Гордан Грлиќ Радман Archives - Република https://republika.mk/tema/gordan-grlikj-radman/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 11:52:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гордан Грлиќ Радман Archives - Република https://republika.mk/tema/gordan-grlikj-radman/ 32 32 Грлиќ Радман: Западен Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/grlik-radman-zapaden-balkan-treba-da-ostane-vo-tsentarot-na-vnimanieto-na-eu/ Mon, 22 Jan 2024 11:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=735459

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Брисел истакна дека „Западниот Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ“.

Во овој контекст тој спомна и утрешната посета на БиХ на претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Хина.

Ќе го поттикнат реформскиот процес во Босна и Херцеговина со цел отворање на пристапните преговори во март, изјави Грлиќ Радман пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Тој најави и дека „ќе ја нагласи потребата од внимателно следење на развојот на ситуацијата во Црна Гора, земја што неодамна ја посети, со цел таа да остане на европскиот пат“.

Главни теми на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се ситуацијата на Блискиот Исток и дискусијата за долгорочните безбедносни обврски кон Украина и воената поддршка во војната со Русија.

Хрватскиот министер за надворешни работи најави дека ќе повика на напори за деескалација во Црвеното Море и за испорака на поголема помош во Газа и ослободување на сите заложници.

Што се однесува до Украина, тој рече дека поддршката на ЕУ мора да остане силна и предвидлива и дека е неопходно да се зголеми воената помош преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ).

The post Грлиќ Радман: Западен Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Брисел истакна дека „Западниот Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ“. Во овој контекст тој спомна и утрешната посета на БиХ на претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и холандскиот премиер Марк Руте, пренесува Хина. Ќе го поттикнат реформскиот процес во Босна и Херцеговина со цел отворање на пристапните преговори во март, изјави Грлиќ Радман пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Тој најави и дека „ќе ја нагласи потребата од внимателно следење на развојот на ситуацијата во Црна Гора, земја што неодамна ја посети, со цел таа да остане на европскиот пат“. Главни теми на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се ситуацијата на Блискиот Исток и дискусијата за долгорочните безбедносни обврски кон Украина и воената поддршка во војната со Русија. Хрватскиот министер за надворешни работи најави дека ќе повика на напори за деескалација во Црвеното Море и за испорака на поголема помош во Газа и ослободување на сите заложници. Што се однесува до Украина, тој рече дека поддршката на ЕУ мора да остане силна и предвидлива и дека е неопходно да се зголеми воената помош преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ).

The post Грлиќ Радман: Западен Балкан треба да остане во центарот на вниманието на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Му се измолкна: Хрватски министер за малку ќе ја бакнеше шефицата на германската дипломатија https://republika.mk/vesti/svet/mu-se-izmolkna-hrvatski-minister-za-malku-ke-ja-bakneshe-shefitsata-na-germanskata-diplomatija/ Fri, 03 Nov 2023 11:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=697758

Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман присуствуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин. Таму тој разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската унија со цел да се подготват за натамошни проширувања.

Но, по што Грлиќ Радман ќе остане запаметен на таа средба е моментот на фотографирање кога хрватскиот шеф на дипломатијата додека се ракуваше се обиде да ја бакне германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

Збунета се измолкна и продолжи да гледа во камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.

The post Му се измолкна: Хрватски министер за малку ќе ја бакнеше шефицата на германската дипломатија appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман присуствуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин. Таму тој разговараше со германските министри за нивните реформски идеи за зајакнување на структурите на Европската унија со цел да се подготват за натамошни проширувања. Но, по што Грлиќ Радман ќе остане запаметен на таа средба е моментот на фотографирање кога хрватскиот шеф на дипломатијата додека се ракуваше се обиде да ја бакне германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Збунета се измолкна и продолжи да гледа во камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.

The post Му се измолкна: Хрватски министер за малку ќе ја бакнеше шефицата на германската дипломатија appeared first on Република.

