гостивар Archives - Република https://republika.mk/tema/gostivar/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 13:53:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гостивар Archives - Република https://republika.mk/tema/gostivar/ 32 32 Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа https://republika.mk/vesti/vo-gostivar-otkrien-mural-so-likot-na-d-r-trajche-neshkovski-koj-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/ Sun, 20 Oct 2024 13:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=829136

Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал.

На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.

На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.

Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.

The post Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Во рамки на активности во чест на д-р Трајче Нешковски, кој пред четири години го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, денеска беше откриен мурал со неговиот лик во гостиварската населба „Малеарди“. Тридневните активности завршуваат денеска попладне со меморијалниот турнир во мал фудбал. На пригодниот настан што го организираше Хуманитарното здружение д-р Трајче Нешковски беше прикажан и видеофилм, во кој негови другари и колеги зборуваа за делото на прерано починатиот лекар.
На овој настан му претходеа крводарителска акција и музичка вечер чиј приход е наменет за хуманитарни цели и имаше забава за најмладите на градскиот плоштад. И оваа година, како и претходните намерата е да овозможиме за секого по нешто, но и да ја продолжиме хуманата мисија на д-р. Трајче, кој беше и остана синоним за човечност и солидарност, рече Ема Нешковска, основач на здружението и сопруга на починатиот лекар. Со дел од средставта во населбата каде живееше Нешковски, ќе се уреди дестско катче со донирање на опрема.
Во поплапдневните часови треба да завршат и натпреварите на шест екипи во мал фудбал кои се одигруваат во гостиварската гимназија.

The post Во Гостивар откриен мурал со ликот на д-р Трајче Нешковски кој загина во сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>
Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bolnitsata-vo-gostivar-doneseno-pochinato-chetirimesechno-bebe/ Sat, 19 Oct 2024 16:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=828862

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово.

Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.

The post Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе appeared first on Република.

]]>

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека четиримесечно бебе од Гостивар е донесено починато во Медицинскиот центар во Гостивар со Брза помош, соопшти СВР Тетово. Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.    

The post Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-gostivar-ponudi-pomosh-na-arsovska-vo-matematika-i-izrabotka-na-proekti/ Fri, 18 Oct 2024 09:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=828403

И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно, соопштија од Општина Гостивар.

Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?

Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.

Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите.

Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа, порачаа од општината.

The post Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти appeared first on Република.

]]>

И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно, соопштија од Општина Гостивар. Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија? Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле. Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите. Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа, порачаа од општината.  

The post Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти appeared first on Република.

]]>
Несреќа во Гостивар, четворица градежни работници се тешко повредени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nesreka-vo-gostivar-chetvoritsa-gradezhni-rabotnitsi-se-teshko-povredeni/ Thu, 17 Oct 2024 14:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=828112

Четворица градежни работници се тешко повредени во несреќа која се случила вчера, додека работеле на објект во Гостивар, соопшти полицијата.

„На 16.10.2024 во 15.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А.(53) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од Гостивар. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект за фирма на улица „ЈНА” во Гостивар“, велат од МВР.

Известени биле Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Несреќа во Гостивар, четворица градежни работници се тешко повредени appeared first on Република.

АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите https://republika.mk/vesti/makedonija/ahv-vodata-vo-gostivar-bezbedna-za-piene-prisustvoto-na-mangan-e-vo-granitsite/ Mon, 14 Oct 2024 12:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=826651

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје - Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година.

Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко - хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.

Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ.

The post АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите appeared first on Република.

]]>

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје - Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година. Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко - хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.
Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ.

The post АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите appeared first on Република.

]]>
Загина велосипедист во Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-velosipedist-vo-gostivar/ Sun, 13 Oct 2024 14:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=826156

Вчера во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

The post Загина велосипедист во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Вчера во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.  

The post Загина велосипедист во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-parovi-na-festivalot-otelo-vo-gostivar/ Wed, 09 Oct 2024 11:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=824619

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот.

Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар.

Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.

Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев.

Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“ во Гостивар. Претставата „Парови“ ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ во 20 часот. Фестивалот „Отело“ во Гостивар се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар. Во рамките на осмото издание на фестивалот ќе бидат изведени шест претстави на театри од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово. Претставата „Парови“ досега е играна седум пати на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Премиерата беше во мај годинава и вечерашново гостување е нејзина прва изведба надвор од матичната сцена. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева - Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска - Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев. Организаторите ја информираат публиката дека влезот е слободен за сите шест претстави на „Меѓународниот театарски фестивал Отело“.

