Гордана Димитреска Кочоска Archives - Република https://republika.mk/tema/gordana-dimitreska-kochoska/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 11:28:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордана Димитреска Кочоска Archives - Република https://republika.mk/tema/gordana-dimitreska-kochoska/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжуање на домашниот пазар од планираното, крајот на годината може да го завршиме со понизок дефицит https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-vo-budhetot-imame-sufitsit-i-pomalo-zadolzhuane-na-domashniot-pazar-od-planiranoto-krajot-na-godinata-mozhe-da-go-zavrshime-so-ponizok-defitsit/ Tue, 12 Nov 2024 11:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=836727

Средствата од унгарскиот заем во моментот се се уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени.

Средствата од унгарскиот заем се се уште на сметката и во овој момент нема потреба од нивно користење. Имаме буџетски суфицит на сметката, а тоа остава и простор за помало задолжувањето на домашниот пазар од планираното. Очекувам дека ќе почне реализацијата на проектите и дека до крајот на декември ќе се користат и средствата од заемот, а она што нема да се искористи ќе значи дека буџетскиот дефицит ќе се реализира во помал износ и ќе се пренесе поголемо салдо на буџетската сметка за наредната година. Имено со ребалансот е предвидено да се пренесе салдо од 502 милиони евра - рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа потврди дека во недела ќе се одржи нов состанок со деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација на којшто се очекува конечно дефинирање на условите под коишто ќе бидат понудени средствата на компаниите како крајни корисници.

Средбите се одржуваат во континуитет преку Македонската банкарска асоцијација. Нова средба ќе имаме во недела, којашто веќе е договорена и на неа ќе присуствува и премиерот и очекуваме конечно да ги дефинираме условите. Зборуваме за каматна стапка од 3,25%, односно тука нема да има промена. Тоа е таа каматна стапка по која е земен кредитот од унгарската Експорт-импорт банка. Имавме дискусија во однос на прашањето и за што не се согласија банките, а тоа е да учествуваат на некој начин во субвенционирањето на каматите и да покажат општествена одговорност и да се сподели таа општесвена одговорност. Имено ние на правиме нешто поразлично од претходно, бидејќи од 2011 година наваму се повлечени 650 милиони евра од различни кредитни линии средства за кои државата ја субвенционирала каматата - рече министерката за финансии.

Таа додаде дека една од банките изразила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата, како и во однос на условите за рокот на отплата и во таа насока е состанокот во недела да се дојде до конечните услови.

Нашата цел е сите банки да учествуваат, иако во пракса може да се пласираат средствата и преку една банка. Но, целта е да работиме со сите банки, а на таков начин и потапката за клиентите да биде поедноставна, односно да го земат кредитот од банката со која работат - рече министерката.

Укажа на моментот дека се работи на процесот за пласирање на средствата и дека се чекало да заврши постапката на префрлање на средствата на буџетската сметка, а оттука и начинот на кој ќе се префрлат до Развојната банка, од каде понатаму треба да бидат трансферирани до деловните банки и крајните корисници.

Во интервјуто се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива.

За следната година посочи на очекувањата за реализација на предвидените капитални проекти како патните правци од Коридорите 8 и 10д, за кои се одвоени 12 милијарди денари, потоа реализацијата на општинските проекти, како и проекти кои се финансираат од меѓународни финансиски институции а кај кои имало застој. Посочи дека нема да има трансфери кон ЕСМ и дека нема да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дека со Прдлог-буџетот за 2025 година се обезбедени средства за раст на платите во обрзованието, здравството, како и во администрацијата согласно потпишани колективни договори.

The post Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжуање на домашниот пазар од планираното, крајот на годината може да го завршиме со понизок дефицит appeared first on Република.

