Ѓорги Паскалов Archives - Република https://republika.mk/tema/gorgi-paskalov/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 10:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ѓорги Паскалов Archives - Република https://republika.mk/tema/gorgi-paskalov/ 32 32 Блуз легендата Алвин Јангблад доаѓа на Котон блуз фестивал во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/bluz-legendata-alvin-jangblad-doaga-na-koton-bluz-festival-vo-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 10:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=842171

Добитникот на „Греми“, Алвин Јангблад Харт и триото на Роб Тоњони, заедно со домашните блузери „Ин д муд“ и Михаило Митов се годинешните ѕвезди на претстојниот „Котон блуз фестивал“, кој ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“.

Фестивалот секоја година има хуманитарна нота, па така минатата година заработката била донирана за да се купи мобилен ЕЕГ-апарат за КАРИЛ, а годинава парите од влезниците ќе бидат донирани за Детска онкологија.

[caption id="attachment_842179" align="alignleft" width="639"] д-р Ѓорги Паскалов
фото: ФБ/ Cotton Blues Festival[/caption]Педијатарот Ѓорѓи Гого Паскалов, еден од основачите на фестивалот чие издание годинава ќе се одржи по петти пат, во интервју за Нова Македонија вели:

После неколку години се остваруваат контакти, кои го прават процесот полесен. Алвин Јангблад има гостувано во Скопје пред многу години, Роб Тоњони е за првпат. Сите досега што гостувале знаеле за земјава, мислам дека тоа се должи и на „Блуз и соул фестивалот“ што со децении ја ставаше Македонија на светската блуз-мапа.

Котон блуз фестивал се одржува благодарение на самофинасирање, а заработените пари се донирани во хуманитарни цели. На ова Паскалов вели:

– Не се самофинансираме од старт, првите години имавме поддршка и од Министерство за култура и од градот Скопје. Ги донираме средствата зашто сме ентузијасти што само сакаат да ја одржуваат блуз-културата, донаците главно оделе по болници. За жал, со годините станува сѐ потешко да се одржи интернационален фестивал. Секако, благодарни сме им на сите досега за поддршката.

The post Блуз легендата Алвин Јангблад доаѓа на Котон блуз фестивал во Скопје appeared first on Република.

]]>

Добитникот на „Греми“, Алвин Јангблад Харт и триото на Роб Тоњони, заедно со домашните блузери „Ин д муд“ и Михаило Митов се годинешните ѕвезди на претстојниот „Котон блуз фестивал“, кој ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“. Фестивалот секоја година има хуманитарна нота, па така минатата година заработката била донирана за да се купи мобилен ЕЕГ-апарат за КАРИЛ, а годинава парите од влезниците ќе бидат донирани за Детска онкологија. [caption id="attachment_842179" align="alignleft" width="639"] д-р Ѓорги Паскалов