]]>
Грлиќ Радман по средба со Дачиќ: Во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија за ЕУ, но треба да се разговара за критериумите https://republika.mk/vesti/balkan/grlik-radman-po-sredba-so-dachik-vo-interes-na-hrvatska-e-da-ja-poddrzhi-srbija-za-eu-no-treba-da-se-razgovara-za-kriteriumite/ Sun, 29 Jan 2023 11:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=602216

Шефовите на дипломатиите на Хрватска и Србија, Горан Грлиќ Радман и Ивица Дачиќ ги договорија чекорите што треба да се преземат за подготовка на нивната билатерална средба, чија цел е да се намалат разликите во ставовите за минатото и отворените прашања, како соработка која е во интерес на двете земји.

Грлиќ Радман и Дачиќ се сретнаа во саботата во Суботица, како гости на традиционалната карневалска манифестација „Велико прела“, што Хрватите од Буњевац во Бачка ја организираат секој јануари од 1879 година.

Разговорот беше продолжение на билатералните средби по посетата на Дачиќ на Загреб на почетокот на јануари и директната средба меѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на форумот во Давос.

И Грлиќ Радман и Дачиќ истакнаа дека двете страни имаат различни ставови за минатото, но рекоа дека експертските тимови на двете релевантни министерства ќе подготват платформа за нивната билатерална средба во наредните месеци.

Целта на таа средба е „оперативно и конкретно“ да се утврди што треба да се направи за натамошен развој и унапредување на односите меѓу Србија и Хрватска, „пред се што би било најдобро за граѓаните, државите и народите“.

Дачиќ рече дека „има низа прашања“ за кои Србија и Хрватска не се согласуваат.

Сметаме дека, без разлика што секако размислуваме поинаку за некои прашања од нашето минато, мора да бараме начини и механизми за соработка“, рече Дачиќ, најавувајќи серија средби со цел да се анализира ситуацијата и да се утврди што и како двете страни можат конкретно да направат за понатамошен развој на односите.

Грлиќ Радман ја потврди оценката на Дачиќ дека постојат различни ставови, но посочи дека „разликите мора да се намалат доколку тоа е во заеднички интерес“.

Верувам дека по сите овие средби ќе можеме сериозно да разговараме за сите теми, не само за билатералните. Во интерес на сите нас е да имаме мир, стабилност, безбедност, граѓаните да бидат безбедни, да има отворена дискусија и разликите да се намалуваат“, рече хрватскиот министер.

Шефот на хрватската дипломатија изјави дека во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија на нејзиниот европски пат, но дека Белград мора да ги исполни критериумите.

Во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија на нејзиниот европски пат, но потребно е да се разговара за критериумите што треба да се исполнат, а тоа се владеењето на правото, малцинските права, исчезнатите лица, гонењето на воените злосторства, изјави Грлиќ Радман по средбата со неговиот српски колега Ивица Дачиќ.

Тој најави дека во понеделник претседателот на Комисијата за исчезнати лица, Вељко Одаловиќ ќе го посети Загреб, каде ќе се сретне со својот колега во хрватското Министерство за одбрана.
Грлиќ Радман истакна дека како „политички одговорни луѓе“ сакаат да остават што помалку отворени прашања за идните генерации.

The post Грлиќ Радман по средба со Дачиќ: Во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија за ЕУ, но треба да се разговара за критериумите appeared first on Република.