]]>

Средствата од унгарскиот заем во моментот се се уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување во 360 Степени.
Средствата од унгарскиот заем се се уште на сметката и во овој момент нема потреба од нивно користење. Имаме буџетски суфицит на сметката, а тоа остава и простор за помало задолжувањето на домашниот пазар од планираното. Очекувам дека ќе почне реализацијата на проектите и дека до крајот на декември ќе се користат и средствата од заемот, а она што нема да се искористи ќе значи дека буџетскиот дефицит ќе се реализира во помал износ и ќе се пренесе поголемо салдо на буџетската сметка за наредната година. Имено со ребалансот е предвидено да се пренесе салдо од 502 милиони евра - рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Таа потврди дека во недела ќе се одржи нов состанок со деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација на којшто се очекува конечно дефинирање на условите под коишто ќе бидат понудени средствата на компаниите како крајни корисници.
Средбите се одржуваат во континуитет преку Македонската банкарска асоцијација. Нова средба ќе имаме во недела, којашто веќе е договорена и на неа ќе присуствува и премиерот и очекуваме конечно да ги дефинираме условите. Зборуваме за каматна стапка од 3,25%, односно тука нема да има промена. Тоа е таа каматна стапка по која е земен кредитот од унгарската Експорт-импорт банка. Имавме дискусија во однос на прашањето и за што не се согласија банките, а тоа е да учествуваат на некој начин во субвенционирањето на каматите и да покажат општествена одговорност и да се сподели таа општесвена одговорност. Имено ние на правиме нешто поразлично од претходно, бидејќи од 2011 година наваму се повлечени 650 милиони евра од различни кредитни линии средства за кои државата ја субвенционирала каматата - рече министерката за финансии.
Таа додаде дека една од банките изразила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата, како и во однос на условите за рокот на отплата и во таа насока е состанокот во недела да се дојде до конечните услови.
Нашата цел е сите банки да учествуваат, иако во пракса може да се пласираат средствата и преку една банка. Но, целта е да работиме со сите банки, а на таков начин и потапката за клиентите да биде поедноставна, односно да го земат кредитот од банката со која работат - рече министерката.
Укажа на моментот дека се работи на процесот за пласирање на средствата и дека се чекало да заврши постапката на префрлање на средствата на буџетската сметка, а оттука и начинот на кој ќе се префрлат до Развојната банка, од каде понатаму треба да бидат трансферирани до деловните банки и крајните корисници. Во интервјуто се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива. За следната година посочи на очекувањата за реализација на предвидените капитални проекти како патните правци од Коридорите 8 и 10д, за кои се одвоени 12 милијарди денари, потоа реализацијата на општинските проекти, како и проекти кои се финансираат од меѓународни финансиски институции а кај кои имало застој. Посочи дека нема да има трансфери кон ЕСМ и дека нема да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дека со Прдлог-буџетот за 2025 година се обезбедени средства за раст на платите во обрзованието, здравството, како и во администрацијата согласно потпишани колективни договори.

The post Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжуање на домашниот пазар од планираното, крајот на годината може да го завршиме со понизок дефицит appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-site-zemji-od-zapadniot-balkan-treba-zaedno-da-vlezat-vo-eu/ Thu, 07 Nov 2024 16:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=835253

Сметам дека сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во Европската Унија, а не некоја да оди понапред од друга, изјави за МИА министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска во рамки на својата работна посета на Брисел говореше на панелот „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“ во рамки на Конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.

Таа посочи дека на панелот  биле изнесени различни размислување од страна на говорниците, при што некои се залагале за постепено проширување на ЕУ, а дури пак се изјасниле дека е важно приемот на нови членки да се врши врз системот на заслуги.

Некогаш ние бевме лидери во регионот во однос на исполнување на обврските, а денес имаме еден проблем, проблемот со Бугарија и како резултат на тој проблем, го поставив прашањето како ќе го калкулираме или како ќе мериме согласно системот на заслуги. Затоа тоа е нешто што треба да стои на страна и понатаму да се разговара, но приемот треба да биде заеднички на сите земји од Западниот Балкан, особено што, пак ќе кажам, станува збор за прашање коешто не можеме да го измериме и да кажеме дали Македонија направила се што треба или не направила, додаде Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи и дека ние како земја што чека да почне преговори со ЕУ, ги исполнуваме обврските коишто ни се дадени и тоа со една забрзана динамика особено во делот на Планот за раст на Западниот Балкан.

Во тој дел, како Влада, имаме постојано состаноци, координации заедно со министерот за евроинтеграции, во насока на тоа што побрзо да ги исполниме сите обврски и да започнеме со преговорите што побрзо, изјави Димитриеска-Кочоска.

Во однос на Планот за раст на регионот, таа нагласи дека Министерството за финансии ја подготвило комплетната потребна документација и нашиот договор за Инструментот за раст и реформи е испратен до Европската комисија, по што сега се чека одговор дали е прифатлив во таква форма.

Димитриеска-Кочоска посочи дека во Рамки на планот на раст земјава треба да добие над 50 милиони евра во форма на предфинансирање, но дека исплатата е одолговлечена затоа што Србија поставила дополнителни прашања во однос на нејзиниот договор.

Сите договори треба наеднаш да отидат, а Србија има одредени прашања. Најверојатно поради тоа има мало доцнење, додаде министерката за финансии.

Во однос на оценката во најновиот Извештај на ЕК за напредокот на земјава на европскиот пат дека таа е умерено подготвена во делот на финансиските услуги, како и за препораките да ја усогласи својата банкарска регулатива со европската и да се забрза имплементацијата на законодавството за регулирање на пазарите на капитал, Димитриеска-Кочоска, дека тоа се услови кои треба да се спроведат во наредниот период.

Како Влада имаме разговарано и дискутирано. Но, за да можеме како Министерството за финансии да ги направиме промените, претходно промени треба да претрпат други закони, бидејќи од таму влечеме одредени терминологии. Како резултат на тоа чекаме прво да се направат тие промени, рече Димитриеска-Кочоска.