The post Драмски театар со претставата „Парови“ на фестивалот „Отело“ во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Жена нападна пациентка во гостиварската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-napadna-patsientka-vo-gostivarskata-bolnitsa/ Mon, 07 Oct 2024 11:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=823768

Вчера  во 18.45 часот во ОВР Гостивар, А.С.(45) од гостиварско Трново, медицинска сестра во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена нападна пациентка во гостиварската болница appeared first on Република.

]]>

Вчера  во 18.45 часот во ОВР Гостивар, А.С.(45) од гостиварско Трново, медицинска сестра во гостиварската болница „Ферид Мурад“, пријавила дека околу 18.30 часот на Одделението за хирургија, ќерка на еден пациент го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон друга пациентка. Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена нападна пациентка во гостиварската болница appeared first on Република.

]]>
Водата во Гостивар не е безбедна за пиење, намалено водоснабдување во Тетово https://republika.mk/zivot/servisi/vodata-vo-gostivar-ne-e-bezbedna-za-piene-namaleno-vodosnabduvane-vo-tetovo/ Mon, 07 Oct 2024 07:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=823676

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено - во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.

ЈКП „Шар“ од Тетово  информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот. Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

The post Водата во Гостивар не е безбедна за пиење, намалено водоснабдување во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено - во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК. ЈКП „Шар“ од Тетово  информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот. Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот. Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

The post Водата во Гостивар не е безбедна за пиење, намалено водоснабдување во Тетово appeared first on Република.

]]>
ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење https://republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-po-obilnite-vrnezhi-vodata-vo-gostivar-ne-e-bezbedna-za-piene/ Sun, 06 Oct 2024 08:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=823349

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај, имало 2.142 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112, а немало пожари на отворено.

ЦУК информира дека вчера, од 9:30 до 10:15 часот, четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес извлекле жена во срушена куќа. Жената се стекнала со мали повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во болница во Велес.

ТППЕ Куманово дека вчера, од 12:08 до 12:30 часот, извлекувала лице од возило при сообраќајна незгода во близина на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Лицето, како што се наведува, имало тешки телесни повреди.

РЦУК Тетово, пак, информира дека околу 4:30 часот возило излетало во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четворица пожарникари. Сите лица биле извлечени, а само еден сопатник бил телесно повреден, кој бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар.

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише и испумпување вода во поплавената куќа во истата населба.

ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, а градот Тетово се снабдува со намалено количество вода. Екипите на ЈКП „Шар“ се на теренот за брзо решавање на проблемот. Известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13:00 до 15:00 часот и во период од 1:00 до 4;00 часот, стои во соопштението.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот, информира ЦУК.

The post ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај, имало 2.142 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112, а немало пожари на отворено. ЦУК информира дека вчера, од 9:30 до 10:15 часот, четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес извлекле жена во срушена куќа. Жената се стекнала со мали повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во болница во Велес. ТППЕ Куманово дека вчера, од 12:08 до 12:30 часот, извлекувала лице од возило при сообраќајна незгода во близина на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Лицето, како што се наведува, имало тешки телесни повреди. РЦУК Тетово, пак, информира дека околу 4:30 часот возило излетало во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четворица пожарникари. Сите лица биле извлечени, а само еден сопатник бил телесно повреден, кој бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар. Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише и испумпување вода во поплавената куќа во истата населба.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, а градот Тетово се снабдува со намалено количество вода. Екипите на ЈКП „Шар“ се на теренот за брзо решавање на проблемот. Известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13:00 до 15:00 часот и во период од 1:00 до 4;00 часот, стои во соопштението.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.
До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот, информира ЦУК.

The post ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење appeared first on Република.

]]>
Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли https://republika.mk/zivot/servisi/predupreduvane-vodata-vo-gostivar-ne-e-za-piene-otkriena-e-bakterijata-esherihija-koli/ Thu, 26 Sep 2024 15:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=819951

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.

Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.
Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.
Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење. Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.
Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

The post Предупредување: Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли appeared first on Република.

]]>
Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето https://republika.mk/zivot/vo-gostivar-so-20-milioni-denari-ke-se-reshavaat-problemite-so-aerozagaduvaneto/ Wed, 18 Sep 2024 19:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=817587

Граѓаните, невладините организации и претставници на институции преку форумски сесии ќе го изберат најдоброто решение за проблемите со аерозагадувањето во гостиварската општина приоритетите ќе се изберат на форуми.

Раководителот на општинскиот Секторот за екологија, Зуди Џелили на првата сесија вечерва напомена дека е важно да се слушне мислењето на граѓаните и предлозите на сите учесници.