]]>

Шефовите на дипломатиите на Хрватска и Србија, Горан Грлиќ Радман и Ивица Дачиќ ги договорија чекорите што треба да се преземат за подготовка на нивната билатерална средба, чија цел е да се намалат разликите во ставовите за минатото и отворените прашања, како соработка која е во интерес на двете земји. Грлиќ Радман и Дачиќ се сретнаа во саботата во Суботица, како гости на традиционалната карневалска манифестација „Велико прела“, што Хрватите од Буњевац во Бачка ја организираат секој јануари од 1879 година. Разговорот беше продолжение на билатералните средби по посетата на Дачиќ на Загреб на почетокот на јануари и директната средба меѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на форумот во Давос. И Грлиќ Радман и Дачиќ истакнаа дека двете страни имаат различни ставови за минатото, но рекоа дека експертските тимови на двете релевантни министерства ќе подготват платформа за нивната билатерална средба во наредните месеци. Целта на таа средба е „оперативно и конкретно“ да се утврди што треба да се направи за натамошен развој и унапредување на односите меѓу Србија и Хрватска, „пред се што би било најдобро за граѓаните, државите и народите“. Дачиќ рече дека „има низа прашања“ за кои Србија и Хрватска не се согласуваат.
Сметаме дека, без разлика што секако размислуваме поинаку за некои прашања од нашето минато, мора да бараме начини и механизми за соработка“, рече Дачиќ, најавувајќи серија средби со цел да се анализира ситуацијата и да се утврди што и како двете страни можат конкретно да направат за понатамошен развој на односите.
Грлиќ Радман ја потврди оценката на Дачиќ дека постојат различни ставови, но посочи дека „разликите мора да се намалат доколку тоа е во заеднички интерес“.
Верувам дека по сите овие средби ќе можеме сериозно да разговараме за сите теми, не само за билатералните. Во интерес на сите нас е да имаме мир, стабилност, безбедност, граѓаните да бидат безбедни, да има отворена дискусија и разликите да се намалуваат“, рече хрватскиот министер.
Шефот на хрватската дипломатија изјави дека во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија на нејзиниот европски пат, но дека Белград мора да ги исполни критериумите.
Во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија на нејзиниот европски пат, но потребно е да се разговара за критериумите што треба да се исполнат, а тоа се владеењето на правото, малцинските права, исчезнатите лица, гонењето на воените злосторства, изјави Грлиќ Радман по средбата со неговиот српски колега Ивица Дачиќ.
Тој најави дека во понеделник претседателот на Комисијата за исчезнати лица, Вељко Одаловиќ ќе го посети Загреб, каде ќе се сретне со својот колега во хрватското Министерство за одбрана. Грлиќ Радман истакна дека како „политички одговорни луѓе“ сакаат да остават што помалку отворени прашања за идните генерации.

The post Грлиќ Радман по средба со Дачиќ: Во интерес на Хрватска е да ја поддржи Србија за ЕУ, но треба да се разговара за критериумите appeared first on Република.

]]>
Ќе одат ли Ковачевски, Османи и Пендаровски во карантин: Шефот на хрватската дипломатија позитивен на корона, пред неколку дена беше во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-odat-li-kovachevski-osman-i-pendarovski-vo-karantin-shefot-na-hrvatskata-diplomatija-pozitiven-na-korona-pred-nekolku-dena-beshe-vo-skopje/ Sun, 19 Jun 2022 17:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=517352

Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска е позтивен на корона, јави хрватското радио.

Тој пред неколку денови беше во Македонија каде имаше средби со државниот врв. По оваа објава премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски и шефот на дипломатијата Османи би требало да одат во карантин или да се тестираат.

The post Ќе одат ли Ковачевски, Османи и Пендаровски во карантин: Шефот на хрватската дипломатија позитивен на корона, пред неколку дена беше во Скопје appeared first on Република.

]]>

Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска е позтивен на корона, јави хрватското радио. Тој пред неколку денови беше во Македонија каде имаше средби со државниот врв. По оваа објава премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски и шефот на дипломатијата Османи би требало да одат во карантин или да се тестираат.

The post Ќе одат ли Ковачевски, Османи и Пендаровски во карантин: Шефот на хрватската дипломатија позитивен на корона, пред неколку дена беше во Скопје appeared first on Република.

]]>
Грлиќ Радман: Преважно е прашањето за отворање преговори со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/grlikj-radman-prevazno-e-prashanjeto-za-otvoranje-pregovori-so-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 09:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=515411

Отворањето пристапни преговори би бил не само политички, туку и важен психолошки момент и за граѓаните на Македонија, бидејќи 17 години чекате тоа да се случи.  Македонија направи се што требаше, го смени и името, направивте големи реформи, покажавте дека сте проевропски и со отворањето преговори ќе се отвори и ново поглавје на евроската перспектива, изјави денеска шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман на прес-конференцијата во Скопје со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Грлиќ Радман потенцира дека почетокот на пристапните преговори на  Македонија со ЕУ, не е само во интерес на државава, туку и во интерес и на целата ЕУ, па и подеднакво и на Хрватска, бидејќи, вели, мора да ја имаме пошироката слика на шиоката слика на случувањата.

Преважно е ова прашање да се најде повторно на агендата на Советот на ЕУ, сметам дека технички се е возможно, тоа е за една седмица, очекуваме, се надеваме на свикување на меѓувладина конференција, тука е битно е и француското претседателство и влијанието на водечките земји во ЕУ - нагласи Грлиќ Радман.

