Горан Трпеновски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-trpenovski/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 13:26:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Горан Трпеновски Archives - Република https://republika.mk/tema/goran-trpenovski/ 32 32 ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-nova-kontroverzna-presuda-na-osnovniot-graganski-sud-skopje/ Thu, 26 Sep 2024 13:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=819916

Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во пресудата, судијката нагласува дека новинарот Трпеновски не можел да биде присутен во Собранието во својство на новинар, повикувајќи се на ‘постоечки материјално правни прописи’. Овој пристап ја загрозува медиумската слобода и правата на новинарите кои известуваат преку онлајн платформи, и отвора врата за понатамошни ограничувања на нивната работа“, појаснуваат од ЗНМ.

Оваа судска пракса поставува двојни стандарди за правата на новинарите, истакнуваат оттаму, особено имајќи предвид дека пред десетина дена колешката Душица Мрѓа доби делумна правда од истиот суд. Со оваа пресуда, Мрѓа доби надомест на штета по два основи – претрпен страв и повреда на правото на слобода на изразување. Дополнително, додаваат, освен двојните стандарди, оваа пресуда не само што го доведува во прашање правото на новинарите да бараат правна заштита, туку создава потенцијално опасна практика која стимулира цензура и заплашување на медиумите.

„Судската постапка на Трпеновски се однесуваше на барањето за надомест на штета по настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија, при што новинарот Трпеновски, тогашен известувач за онлајн медиумот Сакамдакажам.мк, професионално ги покриваше настаните“, велат од ЗНМ.

За потсетување, голем број новинари и сниматели беа спречени да ја вршат својата работа на овој настан, при што дел од нив се соочија со закани и физички напади. Повеќе од седум години по овој инцидент, дел од новинарите сè уште се принудени сами да ја бараат правдата пред судските институции, бидејќи државата не успеа да ги заштити.

„ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), поради пресудите на судијата Јованка Спировска Панева, на 17 ноември 2023 година организираа новинарски протест со слоганот ‘Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“, потсетуваат оттаму.

The post ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје appeared first on Република.

]]>

Уставен суд: Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Горан Трпеноски https://republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-sud-utvrdena-povreda-na-slobodata-na-javno-izrazuvane-na-mislata-na-goran-trpenoski/ Wed, 07 Feb 2024 17:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=741612

Уставниот суд на денешната седница, во предметот У.бр.26/2023, утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот, на новинарот Горан Трпеноски застапуван преку адвокат Филип Медарски.

Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието, со задача да известува за случувањата околу изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од јавен интерес, на начин што е вообичаен за известување на медиумите за работата на Собранието.

Подносителот на барањето, бил оневозможен како новинар да ги изрази своите мислења и идеи без страв, на начин што од страна на државата не била исполнета нејзината позитивна обврска - да го заштити подносителот на барањето во наведените вонредни и насилни околности и да овозможи да ја информира јавноста за настаните во Собранието.

Ова е пропуштено да се утврди со пресудите на Граѓанскиот и на Апелациониот суд, со што е сторена повреда на неговата слобода на мислата и јавното изразување на мислата гарантирана со член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и член 16 од Уставот на Република Македонија.

Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.

-Ова имплицира слобода на медиумите да добиваат информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес, без граничувања со цел информирање на јавноста, велат од Уставниот суд.

The post Уставен суд: Утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на Горан Трпеноски appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница, во предметот У.бр.26/2023, утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот, на новинарот Горан Трпеноски застапуван преку адвокат Филип Медарски. Според Судот, подносителот на барањето, какo новинар вработен во дигиталната редакција www.sdk.mk, заедно со други новинари, бил присутен во зградата на Собранието, со задача да известува за случувањата околу изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од јавен интерес, на начин што е вообичаен за известување на медиумите за работата на Собранието. Подносителот на барањето, бил оневозможен како новинар да ги изрази своите мислења и идеи без страв, на начин што од страна на државата не била исполнета нејзината позитивна обврска - да го заштити подносителот на барањето во наведените вонредни и насилни околности и да овозможи да ја информира јавноста за настаните во Собранието. Ова е пропуштено да се утврди со пресудите на Граѓанскиот и на Апелациониот суд, со што е сторена повреда на неговата слобода на мислата и јавното изразување на мислата гарантирана со член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и член 16 од Уставот на Република Македонија. Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.