- Во првата фаза се запознаваме со проблемот, а преку втората форумска сесија со гласање ќе се определат приоритетите и конкретни предлози. Зависно од вредноста и обемот на предлозите, може да биде еден или два помали. Тие би требало да се спроведат наредната година, рече Џелили.

Финансирањето ќе биде со средства од општинската каса и УНДП со вредност од 20 милиони денари.

Првиот човек на општината на сесијата напомена дека локалната самоуправа со загадувањето се справува со годишната програма. При тоа тој посочи дека има е во функција мрежа од мерни станици кои ги следат критичните точки, а доколку годинава тоа го дозволи финансиската состојба ќе има и субвенционирање на инвертери и велосипеди.

- Се надевам дека доколку финансиските услови ни дозволат и оваа година и наредната ќе имаме такви мерки. Исто така, учествуваме и во Недела на мобилност, во чии рамки се организира Ден без автомобили, со што ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди и да се движат пеш, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.

Пред учесниците на форумската сесија беше презентирано и дел од истражувањето на стручњаци од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој Гостивар е еден од петте вклучени градови.

- Специфично за Гостивар е минералната прашина од околината, каменоломите кои ги има во поголем број и околните градежни активности. Вредностите просечно ги надминуваат дозволените норми, но некаде за 10-15%, што не е случај со другите поголеми градови. Доколку се спроведат препорачаните мерки, тогаш Гостивар ќе има почист воздух, рече професорот Дејан Мираковски.

Според препораките, за почист воздух потребно е да се намали енергетската сиромаштија, начинот на затоплување на домовите, палењето на оган на отворено, миење на улиците и поригорозна контрола индустриските капацитети. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и УГД, а е финансиран од Шведска.

The post Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>

Граѓаните, невладините организации и претставници на институции преку форумски сесии ќе го изберат најдоброто решение за проблемите со аерозагадувањето во гостиварската општина приоритетите ќе се изберат на форуми. Раководителот на општинскиот Секторот за екологија, Зуди Џелили на првата сесија вечерва напомена дека е важно да се слушне мислењето на граѓаните и предлозите на сите учесници.
- Во првата фаза се запознаваме со проблемот, а преку втората форумска сесија со гласање ќе се определат приоритетите и конкретни предлози. Зависно од вредноста и обемот на предлозите, може да биде еден или два помали. Тие би требало да се спроведат наредната година, рече Џелили.
Финансирањето ќе биде со средства од општинската каса и УНДП со вредност од 20 милиони денари. Првиот човек на општината на сесијата напомена дека локалната самоуправа со загадувањето се справува со годишната програма. При тоа тој посочи дека има е во функција мрежа од мерни станици кои ги следат критичните точки, а доколку годинава тоа го дозволи финансиската состојба ќе има и субвенционирање на инвертери и велосипеди.
- Се надевам дека доколку финансиските услови ни дозволат и оваа година и наредната ќе имаме такви мерки. Исто така, учествуваме и во Недела на мобилност, во чии рамки се организира Ден без автомобили, со што ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди и да се движат пеш, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.
Пред учесниците на форумската сесија беше презентирано и дел од истражувањето на стручњаци од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој Гостивар е еден од петте вклучени градови.
- Специфично за Гостивар е минералната прашина од околината, каменоломите кои ги има во поголем број и околните градежни активности. Вредностите просечно ги надминуваат дозволените норми, но некаде за 10-15%, што не е случај со другите поголеми градови. Доколку се спроведат препорачаните мерки, тогаш Гостивар ќе има почист воздух, рече професорот Дејан Мираковски.
Според препораките, за почист воздух потребно е да се намали енергетската сиромаштија, начинот на затоплување на домовите, палењето на оган на отворено, миење на улиците и поригорозна контрола индустриските капацитети. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и УГД, а е финансиран од Шведска.

The post Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето appeared first on Република.

]]>
38-годишен гостиварец пронајден мртов https://republika.mk/vesti/crna-hronika/38-godishen-gostivarets-pronajden-mrtov/ Fri, 13 Sep 2024 14:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=816090

Вчеравечер околу 19.50 часот во ОВР Гостивар екипа од итна медицинска помош Гостивар пријавила дека во неговата семејна куќа била констатирана смрт без траги на насилство кај А.Д.(38) од Гостивар.

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител, а телото е предадено за обдукција, соопштија од СВР Тетово.

The post 38-годишен гостиварец пронајден мртов appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер околу 19.50 часот во ОВР Гостивар екипа од итна медицинска помош Гостивар пријавила дека во неговата семејна куќа била констатирана смрт без траги на насилство кај А.Д.(38) од Гостивар. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител, а телото е предадено за обдукција, соопштија од СВР Тетово.