Како пример, таа го посочи Законот за банки каде треба да направат промени во делот на дефинирање на холдинзите за да го усогласиме со законодавството на ЕУ, а ние во нашата терминологија во Законот за трговски друштва во овој момент немаме терминологија за холдинг.

Така што, прво треба тој да се измени, па потоа во Министерството за финансии да ги направиме измените. Ние секако работиме и во оној дел за тоа што треба да се измени, и сме подготвени до таму до каде што се нашите ингеренции, потенцира таа.

Во однос на забелешката на ЕК дека „капацитетот на Министерството за финансии во регулирањето и надгледувањето на финансиските друштва не е доволен за заштита на потрошувачите, Димитриеска-Кочоска истакна дека во изминатиот период значи направена е промена на Законот за финансиските друштва и како резултат на тоа се предвидува Министерството да биде регулатор и да прави и ревизии на финансиските друштва.

Нивната реакција е токму во тој дел, со што комплетно се согласувам, затоа што има многу малку луѓе во институцијата и ние веќе работиме на тоа. Но, за четири месеци не може се да подготвите, бидејќи подготвуваме ребаланс на Буџетот, Буџет за 2025 и други усогласувања со реформската агенда, додаде министерката за финансии.

Во врска со препораките од Извештајот во делот на финансиските и буџетските одредби, за поефикасна примена на мерките за намалување на даночната евазија, измамите и неформалната економија, како и за подобрување на внатрешната контрола во јавниот сектор, Димитриеска-Кочоска нагласи дека во изминатиов период Владата и на дело покажала дека сериозно работи во спроведување на овие барања.

Жално е што ги бара ЕУ, секоја одговорна Влада требала да ги преземе сите овие обврски и да си ги заврши работите, а не да чека некој друг да ја потсети за нешто што значи домашно регулирање или испорачување на обврските. Како Министерство за финансии заедно со УЈП, сериозно работиме на воведување на е-фактурата која што би требало да значи сериозна борба со сивата економија. Во исто време Царинската управа, исто така, сериозно работи во делот на контрола на влезот на стоки во државата. Така што, можам да кажам дека во тој дел имаме сериозно подобрување на сите перформанси или насоченост во подготовка на одредена дигитализација на софтвери и системи со цел да ја намалиме даночната евазија, рече Димитриеска-Кочоска.

Според неа, во многу краток период Министерството за финансии направило многу работи, посочувајќи, како пример, дека УЈП привршува и одредени предмети за злоупотреба на средства од државата во однос на повратот на ДДВ.

И тука очекувам дека во скоро време ќе излезат и записниците како резултат на што ќе постапуваат надлежните институции. Со тоа покажуваме дека ги контролираме многу внимателно сите исплати од Буџетот кога станува збор за повратот на ДДВ, нагласи министерката

Во однос, пак, на трошењето на буџетските пари, Димитриеска-Кочоска потсетува дека секој може да го погледне буџетот и неговото извршување.

За месец октомври се уште не се излезени податоците, но можам да кажам дека во октомври имаме буџетски суфицит, изјави Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека можам да се каже оти навистина е воспоставена контрола во делот на буџетските трошења.

