Горица Archives - Република https://republika.mk/tema/gorica/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 11:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горица Archives - Република https://republika.mk/tema/gorica/ 32 32 Од вечер промена на цената на мазутот, бензинот останува исто https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-vecher-promena-na-tsenata-na-mazutot-benzinot-ostanuva-isto/ Thu, 09 May 2024 11:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=776335

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 7.5.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,939%, кај дизелот за 1,523%, кај екстра лесното масло за 1,341% и кај мазутот намалувањето е за 3,608%.

Од 10.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,609 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од вечер промена на цената на мазутот, бензинот останува исто appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 7.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,939%, кај дизелот за 1,523%, кај екстра лесното масло за 1,341% и кај мазутот намалувањето е за 3,608%. Од 10.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 44,609 (денари/килограм) Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од вечер промена на цената на мазутот, бензинот останува исто appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-odgovorni-sme-vo-zashtitata-na-ohridskiot-region-opshtinata-da-odgovori-za-gradbata-na-hotelot-vo-turistichkiot-lokalitet-goritsa/ Thu, 02 May 2024 13:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=773455

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.

Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација.

Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство.

Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела.

Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму.

Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО).

Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид.

По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

The post Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисја на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“. Членовите на Комисијата донесоа заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација. Министерката Косдадиновска-Стојчевска рече дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство. Затоа, Националната комија на УНЕСКО побара од Општина Охрид да ја достави целокупната документација поврзана со предметната парцела: урбанистичка документација за предметната градежна парцела (извод од план или урбанистичката документација врз основа на која е планирана оваа градба и со која е оформена градежната парцела), договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а биле потребни за реализација на градбата од градежната працела. Со оглед на тоа што претставниците на надлежните институции, членки на Националната комисија се изјаснија дека немаат никаква документација поврзана со предметот, беше донесен заклучок од Општина Охрид, чиј претставник не присуствуваше на седницата, да биде побарана целокупната документација која датира од 2011 година наваму. Во воведот на седницата, Костадиновска-Стојчевска посочи дека до надлежните институции од културата не е доставено барање за изработка на планска документација. Исто така за предметната локација не е доставено никакво барање до НУ Завод и Музеј - Охрид и не се изготвени заштитно конзерваторски основи (ЗКО). Проект за изградба на предметната локација не е доставен до надлежните институции од културата бидејќи во тој период не беше донесен План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. По донесување на План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не е доставен проектот ниту до Комисијата за управување со природно и културно наследство на Охридскиот Регион ниту до НУ Завод и Музеј - Охрид. По добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица“.

The post Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион, Општината да одговори за градбата на хотелот во туристичкиот локалитет „Горица“ appeared first on Република.

]]>
Мрме доби отказ од клупата на Горица https://republika.mk/sport/fudbal/mrme-dobi-otkaz-od-klupata-na-gorica/ Sat, 05 Nov 2022 10:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=569837

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откаско претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши од функцијата тренер и спортски директор на тимот.

Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра.

Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на клубот.

Во него се додава дека Горица до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер.

Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази.

The post Мрме доби отказ од клупата на Горица appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откаско претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши од функцијата тренер и спортски директор на тимот. Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра.
Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на клубот.
Во него се додава дека Горица до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер. Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази.

The post Мрме доби отказ од клупата на Горица appeared first on Република.

]]>
Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица https://republika.mk/sport/fudbal/igor-angelovski-kje-bide-trener-na-hrvatska-gorica/ Sat, 27 Aug 2022 11:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=544687

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по пауза од една година, повторно влегува во тренерските води.

Македонскиот стратег по настапот со Македонија на ЕВРО 2020 година беше без ангажман, а по нешто повеќе од една година се договори со хрватскиот прволигаш Горица.

Мојот начин на работа е да одиме мирно и натпревар по натпревар. Прво најважно ни е следното гостување. Мораме добро да се подготвиме за тој меч и да стигнеме до позитивен резултат - изјави Ангеловски, при презентацијата во новиот клуб.

https://twitter.com/hnkgorica/status/1563479815876775936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563479815876775936%7Ctwgr%5E28ba228a8fb8c676eb8ce4a0457a971f51c3af7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Figor-angelovski-sedna-na-klupata-na-hrvatska-goritsa%2F

The post Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица appeared first on Република.

]]>

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по пауза од една година, повторно влегува во тренерските води. Македонскиот стратег по настапот со Македонија на ЕВРО 2020 година беше без ангажман, а по нешто повеќе од една година се договори со хрватскиот прволигаш Горица.
Мојот начин на работа е да одиме мирно и натпревар по натпревар. Прво најважно ни е следното гостување. Мораме добро да се подготвиме за тој меч и да стигнеме до позитивен резултат - изјави Ангеловски, при презентацијата во новиот клуб.
https://twitter.com/hnkgorica/status/1563479815876775936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1563479815876775936%7Ctwgr%5E28ba228a8fb8c676eb8ce4a0457a971f51c3af7c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Figor-angelovski-sedna-na-klupata-na-hrvatska-goritsa%2F

The post Игор Ангеловски ќе биде тренер на хрватска Горица appeared first on Република.

]]>