Горчлив шеќер Archives - Република https://republika.mk/tema/gorchliv-sheker/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 08:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горчлив шеќер Archives - Република https://republika.mk/tema/gorchliv-sheker/ 32 32 Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/posledniot-den-od-multimedijalniot-proekt-gorchliv-sheker-zavrshuva-so-promotsija-na-publikatsija-razgovor-so-umetnikot-i-muzichki-performans-vo-msu/ Mon, 12 Feb 2024 08:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=743044

Како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје в петок, на 16 февраури, во 20 часот ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски.

Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на уметноста денес и нејзината релевантност во нашата современост, прашања кои се присутни во целокупната уметничката работа на Јовановиќ.

По промоцијата ќе следува музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески, кои ќе настапат во изложбениот простор.

Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ беше отворен на 19 септември 2023 година во рамки на програмата на МСУ-Скопје, побуди голем интерес кај публиката и забележа одлична посетеност. Куратори на проектот се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Јовановиќ преку овој проект ја интегрира неговата претходна творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност.

The post Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ appeared first on Република.

]]>

Како означување на последниот ден од самостојниот мултимедијален проект „Горчлив шеќер“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје в петок, на 16 февраури, во 20 часот ќе се одржи промоција на публикацијата и разговор со авторот во друштво на Никола Гелевски и кураторот Владимир Јанчевски. Ќе стане збор за специфичниот процес на работа и конципирањето на проектот, како и за бројните референци и богатата иконографија, улогата на уметноста денес и нејзината релевантност во нашата современост, прашања кои се присутни во целокупната уметничката работа на Јовановиќ. По промоцијата ќе следува музичкиот перформанс „Протерани од Рајот“ на Џијан Емин и Георги Шарески, кои ќе настапат во изложбениот простор. Мултимедијалниот проект на Ѓорѓе Јовановиќ беше отворен на 19 септември 2023 година во рамки на програмата на МСУ-Скопје, побуди голем интерес кај публиката и забележа одлична посетеност. Куратори на проектот се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Јовановиќ преку овој проект ја интегрира неговата претходна творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност. Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност.

The post Последниот ден од мултимедијалниот проект „Горчлив шеќер“ завршува со промоција на публикација, разговор со уметникот и музички перформанс во МСУ appeared first on Република.

]]>
Утревечер во МСУ се отвора изложбата на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ – трагикомична приказна за хаотичната современост https://republika.mk/vesti/kultura/utrevecher-vo-msu-se-otvora-izlozhbata-na-gorge-jovanovik-gorchliv-sheker-tragikomichna-prikazna-za-haotichnata-sovremenost/ Mon, 18 Sep 2023 08:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=682772

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.

Во духот на Лотреамон би можел да кажам дека „Горчлив шеќер“ е приказна за случајната средба на Калимеро, една запалка и Доналд Трамп на операционата маса, па оттаму користејќи го искуството на надреализмот и дадаизмот, но сега ставени во нашиот современ, хаотичен контекст, сакав да искреирам дела и простори коишто нема да илустрираат или дефинираат одредени појави, туку повеќе ќе предизвикуваат прашања и критичко промислување на светот во којшто живееме денес. Ми беше важно отвoрањето на теми, кои не се толку често третирани на нашата современа ликовна сцена, како и создавањето на простор за соработка на различни уметнички дисциплини и пробивањето на острите или воспоставени рамки на уметничка креација и продукција“, вели уметникот Јовановиќ.

Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност.

Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ создава повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современоста“, велат кураторите Јанчевски и Варошанец.

Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни работени според раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Алекс Букарски...) како и идеи на Јовановиќ. Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода.
Овој проект, преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција има за цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“

Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.

 

The post Утревечер во МСУ се отвора изложбата на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ – трагикомична приказна за хаотичната современост appeared first on Република.

]]>

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.
Во духот на Лотреамон би можел да кажам дека „Горчлив шеќер“ е приказна за случајната средба на Калимеро, една запалка и Доналд Трамп на операционата маса, па оттаму користејќи го искуството на надреализмот и дадаизмот, но сега ставени во нашиот современ, хаотичен контекст, сакав да искреирам дела и простори коишто нема да илустрираат или дефинираат одредени појави, туку повеќе ќе предизвикуваат прашања и критичко промислување на светот во којшто живееме денес. Ми беше важно отвoрањето на теми, кои не се толку често третирани на нашата современа ликовна сцена, како и создавањето на простор за соработка на различни уметнички дисциплини и пробивањето на острите или воспоставени рамки на уметничка креација и продукција“, вели уметникот Јовановиќ.
Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност.
Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ создава повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современоста“, велат кураторите Јанчевски и Варошанец.
Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни работени според раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Алекс Букарски...) како и идеи на Јовановиќ. Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода. Овој проект, преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција има за цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.  

The post Утревечер во МСУ се отвора изложбата на Ѓорѓе Јовановиќ „Горчлив шеќер“ – трагикомична приказна за хаотичната современост appeared first on Република.

]]>