The post Димитриеска-Кочоска: Сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Сметам дека сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во Европската Унија, а не некоја да оди понапред од друга, изјави за МИА министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска во рамки на својата работна посета на Брисел говореше на панелот „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“ во рамки на Конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. Таа посочи дека на панелот  биле изнесени различни размислување од страна на говорниците, при што некои се залагале за постепено проширување на ЕУ, а дури пак се изјасниле дека е важно приемот на нови членки да се врши врз системот на заслуги.
Некогаш ние бевме лидери во регионот во однос на исполнување на обврските, а денес имаме еден проблем, проблемот со Бугарија и како резултат на тој проблем, го поставив прашањето како ќе го калкулираме или како ќе мериме согласно системот на заслуги. Затоа тоа е нешто што треба да стои на страна и понатаму да се разговара, но приемот треба да биде заеднички на сите земји од Западниот Балкан, особено што, пак ќе кажам, станува збор за прашање коешто не можеме да го измериме и да кажеме дали Македонија направила се што треба или не направила, додаде Димитриеска-Кочоска.
Министерката посочи и дека ние како земја што чека да почне преговори со ЕУ, ги исполнуваме обврските коишто ни се дадени и тоа со една забрзана динамика особено во делот на Планот за раст на Западниот Балкан.
Во тој дел, како Влада, имаме постојано состаноци, координации заедно со министерот за евроинтеграции, во насока на тоа што побрзо да ги исполниме сите обврски и да започнеме со преговорите што побрзо, изјави Димитриеска-Кочоска.
Во однос на Планот за раст на регионот, таа нагласи дека Министерството за финансии ја подготвило комплетната потребна документација и нашиот договор за Инструментот за раст и реформи е испратен до Европската комисија, по што сега се чека одговор дали е прифатлив во таква форма. Димитриеска-Кочоска посочи дека во Рамки на планот на раст земјава треба да добие над 50 милиони евра во форма на предфинансирање, но дека исплатата е одолговлечена затоа што Србија поставила дополнителни прашања во однос на нејзиниот договор.
Сите договори треба наеднаш да отидат, а Србија има одредени прашања. Најверојатно поради тоа има мало доцнење, додаде министерката за финансии.
Во однос на оценката во најновиот Извештај на ЕК за напредокот на земјава на европскиот пат дека таа е умерено подготвена во делот на финансиските услуги, како и за препораките да ја усогласи својата банкарска регулатива со европската и да се забрза имплементацијата на законодавството за регулирање на пазарите на капитал, Димитриеска-Кочоска, дека тоа се услови кои треба да се спроведат во наредниот период.
Како Влада имаме разговарано и дискутирано. Но, за да можеме како Министерството за финансии да ги направиме промените, претходно промени треба да претрпат други закони, бидејќи од таму влечеме одредени терминологии. Како резултат на тоа чекаме прво да се направат тие промени, рече Димитриеска-Кочоска.
Како пример, таа го посочи Законот за банки каде треба да направат промени во делот на дефинирање на холдинзите за да го усогласиме со законодавството на ЕУ, а ние во нашата терминологија во Законот за трговски друштва во овој момент немаме терминологија за холдинг.
Така што, прво треба тој да се измени, па потоа во Министерството за финансии да ги направиме измените. Ние секако работиме и во оној дел за тоа што треба да се измени, и сме подготвени до таму до каде што се нашите ингеренции, потенцира таа.
Во однос на забелешката на ЕК дека „капацитетот на Министерството за финансии во регулирањето и надгледувањето на финансиските друштва не е доволен за заштита на потрошувачите, Димитриеска-Кочоска истакна дека во изминатиот период значи направена е промена на Законот за финансиските друштва и како резултат на тоа се предвидува Министерството да биде регулатор и да прави и ревизии на финансиските друштва.
Нивната реакција е токму во тој дел, со што комплетно се согласувам, затоа што има многу малку луѓе во институцијата и ние веќе работиме на тоа. Но, за четири месеци не може се да подготвите, бидејќи подготвуваме ребаланс на Буџетот, Буџет за 2025 и други усогласувања со реформската агенда, додаде министерката за финансии.
Во врска со препораките од Извештајот во делот на финансиските и буџетските одредби, за поефикасна примена на мерките за намалување на даночната евазија, измамите и неформалната економија, како и за подобрување на внатрешната контрола во јавниот сектор, Димитриеска-Кочоска нагласи дека во изминатиов период Владата и на дело покажала дека сериозно работи во спроведување на овие барања.
Жално е што ги бара ЕУ, секоја одговорна Влада требала да ги преземе сите овие обврски и да си ги заврши работите, а не да чека некој друг да ја потсети за нешто што значи домашно регулирање или испорачување на обврските. Како Министерство за финансии заедно со УЈП, сериозно работиме на воведување на е-фактурата која што би требало да значи сериозна борба со сивата економија. Во исто време Царинската управа, исто така, сериозно работи во делот на контрола на влезот на стоки во државата. Така што, можам да кажам дека во тој дел имаме сериозно подобрување на сите перформанси или насоченост во подготовка на одредена дигитализација на софтвери и системи со цел да ја намалиме даночната евазија, рече Димитриеска-Кочоска.
Според неа, во многу краток период Министерството за финансии направило многу работи, посочувајќи, како пример, дека УЈП привршува и одредени предмети за злоупотреба на средства од државата во однос на повратот на ДДВ.
И тука очекувам дека во скоро време ќе излезат и записниците како резултат на што ќе постапуваат надлежните институции. Со тоа покажуваме дека ги контролираме многу внимателно сите исплати од Буџетот кога станува збор за повратот на ДДВ, нагласи министерката
Во однос, пак, на трошењето на буџетските пари, Димитриеска-Кочоска потсетува дека секој може да го погледне буџетот и неговото извршување.
За месец октомври се уште не се излезени податоците, но можам да кажам дека во октомври имаме буџетски суфицит, изјави Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека можам да се каже оти навистина е воспоставена контрола во делот на буџетските трошења.

The post Димитриеска-Кочоска: Сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-fokusirani-sme-na-realizatsija-na-reformite-i-na-napredokot-na-evropskiot-pat/ Thu, 07 Nov 2024 15:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=835239

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел.

Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел. Говорејќи на панел дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, Димитриеска-Кочоска потенцира дека Владата за пет месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите седум години, период во кој, како што рече, се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.
Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни, посочи Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото. Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавните финансии на начин што обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост. За време на престојот во Брисел Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

The post Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касанов https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-na-sredba-so-noviot-zamenik-pomoshnik-sekretar-za-zapaden-balkan-aleksandar-kasanov/ Thu, 24 Oct 2024 11:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=830576

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните.