The post 38-годишен гостиварец пронајден мртов appeared first on Република.

]]>
ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-nema-naredba-za-priveduvane-na-nitu-edno-litse-za-izgradba-na-tsrkva-vo-gostivar/ Tue, 10 Sep 2024 12:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=814974

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице.

Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.

Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-nalog-na-javen-obvinitel-se-apsat-gragani-koi-raschistuvale-tsrkva/

The post ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице. Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-nalog-na-javen-obvinitel-se-apsat-gragani-koi-raschistuvale-tsrkva/

The post ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар https://republika.mk/zivot/servisi/poradi-dozhdot-otkazhan-deneshniot-nastan-vo-gostivar/ Tue, 10 Sep 2024 06:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=814783 Општина Гостивар поради врнежите од дожд го откажа денешниот настан што требаше да се одржи на отворено. Настанот беше организиран...

The post Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар поради врнежите од дожд го откажа денешниот настан што требаше да се одржи на отворено.

Настанот беше организиран во соработка со полицијата и училиштата, а посветен на безбедноста на учениците. Во рамки на настанот учениците требаше да маршираат од Центарот за култура до градскиот плоштад.

The post Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-maloletnichka-vo-gostivar/ Wed, 21 Aug 2024 10:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=808598

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција.

The post Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција.

The post Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Гостивар: Го тепале со бебето во раце, и тоа е повредено https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivar-go-tepale-so-bebeto-vo-ratse-i-toa-e-povredeno/ Fri, 16 Aug 2024 07:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=807040

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопштуваат од МВР, на 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди.

The post Гостивар: Го тепале со бебето во раце, и тоа е повредено appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што соопштуваат од МВР, на 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди.  

The post Гостивар: Го тепале со бебето во раце, и тоа е повредено appeared first on Република.

]]>
Поранешен играч на Фенербахче потпиша за Гостивар https://republika.mk/sport/fudbal/poraneshen-igrach-na-fenerbahche-potpisha-za-gostivar/ Mon, 12 Aug 2024 13:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=805879

Муса Соу  легендата на Фенербахче и Лил ЛОСЦ, двократен шампион, најдобар стрелец на турската Супер лига и француската Лига 1 се приклучи на тимот на Гостивар.

Ова ќе биде големо засилување на почетокот на сезоната во Првата лига

The post Поранешен играч на Фенербахче потпиша за Гостивар appeared first on Република.

]]>

Муса Соу  легендата на Фенербахче и Лил ЛОСЦ, двократен шампион, најдобар стрелец на турската Супер лига и француската Лига 1 се приклучи на тимот на Гостивар. Ова ќе биде големо засилување на почетокот на сезоната во Првата лига

The post Поранешен играч на Фенербахче потпиша за Гостивар appeared first on Република.

]]>
Уапсен лихвар од Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-lihvar-od-gostivar/ Fri, 09 Aug 2024 13:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=804982

Вчеравечер во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ.

Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.

М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Уапсен лихвар од Гостивар appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ. Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.
М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Уапсен лихвар од Гостивар appeared first on Република.

]]>
Беран бил мирно и повлечено дете, во Гостивар ретко доаѓал https://republika.mk/vesti/svet/beran-bil-mirno-i-povlecheno-dete-vo-gostivar-retko-doagal/ Fri, 09 Aug 2024 08:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=804863

 Беран а. кој планираше терористички напад на концертот на Тејлор Свифт потекнува од Гостивар, но ретко одел во татковината на своите предци, дознава „24 часа.хр.

Соседите го опишуваат како мирно и повлечено дете кое не правело никакви проблеми.

Ги знаеме неговите родители и семејството, но не и него. Роден е во Виена, каде одел на училиште. Тој доаѓаше овде и порано, но не се сеќаваме многу добро. Неговите родители не се религиозни фанатици, навистина не знаеме што се случило овде. Тие се религиозни, но не случајно толку радикално. Тоа навистина не шокираше сите нас. Станува збор за традиционално семејство. Мислиме дека не ни живеел со своите родители. Фала му на Бога што не успеа во  својот план, ќе беше катастрофа. Не знам што имало во главата на тоа дете да реши да направи такво нешто - велат соседите.

Извор 24 часа.хр

https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-islamskiot-propovednik-na-omraza-koj-go-vnesol-beran-vo-svetot-na-terorizmot/

The post Беран бил мирно и повлечено дете, во Гостивар ретко доаѓал appeared first on Република.