Тој истакна дека Македонија е најдобар показател во однос на сите земји од Западен Балкан што остварија голем напредок.

Вложуваме големи напори од наша страна да увериме за неопходноста и важноста на пристапните преговори со  Македонија. Друго не можам да кажам, бидејќи имам исти сознанија како и министерот Османи - рече Радман.

Хрватскиот министер оцени дека ЕУ треба посилно да биде присутна во земјите од Западен Балкан, и секогаш, рече, како министер присутен на состаноците за надворешни работи, ја истакнувал важноста од посилна присутност на ЕУ на Западен Балкан, и дека тоа е од суштинска важност за безбедноста, за иднината, просперитетот и оти присутноста на Европската Унија е знак дека тоа е геополитички простор на Унијата.

Земјите од Западен Балкан се опкружени со членки на ЕУ и на НАТО а Македонија исто така е и членка на НАТО и затоа кога говориме за безбедноста, зборуваме и за превенција од влијанија од трети земји и превенција од прелевање на судирот. Силно ја осудивме руската агресија врз суверена земја, што е без преседан во 21 век, нарушен е светскиот поредок - рече Грлиќ Радман.

Во врска со ситуацијата на Западен Балкан, рече тој, од наш стратешки интерес е зајакнување на целокупната отпорност на регионот, особено во светло на моменталните геополитички односи.

Хрватска и Македонија како членки на НАТО и во рамки на Јадранската повелба се важен гаранр за стабилноста на подрачјето на Југоисточна Европа и постои простор за јакнење на соработката во заедничкото членство во НАТО.

На прес-конференцијата со Османи, Радман ги поздрави активностите на државава за зајакнување на правата на хрватското малцинство во Македонија.

Тој исто така го поздрави и интересот на компаниите од двете земји за делување на пазарите и во Хрватска и во Македонија, наведувајќи оти тој тренд треба да продолжи.

Османи од своја страна истакна дека доколку се има волја и стратешки пристап може да се обезбеди јасна и недвосмисена европска персектива што ќе резултира со полноправно членство во ЕУ.

Во однос на економската соработка со Хрватска, Османи рече дека економските потенцијали треба подобро да се искористат бидејќи се уште не ги одразуваат блиските билатерални односи, истакнувајќи дека вкупната економска соработка со Хрватска изнесува 220 милиони долари.

Османи информира и дека за време на посетата на Радман потпишале и Меморандум за разбирање за дипломатско усовршување меѓу двете министерства.

The post Грлиќ Радман: Преважно е прашањето за отворање преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>