На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

The post Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касанов appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар. На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните. На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.  

The post Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касанов appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто се темели на инвестиции https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rastot-na-ekonomijata-slednata-godina-nad-3-5-otsto-se-temeli-na-investitsii/ Wed, 23 Oct 2024 10:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=830133

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1 отсто, а за наредната и повеќе од 3,5 проценти, додека буџетскиот дефицит 4 отсто. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

-Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Во тек е оној голем проект којшто го најавивме за општините. Повикот е во тек така што тука ќе има голема реализација. Исто така, 250 милиони евра поддршка за приватниот сектор. Значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст коишто ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1 отсто до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти, рече министерката осврнувајќи се на проекциите на Светска банка, кои како што вели се логични ако се земат предвид претпоставките што ги користи СБ, а тоа е она што остана до претходната Влада, слаби резултати и низок раст на БДП.

Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3 отсто од БДП и јавен долг до 60 проценти и дека е потребно време за да се консолидира.

-Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4 отсто, потоа следната на 3,5 проценти и да стигнеме до 3 отсто, односно до комплетна консолидација. Она што е најважно барем во овој момент по мене, а тоа е корупцијата и мислам дека тука барем како министер за финансии, којшто е одговорен за дел од институции коишто треба, исто така, да внимаваат многу, барем во делот на сивата економија, би рекла дека тука веќе немаме компромис и силно се бориме против корупцијата и криминалот и во тој дел очекувам позитивни резултати во периодот којшто следи, рече министерката за финансии.

Во интервјуто се осврна и на заемот од унгарската Експорт импорт банка, за што истакна дека станува збор за заем планиран од претходната Влада којшто се реализираше со кредит под поволни услови наместо со еврообврзница.

-Секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит којшто беше планиран од претходната Влада, само не земавме еврообврзница, тука напротив, би кажала како министер за финансии и како Влада, може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање еврообврзница, а при тоа парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25 отсто каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо, посочи министерката за финансии и додаде дека неоправдано ќе беше да се задолжуваме со каматна стапка од над 6 проценти.

Таа наведе дека парите се наменети за инвестиции во приватниот сектор и поддршка на општините за инфраструктурни проекти.

The post Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто се темели на инвестиции appeared first on Република.

Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-se-najde-zaem-po-podobri-uslovi-nema-da-se-povleche-vtorata-transha-od-kreditot-od-ungarija/ Thu, 17 Oct 2024 21:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=828043

Втората транша од заемот од Унгарија во износ од 500 милиони евра ќе се повлече доколку не се најдат пари по поволни услови од тие што ги нуди унгарската Експорт импорт банка, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашања на новиарите, при неговата посета на Брвеница, рече дека тие пари се потребни за да се врати еврообврзницата која што доспева во 2025 година.

Петстотини милиони евра од Унгарија веќе се стигнати на сметка во Народната банка, или тоа ќе се случи во текот на утрешниот и од тие пари 250 милиони ќе се намалат за бизнисот, а другите за капитални инвестиции. Другите 500 милиони евра ќе ги повлечеме доколку не успееме да најдеме подобри услови, односно средства со кои што ќе ја вратиме еврообврзницата земена од претходната влада во 2018 година која што стасува на 25 јануари 2025 година. За да го стигнеме рокот, нормално е што отпочнуваме преговори за втората транша“, рече Мицкоски, посочувајќи дека доколку во меѓувреме Владата успее да обезбеди средства по подобрти услови, унгарските пари нема да бидат повлечени.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на денешната дебата во Владата посветена на економијата, финансиите и јавната администрација, исто така рече дека парите од втората транша ќе бидат наменети исклучиво за подмирување на еврообврзницата.

Не се брза со втората транша од унгарскиот заем. Мора да бидеме сигурни дека ќе ги имаме парите затоа што еврообврзницата доспева во јануари следната година“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека не се брза со ништо, но еврообврзницата мора да се сервисира на почетокот на јануари.

Ние не можеме да ја почнеме постапката на 1 јануари и до 25 јануари да ги имаме средствата. Затоа започнуваме сега, но секако средствата ќе се користат за еврообврзницата и ќе легнат во јануари, а не до крајот на годината. Мора да бидеме сигурни дека имаме обезбедено средства. Не можам како одговорен министер да чекам да дојде јануари, па потоа да почнеме постапка за втората транша за заемот“, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија appeared first on Република.

Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша https://republika.mk/vesti/ekonomija/sredstvata-od-ungarskiot-zaem-treba-da-legnat-na-smetkata-vo-narodna-banka-zapochnata-postapkata-za-vtorata-transha/ Thu, 17 Oct 2024 08:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=827885

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.

-Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој, рече министерката.

Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.

Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.

Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.

Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл.

Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа. -Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој, рече министерката. Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка. Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година. Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%. Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл. Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари.

The post Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочовска: Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, може да зборуваме за поголеми покачувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochovska-ako-prodolzhime-so-vakva-naplata-na-prihodite-mozhe-da-zboruvame-za-pogolemi-pokachuvana/ Mon, 14 Oct 2024 12:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=826621

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.

Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница.

Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија - истакна министерката.

Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството.

Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сме фокусирани во тој дел.

Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања.

Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри - потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа.

Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.

Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025-та, со воведувањето на е-фактурата. Уште многу, многу повеќе, така што 2026-та, 2027-ма можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори - рече Димитриеска Кочовска.

The post Димитриеска Кочовска: Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, може да зборуваме за поголеми покачувања appeared first on Република.

]]>

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.
Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница.
Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија - истакна министерката. Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството.
Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сме фокусирани во тој дел.
Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри - потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа. Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.
Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025-та, со воведувањето на е-фактурата. Уште многу, многу повеќе, така што 2026-та, 2027-ма можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори - рече Димитриеска Кочовска.

The post Димитриеска Кочовска: Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, може да зборуваме за поголеми покачувања appeared first on Република.

]]>
Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година https://republika.mk/vesti/ekonomija/parite-od-ungarskiot-kredit-nameneti-za-kompaniite-ke-odat-preku-razvojnata-banka-se-ochekuva-da-bidat-dostapni-do-nova-godina-2/ Thu, 10 Oct 2024 10:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=825195

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите.

Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.

– Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира.

Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година.

Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

– Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани.

Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности.

Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат.

Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена.

Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни.

Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.

– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари.

Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата, вели Димитриеска-Кочовска.

The post Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година appeared first on Република.

]]>

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.
– Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.
Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година. Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.
– Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.
Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.
– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.
Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни. Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.  
– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата, вели Димитриеска-Кочовска.

The post Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година appeared first on Република.

]]>
Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-vtornik-se-potpishuva-dogovorot-za-ungarskiot-kredit/ Sun, 06 Oct 2024 12:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=823437

Во вторник, во Будимпешта, ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе ја обезбеди поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо почнување на реализацијата на проектите. Министерката најави дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Ова финансирање е дел од договорот што го постигна премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит appeared first on Република.

]]>

Во вторник, во Будимпешта, ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе ја обезбеди поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо почнување на реализацијата на проектите. Министерката најави дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата. Ова финансирање е дел од договорот што го постигна премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ke-ima-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-vo-osnovnite-i-srednite-uchilishta/ Fri, 20 Sep 2024 10:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=818118

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта

Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.

Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.

Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.

Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.

Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.

За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.

Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието. Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта
Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.
Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.
Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.
Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.
Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.
За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.
Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.
Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-so-rebalansot-kapitalnite-rashodi-ostanuvaat-na-ist-iznos-nasocheni-se-kon-proekti-koi-ke-se-realiziraat/ Tue, 13 Aug 2024 11:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=806156

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Днeвникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има точно средства наменети за реализација на проекти, пари коишто ќе се наменат за проекти коишто имаат додадена вредност. Капиталните проекти остануваат и понатаму. Направена е пренамена на средства од оние капитални инфраструктурни проекти со послаба реализација кон општините, затоа што знаеме дека има готови проекти кај сите општини и коишто ќе може да се реализираат. Ние не можеме да чуваме средства за капитални инвестиции за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

„Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да е плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-rebalansot-obezbedeni-sredstva-za-penzii-i-plati-za-studentite-zemjodeltsite-biznisot-i-dospeanite-obvrski/

Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, за растот на платите, за нивото на јавниот долг, како и за реализација на проектите од железничката инфраструктура.

The post Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат appeared first on Република.

]]>

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Днeвникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има точно средства наменети за реализација на проекти, пари коишто ќе се наменат за проекти коишто имаат додадена вредност. Капиталните проекти остануваат и понатаму. Направена е пренамена на средства од оние капитални инфраструктурни проекти со послаба реализација кон општините, затоа што знаеме дека има готови проекти кај сите општини и коишто ќе може да се реализираат. Ние не можеме да чуваме средства за капитални инвестиции за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.
Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.
„Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да е плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-rebalansot-obezbedeni-sredstva-za-penzii-i-plati-za-studentite-zemjodeltsite-biznisot-i-dospeanite-obvrski/ Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, за растот на платите, за нивото на јавниот долг, како и за реализација на проектите од железничката инфраструктура.

The post Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат appeared first on Република.

]]>
Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalans-na-budhetot/ Mon, 12 Aug 2024 06:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=805607

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска викендов во интервју за Националната телевизија изјави дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат.

-Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат, потенцира Димитриеска-Кочоска.

Во ребалансот, како што вели таа, е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени.

-Предвидени се средства и за доспеаните обврски, коишто иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра, рече министерката.

Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализацијата на инвестиции.

- Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите.

За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите.

- Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии, рече министерката за финансии.

Билатераниот заем од Унгарија, според министерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада.

-Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции.

Минатата недела образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, Диомитриеска Кочоска истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините.

Со дополнувањето на ребалансот се обезедени дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

The post Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет во која беа усвоени два амандмани, по што Владата на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска викендов во интервју за Националната телевизија изјави дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. -Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат, потенцира Димитриеска-Кочоска. Во ребалансот, како што вели таа, е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени. -Предвидени се средства и за доспеаните обврски, коишто иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра, рече министерката. Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализацијата на инвестиции. - Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите. За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите.
- Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии, рече министерката за финансии.
Билатераниот заем од Унгарија, според министерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада. -Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции. Минатата недела образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, Диомитриеска Кочоска истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините. Со дополнувањето на ребалансот се обезедени дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,...

The post Почнува собраниската расправа за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема https://republika.mk/vesti/ekonomija/gordana-dimitrieska-kochoska-obezbedivme-pari-za-plati-i-nabavka-na-oprema/ Tue, 06 Aug 2024 16:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=803972

Oткако во собраниската Комисија за финансирање и буџет беше разгледан Предлог-ребалансот и во рамки на која се отвори конструктивна расправа, Владата го усвои Дополнетиот предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2024 година, кој ќе биде испратен повторно во Собранието за негово разгледување и усвојување на пленарна седница.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.

Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител - изјави министерката.

Таа додаде дека ребалансот е документ којшто го подготвиле и го надоградивле, а со него ги надоместуваат пропустите во планирањето на иницијалниот Буџет и обезбедуваат средства за исплата на сите права согласно закон.

На тој начин обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство и слично - посочи Гордана Димитриеска-Кочоска

Таа тврди дека со Ребаланс на Буџет се обезбедени:

-Над 4 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година и тоа:

Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност,
Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата
Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените

- 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните.

-За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони денари.

- за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски,

Дополнително обезбедени се уште:

- 1 милијарда денари за ТИРЗ,

-за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари.

- за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии.

Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините.

Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните - рече министерката.

The post Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема appeared first on Република.

]]>

Oткако во собраниската Комисија за финансирање и буџет беше разгледан Предлог-ребалансот и во рамки на која се отвори конструктивна расправа, Владата го усвои Дополнетиот предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2024 година, кој ќе биде испратен повторно во Собранието за негово разгледување и усвојување на пленарна седница. Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.
Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител - изјави министерката.
Таа додаде дека ребалансот е документ којшто го подготвиле и го надоградивле, а со него ги надоместуваат пропустите во планирањето на иницијалниот Буџет и обезбедуваат средства за исплата на сите права согласно закон.
На тој начин обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство и слично - посочи Гордана Димитриеска-Кочоска
Таа тврди дека со Ребаланс на Буџет се обезбедени: -Над 4 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година и тоа: Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност, Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените - 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните. -За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони денари. - за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски, Дополнително обезбедени се уште: - 1 милијарда денари за ТИРЗ, -за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари. - за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии. Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините.
Намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедиме непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. Стоиме исправени пред предизвикот да ги решиме отворените прашања и да одиме чекор по чекор во исполнување на нашите политики за подобар живот на сите граѓаните - рече министерката.

The post Гордана Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме пари за плати и набавка на опрема appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-parite-za-prugata-kon-bugarija-ne-mozhe-da-se-prenamenat/ Thu, 01 Aug 2024 14:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=802405

Парите за пругата кон Бугарија нема да може да се пренаменат, со кредиторите може да се зборува за нов заем, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите. Може само да ги замолиме да ги резервираат средствата и да аплицираме за нов заем - изјави денеска министерката за финансии на средба со новинарите.

Димитриеска-Кочоска вели дека имала средба со претставници на Европската инвестициска банка и дека отворено ги изнела сите аргументи. Според неа, кој е економскиот бенефит од изградбата на оваа пруга, многу поважна е, вели пругата кон Солун за домашните компании.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски изминатиот период изјавија дека ќе се бара пренамена на средствата затоа што пругата завршува во слепа улица.

Вака како што се поставени работите, би било лудо да се сложиме како Влада на проект што завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милијарда евра народни пари, затоа што вредноста на проектот е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант - изјави Мицкоски во понеделникот.

За третата фаза од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра, 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат appeared first on Република.

