, по презентирањето на брилијантно одбранетиот концепт за просперитет на националниот оркестар на Р. Бугарија“, соопштија организаторите.
Како што посочуваат, неговата професионална кариера почнува во Пловдивското музичко училиште „Добрин Петков“, каде што на 16-годишна возраст дебитирал како диригент, а го создава Младинскиот оркестар „Пловдив“ со кој учествува на неколку европски турнеи. Студирал диригирање кај Крстју Марев и Александар Владигеров, од 1993 година бил студент на Урош Лајовиц и Карл Остеррајхер на Универзитетот во Виена, во 1996 година специјализирал на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим кај Менди Родан. Магистрирал на Новиот бугарски универзитет, докторирал на Универзитетот во Лондон и насока културен менаџмент на Новиот бугарски универзитет. Бил стипендист на Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Фондацијата Боргезе, Ротари клуб - Виена и Швајцарската фондација „Георг Вехтер“.

The post Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје appeared first on Република.

]]>
МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-naroden-neprijatel-gostuva-na-festival-vo-italija/ Sat, 05 Nov 2022 15:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=570145

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо.

– Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови, хибридни стратегии за пишување нови драми…, соопшти МНТ.

Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер, Народни дивадло – Прага и со Македонскиот народен театар.

 

The post МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо. – Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови, хибридни стратегии за пишување нови драми…, соопшти МНТ. Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер, Народни дивадло – Прага и со Македонскиот народен театар.  

The post МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија appeared first on Република.

]]>
Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-stranci-gostuva-vo-veles-i-bitola/ Wed, 18 May 2022 10:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=503817

Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко.

Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри.

Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја реализира пред публиката на
23-от Интернационален фестивал на монодрама кој се одржува во Битола. Претставата учествува во ревијалната програма и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура и Битолскиот народен театар на 21 мај (сабота) со почеток во 20 часот.

Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Во претставата играат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа - Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

The post Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри. Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја реализира пред публиката на 23-от Интернационален фестивал на монодрама кој се одржува во Битола. Претставата учествува во ревијалната програма и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура и Битолскиот народен театар на 21 мај (сабота) со почеток во 20 часот. Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Во претставата играат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа - Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

The post Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола appeared first on Република.

]]>
Косовскиот балет вечерва гостува на „Танц Фест“ во Дом на АРМ https://republika.mk/vesti/kultura/kosovskiot-balet-vecherva-gostuva-na-tanc-fest-vo-dom-na-arm/ Thu, 14 Apr 2022 12:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=488430

Вечрва во 20ч, на сцената на Дом на АРМ, во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022 ќе биде изведена претставата „Егзодоус“ на кореографот Ено Печи со Косовскиот балет.

Печи прави осврт кон моментот во кој живееме, кога народите и луѓето се раздвоени. Цели семејствата се разделени, родителите ги испраќаат своите деца во странство за да им овозможат подобра иднина. Кореографијата на Печи раскажува за разбиени семејства, изгубени детства, напуштени мајки кои бараат смисла во егзилот на своите деца.

Во претставата настапуваат Фатмир Смани, Вјолца Лугиќи, Фисник Смани, Сеа Вуниќи, Теута красниќи, Мухамет Бикалиќи, Јета Мусоли, Мимоа Шала, Мергиме Морина и Аулоне Нихиу.

The post Косовскиот балет вечерва гостува на „Танц Фест“ во Дом на АРМ appeared first on Република.

]]>

Вечрва во 20ч, на сцената на Дом на АРМ, во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022 ќе биде изведена претставата „Егзодоус“ на кореографот Ено Печи со Косовскиот балет. Печи прави осврт кон моментот во кој живееме, кога народите и луѓето се раздвоени. Цели семејствата се разделени, родителите ги испраќаат своите деца во странство за да им овозможат подобра иднина. Кореографијата на Печи раскажува за разбиени семејства, изгубени детства, напуштени мајки кои бараат смисла во егзилот на своите деца. Во претставата настапуваат Фатмир Смани, Вјолца Лугиќи, Фисник Смани, Сеа Вуниќи, Теута красниќи, Мухамет Бикалиќи, Јета Мусоли, Мимоа Шала, Мергиме Морина и Аулоне Нихиу.

The post Косовскиот балет вечерва гостува на „Танц Фест“ во Дом на АРМ appeared first on Република.

]]>
Христијан Мицкоски вечерва гостува на ТВ 24 https://republika.mk/vesti/makedonija/hristijan-mickoski-vecherva-gostuva-na-tv-24/ Mon, 17 Jan 2022 14:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=445931

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе гостува во емизијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Тема ќе биде актуелната состојба во државата, политичките и економски случувања со акцент на енергетската криза.

 

The post Христијан Мицкоски вечерва гостува на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе гостува во емизијата „24 анализа“ на ТВ 24. Тема ќе биде актуелната состојба во државата, политичките и економски случувања со акцент на енергетската криза.  

The post Христијан Мицкоски вечерва гостува на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>