Отворањето пристапни преговори би бил не само политички, туку и важен психолошки момент и за граѓаните на Македонија, бидејќи 17 години чекате тоа да се случи.  Македонија направи се што требаше, го смени и името, направивте големи реформи, покажавте дека сте проевропски и со отворањето преговори ќе се отвори и ново поглавје на евроската перспектива, изјави денеска шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман на прес-конференцијата во Скопје со неговиот македонски колега Бујар Османи. Грлиќ Радман потенцира дека почетокот на пристапните преговори на  Македонија со ЕУ, не е само во интерес на државава, туку и во интерес и на целата ЕУ, па и подеднакво и на Хрватска, бидејќи, вели, мора да ја имаме пошироката слика на шиоката слика на случувањата.
Преважно е ова прашање да се најде повторно на агендата на Советот на ЕУ, сметам дека технички се е возможно, тоа е за една седмица, очекуваме, се надеваме на свикување на меѓувладина конференција, тука е битно е и француското претседателство и влијанието на водечките земји во ЕУ - нагласи Грлиќ Радман.
Тој истакна дека Македонија е најдобар показател во однос на сите земји од Западен Балкан што остварија голем напредок.
Вложуваме големи напори од наша страна да увериме за неопходноста и важноста на пристапните преговори со  Македонија. Друго не можам да кажам, бидејќи имам исти сознанија како и министерот Османи - рече Радман.
Хрватскиот министер оцени дека ЕУ треба посилно да биде присутна во земјите од Западен Балкан, и секогаш, рече, како министер присутен на состаноците за надворешни работи, ја истакнувал важноста од посилна присутност на ЕУ на Западен Балкан, и дека тоа е од суштинска важност за безбедноста, за иднината, просперитетот и оти присутноста на Европската Унија е знак дека тоа е геополитички простор на Унијата.
Земјите од Западен Балкан се опкружени со членки на ЕУ и на НАТО а Македонија исто така е и членка на НАТО и затоа кога говориме за безбедноста, зборуваме и за превенција од влијанија од трети земји и превенција од прелевање на судирот. Силно ја осудивме руската агресија врз суверена земја, што е без преседан во 21 век, нарушен е светскиот поредок - рече Грлиќ Радман.
Во врска со ситуацијата на Западен Балкан, рече тој, од наш стратешки интерес е зајакнување на целокупната отпорност на регионот, особено во светло на моменталните геополитички односи. Хрватска и Македонија како членки на НАТО и во рамки на Јадранската повелба се важен гаранр за стабилноста на подрачјето на Југоисточна Европа и постои простор за јакнење на соработката во заедничкото членство во НАТО. На прес-конференцијата со Османи, Радман ги поздрави активностите на државава за зајакнување на правата на хрватското малцинство во Македонија. Тој исто така го поздрави и интересот на компаниите од двете земји за делување на пазарите и во Хрватска и во Македонија, наведувајќи оти тој тренд треба да продолжи. Османи од своја страна истакна дека доколку се има волја и стратешки пристап може да се обезбеди јасна и недвосмисена европска персектива што ќе резултира со полноправно членство во ЕУ. Во однос на економската соработка со Хрватска, Османи рече дека економските потенцијали треба подобро да се искористат бидејќи се уште не ги одразуваат блиските билатерални односи, истакнувајќи дека вкупната економска соработка со Хрватска изнесува 220 милиони долари. Османи информира и дека за време на посетата на Радман потпишале и Меморандум за разбирање за дипломатско усовршување меѓу двете министерства.

The post Грлиќ Радман: Преважно е прашањето за отворање преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>
Министерот за за надворешни работи на Хрватска во посета на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-za-nadvoreshni-raboti-na-hrvatska-vo-poseta-na-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 05:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=515279

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер во Филхармонијата ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и пригоден прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

The post Министерот за за надворешни работи на Хрватска во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција. Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер во Филхармонијата ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и пригоден прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

The post Министерот за за надворешни работи на Хрватска во посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Радман: Отворен Балкан ги нема можностите што ги има Берлинскиот процес https://republika.mk/vesti/balkan/radman-otvoren-balkan-gi-nema-moznostite-shto-gi-ima-berlinskiot-proces/ Sun, 29 May 2022 06:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=508181

Европската унија ја поддржува секоја меѓудржавна иницијатива што подразбира инклузија, но Отворен Балкан ги нема оперативните можности како што ги има Берлинскиот процес, изјави шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман.

Хрватскиот министер во интервју за РТЦГ рече дека ставот на ЕУ и на Хрватска е да ја поддржат секоја иницијатива што е дел од евроатлантскиот, европски пат и која подразбира вклучување на сите земји од регионот.

Ако имате дуплирање на некои процеси, треба да видите фокус на иницијативи што постигнуваат дополнителна вредност. Кога зборуваме за иницијативата на заедничкиот пазар, Отворен Балкан, тој вклучува само три земји, тие треба да покажат инклузивност и остварување на некои интереси, вели Грлиќ-Радман.

Тој додаде дека му се чини дека Отворениот Балкан „нема соодветни можности за оперативна имплементација“, за разлика од „заедничката регионална пазарна иницијатива во рамките на Берлинскиот процес, која е надгледувана од советот за имплементација во координација со ЕУ“.

Сметаме дека Берлинскиот процес е добра иницијатива и даваме силна поддршка на Берлинскиот процес, рече Грлиќ Радман.

The post Радман: Отворен Балкан ги нема можностите што ги има Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Европската унија ја поддржува секоја меѓудржавна иницијатива што подразбира инклузија, но Отворен Балкан ги нема оперативните можности како што ги има Берлинскиот процес, изјави шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман. Хрватскиот министер во интервју за РТЦГ рече дека ставот на ЕУ и на Хрватска е да ја поддржат секоја иницијатива што е дел од евроатлантскиот, европски пат и која подразбира вклучување на сите земји од регионот.