]]>

Парите за пругата кон Бугарија нема да може да се пренаменат, со кредиторите може да се зборува за нов заем, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите. Може само да ги замолиме да ги резервираат средствата и да аплицираме за нов заем - изјави денеска министерката за финансии на средба со новинарите. Димитриеска-Кочоска вели дека имала средба со претставници на Европската инвестициска банка и дека отворено ги изнела сите аргументи. Според неа, кој е економскиот бенефит од изградбата на оваа пруга, многу поважна е, вели пругата кон Солун за домашните компании. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски изминатиот период изјавија дека ќе се бара пренамена на средствата затоа што пругата завршува во слепа улица.
Вака како што се поставени работите, би било лудо да се сложиме како Влада на проект што завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милијарда евра народни пари, затоа што вредноста на проектот е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант - изјави Мицкоски во понеделникот.
За третата фаза од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра, 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат appeared first on Република.

]]>
Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-otkri-koi-firmi-ke-dobijat-od-250-milioni-evra-pomosh-za-stopanstvoto/ Wed, 17 Jul 2024 10:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=797650

Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој.

Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.

Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,... на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

The post Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството appeared first on Република.

]]>

Бизнисот ќе ги добие планираните 250 милиони евра од договорените 500 милиони со Унгарија под истите услови под кои ќе ги земе државата, рече денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. За реализацијата на средствата, како што истакна, ќе се разговара со Банката за развој. Димитриеска Кочоска потенцира дека кредитите ќе бидат давани под одредени критериуми, зашто мора, рече, да прекине досегашната пракса на одобрување пари без контрола на нивното трошење.
Тие кредити ќе бидат давани под одредени услови. Тоа значи дека еднаш засекогаш трба да прекине праксата во оваа држава на одобрување пари, кредити грантови,... на принципот „дајте ни и потоа не ги контролирајте“. Или ќе поставиме услови и ќе ги насочиме сите тие пари кон компании кои навистина ќе инвестираат и ќе имаат позитивен импакт на БДП, во спротивно не можеме да се согласиме со оваа пракса која се правеше до сега. Потрошени се премногу средства преку Фондот за иновации, Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а сите сме сведоци дека ефектот врз Буџетот и БДП е порзителен. Значи нешто не е во ред и ние ќе ги менуваме критериумите, истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.
Премиерот Христијан Мицкоски деновиве изјави дека фирмите всушност ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација.

The post Министерката откри кои фирми ќе добијат од 250 милиони евра помош за стопанството appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е оштетен за над 32 милијарди денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-budhetot-e-oshteten-za-nad-32-milijardi-denari/ Wed, 17 Jul 2024 10:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=797646

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информира дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари, од страна на претходната влада. Очекува ОЈО да реагира по ваквите тврдења.

Имаме многу доспеани обврски и не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите институции, кажа министерка на пресот во Владата.

Димитриеска Кочоска вели дека месец јануари 2025 година е најкритичен, кога треба да се исплати еврообврзницата во вредност од 500 милиони евра, а истовремено има и државни хартии во вредност кои доспеваат, во вредност од 136 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Буџетот е оштетен за над 32 милијарди денари appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информира дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари, од страна на претходната влада. Очекува ОЈО да реагира по ваквите тврдења. Имаме многу доспеани обврски и не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите институции, кажа министерка на пресот во Владата. Димитриеска Кочоска вели дека месец јануари 2025 година е најкритичен, кога треба да се исплати еврообврзницата во вредност од 500 милиони евра, а истовремено има и државни хартии во вредност кои доспеваат, во вредност од 136 милиони евра.

The post Димитриеска-Кочоска: Буџетот е оштетен за над 32 милијарди денари appeared first on Република.

]]>
Пари се обезбедени: Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите https://republika.mk/vesti/ekonomija/pari-se-obezbedeni-so-rebalansot-4-1-milijarda-denari-za-plati-i-pet-milijardi-denari-za-isplata-na-penziite/ Wed, 17 Jul 2024 09:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=797636

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Првично проекитраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти.

Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.

-При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари, истакна Димитриеска Кочоска.

Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.

Димитриеска Кочоска ја почна прес-конференцијата со констатција дека опшатата состојба во Буџетот ги надминала очекувањата на Владата.

-Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните. Затекнавме состојба која значи држава во хаос и долгови, список на желби наместо развој. Економијата е во клиничка смрт, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Пари се обезбедени: Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите appeared first on Република.

]]>

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари. Првично проекитраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти. Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.
-При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари, истакна Димитриеска Кочоска.
Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра. Димитриеска Кочоска ја почна прес-конференцијата со констатција дека опшатата состојба во Буџетот ги надминала очекувањата на Владата. -Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните. Затекнавме состојба која значи држава во хаос и долгови, список на желби наместо развој. Економијата е во клиничка смрт, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Пари се обезбедени: Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Се работи на ребаланс на Буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-se-raboti-na-rebalans-na-budhetot/ Sat, 06 Jul 2024 16:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=794087

И овој викенд повторно работно во Министерството за финансии. Се работи на ребалансот на Буџетот. Секогаш во интерес на граѓаните на Македонија! напиша на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитреска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Се работи на ребаланс на Буџетот appeared first on Република.